и (сврз.) - да (сврз.)

Песни, свирки, игри, викотници. ако не играш, играат со тебе. Мораш и да играш, и да пееш.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако странката му издала на адвокатот полномошно за водење на парничната постапка, а поблиску не ги определила овластувањата во полномошното – адвокатот, врз основа на таквото полномошно, е овластен да ги врши сите дејствија во постапката, а особено: да поднесе тужба, да ја повлече тужбата, да го признае тужбеното барање или да се одрече од тужбеното барање, да склучи порамнување, да поднесе правен лек и да се одрече или откаже од него, од спротивната странка да ги прими досудените трошоци, како и да бара издавање на привремени мерки за обезбедување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, вие сте си тука, внатре, и сѐ што треба да се стори, тоа е да се лежи мирно и да се слуша како завиваат, кога веќе не може да се спие.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тие моменти постојано страхувам да не заѕвони телефонот, или пак некој да не ни дојде на гости и да нѐ прекине во разговорот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со други зборови, тоа е однос на странките во парницата спрема нејзиниот предмет на расправање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ергените, од секое домаќинство по еден, токму оној што се замомчил и требаше да се покаже, или оној што требаше да избере и да биде избран од некоја од момите, за наесен кога ќе започнеше мрсот, да се ќердосаат, дотука вода во калта, искусните домаќинки, за радост на бабите и децата, поседнати наоколу, ги виткаа црепните, сосетките одговараа: - Не ми се криви нозете, не ми е земја грутлива, туку ми лудо намигна, туку ми умот поштукна, зато ми се црепни - црепутки. - Ихии!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Македонското население е национално поробено… Единственото решение што се наметнува е Македонија да добие самостојност и да стане врска за другите балкански народи”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Европејците се потресоа и се ужасија од тие известија и зафатија да им го укажуваат нужното влијание на своите влади за да се пресече колењето на мирното население и да му се помогне на несреќното македонско жителство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По борбата на бојното поле ќе настапи време да се бориме на културна почва, и во тоа време, наместо да имаме можност да ги ползуваме плодовите од пролеаната крв и да напредуваме културно, ние и тогаш, како и сега, ќе треба на наша штета да ги помагаме ту српските, ту грчките, ту бугарските интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Куле го прегрна и го избакна Мирчета, Андон му ја стискаше цврсто раката и го убедуваше дека децата и жената тристапати поарно ќе живеат отколку да седи дома и да аргатува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Суштеството без очи на другата маса го проголта, фанатично, страсно, со жестока желба да му влезе во трагата, да го пријави и да го испари секој што би се осмелил и да спомне дека минатата недела следувањето изнесувало триесет грама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стоев на сувата земја и, ми се чини, не часови, не денови, туку години поминаа, откога смогнав да ги кренам нозете и да почнам да ги влечам стапките надолу по изгазената сува трева.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога и да е, ќе се појави, ќе се види.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За да се ослободиш од него, ќе мораш да најдеш адамово дрвце и да гризеш во него како што тоа го правела змијата кога останала сама по протерувањето на Адам и Ева од рајот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Едно нешто видов, подобро е така да се каже и да се сочини слово едниствено; едно нешто видов: светлина, боја и музика, оти светлината е боја и музика едновремено, како што бојата е светлина и музика и како што музиката е светлина и боја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Човештината бара од нас да се искорени во нашата татковина таа ненормална состојба и да се примират брат со брат, татко и деца.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Одиш по планините, самјачки се задлабочуваш во далечините веќе со години не-тука, не-ти клекнуваш пред јагодите, шумските боски розовата страна на смртта со човечки мирис да ги обросиш пред да се вовреш меѓу сушните лисја пред да ги помамиш влекачите, шарките, поскоците и да ја доживееш, глеј, одненадеж уметноста на пелцувањето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А што се случило ноќта: качакот Зенула се обидел да влезе во куќата со својата тајфа и да пљачкосува. Во пукањето Маруш го погодил некого.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Можеше само да остане на својот прозорец и да очекува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Трим Тоска беше искрен и отворен човек, си ја кажуваше директно вистината, можеше и да ја одмолчи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Најпосле, ако не можете да сфатите во што е работата, оставете ме на мира да бидам малку сам и да не ги гледам вашите муцки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука учителот му рече на прислужникот Геро да ги земе коњите од полковниците и да ги врзе.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја изгубив сметката на времето и се најдов меѓу изгубените од дружината, врел, со развеана коса и со очи обземени од копнеж без сочувство на луѓе што еднаш веќе минувале по светлосната врвица на првата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако како полномошник се јавува лице спротивно на одредбите од ЗПП судот ќе донесе решение со кое на тоа лице ќе му оневозможи натамошно застапување и за тоа ќе ја извести странката (чл. 81, ст.1-2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И се чу дека кога умрел, се собрале сите епископи и црнорисци, со желба да го испратат со почест и да го погребат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А Хјум препорачува за секоја книга да се запрашаме себеси „Дали таа содржи какво и да е апстрактно расудување за квантитетот или бројот? Не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најмногу ме мачи сознанието, дека еве и сега, од оваа раздалеченост не сум сигурна каква требаше да биде и што да содржи приказната што требало да му ја раскажам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како и да е, Ели е сѐ уште мала и што и натаму да се случува не ќе биде толку трагично за неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нему, како дотогаш неосудувано лице и фамилијарен човек, му беше одредена алтернативна мерка условна осуда од шест месеци казна затвор, со напомена дека оваа затворска санкција нема да се изврши доколку осудениот, во рок од наредни две години, не стори ново 201 кривично дело.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако и самиот со десетина рани на своето жилаво месо, Парамон се извлекол да се крие од планина на планина и да остава зад себе запалени сараи и заклани туѓинци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа е тематски парк на кој за ужасот на масовното уништување, на потполното исчезнување, на геноцидното согорување, на холокаустот на припадници на цели социјални групи: Евреи, припадници на речиси сите словенски нации, Роми, Синти, хомосекусалци, комунисти, анархисти, јеховини сведоци, слободни ѕидари...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Чувствував, според нејзиниот глас, дека не лаже; но тоа отвораше сериозни прашања во врска со моето душевно здравје: ако е така, тогаш јас сум почнал да гледам работи што се невидливи. И да слушам работи што се неизговорени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од бучавата смогот сѐ повеќе се развласува, се протега и се раскостува, се шири, авторот забележува дека смогот почнува и да се крева, ене го веќе кренат над училиштето „Кочо Рацин“ и наскоро ќе ја зафати и неговата куќа што тој одовде не ја гледа, само по тамина знае каде е.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сакам да се возам со автобус низ градот така можеш и да се движиш, и да си длабоко вкопан во мислите дур тече слајд шоу од фасадите.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Ми рече да го земам и да ја зарадувам невестата кога утре ќе се женам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Музичарите го следеле од соба во соба, и секаде се барало од Бах да ги испробува пијаната и да свири композиции со импровизации.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Идентична цел имало и т.н. Горноџумајско востание т.е. провокација од септември 1902 кое било инсценирано од бугарската влада.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ако ме разбравте што ви реков, сакам да одите кај него и да се смирите со него оти не да сте повиновни, туку зашто сте посилни – треба да бидете подобри.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Просторот е недоволен да се потцртаат основните проблеми, и да се назначат главните струи, сепак, ако ништо повеќе, низ текстовите провејуваат некои од основните контроверзи на феминистичката филозофија: дали е воопшто можна и како?, може ли да се даде нов своевиден потстрек за решавање на философските “проблеми”?; во која мера е блиска со, и зависна од постмодернизмот, идеологијата, желбата за превласт.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
-Секогаш сум се плашел од случајности. Сѐ е пресметано, до тенкости проучено и, наеднаш, стоп. Слушај, Арсо, за сега не. Да појдеме горе и да размислиме.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Иако е крајно огорчен од целокупната ситуација во државава, но и во светски рамки воопшто – Љ.Н. е одлучен во тоа дека, во иднина, повторно би тужел доколку му биде повредено некое работничко право. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ги допираше со своите облини, се виткаше пред нив создавајќи им вртоглавица, зашеметеност; лудуваа тие по нејзините испружени раце, по нејзините растреперени и игриви делови на телото, по нејзината долга, развиорена коса како гривна на ждребица; лудуваа и кога ќе почнеше да се крши пред нив, да игра и да потскокнува ширејќи ги рацете како крилја, како да сака да полета.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Те замолив да ги соблечеш алиштата со кои беше на лов и да облечеш чисти, но ти се инаетеше и рече дека нема тоа да го направиш, во тој момент кога јас сакам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Чорбаџи Карче... - од време почнаа вака да го викаат и да му се поклонуваат и оџата и попот во градот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Никој не појде по ветки да го засилиме пламенот и да се згрееме, сите сакаа да бидат поблизу до последното трепетење на пламенот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од таа страна на ѕидот се наоѓале харемите, па убавиците можеле да наѕираат во салата и да имаат допир со надворешниот свет само низ овие мермерни решетки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Признај, зарем не ми порача дека љубовта е прекрасен оглав кој колку и да нѐ стега со задоволство дозволуваме да нѐ води?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Само замолкнувањето на Аванти пополо И само префарбувањето на бандиера роса А ваму новите соништа да претежнуваат од популизам И да не важи веќе поговорката Дека секое влакно си ја знае својата леснина
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Да, така. Методија не можеше да дојде во куќата и да поседи подолго, а јас требаше веќе да знам до каде се работите на гробот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во тренд е теоријата да може и да знае да ги користи слоганите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И почнаа да јадат, да пијат и да одмораат по долгата, напорна летна работа. Храна имаа на претек.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И едно лето, ми се чини беше крајот на јули 1862, реков да се најде тајфа и да се почне копањето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во желбата да задржи одредена логика во замислите и да ја сочува екстраваганцијата на својот сопруг, жената на филологот, која во неделата беше негова ќерка, инсистираше да се усвои принципот замената на имињата на предметите да се извршува според класификацијата на родови и да се усклади со употребата во секојдневниот говор. 64 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И до оној кој е во опасност има луѓе, само свртени му се со грб, и не можат да знаат што му се случува, затоа што погледот на оној кој е во опасност, и нивните погледи, гледаат во различен правец, кон други пејсажи, кон различни неба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Исчистени од гревовите и ниските страсти треба да го бараме со сетилата за перцепција она место од телото каде што се сконцентрирани сите моќи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Или хероината од бајките мора да биде убава, нежна, и да, русокоса, што значи автоматски лесна за манипулација, наивна и - глупа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Пак легна и реши да не мисли повеќе на ништо. Вака простум да си лежи и да си ја залажува својата чувствителност со некоја песничка што му доаѓа сега во сеќавањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зачестија и одморите и јас, колку и да имав разбирање за уморот, почнав да се јадам и да покажувам нетрпеливост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Каурите се спремаат да ја уриваат нашата царштина од темел па чекај ги и кај тебе некоја ноќ и приварди се да не те најдат на спиење и да те испечат жив во конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Алхемискиот симболизам на ѕвездата на восхитувачки начин го содржи многустраниот и драматичен сценариј на свадбеното соединување на Невестата и Ергенот кое се случува во и врз Duchamp-овата глава - за да, за него, живее во духот, додека нам ни останува да гледаме и да разбереме дали е вистина дека “набљудувачите ја создаваат сликата”. L. H. O. O. Q.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Луѓето започнале во паника да ги празнат улиците и да се сокриваат во куќите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Додадете кон тоа дека српската надворешна политика е установена, како и тоа дека имаат тие и цел ред други, освен споменатите дипломати, и ќе разберете зошто ракополагањето на Фирмилијана е победа на српската дипломатија и пораз на бугарската; победа добиена со свои, т.е. српски сили, а не нешто наврзано од Русите; поразот пак на Бугарите е резултат на немањето бугарски дипломати што да ги разбираат бугарските интереси и да ги заштитуваат со авторитет и знаење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На овчарите и воловарите им се имаше случувано мечката да им влезе во булукот, да си попасе со овците и да си замине.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Зборуваат само национално, национално, како да не сме луѓе, како да не јадиме леб и да не пиеме вода (мене ми зачука срцето), ние треба да се најадиме, вода да тече, а не да ни ја крадат, трактори да купиме, крави млечни да донесеме, кози алпина раса што даваат седум литри на ден, та за нација, пак ќе сме нација, ебати нацијата!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И за зарек ѝ кажав да тури војца во пајнца и во пајнцата уште три лајчиња и три жарчиња и да измие три прага од куќата со таа вода и со таа вода да му ги измие градињата на детето, и да му тури малку во устето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ЛУКОВ: (Исчекувајќи ја да сврши.) Од Вас, госпоѓо Христова, не се бара да поверувате, туку... да слушате и да се потчинувате. (Пауза.) Впрочем...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Времето пак тргна. Просторот почна да се отвара и да постои како кога во пролет се отвара цвет.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Знаат, но не ти кажуваат, бидејќи сакаат да им слугуваш и да ти се потсмеваат.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Растојанието треба да го почувстуваш како предност и да ја опишеш лутата сапуница на надежта во душата што ти влегува по којзнае кој пат те зазема како што се зазема туѓа територија те присвојува како што се присвојува туѓо дете и за сето време на мис-мириса.