и (сврз.) - соголен (прид.)

Кога ќе ги затвореше очите и ќе застанеше мирно, без никакво движење, вкочанет, можеше да си замисли дека стои сред некаква низина, а зимата е без ветер, без ниту една куќа, со стотици километри наоколу и дека придружници му се само празните речни корита и соголените, суви дрвја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Неколцина другари на стројниот стрелец Рамиз-бег, пред тоа прострелан низ гради, со тешко и соголено стебло ја пробиле окованата врата на куќата-кула, се качиле претпазливо по тесни басамаци и го нашле безумникот вкочанет; нечија пушка во ноќта сепак му станала судбина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Околу полноќ, по многуте попусти истрели во заштитничкиот камен, преку луѓето минал бран кобна тишина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)