и (сврз.) - убав (прид.)

Китна и убава е Осогово Планина. Особено во пролет, кога ќе се искитат со зеленило убавите стрмни зелени падини.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По падините се зеленее сочна и мека трева.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За Берлин се има престава дека е град кој треба да е многу голем, многу убав, со големи згради, со паркови и зеленило, со улици, авении, булевари, со сите оние атрибути што го чинат еден ваков град и голем и убав, и различен од многу други градови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, во Ардените најмногу ме зачуди еден факт - насекаде, се разбира, каде што за тоа имаше можности и убави природни реткости, гледав бели населби, главно распослани, по шумските пејсажи, или на полјанките, пак од сите страни заобиколени со шуми, покрај реката Урт.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не, бог да ја благослови таа твоја мајка, што те родила толку необична и убава, за да гори и да страда од тебе мојава душа, зашто е слатка таа болка и пуст би бил без неа мојов живот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Понекогаш квечерум чистачот на чевли од Plaza de Armas седнат пред портата на својата розова куќичка под огромниот крст на врв рид ќе фрли поглед на параглајдерите над Мирафлорес - колку да им довикне на аздисаните туристи и авантуристи дека сѐ што лета не е кондор, ќе фрли поглед чистачот на чевли и кон сурферите кај Баранко - колку да им довикне на јавачите врз сопствените мечти дека баш во Баранко опирањето на застоеноста на живеачката се правеше со вина, песни и убави жени, а не со некакви пластични секачи на морските бранови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Треба да се граби убавото. Со сите сили.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сенка од некогашната здрава и убава Бојана, сегашната Бојана, жена со проретчени бели коси, поцрнето лице, поднаведната и опадната, одвај се држеше на нозе, повеќе од силен страв отколку од некакво радосно возбудување.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Животот е толку богат и убав. Нема време за тагување!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се вративме назад, со мисли скромни и убави слики на прекрасно Мавровско Езеро зеленосино, портокалови брегови од камења среберни со златни нишки, од тишина врева и ретки лица, вртипоп на брегот под камења тешки, и мирис на селски живот и смеа, недрата на Галичник, спокојно изведени.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Потоа среќавав а сега многу добро познавам и такви поединци на кои гревот им служи за пријатна забава и убав помин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од таквите другари изгледа најдолго ќе го паметам Грофот од УДБА, оној кој и сега штом ќе зајде сонцето го нагрнува црниот кожен капут.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го гледаше и му завидуваше: - Блазе си ти тебе, низ зелени треви и убави цвеќиња патот те води, а златното сонце те грее.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ги раскажуваше и убавите и грдите нешта, зборуваше за татко си кој сликал минијатури на плочки кои потоа ги украсувале кујните на богатите; тој умеел не само волшебно да слика, туку и да им раскажува приказни на своите деца за насликаното – за петелот и кокошката, за ветерната мелница и кравата, за млекарката и реката кои се појавувале на плочките под неговата рака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш се опијанувал и ги претепувал децата и сопругата Ана, која тогаш заработувала рибајќи ги подовите во семејствата на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На него треба да се создаде една богата училишна, научна и убава литература за да може преку нив да се рашири низ цела Македонија во вид на литературен јазик што ќе ги измести од неа јазиците на пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секоја недела одеа на миса. Го слушаа хорот, качени на галеријата, ги впиваа проповедите и убавата енергија што владееше помеѓу верниците.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Самопочитуваните тревари Никола Влашки и Пандил Димулев го следеле со машки разбирања оддалечувањето на оној чија лузна преку окото веќе двапати му ја преврзувале и го жалеле неснаодливиот млад и убав Куно Бунгур на кого во манастирскиот двор му се насмевнала жената на сургунисаниот маж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Набожно се гледал себеси во светлост на идни божествени зори и ги пцуел четворицата шутови на своето подбивно кралство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во дното голема и убава куќа сѐ до катот ѕидана од камен, а самиот кат од убаво изработена дрвена конструкција.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ГРЕВОТ Е ВО ПОМИСЛАТА Што е слободна и убава девојка, која има дваесет години!?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако треба да изградам хиерархија на успешност или вреднување на личноста според убавината и интелектот, ќе ги издвојам следните: 1. глупави и грозни; 2. глупави, а убави; 3. паметни и убави и 4. паметни, а грозни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од другата страна на калдрмата, до двете дами се најде еден млад човек, не постар од 22-3 години, убаво облечен со лесен, едноставен нагрнат мантил, со темно сив шешир на главата, прекрасни големи, продорни очи и убав лик.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Со високи ѕидови и убава дрвена орнаментирана порта низ која се влегуваше во дворот, пред големата сино обоена куќа во едноставен француски стил на три спрата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Министерството на вистината, кое се занимаваше со вестите, забавата, образованието и убавите уметности.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гласот од телекранот запре. Звук на труба, јасен и убав, екна во застојаниот воздух.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само таа да му е здрава и убава, да му ја држи куќата отворена, а тој за сѐ ќе најде чаре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа што остана и го однесе на баба попадија со големи и убави благопожеланија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Атпазар како атпазар. Тука имаше и убави арапски коњи и мршави магариња; и убави расни бикови и волови, и мршави планински крави и телиња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го китеше на Велигден со разни китки од предено; му сплете и убави шарени калци; му ја навеза ќурдијата; му ја чешлаше дури и косата претставувајќи си го секогаш своето братче Ѓелета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На ручекот што го приреди игуменот, се разменуваше по некој збор меѓу полковниците и пратеникот, колку да не се молчи, но сосем за споредни, небитни работи: пратеникот ќе ги прашаше како се чувствуваат овде, како им се допаѓа овој крај, тие го искажуваа своето задоволство, восхитување; го пофалија кметот за пречекот што им го направи и убавите денови што ги поминаа во селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По сочната и убава детелина летаа пчели и збираа сок за мед.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во Дебарца, во подножјето на планината Караорман, има едно малечко и убаво селце.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Но еден ден ќе се пробијам надвор, ќе ги раширам крилјата и ќе бидам привлечна и убава како тебе.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„А, ти, ниту збор. Сето тоа бил само сон, мошне жаловен и убав сон.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Чаршавите се толку чисти и убави.“ „Уморна сум“. „Сите сме уморни“.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но зарем тоа го знаеја Зоки и убавиот петел?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зар може да не има милост кон оваа слатка и убава невиност?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Онде каде што се сечат та главната улица Ѓуро Ѓоновиќ и ва одзад фабриката, нели има една сама куќичка, со двор, со многу цвеќиња и убава градина, а во дворот, пред портата има една насмеана тетка?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кумовите Танаско и Пена, единствените сведоци на раѓањето на Пеличка, дошле да ѝ пожелат сѐ најубаво сега на почетокот на школувањето, да биде здрава, умна и убава, да стане голем човек оти ете има можност да учи на македонцко школо со македонцки лаф и со македонцко писмо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Умната и убава Пела треба и други работи да научи му светнува во главата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Исто така, според раскажувањата на мајка ми, Јован бил способен маж кој успеал со капиталот што го имал да создаде уште повеќе и да ѝ изгради голема и убава куќа на Олга во предградието на гратчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И грдите и убавите да нѐ направи еднакви.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Силната болка ѝ обезбедува силна возбуда и убав глас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Богохулно, грешно и без срам сека вечер мислам покрај Сена: што би сторил да е Notre Dam чудом млада и убава жена?
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Го гледаше и му завидуваше: - Блазе си ти тебе, низ зелени треви и убави цвеќиња патот те води, а златното сонце те грее.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)