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Така разбирајќи го долгот кон татковината, јас се решив, прво, да го изложам моето разбирање на народните идеали на Македонците во еден ред расудувања, прочитани во петроградското Македонско словенско научно-литературно другарство „Св. Климент” 1, а после и да ги напечатам во оваа книга, каде што се поместени и расудувања непрочитани во споменатото другарство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Илузиите на самиот српски народ пак не се безрезултатни: во случај на војна за Македонија со кого и да е, Србите како еден сите ќе се нафрлат на непријателот, -српската војска со најсилно патриотско чувство ќе се бори за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Бегај сега. Ти можеше да ја оставиш последната за себе и да се распаднеш во нејзиниот тресок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можам само горко да се исплакам и да продолжам да талкам наоколу, како жив мртовец.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За да видиме како еден модел ни помага да разбереме некакво, без него потполно нејасно, поведение, нека си замислиме токму онаква пирамида од јаболка на каква што можеме да наидеме на кој и да било уличен штанд на кој се продава овошје.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во скицата за паркот, освен нови - кедри, туи и елки - ги вклопив старите околни дрвја, оние што можеа да се одберат и да се искористат, како и сегашната жива ограда од кленики скраја подолу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дури и да направат, топчето си го виткаат у книфче и си го чуваат у џеб.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но, не беше така, за среќа моја: слушнав убаво дека Лествичникот му рече на ноќниот патник во одајата негова да оди и да го чека долу; така рече и никако поинаку, оти слушнав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога стана разговорот за женење, Толета го пријаде јасникот и почна да ги реди во умот сите девојчиња од селото и да нагаѓа која ли сака да му ја наметне бегот за да може после, како своја робинка, да ја прибере на кулата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога веќе размислуваше да се откаже и да поверува во својата фиктивност, конструираност и лажност, се сети.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ни иде и да пееме и да плачеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поарно сега да се починеме и да мислиме за сламката што ќе ни застане на пат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Утредента Мустафа го извади Толета од ќелијата и откако му удри неколку камшика по грб, го натера да си ги земе пљачките од одајата и да се пресели во друга, бидејќи и неговите другари го нејќеа тука, да ги краде и им го јаде лебот и друго што им донесле од дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По кафето устата се плакне со вода и се голта за да не остане меѓу забите и да легне добро во желудникот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еднаш на две недели, одам таму и да си ја наполнам корпата, и да си уживам во амбиентот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Без збор се одвоивме од групата, исто така несвесно како што им се бевме придружиле и одшетавме преку песокта, само за кратко застанувајќи на местото каде што претходно лежевме во љубовна прегратка, за да си го собереме остатокот од работите во торбата за плажа, да си ги прибереме чевлите, да си го најдам паричникот и да го запретам во песокта мизерниот, наизглед издишан кондом што ти се преправаше дека не го забележуваш. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 181
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Чупите одбија да одат и да ја чистат Латинската Црква, заедно со браќата и сестрите се противставија да се празнуваат Божиќ и Велигден, не даваа да се вапцаат јајца, одбиваа да се венчаваат в црква, со поп, туку одеа во Тополчани во општината и таму матичарот ги регистрираше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но кога Сандо ја прашал дали слушнала дека некој посакал да и се обрати, одговорот на Јана бил негативен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сонцето се издигна високо на небото, носејќи топлина што ги натера луѓето да ги соблечат валканите алишта и да ги симнат измастените шапки.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Немав храброст да отидам и да погледнам во копаното.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се остави да го фатат и да го доведат овде за потсмев и забава.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Милка се наведна над клупата и заплака. Срам ѝ беше да ги крене очите и да ја погледне учителката и своите другарчиња.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
На мал простор од овој роман, благодарение на вешто водените наративни стратегии кои ги користат искуствата на традиционалниот и постмодерниот роман, се покренуваат некои од клучните теми одбрани од корпусот на интересирање на балканскиот човек кому типолошките карактеристики на ликовите и на ситуационите модели по мерката на препознавање му се најблиски, но би било погрешно да се разбере Бунар само како водич за балкански менталитет и да се чита како што се читаат Андиќевите дела за да се разберат причините за балканските судири.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сигурно ќе ме разбере. И да не сака ќе ме разбере.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вака прогнат на тврд камен во една пештера меѓу лисици и дождалци немам сили да се извинувам и да извикувам пароли.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Меѓутоа, нашите момчиња одбиваа да го прават тоа, одбиваа да земат заклетва и да отидат да се борат на страна на некого кој ја имаше завојувано нивната татковина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сретнав еден таков мајстор, беше дојден од престолнината, мислам Ресенечки се викаше: умее и витрина да обликува, и легла, а и маси и столови какви што користел само некој француски крал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Истата изгледа „да ја грабнеш и да бегаш“, што е уште еден квалитет кој го исполнува, ама излезе дека недоволно била секси зашто оваа заменава што го пополни нејзиното место многу порано од што тоа беше испразнето, ја развиори својата црвена коса и колкови кои не мируваат сместувајќи го помеѓу своите бутини, насмеан и флекав, и згужван... и накапан со кафе кое секогаш прво го претекува, а потоа го преполнува во напрснат филџан, ама и оваа вештина испадна крајно невалидна за тоа врските и нивниот рок на траење.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не е само да се ископачи земјата, туку и да се исуши водоврикот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мнозина се научија да ги прочитуваат содржините на книгите и да ги раскажуваат пред наставниците, иако не прочитале ни ред од книгата!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А залезот е убав и сенката што ја прави е долга за младичот од бистата незабележливо да ѝ се доближи, да седне крај неа, да се загледа во нејзините сини очи и да ја слуша како го повторува Лјеу: ...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Таа, иако исчезната одамна, успеваше да живее и да го оживува моето детство, со истите илузии.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Сам се предаде - продолжи Горјан. - Сака да остане со нас и да се бори и тој како партизан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Само требаше да бидам трпелив и да чекам. Да дочекам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да научиме да гледаме, слушаме, мирисаме, да ги вкусиме најмиризливите зачини на животот, да бидеме шармантни, харизматични, лесни како воздухот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не сум сигурен дали ме слушна или изигруваше отсутност но јас му реков дека се согласувам со него и дека можам да си ја замислам силината на љубовта која е во состојба да раздвижува, да покренува па дури да замени и да надополни многу други потреби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Родени се во времето на Втората светска војна, растат во времето на Хувер и Макарти, постарите браќа им се регрутирани во Кореја, мајките ги учат дека е срамота да се врти со колкови и да носиш тесни панталони, татковците ги учат дека е срамота да имаш црнец-другар, свештениците ги гушат да клечат на колена секоја пред својот тотем, општеството ги учи дека треба да станат домаќинки и да бидат верни сопруги што ќе израѓаат еден куп деца што ќе гинат по Виетнам - а тие се маѓепсани од Елвис, којшто заводливо врти со колковите, маѓепсани се од Џери Ли Луис и неговите тесни панталони со набабрен шлиц, маѓепсани се од црнецот Литл Ричард кога вели уап-баба-луба-би-ба-буп... и ете, затоа вриштат, затоа што им го бранат сето она што душата им го бара!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таа натера одново да се прегледа прашањето за народноста на Македонците и да се реши ни во полза на Бугарите, ни во полза на Србите, а во полза на одделна македонска народност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Често настапуваше на платоа во Метрополата, крај дрвореди, испраќаше ливчиња по реки, во отмени салони ухнуваше здив во стаклени чаши и говореше со јазик на јасновидец, излегуваше гол, со кренати раце на полна месечина, и луѓе слични на него, почнаа да одат по него, да го слават и да го тажат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да јадеш крадени отпадоци од туѓи софри и да се гордееш со тоа: смешно и тажно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кузман гледаше во децата некое време потоа предложи да ги опколиме и да ги нападнеме од двете страни на улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таму (сонував, не е повеќе од сон, но како да го вмешува и да му се прилепува на јавето) има некој што се вика Род – или Ерод, или Родо – и тој ме тепа и јас го љубам, не знам дали го љубам, ама допуштам да бидам тепана, и така од ден на ден, тогаш сигурно го љубам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Патрола“, рече и продолжи да бара во себе и да се сеќава.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Папците на козата ѝ овозможуваат слободно да застанува на задните нозе и да ја вклешти гранката што ја брсти, а нашите нокти, слични на ќерамида, служат за потпирање на образите при пофини допири...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Еден саат чука тик-так, тик-так, Собирајте од афион мак Зрнциња кафе и пламено кајче и правете хероин за идните во воздухот сили поколенија; не чекајте време нема. Нечии мили кафени труби О, мила врбо бесрамна Наравоучение ни цицка, ни гс ко штица си рамна, Ако сакате да живеете долго исти се сите стомаци и да бидете здрави кога се полни бидете работливи како мрави. Кон одот за господа и божјиот суд на бескрајната Ако сакате да бидете први (верници) меланхолија во долината не бидете победни и од црви. сивите пци. 54 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Прислужникот несмасно туриваше ракија во чашата за што учителот и кметот го погледнаа луто, му го зедоа бардачето и почнаа тие да туриваат и да служат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Запознавајќи ја со допир, тој би ја препознал и да ја види.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се опитав да се сетам и да си одговорам, од каде се овие ѕвездоровидни суштества?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Неговото непрекинато мрморење сега се престори во некое чудно подвикнување, во кое се придушуваа издивнувањата, а тоа беше и единствениот начин да се преборат во себе и да бидат превидени и липкањата на еден ваков чуден, сув плач.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа треба да се измијам и да каснам. Канчето за чај ми е здраво, филџанот, колку и да го миеш, го има мојот мирис.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Да веруваме и да ги подржуваме и егализираме сопствените избори, ќе го најдеме патот, зошто во срцето се скриени најголемите вистини, вистини кои ќе неослободат од пајаковата мрежа на лагите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А способен ли е во такви околности да оцени и да сфати кој го води и со кого тргнал?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неговата теорија на дискурзивна демократија подразбира проширување на јавната сфера за да се овозможи поголемо учество на граѓаните во процесот на создавање на јавното мислење и волја: „Демократизираната или добро уредена јавна сфера треба да им понуди на сите, а особено на маргинализираните групи, можност да учествуваат во обликувањето на јавното мислење, да влијаат врз него и да вршат негова критика“.102
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
ЦР = Централен регистар на РМ cf. = confer (пренесува) С.Ј. = Codex Iustinianus (дел од Јустинијановата кодификација „Corpis Iuris Civilis“ – VI в.) C.Th. = Codex Theodosianus (V в.) D. = Digesta (најобемниот дел на познатата „Јустинијанова кодификација“) Lib. = liber (книга) sq = et sequens (скратено/извадок) vs = versus (против) 318
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дилема голема Дали треба да се нашминкам и да ставам кармин ако некој ме покани на видување?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Почнувам да ја мавам по лицето и да викам по неа – бубачки!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кога помалата почна да се мочка в постела, а потоа и да прекинува во говорот, да тревлива, обвинувањето, на деликатен начин, го истури на мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- И не подбуцнувај. Мал си да те запопиме и да те слушаме кога да се смееме и кога да плачеме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И Земанек стана, отиде до автобусот, им рече на другарите да не нѐ пријавуваат како отсутни и да молчат; потем се врати и ние видовме како во нашиот автобус влезе наставничката по музичко, која не го познаваше нашиот клас добро; видовме дека ги прашува другарите дали се сите тука, и дека тие ѝ велат дека сѐ е во ред.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Над нив голи гранки што благиот ветер ги нишка со надеж дека ќе се наведнат толку многу што ќе можат да го досегнат расфрланото злато и да си го врати пак на себе. Не! Не се досегнува!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Личните интереси и политичките комбинаторики на големите сили требало да се прилагодат кон придонесот на воените успеси на НОВ и ПОЈ против силите на Оската и да го ревидираат својот став кон НОД.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Беше неговиот лов и Змејко сега можеше да ги напушти карпите и да го очекува каде ќе застане во спуштањето од оние негови висини.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не можев да решам, но сепак, си реков, ќе ја оставам, зашто и така ќе му кажам на Методија да се грижи и за неа и да види во шталата, сигурно Симон има оставено залихи зоб за коњот и вода да му тура за пиење.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се исправи пред братучедите. Почна да ги трие рацете една од друга и да им вели оближувајќи се: - Така.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Имаше голема дарба, исто како што татко ѝ имаше дарба да прави чевли и да пои, а брат ѝ да пишува и црта.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Така, преку трудот и излеаната детска пот во големата нива требаше да станеме поцврсти и похрабри во издржувањето на горештината и жедта и да ја челичиме нашата подготвеност за големите идни дела.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Горан знаеше по седум пати да им се јавува на девојки кои не сакаат ни под разно да излезат со него, да ги застанува колегите во факултетските ходници и да ги гњави со тоа како за малку ќе го положел испититот ама ете немал среќа, и згора на сето тоа, професорот го мразел и да се фали со тоа дека оди на журки кои се посетувани од битни велеградски фаци.