и (сврз.) - упорно (прил.)

111. Со тоа се сврши шумот во Србија и Србите фатија да работат тихо и упорно: пропагандата помина од патриотското друштво во рацете на Министерството за надворешни работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На Фимка сѐ повеќе ѝ се чини дека гласот ѝ е познат и, гледајќи ја девојката од оваа оддалеченост, таа се чуди и не може да се изначуди, та се прашува, зошто ли токму неа, непознатата ја вика и упорно ја довикува?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И упорно си повторував во себе,додека преку два аеродрома и осум илјади километри воздушен простор летав кон непознат правец над Атланскиот океан: - Ако заборавам, сѐ ќе изгубам!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас никогаш нема да бидам како мојата американска познаничка Judith којашто живее сама во запуштена куќа и упорно сонува за тоа како еден ден ќе се пресели во Грција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го ѕиркав, го меркав внимателно и упорно нарисаниот, ги врзав зениците врз неговата лика и, за прв пат, забележав дека таа лика не е светител, дека нема знак и белег како останатите светци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Потоа го трие лицето, долго и упорно, додека однадвор допира бучавата на задоцнети автомобили.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Човекот со рапавото лице седеше отспроти и упорно го стрелкаше со поглед Глигора кој се готвеше да си легне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја пропушти крај себе таа што немаше зрела ’рж во косите и ме поведе кон постелата уште топла од долга навика бавно и упорно да се милува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во темницата на дождот жената методично и упорно ја дробеше пченката помеѓу плочите од лава.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)