и (сврз.) - студентски (прид.)

Просто речено, на публиката која ја сочинуваат децата, средношколската и студентската младина, и се оневозможува лектирските обврски, колку толку, да си ги исполнат гледајќи театарски претстави.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За него таа беше онаа истата негова Срцка од средношколските и студентските денови, во која се заљуби на прв поглед и не се одљуби до овој миг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така, денес се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а се удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност, а можеби самата е уште подлабоко во своите корења – изворен народен дух (мислев, се разбира, на мојот џез, инспириран од народната песна).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)