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кога Турците сопственици на чифлизи почнаа да си заминуваат од сета Пелагонија и од Потковицата и да се населуваат во градовите, тоа стана по бојот помеѓу орлите и штрковите кој во 1901-та започна на Алилово и се пренесе во Беговски Ловаѓе, односно тоа произлезе од страв од она опачно претсказание што го срочија христијаните по победата на штрковите над орлите, дека му е блиска пропаста на царството, жителите на Потковицата од своите бегови купуваа земја во близина на чифлизите или во дворните места на чифлизите и на новооткупената земја подигаа живеалишни куќи и се делеа на клонови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да, беше врнежлива ноќ кога Авни и Илона се истурија од таксито пред мотелот „Барса“ (мислев дека слабините ѝ се топат во моите дланки, а јас немав чувство дека ми е в раце, тоа беше Ема онаква каква што ја познавав и ја сакав, но во исто време, таа за мене, не знам зошто, првпат сега - беше туѓа и далечна) со Ема излеговме под тремот и ги поведовме по ходникот, им ја отворивме вратата од собата и место да им кажам било каков збор се обидов да го поттупнам Авни по рамото, но не успеав оти тој токму тогаш ја прекри Илона со мантилот и само слушнав како одвнатре ја заклучува вратата (Ема сакаше да ми рече дека се чувствува жива додека е во моите раце, сакаше или сакав да ми рече така, додека се лизгав со широко отворена уста од градите до стомакот по кој играа од сласт или од плач, не знам, едвај забележливи бранови) брзо ја заклучија вратата, јас се обидов да останам уште извесно време тука, но Ема ме повлече за рака (ѝ го ставив јазикот на папокот, нежно вртејќи во топлата длабнатинка исполнета со киселкаст вкус) Авни беше како ветар, се мушнуваше низ најтесните процепи, работеше неуморно, дејствуваше, влегуваше под кожа, во коските, вртеше како со сврдел и дупчеше до крај, а не можеш да го видиш, не можеш да го допреш, како таа ноќ, ноќта пред оваа ноќ, кога ја внесе Илона во „Барса“ за да ѝ ја подотвори вратата кон светот што таа го сакаше, кон светот што ја очекуваше (ми диктираше некој силен порив да ја загризам за стомакот, да ѝ скинам месо од сакање или од омраза, не знам, знам само дека во еден момент Ема офна) знаев дека требаше да заминат кон Табановце но не знам до кога останаа во собата која утрото беше празна и требаше да биде празна оти врската требаше да дојде рано пред зори, за тоа знаеше и газдата на мотелот (затоа јас ги стиснав забите од страст, или од страв, или од омраза, не знам, но знам дека Ема си остана своја и, со својата питомина моја, но во исто време, далечна од претчувството што ме притискаше, се измолкна од под мене, ми се загледа в очи, благо се насмевна и легна на мене, ме покри со топлина што се згуснуваше во капки пот) шефот на мотелот утрото ми рече дека ноќта се слушнал со Крумета Волнаровски и дека врската профункционирала: од прозорецот можел да го види доаѓањето на автомобилот во кој влегле двајцата (станувавме сè поразлични двајцата таа ноќ што беше на истек, беше уште густа темница, можеби најгуста, или така ми се чинеше, но тоа беше кулминација пред обзорувањето во кое Ема, јас верував во тоа, ќе ми биде пак како и секогаш - со детски наивна насмевка што ќе се шета по нејзиното лице на заспана жена по изгрејсонце, задоволна од играта со мажот кој сега никако не можеше да ја сфати нејзината безгрижност - ја глумеше ли?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Според преданието, преданијата се секогаш вистина на селанската мака, на спиење ги исекле болните и ги однеле на планина за да ги закопаат под еден крст, веднаш на тоа место да пробие света извор- вода чии капки лекувале очебол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Следните денови го испрошетав насекаде каде што имаше желба да оди и да види.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Отишле во уште поголем град и се пријавиле во циркусот што токму тој ден заминувал од таму; ги примиле само како знак на добра волја, да ги нахранат и да ги превезат во уште поголем град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Наводно, се зборува дека, ако ги вратат децата, нема да одат да копаат ровови и да градат бункери... Така се зборува...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му објаснувам дека треба да ја потфати Огнена под плешките и да ја влече додека ја поткревам колата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност, секоја голема љубов почнува, како што рековме, со три мали лаги.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој ги научи во манастирот сите поповски марифети од поп Спира, на кого му помагаше во службата како нему што му помага сега Кушо, и требаше само да го „благослови“ владиката и да си започне со работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Судот, со парична казна од 2.500 до 5.000 ЕУР во денарска противвредност, ќе го казни вештакот, трговецот- поединец вештак, вештакот вработен кај друштвото за вештачење или вештакот вработен во орган на државната управа – кој нема да дојде на рочиште иако е уредно повикан, а изостанокот нема да го оправда; или ако до судот, во определениот рок, не го достави стручниот наод и мислење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Отсега ќе ми треба храброст да одам без него низ истите предели да се сеќавам и да барам низ јасникот смрчки не оние што тој ги ствараше за мене но тие што јас ќе ги мирисам за него.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да се сетиме на најрадосниот момент во живот, кога доживеавме искрена, длабока среќа Во хистеријата на секојдневието, кога ќе се сопнете на најситното камче сте се запрашале ли: -„Која е вистината за вашиот живот?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој не ора, не копа, не жние, не врши. Него бегот не може да го псуе на вера и закон, не може да го продаде како другите чифчии, но сепак може да му удри некој и друг дипшик, да го измаскари и да го напади предвреме без да му ја исплати заслужената руга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакам да речам дека сон е тоа што сакаме свои на свое да сме, значи да си имаме свое име и презиме, да си зборуваме и да пееме на свој јазик и поради тоа да не бидеме тепани, осрамотувани и влечени по судови...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како што ова го чув, така мене почна да ми скипнува крвта и да ми се чини оти ќе се онесвестам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Казната на џезата, на тој див закон (отсекогаш право на неколцина старци) да се глоби, дури и да се тепа и да се претепува виновникот па и со негова крв да се мие срамотата што му тежи на селото, ја зел во свои раце Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луција стоеше во стројот и чекаше да ѝ дојде редот; јас со поглед го барав Земанек, го молев, го проколнував да му се случи нешто, да го удри инфаркт, да падне, гром да му отепа мува на челото, што и да му се случи, во краен случај да му се оди по надвор, само да замине и да ме постави мене на неговото место, како заменик, оти стројот брзо се движеше и Луција сѐ поблиску доаѓаше до него, до Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
11. Ми го донесоа записникот од истрагата. Да го прочитам и да се потпишам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За нив интересите на Македонија се едно средство да добијат служба и да се одржат на неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Чувството на излажаност, не само во Борко, на кого му се имав целосно оддадено сѐ до тие денови во Долнец, дури и кога беше мртов, туку и во себе, во својата неспособност во годините да се расонам и да ја сфатам мојата имобилност, ме притискаше и ми ја одземаше онаа сигурност што мислев дека ја поседувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ама некои покрупни или понезгодни, како ногалките или летвите, не можеше, па почека домарот да дојде од селото и да ја отклучи главната порта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гледај, синко, да живееш како човек и да умреш за неа, ако треба. Та ти за друго и нема зошто да живееш“.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас само можев да ги слушам, да јадам или да спијам и да не прашувам ништо - прашав, ми кажуваат а ме заборавиле: сите се мачевме исто, секој се грчеше од своја болка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Продолжуваше и буден да 'ржи и да чкрта со забите и не ни помислуваше да престане со тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Како сакаш! - немарно рече Бојан и продолжи да се плиска, да фрчи и да ги трие своите веќе зацрвенети гради: - Ќе ти покажам нешто, - рече откако се исплиска и почна да се брише со кошулата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Овој човек, вака слаб и жилав, триесет и две години стар, нехранет со силна храна, или пак слаб заради работата што ја работи, се нафаќа да се фати за гуша со оваа голема работа на копањето на бунарот, да слезе долу и да ја најде жилата на која јас веќе толку многу мислев и веќе повеќепати го доживеав моментот на појавувањето на водата, иако копањето не беше ни почнато.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Измачените и страдалнички лица, на кои се сочувани белези на гордост и достоинство, те тераат пред нив да застанеш и да простумиш со почит и воздржан здив.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Оној што им бил покорен на нашиве закони не пцовисал за сомун во Лесново и не се жбиравел гладен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да се истреби пченица и ориз и да се кладе месото да се вари.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сѐ се случи или усно или молкум како воопшто и да не било.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ги научи сите занаети, како самоук, од потстрижување на децата, до плетење и везење, зашто да преде и да ткае имаше положено уште во младоста, како и сите полски работи, со алатки од феудализмот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стрелците и измеќарите се повлекле со утрената светлост, да спијат или да пијат и да го исчекуваат умирањето на побунетиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Клетата таа, иако шест пукоти чу, не се мрдна од местото – таков е адетот, - туку чекаше со Трајанка на раце да тропне мажот, да ја отвори вратата и да рече: „Ме чекаш ли, о невесто!“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И по сето гореречено ќе се најдат мнозина што ќе речат: Можеби вистина е дека ако немало досега македонска словенска народност, таа може да биде создадена од времето, особено од сегашните историски околности; вистина е оти Македонците по својот јазик не можат со право да бидат наречени ни Бугари ни Срби, ами се нешто одделно, т.е. претставуваат одделна етнографска единка, но пак – како ние сега можеме да се викаме Македонци и да создаваме одделна македонска народност, кога ние, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се викале Бугари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога му дојде мисла оти покрај жена може да го обрадува и со некое детенце, за малку што не рипна од постелата да го зграби дедот Петка и да летне, да ја земе Доста и да се најде дома каде ќе го гледа тоа дете, ќе го хране и подига, ќе биде и тој татко како сите среќни луѓе, ќе се радува на тој негов створ и ќе умре на неговите раце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Којзнае од кои причини но напати се обидуваше и да го омаловажи па дури и да го исмее.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Згора на сѐ, покрај казнената камата – која течеше од јануари 129 2010 па сѐ до денот на конечната исплата – МВР беше задолжено да плати и трошоци за постапката во износ од 17.120 МКД (о. 280 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од гранката на старата слива се обидував да гледам кон спротивната страна на селото, каде што беше куќата на неговиот дедо и да го здогледам него како игра во неговото маало со другите деца.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Десет илјади денари кои ги потрошив за да се преселам во Западот и да ја платам првата месечна кирија за станот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сега ќе треба ти да го најдеш Илија и да го наговориш... Разбираш?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Пред сѐ, функцијата на електричните инструменти ќе биде тоа да овозможат потполна контрола на структурата од аликвотни тонови (наспроти шумовите), и да направат овие тонови да станат достапни на секоја фреквенција, амплитуда и траење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Да помагаш и да се молиш за Ганка?“ праша Арсо Арнаутче. „За Ганка, за нивчето, за неколкуте овци.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој само знаеше дека сака да си игра, да си игра и да се задева.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Може да кашла и да му тече носот, слушам, може да плаче од подноктица".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Богдан Преслапец го посоветува кашличавиот Осип Сечковски да го земе волето на злосторникот Мечкојад и да го продолжи патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И во влечењето да се сопнеш, да паднеш, мајката пак ќе рече: мене да ме нема, чедо, оти да не бев јас, немаше да паднеш и да се удриш, ќе рече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓу два Штраусови валцера сме како меѓу два залака од евтин хамбургер или сендвич од туна - никому не му е јасно како меѓу тоа два залака може да летне и да се проживее цела една живеачка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ми дофрли: – Како која обетка? Онаа која е предуслов за да станеш јунак во приказната „Чај за двајца“ и да дојдеш овде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само да е убаво времето, па да се искачиме на Гола Глава, па овците да пасат околу нас, да треперат ѕвончињата, а небото да биде сино и мило, само некое орле да се гледа во височините, па да седиме и јас да ти ги покажувам далечните планини, Пирин се гледа оттука, и Рила се гледа на север, Беласица можеш да ја видиш, и сѐ се гледа, и од некаде ветре долетува и носи миризби од некоја далечна гора, од некој нестопен снег, па ти е мило, па ти се сака да ги рашириш рацете и да леташ...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но новите управници во Бугарија ни велат: тоа е Русија крива; Русија се плаши од една голема Бугарија и затоа: таа го кладе Фирмилијана, таа сега не сака да ѝ даде на Македонија автономија, таа не нѐ остави нас да се подготвиме и да војуваме со Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да џвака нешто, да се залажува. Ја подзема сламата со јазикот, почнува да ја врти и да ја крцка со забите и мене ми дојдува убаво дека ѝ ја погодив мислата. Магарето само стригнува со ушите и се свртува кон другата страна. Налутено, ко дете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во оваа статија јас ќе се потрудам да одговорам на тие и на многу други слични прашања и со тоа, според мојата сила, да ги разјаснам научните основи на националниот сепаратизам, како и да покажам на неправилноста на тие приговори што се поставуваат од неговите противници, коишто со тоа сакаат да го компромитираат него како нешто вештачко.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Инаку, кој би можел да нѐ увери дека ваквото однесување не е плод на злата намера поттикната од желбата да се создаде неред и да се нарушат воспоставените односи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Додека застануваше да здивне и да ухне по неколку пати во своите црвени раце, сеќаваше како сѐ уште го проследува онаа парталава прилика на мршарот по него, но сега веќе не мислеше толку лошо за тој ранет волк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Почна да станува навистина горд на своето тело и да се надева повремено дека и неговото лице исто така се враќа кон нормалата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знам, може и да им се расплакав и тие си заминаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Капарот што ни го пратија не беше голем.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
135 ОПИУМ И ОПИЈАТИ (OPIUM AND OPIATES) Форма: опиумот може да се пуши или да се голта иако опијатите кои се во форма на прашок, можат да се шмркаат, пушат или да се мешаат со вода и да се внесат интравенозно. (Види кај хероинот, најшироко распростанет опијат, поради што и одвоивме посебно место во овој прилог) Времетраење на дејството: до десет часа, во зависност од дозата и начинот на употреба.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ондин на тоа почнува да ѝ удира шлаканици и да ја навредува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
