и (сврз.) - чист (прид.)

При тоа можам право да расудувам, со чист разум и чисто срце.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Застана на едно место и се разгледа наоколу, не толку со љубопитство, колку со важност, божем целиот свет знае дека се вратил и дека е тој тука, но не истиот, туку друг, богат, испеглан и чист, човек од светот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така притаен, божем спијам, наслушнував: влезната врата се затвора; се слушаат чекорите на мама - “Цап - цап -цап - цап!“ како малечки чеканчиња удираат топуците; тато не се слуша; со меки ѓонови се движи како пантер.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од бебешки денови создаваат робот и никако не можеш да се ослободиш од: миј заби, миј лице, триј раце со сапун, облекувај чисти гаќи, и чиста маица, и чисти чорапи - секој ден! - секој ден! - и чешлај се, и пиј млеко, и јади леб со мармалад... секој ден - сѐ според еден калап...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога сите шумови се стишаа, срипав од постелата и брзаница ги извршив сите утрински задолженија. По ѓаволите!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сето ова и уште многу нешто кое до нас, за жал, допира пооредно или никако не допира, било или можело да биде запишано во тефтерот на господарите на Потковицата, Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
8. Таа вечер не можев да заспијам: се молев со молитва толку усрдна и чиста, го молев Бога да ме врати од кривиот пат, да ме земе со себе, да не ме остава во рацете на обични разбојници друмски.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ако дозволиш“, рече, „ова ќе го умножам. И ќе им го поделам на сите наши ученици, за да видат што е чиста љубов и чиста уметност“, рече, подбивајќи се.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Куќата беше на два спрата со големи пространи соби и чисти подови од даски.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Беше еден лилав септемвриски ден, за другите тој секако беше сончев и чист, доѕидуваа некакво банкарско здание во Букурешт, беше на највисокото скеле, остануваа уште неколку реда тули до чатијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па зар е потребно сега да се мекушави кога целта стои пред него чесна и чиста во својата големина и привлечност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јасен и чист е неговиот пат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Г-ѓа Маџиде му помагаше додека ние бевме на работа, па и го капеше секојдневно, понекогаш и по неколкупати зашто поради старечката деменција забораваше и, само што ќе го облечеше избањат и чист, тој викаше по Маџиде: „Меги, од кога не сум се избањал!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Подот беше изметен и чист.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Девојките одеа по него и речиси ништо не слушаа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Други пак луѓе, сосема спротивни на првите: добро угоени, избричени или со убаво потстрижени бради, измиени, богато облечени; со широки чоени или кадифени потури, со свилени појаси, со срмени елеци и севозможни златни и сребрени накити, со пиштоли за појасите, гордо се шетаа низ пазариштето броејќи ги по стоти или илјадити пат килибаровите броеници со меките и чисти прсти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И да ѝ говорам - Марија, (или Елена, или...) Марија, копнеам за мала кафеанска маса со бел шаршаф и чиста пепелница.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ТЕОДОС: Оставете! Оставете! Вие ќе ме чистите, и чист ќе бидам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Овој е Ѓорго, кумот го крсти Ѓоргија. А овој е Ристе.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Таа е апсолутно прекрасна и чиста и она што би требало да го направиш е да ја уништиш првата и да ја покажеш втората“. 24 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се свртев да ги погледнам клацкалките, да видам и нив да не ги смениле и навистина, сите беа сменети освен најмалата на која и така можеше сѐ уште да се седне.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не беше како некои стари даски по други лулашки: оваа беше заоблена на страните, нова и чиста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас сум крива. Не требаше ни да гледам на часовникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми се залепи за свежите плускавци и полека се движеше, а на страницата под него, една по една, почнаа да се оцртуваат големи, убави и чисти букви.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мислам дека секое животно има убави и чисти очи како дете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Задоволни се од другарувањето со другарчињата од другите градови, а и чистиот планински воздух и сонцето ќе им останат во долго сеќавање.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Тато, би можел да ни одржиш предавање за користење на нечисти и чисти технологии.“ „Со голема радост. Кога ќе испланирате, ќе ме поканите.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тој, „штедриот и милостивиот Мустафа-бег”, како што стоеше во документот, „пред светлото и чисто шеријатско заседание, го изведе тужениот брат Иса-бег, гордоста меѓу заповедниците, сопственикот на големи знаења, мајданот на милоста, гордоста на државата и верата, и против него кажа дека целата задужбина, имаретот и медресата, и двата амама, селаните и книгите, зградите, нивите и бавчите, дуќаните, и сето друго - нему и на неговите браќа Иса-бег и Паша-бег им останало како заедничко наследство”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така, нѐ седна во една од собите каде што иако доста пространа и чиста, имаше само два старовремски каучи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но секогаш кога се сеќаваме на убавите егејски плажи, на мирните и чисти заливи на Халкидик, пред нашите очи истрчува малиот коњаник на својот преубав бел коњ.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)