и (сврз.) - славен (прид.)

Тој е навистина познат и славен, а на славните им требаат убави имиња, но Фигаро беше од оние што не обрнуваа внимание на тоа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Можеше меѓу гостите да има и славни лингвисти, особено албанолози, но се случуваше да има од гости и од „своите”, од соседните земји во кои живееја Албанците или од подалечната дијаспора, и најчесто имаа посебен третман.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Драги Славејко, дали стана богат и славен, прашував сега јас, потпрен на перницата во одајчето, дали се насити душата твоја со разните бои што таму чекаше да ги има во изобилство, дали твојот мекам за шарење одаи го засакаа тамошните луѓе?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А таа говореше, говореше; потем дојдоа на ред рецитациите на тема народен дух, патриотизам и славни предци; потем се играше едно оро; потем Земанек пееше песна, и – дојдов на ред јас, во паузата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)