7. НЕ СЕКОЈ ПРЕД ИКОНА САКА ДА СЕ КРСТИ - за на светецот да почне и да му се моли, некој така ќе ги стокми трите свои прсти за со туѓа ситна памет себеси да се соли...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Насмеаната жена не само што ја наслика онаква каква што и самата се гледаше (негде длабоко во срцето), туку си направи и слика за себе, само што Пелагија требаше да ги одбере расфрланите зборови од татнежот и да се заклучи дека тетката Перса ( Името ми е Перса, рече) не била од секогаш сама, туку имала добар сопруг, името му било Панајот, бавчаванџија (Ми стопанствоно Острово половината беше наше), господ ги дарил со мома (Елена мајкин изгор, лична како тебе, мила), ама пустата војна ги однела и двајцата, и токму тука, на овој дел од разговорот тетката Перса ја грабнува малечката Пелагија и почнува да ја гушка и да ја бакнува, (Златната она на баба, дојди ми миличка да те помилувам!) и продолжи да кажува дека оваа малечка куќарка е голема за неа самата, а знае дека барала некое местенце за да се прибере со момичето, рече Оваа одајка од десно што гледа на страната на кај Острово ќе биде за мене, а оваа другава, од оваа страна, што гледа на кај зградата за бегалци нека биде за вас, и продолжи На кучево ќе му направиме куќичка во градинава! и ја отвора вратата сѐ уште стискајќи ја Пела на градите, ги внесува во претсобје големо колку нејзиното подрумче во кое се пулат четири врати и Пелагија нема време сѐ да собере во своите очи оти тетката Перса веднаш ја отвора вратата од одајката која со едно ама големо прозорче гледа на кај фабриката и на кај зградата на бегалците.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да не дочекаш да ја видиш и ти пред себе онаа бездна, што ја има видено она старче, со едното покусо рамо, бригадирон Језекил, и да не се всади и во тебе страот што човекот мора да оди исправен...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И поп Петко затоа излезе: да го дочека Ѓура како шура, да му се извини нешчо ако згрешил што им зел на децата и жената некоја пара повеќе, за некое и друго кило жито а повеќе да го пречека и да си го прибере Крчето, да му благодари на Ѓура што го доведе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поштарот не верува дека сум мртов, а мене ми е здодевно да го одведам до гробиштата, парцела икс, алеја три, и да му ја покажам белата плоча со име и година - Никола Боткин, 1948.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа една вечер Брле нарача по Суклета да и стори абер на Митра да дојде на колибата за слонарка, да ги варди јагнињата и телињата во аслото и да му помага во припуштањето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но игуменијата не била руменолика девојка да ѝ се радува и да се кити со кукурек и јаглики: доаѓа време кога јаболкниците ќе бидат нападнати од гасеници, а компирот од кртови и слепи кучиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако. Затоа пак, кога некои јас ќе врзам, двојно се радувам.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кон осум девет саатот црквата се наполни, Тие што имаа „пресни мртовци“ донесоа пченица и поскури да ги препее дедот поп и да им раздадат за душа, некоја невеста дошла да си прави молитва со малечкото на шест недели; други ќе крштаваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Требаше само да седнеш и да ја слушаш. За тетките. За нејзините братучеди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И јас тоа го почитувам, го почитувам вашиот избор, само ве молам и вие да ја почитувате мојата работа и да не се мешате во неа,” рече доктор Гете, и продолжи да го плете долгиот црн шал. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Викал нешто, ревел, знаел турски и можел да навредува и да проколнува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Утредента, додека сонцето сѐ уште се готвеше да отскочи на небото и да продолжи да ја пече жетвата, дедо Бошко, онаков сув, висок и подгрбавен, излезе од дома.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Водена од тој животен феномен ништо не ме спречува да ја откријам енигмата на здодевното секојдневие од целиот сопствен багаж, од најдлабоките лични тунели да ги извадам зрелите плодови, сочните овошја и да исцедам свежи сокови за освежување и уживање.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Детето му пречи, тој нема сила да се врати и да го набрка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога би смогнал сили, значи, како Буда, и да се втројам ваков - и тоа би било без значење: би се втроил снеможен и - стуштен...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се смилостивил калуѓерот и го качил пет-пари-човечето на својата магарица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, по еден час од поаѓањето на Арсо Арнаутче и на Цветко Грнар, пошле еден по друг по пролокан пат и луѓето со двоколките, повеќето со надеж дека враќањето ќе помине без жртви иако двајца или тројца понекогаш загрижено погледнувале кон постариот тревар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека вечераа мајка Перса не престана да зборува и да ѝ се восхитува на Роса, а Пелагија ја поплати чувство на вина што таа и нејзината Пеличка имале среќа да ја сретнат мајка Перса, а мајка Роса со толкаво јато сѐ уште да остане во подрумите!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дури будењето на сеќавањата, колку и да е жалосно, може да го егзорцира тој пекол и да создаде услови за вистинско помирување. Маргина 35 37
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Болката во грлото ми се разлеваше по целата става, ми ги пиеше коските и ми го ораше месото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе можеш ли ти да се протутнеш преку Поле и да нѐ одведеш?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секако тој тоа можел да го знае многу подоцна а тогаш само се прашувал: зад жолтите и ребрести костури како друг обрач никнува од земјата нов обрач, и сѐ така: обрачи, обрачи, обрачи: Турци, костури, пак костури со кациги, со штитови и со мечови, потоа сенки со чекани од камен; и пак некои други (кој можел да ги знае?) грпкавичави, со мали мајмунски глави, со дебели заби под кои се двоел надве арапски рунтавест орев или дебела 'рскавица на животно со сурлеста глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откога ги слушнав сите интриги од луѓето и, откога ми кажааа дека и тој учествувал во сето тоа, објаснувајќи пред насобраните во дуќанот кај мостот што значи тоа арондација, дека е тоа окрупнување на земјата, спојување на парцели, во овој случај, заради продажба на луѓе од канадската мафија, па уште и дека Никола Поцо бил крвожеден, јас бев наежавен и тоа, сигурно, Владе можеше да го види и да го осети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Доста ми е: сум протерал преку глава дваесет и пет илјади денови, па зар сега да се мачам и да пекам за уште, и тоа за јадовни, тегоби?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од друга страна, треба Андо и Трајко да излезат до пазариштето и да „намирисаат" како оди стоката — овците, козите, јагнињата, говедата, оти од утре ќе дојде пак Мате од Кокре, Мице од Бѕовиќ, Ангеле од Штавица да купуваат стока, та и нив да ги „излажат" како Петруша и другите трговци во градот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во оние брошури што ги добив во Берзата, на едно место прочитав дека берзијанерите треба да знаат добро да викаат, да цркаат, да надвикуваат секој друг, и да ја знаат пантомимата со своите партнери.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Му реков дека навистина бев зад ридот, тој не можел да не го види тоа зашто секогаш очите му гледаа на сите страни, но дека не знам за кого ме прашува, дека не знам кој е тој зад ридот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2.  Според УРМ (1991): „Заради остварување на своите економски и социјални права, граѓаните имаат право да основаат синдикати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во наш интерес е да останеме сите тука заедно и да наоѓаме начин да се справуваме со економските проблеми и да градиме заедничка иднина....“ говореше младиот каризматичен учител, свежо вратен во Битола по завршувањето на студиите во учителската школа во Скопје.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Впрочем, и самата се изменив, повеќе не сакам да ми телефонираат од дома и да ми кажуваат страшни работи, на пример на Осиек дента паднале 500 гранати.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нашите дедовци наречувајќи се Бугари и не мислеле оти ние ќе правиме од тоа име капитал за да се најадеме, да се напиеме и да се облечеме со него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зашто катилите можат да се вратат и да изгорат некоја куќа, јали наша јали турска, па и за тоа ние да одеваме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За да се надмине настанатата ситуација, претседателот на САД, Ф.Д. Рузвелт, по консултациите со британските офицери, адмиралот Џон Х. Годфри и Вилијам Стивенсон, формирал нова организација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- И секој воденица, а? - Секој. Не можат мајкојдците да јурнат како на една воденица и да ја урнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Митра стана снаа на Стоја Цуцулов, а Толе — најстар негов син и продолжија да си живеат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше како некоја стара семенка, која долго време си ја чувала во својата срцевина магијата за да го сети тој топол здив и да почне да се буди, да поникне под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Пак јас сум, Пандели. Веднаш да формираш резерва и да ја сместиш во Косинец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе сменам: „Одвај чекаме да падне ноќта и да го преземеме Крушево, та заедно со сиот народ да го викнеме нашето Македонско УРА!“, и линк од Google Earth.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Почнувате по малку и да се занесувате, па малку и да не паметите, па за да ја задржите четворката или петката, треба двојно повеќе да седите над книгата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Луѓето повеќе не знаат што сакаат, полесно им е да кажат што не сакаат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И сега знам случајноста не е случајност... нашата е со причина... да бидам Јас кога не си ти.. и да бидеш Ти кога мене ме нема таму..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Нејзината активност била дефинирана од страна на претседателот на САД, Рузвелт: "да ги собира и да ги анализира сите информации и факти коишто се однесуваат на националната безбедност, да ги споредуваат таквите информации и факти и таквите информации да ги направат достапни за Претседателот и за оние Министерства и функционери на Владата што ќе ги посочи претседателот; да преземе, на барање на Претседателот, такви помошни активности кои би го олесниле обезбедувањето на информациите што се од национален интерес и кои во моментот не се достапни за Владата".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Па се симнав како слон под кој крцкаат металните скали, па повторно се искачив на масата и почнав да дишам и да задржувам воздух, да се напнувам како балон пред пукање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
41. Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата татковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На нејзино викање, почна да се кашла некој и да ја кара кучката која, како верен стражар, навистина осети оти некој тропа и стои на малата врата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Тогаш што стоите тука! – им се избрецна тој. – Бргу таму и да не сте се мрднале додека не дојдам. Разбравте ли?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тоа зло длабеше во него и го раскинуваше, а тој не можеше ни да помисли некому да му се исповеда и да му се довери; па и кога тоа зло си ја заврши својата работа и изби на површина, никој нема да го познае; луѓето просто ќе речат: смртта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, на огнето не му беше потребно многу време за да ги пушти своите корења во сувото дрво и да почне да му се спротивставува, обидувајќи се да му се отскубне од рацете.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наспроти нашата сомнителна мрзливост и хистеричниот активизам? (277) Сосема се согласувам со Салиери кога се буни против Господ кој на човештвото му ја подарил божествената музика на Моцарт, со единствена цел да нѐ исмее и да нѐ нурне во очајание.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Го молеше небото да продолжи да се истура и да го топи снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А ти си бесен да треснеш сѐ од земјата и да бидеш малку сам, против нешто, против снегот, против оваа дивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Една кутија “родео“, му реков гласно на продавачот за да не морам да одговарам на прашањето на Котета и да не морам да се задржувам со нив во продавницата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Проблемот што требаше да се реши беше физички: како да стапи во контакт со девојката и да закаже средба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас и Јулијан Граматик бевме определени да ја отвориме кутијата и да ги изброиме гласовите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но тој имал моќни очи и можел без милосливоста на месечината да го види меѓу сите видовитиот Дмитар-Пејко и да дојде до него додека ја сечел со џбиткавоста толпата што полека се стивнувала, чиниш и се предала на судбината во многубожечко исчекување на ново чудо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Камилски сакајќи да го изрази прецизното значење на овој збор, но и да го покаже бездруго доброто владеење на францускиот јазик, значењето на зборот аирлија, го претстави и на француски јазик: Q`il vous soit de bon augure!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неколкупати дури, поведен од таа надеж, тој одеше по девојчето до гимназијата, мрштејќи се и неволно кога требаше некого да поздравува, зашто баш во тој момент може таа да загуби нешто, а тој и да не забележи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нема секој право да сомнева да биде саможив и да делува по своја волја.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Затоа ние треба да се откажеме од секоја мисла за револуција напролет, уште повеќе што реформите ќе се воведат, зашто со нив е врзана честа на две големи сили што се во состојба да постават сѐ на своето, – и да се зафатиме за нова, т.е. културна борба, во која првото место ќе треба да го заземе прашањето за нашата народност и нашиот национално-религиозен развиток.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во сето тоа наоѓајќи и дел виновност кај селаните од под црногоричината планина и предизвикани од нивното одбивање да ја признаат врската со Селџик-бег, неколцина Турци го подбуцнале ненаспаниот Али-бег да објави дека ќе го покачи уемот во својата воденица и да разгласи дека ќе биде убиен секој што ќе се обиде да стави камен врз камен за идна и независна воденица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаат изразито потенцирани заби. Можат да гризат и да бидат опасни.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Но истовремено е неопходно и да се сеќаваш дека настаните се случиле на пожелен начин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако таа пропаганда се восползува со сплеткарења против нејзините непријатели, тогаш интелигенцијата треба да му го објасни на народот недостојниот образ на работењето на таа пропаганда и да го повика самиот да си ги брани животните свои интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А неговото настојување испитувањата и информативните разговори на осомничените да ги третира и да ги ословува како визити, повеќе упатуваше на пристап карактеристичен за потсмевот или мајтапењето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако се налути Сталин, размислуваше Татко, може засекогаш да ги блокира границите и да нема излез од Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Им предложи да ја зголемат својата вооружена одбранбена дружина од триесет на сто земски сејмени. А која ќе стане нужда, сите да трчаат со оружје в рака и да ја бранат својата слобода.