и (сврз.) - тврдоглаво (прил.)

Постојано и постојано пропаѓате. Во истите дупки. На ист начин. Повторно и повторно. Упорно и тврдоглаво.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„А тој? Таткото?“, прашував јас и тврдоглаво настојував да го расколебам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но Даскалов не отстапуваше: „Можеш да мислиш што сакаш, но јас сум уверен дека Иван е плод на здрава љубов, за жал настаната во чудно време во кое на љубовта не и било дадено да одлучува“, ја разлагаше Даскалов упорно својата теорија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)