и (сврз.) - уплашен (прид.)

КОТЕ: Зошто? (Нетрпеливо и уплашени сите гледаат во Пандета).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Навтапито ги прескокна скалилата, влегоа низ вратата без чукање или ѕвонење и ја затекоа идната снаа облечена а разбушавена, расплакана и уплашена, како мемоли нешто што не можеше да се разбере.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Јас... јас... – почна Зоки, и уплашен дека вака како што пошло ништо не ќе добие за ручек, одненадеж се досети: - Јас го кревав капакот на тенџерето...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Премногу сум стар, премногу сум сам, немоќен и уплашен за да можам да се кренам против злото, но со него, од бога, правдината и би ја распоредил така што секој створ на земјава да има еднаков дел од неа и да има еднакво право на неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој се напина и напорот станува толку тежок и неподнослив што го фаќа неподнослива паника и се буди препотен и уплашен за куферчето и за тоа што се случило со Германија... ...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Лежеше; неговиот сандак беше празен и неговото тело беше скапнато, а тој беше притивнат и уплашен од тоа, со оние скржави и полугладни оброци за сите денови, што требаше допрва да дојдат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да знаев да не одам, што се вели, патот пуст, и полето пусто и уплашено.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По секое испукување, погледите ни се среќаваат, зачудени и уплашени. И со прашања што нема кај да најдат одговор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)