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Никој не беше сит и таа нејаска нѐ тераше да одиме по куќите и да просиме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И, часот, почна да чади и да присмрдува, да се топи и да го снемува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но тој сосема ја изненади кога бргу, со само еден потег, ѝ ја отпетла кошулата, се наведна, ја пикна главата внатре и почна да ја бакнува, да ја шмука и да ја гризе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Така спремнати чекаа под конакот да се јави Челебијата, да му се поклонат и да добијат по една насмевка како секое утро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Судот наложи Марковски да се врати не на истото работно место на кое се наоѓаше пред неоснованиот отказ, туку „на работно место соодветно за неговата стручна подготовка“ – ССП, како и да му ги обезбеди другите права од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сотирчо е готов да ја надуе гајдата како што вели мајка им, тешко му е да биде така влечен, а згора на тоа денот се смрачува, горе на небото како да се насобраа црни облаци и од време на време росолеа, пуштаа ситен дожд за дојденците да се намачкат сосема со кал и да се намократ и нивните бовчалаци, вреќи и сандучиња, како и самите тие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Треба некој знак за да се потсетиш и да живнеш, да жугнеш, да пркнеш.  Зазираш од ноќта, време на морници.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да ја напишев првата телеграма во која јунакот ќе беше анти-херојот, картагинскиот градинар Раиз, ревносниот шифрант Петар Иваз, сигурно ќе ја испратеше шифрирана до Централата, колку и да му се видеше невозможна, невообичена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кришум, додека луѓето се собирале да го определат местото за гроб, Лозан Перуника се стрчнал со намера да ја спречи девојката да се доближи и да ја открие неговата тајна, ноќните грчења и возбуди од кои до зелените мугри на пролетта крвта му се испарувала низ облеката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше една мечка, што можеше да прими во своето огромно тело уште неколку негови зрна и да ја впие во себе сета нивна придушена бол, но беше и една погодена мечка, што можеше да чекори и да продолжи кон него со една не толку тврдоглава решеност, со сета крвава трага, што веќе ја оставаше по снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега очекувам да го видам нивниот лет и да го чујам нивниот кликтеж, кој ќе ме слави и прославува, кој ќе ме штити и заштитува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сега сета суштина на неговото постоење беше само во тоа да не го изгуби од пред своите очи тој идеално направен круг во небото, а низ неговата крв и низ сите негови можности да чувствува наеднаш му се будеа сите богови со нивните усвитени кораби, сите бели атови и нивните боговски колесници, сите затрчани младичи со факели и сите Сончеви Мајки, што го чекаат тој морен патник зад првиот брег, да му постелат и да го нахранат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
(16 Но дури и да ја прифатиме Дишановата хипотеза, сѐ уште можеме да чувствуваме потреба да ја доведеме во прашање вредноста и/или кредибилитетот на одредена интерпретација - особено ако имаме причина да се сомневаме во способноста на интерпретаторот да ги дешифрира фактите, или ако сметаме дека податоците што тој/таа ги има на располагање се неточни или недоволни. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 117
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ние не бегаме од разјаснувања и полемики; ние сме демократи затоа и смееме да загазиме во калта и да видиме што правите вие таму затапкани од јавното мислење на српската интелегенција.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па затоа и не измачувајте се толку за да пронајдете, да одберете и да купите некој подарок за мајка ви.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Еве, и тоа го велам а можам и да додадам дека ако не живееше горе, дури под Сина Скала, сосема сама и издвоена од луѓето, јас ќе најдев начин да ги совладам нашите недоразбирања и да ѝ се приближам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да ја распалам твојата болна душа и да ја разбудам својата. Таа имаше мал белег под десната дојка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Веднати, тие се губеа во високо нараснатото жито и само одвреме-навреме по некој ќе се исправеше колку да излезе од заветот, каде што беше пеколно горешто, и да го фати малаксаното ветре.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе издадам наредба веднаш да почнат да месат и да печат, па ако треба ќе довезам од магацините во Корча...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога ќе почне да ме штрека, се молам нешто да дојде и да ми ја изеде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Далекувидната” политика на кнезот и на неговите „самостојни” и „национални” помошници требаше да предвиди сѐ и да ги предупреди несреќите. Но тие тоа не го направија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Каков светец, таков четец, ајде! Ајде, Стојанке, да гледаме и ние ваму, да направиме нешто! (Излегува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Моите коски, раскажувал подоцна, биле премлади да се распаднат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Динамитот пристигнал и Орце се договорил со Д. Евангелидис, Грк, трговец, за награда од 100 лири, да го подигне “лекот“ против филоксера од царинарницата во Деде-Агач и да го испрати во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И каде на друго место може да се побара и да се најде тоа, ако не во она топло мноштво на другите луѓе, ако не во соништата за нив?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но ако не бевме и двете токму тоа: (недоразбирања што се движат едното спроти другото), кажи, каде тогаш ќе се сретневме?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И така беше тоа секогаш, на планетата Венера, и ова беше училницата со децата од мажите и жените што со ракети дојдоа ваму, во овој дождлив свет, за да основаат цивилизација и да го минат својот век.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дишеше шумно низ нос, не во исчекување да станам и да го доведам до местото за кое беше уверен дека го знам, дека привремено е моја тајна, туку во занес на човек од кого ништо не може да се сокрие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, се покажало дека уште пред формирањето на Сарафовиот комитет, офицерите замешани во комитетските работи, на чело со генерал Иван Цончев, тајно од Делчев и Ѓорче Петров, зеле решение да работат за преземање на Македонската револуционерна организација и на нејзиниот ЦК од офицери, а кога ќе се постигнело тоа, Цончев требало да си даде оставка во бугарската армија за да го преземе претседателството на Врховниот комитет и да крева востание во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како животот, столчен, одново да се кревал и да се обликувал.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Комисијата повторно да се врати и да изврши разграничување врз база на австро-унгарската генералштабна карта од 1911 година, репродуцирана од Географскиот институт на италијанската војска и да изврши обележување на неутралната зона.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зошто? Еднаш кога ќе станеме самосвесни, еднаш кога ќе дојдеме до сознанието дека амбиваленцијата и контингенцијата се неизбежни, ние престануваме да зборуваме за социјалниот систем, општеството, и почнуваме да зборуваме за процесите какви што се: социјалитет, станиште, самоконституција.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вишакот Кинези почнаа да го мешаат со вишакот Русинки и Украинки и да ствараат бело-жута људска комбинација.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Да им тресне в лице нека одат по триста ѓаволски мајки и да престанат еднаш да се врцкаат така сѐ околу него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наводно, климата каде што живееја не им беше поволна, па не можеле да се размножуваат, да работат и да си постојат како што беше случајот со нас, обичните луѓе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Потоа зарипнато му рече да стане и да се облече.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа не присуствува на трпезата и со неа не сторија гостинките ни „здраво живо“ да не ѝ секне млекото и да не ја фатат „навите“ како леунка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој беше еден од малкуте што имаа храброст да ги изложат застрашувачките остатоци од таа трагедија но истовремено и да ни укаже на тоа дека нашите грешки не се прават само кон човекот туку и кон природата и животните.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Барем да беа трње што убаво ќе ги сеќаваат чекорите на иследникот кој се труди да ме следи!) Но еве, од некаде почна да надоаѓа светлина и да го разголува сеќавањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знам дека се прашував, бидејќи паметам дека лично се воздржував од каков и да е одговор, иако далеку во мислите наслушнував нешто како шепотење од кое можев да сфатам дека на ниту еден настан не може да му се стави точка и да се прогласи за звршен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа ја сретнав ВЕРА се заљубив веднаш во неа но знаев и да ја изневерам а таа знаеше да прости
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Штом ја отвори вратата од кошарата, говедата едно преку друго истрчаа надвор, па нестрпливи да стигнат до поилото и да ја изгаснат жедта, лижеа од снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ване пие в меана. Се готви да дојде и да го меси Арса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Наеднаш знаеш дека не смееш да му се потчинуваш на злото, дека треба да се однесуваш умно и да го избегнуваш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Никој нема да знае, а и да знае ќе се прави недоветен.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Имаше доволно време да ѕирне во минатото, но и да размисли за иднината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вечерта, пред зајсонце, домаќинствата се собираа тука.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само кога би можел некако да им јави дома да не се грижат, да им јави дека сѐ ќе издржи, сѐ ќе поднесе, а тие да си седат спокојно дома и да си ја гледаат работата, полесно ќе му беше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Значи ова медиумиве, не е ни транзистор да пуштиш, подобро да поседиш во мракот, и да си поќутиш.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Помислуваше: да се залета право спроти овие очи што го бараат неговото живо тело и да ја разбие таа своја глава во ѕидот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ене а златната, нѐ чека, — му одговори Толе и покажа со глава кон Сливина(Планината со густа борова гора), која ги чека сите оние што не сакаат да го ведат грбот и да ги собуваат шалварите на заповедите од Мефаила и другите властодршци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега имаше некој постојано да ме надгледува и да ми кажува како треба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Е тоа едно „којзнае”, тоа беше гласот надеж која не ги остава луѓето да стивнат и да се помират, да си го олеснат невозможното...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
III. Одредуваме католичката, апостолската и римската вера повторно да биде воведена и воспоставена во сите краишта и места на нашето кралство и земјите што ни се нам покорни, каде што беше нејзиното делување прекинато, и затоа така мирно и слободно ќе се изразува без каква и да е тешкотија или пречка... okno.mk | Margina #32-33 [1996] 94 (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И во времето што одмина од ланската година кога ѝ ги собраа трите чеда и им нарамија пушки, таа дури сега, за првпат, се опушти, и олесна и единствена желба ѝ е овој миг да потрае, да се одолжи во денови и да се развлече во години.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како и сите други, веќе неколку дена се немаше измиено и пресоблечено и одвреме-навреме од студ не ги чувствуваше нозете спакувани во чизмите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А кога неговите идеолошки противници, поради навредите на Де Гол, ќе побараат од него големиот филозоф да биде уапсен, прекалениот водач и војсководител ќе истакне дека вистината, не може да се апси, колку и да биде таа горка И започнав, на само една бела страница, да ја пишувам својата вистина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Луѓето излегуваа како од конференција: мажите веќе олабавувајќи ги вратоврските за да ги одглават штом ќе излезат и да ги испопикаат по џебовите, пред да седнат во маалската меана на вечерна партија табла, карти или домино; жените одолжувајќи го моментот кога нерадо ќе се приберат дома да ги заменат фустаните за излегување со престилки во кујните.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Врапчињата ги оставија стреите на селските кошари и копите со слама, каде што цела зима се тресеа од студ, и излегоа на слобода да ги бркаат бубачките и да прават меки седелца, во кои ќе ги одгледуваат своите мили рожби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во сите почетни сукцесивни фази од почетоците на минатиот век, па сѐ до 1968 година, палестинското движење имаше само една цел: да ја ослободи татковината и да создаде независна арапска држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поскоро да потоне во мрачините и да се стопи во нивната тишина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Та Илко носеше само ново откако умре Стојанка, и штом едни ќе се прокинеа, Митра ги оставаше настрана и вадеше од ковчегот други нови, што га беше донесла Стојанка, та одвај чекаше да се прибере некоја сиромашка и да ѝ го даде мажот и сета беља со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Другиот сам си го читал саатот и увидел дека платил за отприлика 6 месеци однапред, па дошол да се пребива со ЕВН, и да бара камата за парите што му лежат кај нив.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некни морав да избегам од брат ѝ и да се сокријам дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Да мижам значи сета слобода на гледањето да ја препуштам на моите прсти таму кајшто душата се сместува бесшумно, како во име и излегува надвор да допре и да ја допрат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не, бог да ја благослови таа твоја мајка, што те родила толку необична и убава, за да гори и да страда од тебе мојава душа, зашто е слатка таа болка и пуст би бил без неа мојов живот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„А вие? Таму, додека копавте, ги слушавте ли патролите кога наидуваа?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сакам да си играм со нив и да се борам со нив и да ги плукам и да ги тегнам девојчињата за прцлињата и да се ракувам со учителот и скришум да си ги бришам рацете од капутите во гардеробата и сакам да пораснам и да патувам и да се ракувам со сите луѓе од сиот свет и да се оженам и да имам многу деца и да одам во библиотеки и да земам книги и — сето тоа би го правел”, рече момчето гледајќи во септемвриското утро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
4. Првата следна среда отидете до градината на кафеаната која е најблизу до главниот храм во вашиот град (овде, во Белград, тоа би било во улицата Крал Петар број 6, каде што се наоѓа кафеаната Знак прашалник).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кај другите, тоа е сведено само на една непокриена, разголена, која дава и кога никој не ѝ бара, а препораката од црквата преку ден да се жестиш и да се жолчиш колку сакаш, ама навечер да се смириш во креветот, ја прекршуваат токму иноваторите на нови и нови невести.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Јас ќе најдам каде да фатам. – рече Луман налутено. – И да ти кажам: другпат да не чекам како вечерва да ми кажеш кој платил кој не.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
АНЃЕЛЕ: Јас ќе му речам на татка им дека се многу умни и да прати пешкежи за Спаса и за Танета; за Спаса кукла голема со коси та кога ја навали да спие, а кога ја исправи да гледа; а на Танета, да му прати еден костим граѓански алишта, една топка за да си игра и една музика да си свири.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
IV. Нему не му одговори, иако се обиде дури и да си ја подигне раката и да му намавне на тоа старче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако продолжи времево да биде вака топло, некаде сред недела ќе треба да се извадат пампурите од одаите и да се варосаат куќите, и однатре и однадвор. ..
