и (сврз.) - скап (прид.)

А Бајазит, ќе се појави ли Бајазит макар во својата носилка украсена со пердушки, свилени пердиња и скапи камења?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Околу осум часот, додека го чекав Дагларбеј да ме земе, се шеткав во фоајето со рацете одзади, загледував по излозите на богатите шопови во ентериерот и минував меѓу господата со пеперутки машни и дамите во блескава облека и скапи парфеми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Хомонимот chere (од идиомот bonne chere) претставува отмен израз за квалитетна и скапа храна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И затоа во Египет медот бил многу ценет и скап.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Портирот не праша од каде сте, не се интересира за пасошот, важно е прво да ве смести во хотелската соба, да ви ги покаже леглата: чистиот чаршав, јорган и перница, да наплати кога ќе си одите и дури да ве почести со едно убаво турско кафе за „алашверишот“ Хотелите во Истанбул се и скапи и евтини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)