и (сврз.) - здраво (прил.)

Рипнале сите просто и на врата в куќи го пречекале, сите плачејќи го избакнале и здраво и живо сториле, а Силјан им бакна на татка си и на мајка си десница и проштење им сака за клетвата што го втаса.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Претпазливо и здраво се исхрануваат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Поспан глас од другата страна. Попладне е и време за дремка. - Ало, Доне, добар ден и здраво.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во очите им гореше желбата Ластовицата среќно и здраво да стигне до своето родно гнездо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Па гледаш, жив сум, и детето ми е при мене живо и здраво.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да, си рече, колку е сега наеднаш сѐ просто и здраво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)