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И кога неколку месеци по државниот удар ми се јави лично шефот на дипломатскиот протокол, со известување дека се организира матанѕа, односно со барање за учество, јас морав да ја покажам својата неукост и да запрашам: - Проштевајте, рековте - матанѕа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога го извлекла трнот, мечката рикнала и почнала да бега и да рика; бегала, потоа ќе се свртела, клекнувала и рикала: Сѐ додека ме гледаше така правеше, раскажуваше мајка ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
1. Преобразби „Срцето ме влече да ги опеам преобразбите во други тела“,23 на Ѓаволот конецот намотан на макара да го замрсувам јазикот да го вртам вртоглаво на врвот врв да најдам во коцката, коцка-бесконечност во кругот, точка-вселена за габите легло, да го откријам -пред да пропеат првите петли- мистериозниот отпечаток, совршено обол божјата преса по европските полиња додека житото живее знак дава човекот да се прилагоди на чуда и да мисли низ чудеса небаре сѐ е од два краја составено на два раздвоено, непостојано хаос и космос секаде и секогаш отровен и неотровен свет двојници свет условно отворен на слобода пуштен за да биде поблиску до смртта најаве одошто теориски.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Прво, морав да се обидам да се контролирам при испуштањето гасови поради тоа што не сакав да ги разбудам роднините и да ги потсетам сите дека им се оди во тоалет, а уште помалку сакав да ги слушам скоро нечујните чекори на тетка ми како патролираат пред вратата и чекаат да влезат внатре за да ги исчистат моите гомненици од нејзината шолја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Интересно лето! - си мрмореше старецот. - А што знаеш. Може па и да биде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Црквата кај нас си ја загубила својата главна цел, па затоа македонската интелигенција и народот имаат полно право да ги употребат сите свои сили за да ја лишат црквата во Македонија од чисто националните цели и да ѝ ги вратат оние цели што ѝ ги заповедал нејзе нејзиниот Божествен Основач: да го проповеда евангелието на сите јазици, т.е. на сите народи и нивните јазици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Може да кашла и да му тече носот, може да плаче од подноктица?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А, за пубертетот не грижи се. И без него може некој да ти биде драг и да ти ја исполнува главата со пријатни мисли.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А живиот Арсо ја одбегна смртта, остана меѓу луѓето на коишто сакаше да им покаже како достојно може да се живее и да се загине заради тоа достоинство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во суровата тишина луѓето се дават во сопствените солзи, а со секое менување на светлината може да откриеме по една тајна и да бидеме сѐ поблиску до вистинската љубов, за која не постои супститут.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Едо скоро и да не го слушаше Марко зашто беше опседнат од девојката зад шанкот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога и да е ќе ја заколам, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Покрај приближнава мерка што ја доби, уште што му е потребно на декоратерот за да ја прими нарачка и да почне да кове?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите работи беа готови, благото, ручекот, и тоа сè со вештата рака на Пелагија, а Перса мораше да се седи скраја и да ја стишува силната река љубопитни прашања од Пела зошто се прави сето тоа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Керам, бегу. Пушти ја. Таа е нема.“ Залипа и повтори: „Таа е нема.“ Не-ма!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ИВАН: (Почекува малку, па продолжува.) Веќе седми ден чекам да го прогласиш за сомнителен и да побараш да го ликвидираме.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
— Тој е, кој ќе биде друг. Толе со дружината — објасни останатиот селанец, Стојан Мегленецот, и испратија двајца од аскерите да сторат абер во Витолиште на мулазимот и мудурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Во таква несвесна состојба јас се обидов да ја извадам испуканата чаура и да ја пренаполнам пушката со цел да пукам во себе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Требаше да слушнам како се прикрадуваат вашите чекори по дворот па да се поослободи сонот и да ми пријде.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
— Да ме земете в кола и да го втасаме возачот. Шофјорот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И конецот почнува да гори, да се собира и да мириса на присмадено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кој, сака, море, нека умира роб, ама јас немам ниет роб да бида до век! — па го крена гласот повисоко, обрнувајќи му се на татко си и стрика си Кулета: — И да знајте сите: јас нема да му стоа ни на вој пес, Адема, да ме продава како стока, ни на тој ајван, новиот наш бег, да ме купуа како стока. Море, освестете се еднаш, бреј, оти сме луѓе, а не стока да не продаваат и купуваат виа пезевенци, бре!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога наближија кон пумпата Радуле ја зрграпчи рачката на железото а Стојна се напупи веројатно за да се плисне и да си го разлади спотнатото лице.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тебе ќе ти донесам еден олкав чибук (ги раширува рацете) да седиш најгоре, да пушиш тутун и да даваш команда!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
159. Незадоволството на Мисирков од „македонските пишувачи” од XIX и почетокот на XX век може и да се разбере, но несфатливо е како не можел да ја согледа појавата барем на еден В.Чернодрински, чии дела беа печатени или претставувани на сцената и пред напишувањето на книгата „За македонцките работи”, додека самиот Мисирков беше негов личен познаник.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И додека Боше и брат му Атанас Цицко ги нажапчуваат капаците, откако пред тоа првин ги отвораат, а потоа и ги затвораат џамовите, (за тоа малку време во одајата шибнува студен воздух и за час го растерува чадот од цигарите и мирисот во восокот на свеќите) тој намерно зборува полека, намерно развлекувајќи ги речениците, за да остане помеѓу зборовите празнина во којашто, се надева, другите ќе имаат време да се досетат за што зборува и да размислат за тоа што зборува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Виде едно шарено маченце и си помисли: „Мачето да се претвори во кротко коњче и да ме однесе дома!“ Но мачето си остана - маче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Целта ѝ беше сосем веројатно да го прислушкува и да се увери дали извикува доволно гласно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но кога почна стварта, кога сите се откачија, почнаа да ни доаѓаат деца и да нѐ тапкаат по рамо. Тоа беше толку слатко.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А што се однесува до оној твој злосторник што те следи од најраната младост – ја промени наеднаш темата Пеперутката – не смееш да одложуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Востанието ни покажа оти ние Македонците не можеме да очекуваме помош од никоја од балканските државички, оти решението на нашето прашање е сето во рацете на големите сили и затоа нам и не ни треба да ги соединуваме и да ги замешуваме нашите интереси со чии и да се словенски интереси на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најпосле, до каде може да оди самообвинувањето? Може ли човек, како што се вели, да излезе од својата кожа и да биде во нечија друга?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
МЛАДИЧОТ: Дури сега почна да белее и да личи на мугра.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тешко е, мачно, страшно е В твоата земја таткова дека за прв пат солнцето со радост те огреало, дека за прв пат ваздувот со мирис благ те запоил, дека за прв пат земјата со слаба нога нејака си ја згазил и проодил – да тлееш и да гаснееш, како на црна туѓина, и да те враг, нов сајбиа, земјата што ја заграбил, напреки гледа секога.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
На зборлестата Огнена ѝ одговорив дека јас лично не располагам со повластици во врска со погребите; немам ни доволно информации за одлуките што ги носат одговорните другари.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Царот заповеда да се подготви телото на упокоената, да се викне зограф што ќе наслика последна слика на неговото чедо, и да се сметат стакленцата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не знам дали тоа ќе се случи денес или многу подоцна, тоа го знае само Севишниот, но кога и да се случи, мило мое, прочитај го ова што ти го оставам како единствено наследство што можеш да го имаш од мене и пристапи ми на судниот ден како дете кое за прв пат се соочува со животот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да можеа добро да ме слушнат и да ме разберат провокаторите на блиската маса, сигурно ќе беше поинаку.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На цела една генерација на психијатри веќе не им е познато какви се тие луѓе кога се без медикаменти... разговарал: Anthony Liversidge: OMNI, април 1988, New York
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Денес, кога мал број човечки суштества имаат доволно храна, овој проблем очигледно не е итен и веројатно не би станал таков дури и да ги немаше вештачките процеси на уништување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Станав и јас, со задоцнување сокривајќи ја Мечкојадовата шарена торба зад грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Исто така, тој беше должен да плати и паушал за судски трошоци во износ од 2.500 МКД, како и да му ги надомести процесните трошоци на оштетениот, во висина од 23.400 МКД (385 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како, божем, ќе сме оделе во станот на момчето да играме карти и да јадеме сендвичи и пици.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во рацете твои го оставаме, ти да ни го чуваш и да ни го исчуваш.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А кај може човек да живее како што сака и да мисли како што го тера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И не беше ли тој, Сатаната, што го поучи него, лицемерно, да не отиде и да не се сокрие со сите други луѓе на Имотот, туку да остане овдека и да се обиде да ги смилостиви поганците со леб и сол?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
-За профит тие го загадија воздухот, реките, морињата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Брзаме кај своите, да се измиеме и да се преслечиме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И затоа глогот е благословен од бога најрано да цути и да има убава миризба.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Проловите се бесмртни, доволно е човек да фрли само еден поглед врз онаа херојска фигура долу и да не се сомнева во тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му иде да викне, да свирне колку што може, како што тоа го правеше кога беше дете и кога ќе се качеше на нешто високо: дрво, карпа, покрив, брег; да викне и да го разлее гласот на сите страни и сиот простор наоколу да го исполни со својот глас.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Силен крик му ги распори сега градите на Јакима и тој ги испружи рацете, се подаде стреснато и растреперено напред, како да сакаше да задржи нешто и да врати од далечината.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По тие политички сообразувања, и да има во Македонија чисто бугарско и само бугарско население, таа не ќе го допушти соединувањето меѓу турски и бугарски Бугари, таа не може да го допушти во своја штета нарушувањето на територијалната целост на Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Конгресот беше еден од обидите да се оспори законитоста на АВНОЈ и да се мобилизира светската реакција во одбрана на четниците на Дража Михаиловиќ. 112
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа е како да сретнеш пријател на пладне и да почнеш да му објаснуваш дека е дење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа е апсолутно прекрасна и чиста и она што би требало да го направиш е да ја уништиш првата и да ја покажеш втората“. 24 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Жан Мартин пак прашува: - А кој ќе плати да пиеш она што се јаде и да јадеш она што се пие? Тони пак одговара: - Сите овие што седат овде. Се разбира, дамите повеќе. Јас сум за нив неодолив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ми треба пополнување. - Со вежбите завршивме. Остана да ги облечеме и да ги наоружаме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Всушност, тие немаат ни право да се размекнуваат и да ги покажуваат своите чувства заради младоста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше неверојатно како уште во моментот кога го запознав кај мене будеше некое чудно чувство на сожалување помешано со потреба да се грижам за него и да го милувам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од овој, но и од редица други слични вакви случаи кадешто како тужена се јавува оваа државна фирма – гледаме дека е мошне симптоматично тоа што судот ги [од]враќа работниците кои го тужат АД „Охис“, изнаоѓајќи лажни бирократски оправдувања за наводна „непотполна документација“ која тие, во рок од осум дена, треба да ја докомплетираа и да му ја достават на судот – иако, од друга страна, раководството врши опструкција и одолговлекува со издавањето било какви документи и информации кој судот може, но не сака (!?), да ги прибави по службена должност [ex officio].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Негативни искуства: потребно е одредено искуство за да се натера жапчето да пушти сок и да се знае колку е доволно да се земе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како и самото да му се предава на зимскиот сон, небото почна рамномерно да се дига и да се спушта, а дабовите, скаменетите диви арамии, се издолжија и поткревајќи се на своите корења удрија со тешките шубари во облаците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сестра Мира ме боцна многу внимателно, како во оние далечни времиња кога бев дете. Ниту колку болва да ме каснела.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Навлегувајќи од душа во душа на тие што ги лекувам, кај секој забележувам некој посебен црв што ги јаде, некоја посебна шурка, браздичка, што ги носи по својот тек, и која треба, или да се доотвори - за да бликне и да спласне, или сосем да се дозатвори.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јас можам да се одлепам од подов и да полетам како меурче од сапуница ако сакам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Умешноста да насмееш и да расплачеш, сплетена во едно, овде е чудесна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па, си земам за слобода да речам дека е најдобро да си ја тркалаш железната пара на бош и да се дружиш на пријателска база со двајцата, додека не му здодееш на младиот, кој секако има помалку трпение од возрасниот, кој, пак, знае да чека до бесконечност затоа што е каваљер, а ти си неодолива.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го имаме Алтисеровото „Еј, вие таму!“, или „Ја задавив својата жена“, и „Го заборавив чадорот“ на Дерида...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе биде тоа време на деколонизацијата во светот и нивните идоли ќе бидат водачите на ослободителните борби на своите народи како Кенијата, Лумумба, Хо Ши Мин, Бен Бела и други.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Па и да има работа, зар е докажано, како два и два се четири, оти се Македонците Бугари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние сме му сите познати и затоа нашата ролја во акцијава ќе се сведе да Ве помогнеме и да Ве заштитиме, се разбира ако стане нужда.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А Тета се нервира. Не кога ги имитира, тогаш и нејзе ѝ е забавно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дино скокна од креветот и во темницата почна нешто да вика.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И да имало некогаш таква целост, таа може да се наруши од одот на историските околности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Цел на Новоговорот не беше само да обезбеди медиум за изразување на погледите на светот и на менталните навики што им прилегаат на приврзаниците на Ангсоц, туку и да ги направи сите други начини на мислење невозможни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога Duchamp врз својата глава (алхемиски сад) оформува ѕвезда како симбол на coniunctio oppositorum, тој сликовито го изразува она што Герхард Дорн веќе го сфатил - имено, дека вештината “не може да се разбере со голо око, туку исклучиво со умот.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Светлоста на знаењето нема во себе топлина; оној што само знае, а не верува во Бога, чтение врши така што се лизга само по буквите и зборовите, како светлината месечева што се лизга по карпата, не навлегувајќи во нејзината утроба и не стоплувајќи ја, затоа што таа светлина, студена, никогаш не ќе може да ги загрее душите на зборовите, да ги оживее и да ги разбере вистински, со срце, а не со разум.“ Мислев дека сонувам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се случуваше, од долго чување, да го сменат мирисот и да се слепат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Наместо да продолжам со излагањето на своите американски впечатоци, сфаќам дека е попаметно да им ја возвратам насмевката на љубезните сопатнички и да го почекам оброкот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Почна да мисли на групата печалбари што требаше утре даги пречека и да ги поплени.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Благодарение на врската со Сврделот, јас имав можност да влезам во неговата куќа и да си ја одржувам надежта да ѝ се приближам на Гала, на сестра му, која веќе беше точка на дневен редна еден од состаноците на Комитетот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Знаат да извикуваат пароли, да јадат, патем да лежат под сенка и да си ги одржуваат чисти војничките униформи. Во Прењес сите се плашат од падавичарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како последица на развојот на технологиите за надзор, „границите сега постојат на друго место... на места кои традиционално им припаѓаа на суверените држави, но сега се трансформирани за да им овозможат на владите надвор од своите географски граници да го проверуваат личниот идентитет и да го следат движењето на луѓето пред тоа движење воопшто и да се случи“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
