и (сврз.) - ситен (прид.)

Андриќ сфатил дека ѓаволот го повикува на кавга, па му рекол дека во литературата, исто како и кај парите, има едри и ситни.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Имињата беа тука за себеразбирање, за разумност на предметите и луѓето, за сотворение на малите билки едночинки и ситните животинки, за дарување кога поривот нѐ напушта слично на потребата од нивното постоење.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Посивена од времето и прерано остарена од векот, истоштена и ситна, малендава, згрбавена, зад себе го влече синџирот на животот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Апологет на една крајно вулгарна но и најомасовена перцепција на реалноста така типична за необразованите и медиокритетски маси, пред сѐ за селаните, работниците и ситната буржоазија според која материјата и нејзините модалитети како и интеракции се единствената евидентност на постоењето и единствен фактор на личната и колективната засегнатост.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ако ги елиминирате популистичките национални еуфории и ситните манипулации на овој план кои не се ништо друго туку само една бесполезна ниска страст за масите која во фундусот на историјата неминовно завршува или како евтин културен и политички кич или како невкусен и дегутантен хорор, националната еуфорија може да биде позитивно користена од визионерите на општеството, уметниците, научниците и политичарите хуманисти како генератор на големи уметнички, научни и социјални потфати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Виде уште еден убиен - црн, клунест со закопани нокти во килимот прошаран необично со црвени капки и ситни срчи на очила.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му беше смешно - говорам за глувчиња како за жолти и ситни птици. „Не“, му рече. „Јас не смеев ни олку да се задржам.“ Се обиде да ѝ ја префрли раката преку половина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Следното утро, штом дојдоа на работа, почна да врне бавен, густ и ситен дождец.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Главното занимање на населението во Велес и околијата останало земјоделството, во градот - и ситното занаетчиство и ситната трговија, но приходите од тоа одвај можеле да ги задоволат најосновните потреби на луѓето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таму зад чалмата на кадијата се покажува само главата со русите разбушавени веѓи и ситните мижливи очи на татко му.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зад нив остануваат од босите нозе длапки што мирните бранови на морето ги полнат со пена и ситни школки.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Полека се поткренува, ги оттргнува од себеси штиците и ситните парчиња што го потиснале.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Првиот пролетен ден, слободни за неколку часа од интернатска суровост, тие го користат, фатени еден за друг со раце се кикотат вака, без некоја смисла, само за тоа дека им е добро а нешто во нив шири крилја, и сите лесни како птици летаат во просторот од вода, сонце и ситен влажен песок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Паралелно со нашата улица живееше, се давеше во грабливост и трешереше во претсмртен грч чаршијата - теснограда, безработна готова на детски бесмислености и ситни кражби.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Идоли ви се оние идиоти кои се самоубиле слушајќи ја „Тужна је недеља” и ситниот криминалец Киро Атевиќ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Перса го забележа восхитот кај малечката и ситна женичка па побрза да ја превтаса Пелагија јавувајќи се со глас во кој секој можеше да насети радост Ние трите бевме на утринска литургија во Света Богородица!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И како да беше слезен од оние плакати на кои млад црнец, кадрав, со бели заби и ситни насмеани очи, открива голема тајна - „Себура е највкусното кафе на светот“.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој оди зад аголот од куќата и по малку се враќа со полни раце смрзнати дрвца и ситни камчиња.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Последното интервју на Енди Ворхол Тајната вечера на Поп-артот; уметноста и репродукцијата; историјата и ситните интриги; два Исуса и двајца папи; од Andy Warhol папата на поп артот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа имаше ситни влакненца на рацете, нокти, лузни и ситна бенка на десната пазува, сето тоа создадено на беспрекорен начин.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Питома, не премногу снажна, да не ја препадне публиката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа дава една вербална клоака која глатко тече, со убаво срочени реченици, и ситна, безопасна досетка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)