и (сврз.) - изненадено (прил.)

Тоа ме погледна прашално и изненадено, па „запеа“: - Кој си ти, досега никогаш не сум те забележал?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ајде да играме мрсен Петко, - им рече таа на децата и изненадено се сврте, го допре со рака Мартина и спрсна да бега.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мајка му, преврзана со црна шамија, истрча надвор и изненадено праша: - Втаса ли, мој мајкин домаќин?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ме гледа чудно и изненадено.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кловнот се врти и изненадено гледа во лилјачките уши, во стаклените очи, во боксерски смачканиот нос.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Некои, завали, се отимаат, се бранат, се драскаат и изненадено гледаат во луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)