И не сака да зајде сонцето, не може да се наигра и да се нагрее во трапјето, во браздите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Проклетија, гори куќа а нивниот селанец Ангеле Преслапец, сега пожарникар во градот, го нема да дојде со црвена цистерна и да помогне: во огнот бездруго е Антуш Крстин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И само малку е потребно за да затрепери сѐ во мене, за да го чувствувам мигот, Би можела да умрам и повторно да се родам, и да доживеам сѐ од почеток.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
И да не ги тегнеа човечињата, тие што се имаа погодено врз колената и лактите на Ане самите изгледаа пресмешно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ама, не жалат блиските кога бараат подарок по Скопјето за внучињата од сестра, брат или братучед затоа што во подарувањето се предава и енергијата со која се трошеле парите за истиот, а кога некого љубиш како некој близок свој, навистина му посакуваш сѐ најдобро, па и не ти тежи самата свадба како на оние другите, кои молеле Бога да не бидат поканети и се пресметувале колку, всушност, ќе ги чини тој ден кога некој со кого не се виделе 100 години, ете, се сетил токму сега и на нив, па мораат да одат и да се отстрамат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го копкаше сега да е дома, да седне на својата работна маса, да го стави пред себе блокот и да се чуди што ќе прави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Ана, одмори се. - Остави ме да те погледам и да разговарам. - На тоа имаш право повеќе од секоја друга.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од она што можев да го гледам и да го слушам од комисијата за избор, акцентот се ставаше на формата на дундата: да не бидат устинките на дундата испуштени надолу, да има симетрија меѓу нив, да не биде едната подвисната во однос на другата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја отвори едната дланка и ми подаде сребрен прстен со голем зелен камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак, не им истури се, ама ги благослови: - Да ви се истури небото толку и да ви се исфрли морето толку колку што ви е мило во душата!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Всушност, бегал од себе како човек што ги знае туѓите намери и што ги претчувствува изгубените битки на човекот со жена и со три деца. Не, тој човек никогаш не отстапувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дали е точно, на пример, дека сте морале да им се обраќате со „Сер“ и да ја симнувате шапката кога минувате покрај нив?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ви се молам. Оставете ми ја мене можноста преку сево ова да се извлечам од моите црнила и да му се оддолжам на тоа што сум бил и јас некогаш - младич.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Пролетта довејувала далечен мирис на живот од пасишта, жолтавките не биле далеку.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— На лицето ѝ се оцрта задоволство, дамарите ѝ се разработија и доби сила и кураж што побргу да стигне до постелата, да легне и да го погледне тоа стаорче што сакаше да ја отера в гроб.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во Лерин бијат камбаните, а владиката, завршувајќи ја панихидата, рече: „Блажени се оние кои ги исполнуваат заповедите Негови, за да имаат право на живот и да влезат во градот низ портите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му велам: ’Немој да се плашиш. Во домов Господов ти велам, Севишниот ќе ни дарува мислост’. ‚Не се плашам, татко’, ми вели.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Фатија да ни земаат наши деца, да ги потурчуваат и да прават од нив јаничари. И тука молчевме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Лелее, јас сирота шо су дочекала, детето мое од мене да бега! — и почна да плаче пред него и да крши прсти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Правото на сопственост ќе премине во творечка борба за време“, ќе рече Хлебников, укажувајќи ни дека никогаш немало и ќе нема доволно време, и настојувајќи да се открие општ поредок на времето и да се осознае она што беше кон она што ќе биде.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Природно беше во ноќта на нивното венчавање да ја земе Брунила во прегратките и да одлета горе во небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Посакав да речам: Ете, олку од мене, свршеток на приказната, и ја кренав главата, погледнав кон Даскалов, сакав да го утврдам впечатокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Така среќно стаса и до дома, колку да го освежи лицето и да промени облека, пред да се појави на работа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стреперив сиот зашто и по третпат очекував да зафучи студеното ветре околу моето срце и да се вознемири стаената темнина во моето сеќавање, во кое се беше счучурил, уште со првиот поглед.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тие не можеа да ја разберат и да ја прифатат мојата борба за човековите права.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Прости ми ги гревовите со лесна душа да појдам в црква на Воскресение Христово... и да се причестам... смирена да го примам Телото и Крвта на Синот Божји - од Богородица Мајчица роден... руган, плукан, мачен, распнат, умрен, од Крстот симнат, во Гроб легнат... си шепоти баба Петра седната пред куќи, веќе променета за в црква.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И Ристе. бидејќи си ја знае Боца каква работница му е, а ваму сака да му е подгиздена, дотерана, си ја зеде грижата и да ѝ „навезе“, и да ѝ „сплете“, и да ѝ „искае“ и кошула, и чорапи, и прегачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– „Аман, оче дуовниче, те молам, земи ме и мене со тебе на аџилак, за да се сторам и јас еден аџија, да и да умрам да не жалам“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Оти рече Филозофот: „Јас буквите ини на карпата не можам да ги прочитам и да ги узнаам; најпрвин на хартија или пергамент треба да ги ставам, за да може топлината да им се врати каменот што им ја одземал, што им ја шмукнал, па потем, според топлината на буквите ќе им ја определам светлината, бојата нивна, и конечно, значењето нивно.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Реши гостинот да го прифати и да го пушти самиот да си го бара своето место во неговиот дом.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гого и жена му го запознаа девојчето кога дојде синот дома да си ги собере пљачките, а после останаа да се тешат: Гого наоѓаше оправдување за неговиот наврапит (по него) и непромислен (по неа) чекор, во тоа што детето, односно човекот, сака веќе да се осамостои, да застане на свои нозе и да заснова свој дом, па и да се оттргне од влијанието на таткото како сликар и просто да излезе од сенката на неговиот авторитет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Несреќниците не побарале прошка од никого. Се повлекле зад диви и непристапни врлежи, во земја на вечни сенки и на дивина, да се молат поснички и да гнијат. Им се заборавиле имињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Илчо Просинек имаше поинакви сомневања: „Остави ги еднаш мртвите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попусто: чудото на оживување било возможно само во старите манастирски книги. Луѓето се збигоросувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој си ја знаеше работата, ама во еден момент ги вџаши селаните, па почнаа да шушкаат и да не знаат ни што да речат, ни што да прават.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Да ја сврти главата и да види какви се, би било незамислива лудост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во своето време тој бил најдобар ѕидар на камени мостови, но не била само неговата вештина тоа што ја спречило Луда Река да не ги зграпчи столбовите на мостот и да не ги проголта неговите сводови и потпори.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Знаеше одеднаш да се затрча накај мене и да ме спобрка меѓу алеите со домати.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во трлата почнаа да блеат малите јагненца, а старите да им одговараат со мајчин одѕив од пашата и да и го напуштаат булукот за да си ги подојат своите рожби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некои не можеш да ги излажеш, што се вели, и да ги натераш на измислена борба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Куршумот да помине покрај главата моја и да ја погоди неговата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се надевав дека Луис е вистинско месо, доволно глупаво да посегне по мојата торба и да го повлече мојот закочен прст на чкрапалото, но тоа не се случи. 90 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ете зошто прилепското раководство му даде задача на учителот Во с.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога Трајан го крена и го гушна, Маруш му рече: „Ете, внучко Трајане, го нема веќе Висара... Го нема веќе да го земаш и да го шеташ по езерото...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ти предложи да го напуштиме аеродромот и да прошетаме малку низ Њујорк. Од аеродромот Кенеди се качивме во метро.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Своето здивено срнче го пронајде целото закопано во една од неговите стапалки и сега, многу потешко од секогаш, му успеа да го фати и да го однесе нараце во својата собичка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И од трета куќа уште „бакин прашак“ се позајмуваш и, ако имаш рерна и струја го печеш, па со крпа покриен, го вадиш на пенџере да се лади и да замириса.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Ве молам, за покојникот, да ми издадете умреница... или како и да се вика“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
V Господи Од пепелва на моево царство Народи мажи и сиромаштија. Прилега ним да им принесеш барем камен Со него да се хранат и да израснат Високо високо До откај почнува да се симиња Царството твое надолу Од тамо да го здогледаат Своето кој знае кое колено Што им недостасува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Од тоа се добива лошо настроение, си мислам, те тера да маваш, да се лутиш и да беснееш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш сфаќам дека помалку изгледа фрикнато и ја преминувам улицата за да го избегнам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Само да кинам гроздови од дробовите и да исфрлам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да имаше меѓу Словените во Македонија национално и религиозно единство и да имаше сознание за нив во жителството, досега наполовина ќе беше решено македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А тоа негово прашање остана да виси без одговор и да го дебне со својата неодгатливост сета ноќ, исто како оној остар месец. Исто како оној мршар, долу, под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Земјата со нејака трева се длапчела под нив, подвижните пирамиди на огновите околу кои лежеле ги извивале своите знаменца и ги грееле, и секое нивно влакненце се враќало на своето место.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Е, Добре, најдобар човеку на светот, ти благодарам многу, што и да се случи, ако успеам, ќе ти се јавам преку северопирливиот телефон на вештерките од кралството на Вок со едно око.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Еднаш начу таков муабет во ходникот и толку се вознемири што беше безобразен со професорот по физика, свежо-оженетото прчле со голема брада, кое доаѓаше за време на одморот за да дискутираат за секции, задачи и часови, а патем и да си ги јадат заедно сендвичите со марула или туна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Може ли да се претскаже каква ќе биде судбината на Македонија под Австро-Унгарија: Босна и Херцеговина јасно ни покажуваат оти не ќе поминат ни 10 години од австриската окупација кога ќе зафатат Македонците, без разлика на вера и народност да си ги оставуваат своите катови и да се иселуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овие одликувања, кои ссами Боше и татко ѝ на Драганка му ги предале на Петрета, за тој да ги донесе во Потковицата и да им ги предаде на нивните, во куќата Јанческа се чуваа сѐ до 1924, кога, при еден претрес, српските џандари ги најдоа и ги зедоа со себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со моите мали и речиси никакви познавања на патиштата по кои замина за да се загуби а можеби и да исчезне засекогаш човекот што толку го засакав, на што ли ќе му заличеше тој човек за кого ќе тврдев дека му е татко?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Солзите немаат цена, можеш да ги избришеш но не и да им ја намалиш болката!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Свиткан на клопче, во полноќта, тој чувствуваше дека му е студено, а не беше во состојба да го подигне ќебето, паднато на земја и да се покрие.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И да почнат да ги градат своите мали мовчиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Вошките да се уапсат и да се стрелаат. Стоп.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислата бавно му се отпредува, тешко се претвора во зборови, не е она што се очекува, ама дејствието замислено со неа се претвора во очигледност пред и да биде изговорена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Марија, знаеш ли да крпиш и да бидеш верна? Знам, ќе му рече.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го предупредува да бидат претпазливи и да се однесуваат најкоректно спрема него како кон член на една сојузничка армија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Освен можеби оние вечни осуденици, спомените.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ќе се разбудеше, ретко пред единаесет часот, со залепени очни капаци, со изгорена уста и со грб кој му се чинеше како да е скршен, би му било невозможно дури и да се исправи од хоризонталната положба, ако не беше шишето и шолјата за чај што стоеја покрај креветот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Арсо е способен да го види тоа, да го замрази и да го презира длабоко во себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тие не можат да ти ги променат чувствата: кога сме веќе кај тоа, ни самиот не можеш да ги промениш, дури и да сакаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А, ако ти е све преку Тасе, плус, рецимо, ти се свиѓа ова што е погоре кажано, па уште ако се пронајдеш себе си у мотивите на мојата маленкост – Митре Стрелата, ти си дефинитивно спремен да го дигнеш сидрото и да се запрашаш: „Бабо, бабо, а кај да се отиснам?“
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во случај на неоправдан изостанок судот може да нареди вештакот присилно да се доведе и да ги поднесе трошоците за доведувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нема зошто утре да го губиме денот. Цветот на ноќта се затворил ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што и да речев, повеќе немаше никакво значење. Лицемерието кулминираше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако веќе не ме остава злото, острицата на светлоста и стравот од одмазда на избеганиот лудак, треба ли да и се предадам на судбината без отпор, набожно, или да се фатам со секого во преграб и да се борам, мислеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога ќе се сопнеме и паднеме во стапиците на животот да не го заборавиме она што нѐ тера да станеме и да продолжиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Миха, кој уште со тапанот се научи еднакво да удира со големата како и со малата палка, небаре си го вртеше образот на ударите од животот, го прими својот успех наполно мирно, поправо онака прибрано како што ја прими татко му неговата диплома: дури не се чести ни со чаша пиво, а не пак да стави вратоврска на крута јака и да подигне пенлива шира во лажлива здравица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А имаше толку многу земја околу нив низ која можеа да си ги шират корењата и да црпат животни сокови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сега му стана јасно, дека токму поради тој друг инцидент реши денес ненадејно да дојде дома и да го почне дневникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Козичката можеше силно да мекне, над својата моќ, да екне нејзиниот глас низ планината, да допре до господинот Сеген за да дојде и да ја спаси, ама тоа не беше можно, ниту во приказната.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Којзнае колкаво ќе ѝ се стори кога ќе ги отвори очите, не само што ќе премре од страв туку може и да поболи од уплав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не ќе се предадам, шепоти или мисли и чека и другата судбина да го охрабри со нешто од својот живот, настан или име или што и да е, а до неговиот слух, достасува само шумолење на дожд и пак - квичење, потоа тажачка на животно.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Сакаш да станеш војвода, господар, се чувствуваш силен?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колку и да е скромно облечен обичниот човек, не е така со оној што има пари и затоа тој прави чуда во екстравагантноста која овде, во повеќемилионскиот Париз, не остава никаков особен впечаток, можеби само на новодојдените.