и (сврз.) - готово (прил.)

Ете сега, потстисни го за гркланчето и готово е како 'рскавец. Никој нема да те види. Ќе кажиш: така се роди — и ај ми со здравје.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Народон кај нас не ги знае тие работи. Ќе го призавиткаат малку-многу со лико местото и готово.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Требаше да го пикнеш во полицијата и готово. Сигурна плата, државно јасле.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе се турчиш и готово! Ти реков: бурда шега јок!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Марија, спокојно ѝ рече. Не плаши се. Еден мал зарез од десната страна на стомакот, сосем мал зарез, и готово.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Престанете да пеете. Тој е пијан. Може сѐ да стане. Еден куршум, два, и готово.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чуму тоа? Ако решиле дека е потребно да се уништат, Боже мој, нека се стори тоа, и готово.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На крајот од таа средба пред Кајтл, Јодл и Рајнхард Хајдрих, Фирерот истакнал дека „тамошната голема еврејска заедница, со нејзините различни врски, претставува голем проблем”, по што издал и наредба за непосредно оддалечување на сите Евреи од Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пред твојата пушка да сум не ќе молев. Стрелај - и готово.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кој знае дали ќе го направиме!?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Се сомневаш? Еве, ќе видиш - уште малку и готово.“ Тврдоглаво го убедував. „Уште тркалата да ги прицврстиме.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гледаш, еве ми го нокотот. А автенцето - каде ти е?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Меѓу работниците настана нерасположение, а кај народот мрморење дека од мостот нема ништо да биде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури кога сѐ беше подготвено и готово, и кога беше донесен камен од Бањата, стигнаа каменоделците и ѕидарите. Херцеговци и Далматинци.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)