и (сврз.) - скапан (прид.)

Трчаш низ буките, откопуваш со нозете камења и скапано лисје, ги забираш, ги корнеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мирисаше на барут, на чад и скапана слама.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Превртената земја мириса на некаков брлог од бозје и скапани лисја и миризбата те потсетува на одамна неотворен клед со скиселено комиње.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа Стрелеско горе, со таа една куќа негова меѓу двата рида, а другите празни и скапани, е како некој олук.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во животот- овоштарник има зрели, зелени и скапани овошки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)