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зад нас, полицијата штракаше фотографии, блицовите грмеа како молњи, самите светкавици беа сѐ уште далечни но полека се приближуваа, грмотевиците гласно тропотеа терајќи езерски ветер пред себе така што облаци од песок зуеја врз металните страни на амбулантната кола. жмиркајќи одевме кон осветлените прозорци на Златниот Брег додека сенките на љубопитници привлечени од ротационите светла итаа кон брегот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Најпосле го пробија, откорнаа еден камен-два, а потоа полесно почнаа да ја прошируваат дупката и да навлегуваат внатре; кога го пресекоа ѕидот на онаа висина на која удираа, тој се урна, а со него и оној дел од покривот што лежеше на него, откинувајќи се исто онака како што Бандо го виде во сонот; и сега, гледајќи го повторно тоа паѓање, не знаеше дали е ова на јаве или повторно сонува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од каде таа латентна заблуда тревожното претчувство дека сум само ехо (е-х-о) додека окото ослепува гледајќи во замисленото сонце да речам ли еретички - слободата оти само таа може да те гледа без да трепне право в очи и да те изгори додека ти не сеќаваш ништо друго освен восхит!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во пролет и во есен доловите и ендеците се поројни, преку зима замрзнати, а налето само тенка водна нишка, која никогаш не стигнува и да пресуши, се протегнува низ нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Требаше, сега ти можеш многу добро да го знаеш тоа, требаше, со чекичот, што го имаше заборавено в појас кога тргна по коларот, а патем го пронајде таму и го зеде в рака да не ти се истресе некаде, требаше, со тој чекич, што се меткаше сега во твоите празни, издолжени, тешки и увиснати раце, требаше со него, по главата и да го пропаднеш на днуземи, тогаш, додека стоевте.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И да си знаеш! По јадењето е мигот на моето уживање. Цигарче со кафенце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби малку невообичаено, но пражани имаат некои свои особености да собираат многу значки, кои се продаваат на секој чекор, и да пијат пиво со сендвичи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Ќе испиеме, рекол гласно Онисифор Проказник. - Но најпрвин оставете нѐ да клечиме во манастиров и да се молиме за нашите мртви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според нив, сите деца требаше да бидат зачнати со вештачко оплодување (вешсем, како што се викаше во Новоговорот) и да бидат одгледани во јавни установи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Фројд во боговите виде три функции: да се победат природните сили, да се помири човекот со суровата судбина и да се спаси од големите страдања.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Целата ноќ што мислил и думал за кој бил и сега кад е во таа пустелија, кај што петел не пеал и куче не лајало.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го познаваше како својата дланка тој заплиснат челичен порој, тој незадржливо вивнат струеж, ја знаеше најмногу таква, дива, а сепак скротена, спитомена, многу често ја имаше во своите раце и владееше со неа како што ќе посакаше, крај неа се чувствуваше како да беше јавнат на некој разигран бинек, што корне искри со копитата, вивнат суза а мирен, и ја сакаше најмногу заради таа нејзина незаздишеност, заради таа сигурност, постојано во некој лет, секогаш, со секое ново движење, сѐ со по некој нов писок, на кој што ни еднаш не е возможно да свикнеш и да ти биде обичен, бидејќи тоа е нејзиниот говор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега можам да се качувам во светот горе и да слегувам во светот долу и да гледам кое време на кое му должи и кое го менува - минатото идното или обратно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ноќе ја заклучував вратата за да не ми влегува, но од страв сепак да не се шмугне од некаде и да ми ги ископа очите, воопшто не ни спиев.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И овој пат ѝ подреков нешто двосмислено. Нешто во врска со складноста на фигурата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го разгоре огнот и седна да се грее и да се суши.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го испивте чајот? Да ги вратите шолјите, да платиме и да си продолжиме.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
-Во својот бес тие ги принудија мирољубивите млади против нивна волја да се вклучат во нивните армии и да извршуваат убиства против младите на други земји.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се приближи, им ги покажа луѓето што идеа: — Го гледате Толе Паша на белиот коњ?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се надевам дека ќе уживате! (Излегува) Лобо: Грета! Грета!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И се влечкаше нагоре, на колената и на рацете; снегот како да беше направен од големи тврди скрупци, од чијшто студ набргу во неговите подноктици му се всади и една гола бол, но тоа не мораше да биде забележано со некакво особено внимание, додека заминуваше со лицето во тој снег, бидејќи дланките можеше секогаш да ги замени со лактите и да продолжи да чекори и на нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Томаица зборуваше како се надева дека со ова ќе ѝ се отворат можности за понатамошна соработка со Перуниќ, дека можеби ќе може да патува за Белград и да асистира на уште некоја ревија или припреми на нови колекции.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тоа придонесло да се развие сточарството и да се развие месарската „индустрија“ (пастрма, лој) и заедно со тоа и трговијата со овие производи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се искачи на брегот да види дали од сливањето на дождот во дувалото ќе има поголема пареа и да види дали температурата се покачува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Големите сили ќе ѝ поможат на Турција да се оддалечат сите неправини за македонските народности од националните и верските пропаганди и да се обезбеди нивното самостојно постоење и развивање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Најдете кола и да ме однесете кај него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И рисјани и Турци го знаеја тоа и се плашеа, дури и да сретнат таква дивеч, а камоли да кренат пушка на неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нареди да се симне сиот сомот од палатата и да се замени со светлива чоја која е мазна, мека и не чкрта во раката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дали стравот нѐ тера да гледаме што не се гледа и да зборуваме што ќе ни дојде на устата...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Три ѕида, а отворено на кај реката и Паркот, виде дека лесно може да се крене уште еден ѕид и да се стави покрив за да се добијат две малечки простории. Така и направи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Само да подзинувам и да потемнувам во лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Може ли во овој миг да минеме на пер ту? - Молам? - Да престанеме со персирање и да минеме на ти. - Океј! Договорено.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да работи и да се труди може човек и при постеснети политички услови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не е доцна да се почувствува Тој остар сек Како челуст на ѕвер И да се чита и натаму со страст Вечната Книга Во која долго и продолжително капе Заслепувачката светлина на сонцето.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Сета оваа проверка на минатото и на она што е околу мене сега, проверката на живото и на мртвото, како и на она што го правам, ќе ме натера да се запознаам и да се проверам и себеси.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И народната власт на људјето бегани од овие наши краишта им одреди места каде да живеат и да работат и им рече да не мрдаат од таму на друго место без пропусница...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му беше сеедно исто како што му беше сеедно кога рече дека може да дојде ваму сам, кога се согласи да дојде и да остане тука сам, исто онака како што му беше сеедно додека чекореше сиот поминат ден напред по неразгазената белина на снегот и кога не се погрижи ниеднаш дали оние двајца продолжуваат да идат по него и дали им е ним полесно да чекорат по разгазената трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На луѓето пак, како на вистински кучкини синови, им успева, како во забава, како во игра, со лес, да ме држат не со нив, на нивно рамниште, туку на растојание, и да остават нивните осила да ги осетам од подалеку.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Не; го затуриле. Дали би му било многу тешко да ги преврти небото и земјата и да го најде?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Ние на факултет имаме историја на Англија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сарафов, газејќи ги спогодбите постигнати со задграничните претставници, ги вложил сите сили да го преземе раководството на Револуционерната организација и да ги истисне од нивните позиции и самите задгранични претставници.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога 'и видел мачорот глувците во дупките, ватило слинки да му течит и да се оближуат, како коа да беше 'и изел сите глувци, и паднал на коленици, за да прај метании и кревај рацете наугоре, чини, врти и белките од очите на небеси, ѓоа на господ му се молел; тргај броениците и викај: „Господи, помилуј!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Има ова попладне прсти од блискост од свое. В месо да ти се вовлече и да молчи тешко и изморено, капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Одраната кожа на малтерот откриваше добро изрезани бигорливи камења од какви никогаш ниедна куќа по нашите села не се градела: право да бидат богати и да живеат по крепости, под кубиња и меѓу сребрени кандила, меѓу стари и умни книги, имаа само светците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со второто име сум станал ова што сум - и Дмитар и Пејко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рамнотежа, вистинска рамнотежа требаше за да не паднеш и да ги одржуваш сите оние блескави предмети во воздухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дијагонален зрак, имав обичај без некоја посебна причина да помислам, дијагонален зрак, а потоа: Агна, спиеш ли?, ќе ѝ речев, за таа да се разбуди и така мека и топла да ми седне в скут, да ме прегрне со десната рака околу вратот, и да се загледа во сонцето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еден од методите на лечење кои ги спроведуваше доктор Гете наликуваше на газење по лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
XXV. ... Беа едни сосема далечни и благи, едни речиси неосетни трепети од некаков тивок топол повеј; минуваа долго и лесно низ целата негова снага, а потоа сите му се насобираа на лицето и сега му застанаа тука и почнаа да се засилуваат и да го греат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Притоа не пропуштив и да се засмеам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога на султанот му стасале на сто златни тепсии сто востанички глави добро заштитени со сол како подарок од пашата Лобуд и како крвав абер за најновата победа на Отоманијата, калуѓерот свечено го вовел улавиот во зафрлен манастир и со благослов го преоблекол во мантија, заедно да им служат на светците, да ги окопуваат лозјата и пченките и да ги пасат козите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се умирало и веќе се немало сили да се копаат гробови: откако се договориле уште во Лесново да се здружат, тие и сите во Кукулино во дваесет воденици, требало да се мисли и да се предвидува дека дел од маката на живите ќе станат и гладните детски усти на некои од загинатите, бездруго на Јане Крстин, Пеце Дановски и Борис Калпак, а најмногу купот штури наследници на килавиот Јаков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За нив, доволно било да ги пружат рацете, да ги впрегнат прстите и да си ја наполнат шаката со храна од некои од фишеците на соседите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Знаат христијаните од Потковицата, како што знае и сиот христијански свет во европска Турција, дека ако порано турските закони сега фанариотите, кои имаат големо влијание врз султанот, им бранат на славјаните во Македонија да ѕидаат цркви и училишта - ако не се согласи во нив да се проповеда и да се учи на грчки и ако не се согласни да бидат под покровителство на Патријаршијата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа ми беше необично, а и малку незгодно таа да ми ја носи чантата, но, пред и да успеам да се заблагодарам и да одбијам, чантата веќе се наоѓаше во нејзините раце.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Колку би ја бакнувал и би се насладувал! Колку би ја допирал целата, би ја истражувал однадвор и одвнатре, за да ја вкуси потполно и да ја открие!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со едната плешка лежев врз нечија секира. Немав сили да станам и да се преместам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да ја пронајдеш каде било и да и се предадеш од глава до петици.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Дора ја гледаше Ане како се обидува да ги собере сите парчиња кал и повторно да го направи ќофтето, да биде убаво и заоблено, и да не се гледаат парчињата камчиња внатре.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Па се труди и да те опече и да те помести од место барајќи ги твоите колена, за кои, најверојатно, во неговата глава смета дека ти се ерогена зона бр. 1... меѓу другото зашто само тие ти се подоткриенки, разголенки.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Синдикатите можат да основаат свои сојузи и да членуваат во меѓународни синдикални организации.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сѐ додека продолжуваа да работат и да се размножуваат, нивните останати активности беа без значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
3. ГЛАСАЊЕ - Инструмент и симбол на моќта на слободниот човек да направи будала од себе и да ја упропасти својата земја.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Колку и да се покажува тоа недобро и опасно за Србија, сепак тоа не им противречи на српските интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дури и владите што отпрвин ја симпатизираа нивната кауза се принудени, поради тие атентати, да се откажат од тоа и да се присоединат кон сите други влади што сакаат обновување на мирот, за да го советуваат Турчинот да го задуши што поскоро тоа востание кое дегенерира во анархизам.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И заплива полека во тоа, а неговата тврда корупка, што ја имаше и тој, како и секоја семенка, околу својата свест, почна сега да се отвора со една речиси неосетна спорост, низ која сепак имаше токму онолку, колку што му беше потребно простор за да се подаде и да поникне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас бев единствената жена. Тапкав бавно надолу, без да имам на кого да подадам рака и да се потпрам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сосема ретки се вонвременските сонови И нема вонвременски аршини Со кои да се мерат и да се толкуваат сните А секое толкување на секој сон Треба да се прави со многу дикат
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
По овие зборови Веле го повиши гласот: - Сега сакам да знам дали е во мене грешката или во вас, старите мајстори, во вашиот табиет, да не сакате да дадете и на друг да се развива и да оди напред...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Недостасувало уште само да ѝ предочи па дури и да ѝ предложи еден вид договор или соработка во тоа вразумување на Генералот, бидејќи сепак е подобро тие двете разумно да ја поделат меѓу себе неговата љубов и да пронајдат начин како да ја спречат дарежливоста што Генералот ја растурал, како што рекла Рајна, на сите страни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Доколку имате намера да се ставите на шини и да ве прегази воз, може во меѓувреме да се премислите со оглед на реткиот сообраќај како што реков претходно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Помислив да наберам и да сплетам венец. Се наведнав ниско, но не за да наберам цвеќе, туку да се поклонам пред сенките и правот на тие, кои тука распарчени останаа за навек...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Немаше време дури да се избричи и да си ја промени кошулата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поентата на оваа комбинација мора да се бара натаму во потезот со црната кралица, која треба да се води така што да почне да го шахира противничкиот крал и да го освои лауферот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не знам колку долго седев така и ја чувствував Дена како трепери стуткана до мене, кога одеднаш таа ме протресе и ми ги тргна рацете од ушите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Лесно е да седнеш врз запалена бомба и да го распарчиш своето тело, и валијата да остане, да присуствува на моето Глупаво е! Неподносливо е!понижување!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Почна да ми зборува дека ме сака и да му простам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Има чувство, знај да го најди вистинскио материјал, вистинската кожа, постава, боја и да ги направи чевлите онакви за нивниот сопственик да заборај дека воопшто ги носи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Факт е дека турските власти ги исползувале тие атентати за да ја обезглават и компромитираат Револуционерната организација како анархистичка и да му се одмаздат на нашиот народ кој ја имал смелоста да дигне глава во цела Македонија против режимот на султанот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Утрина рано ќе го дожниеме тоа што ни остана, ќе видиме некого да го оставиме за говедана да ги има на мукает и да ги рани, и ќе одиме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Дури ни коренот во длабочина не ќе ѝ избега на кобата. Сеедно, доаѓала пролетта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ѝ ги пишеш волшебните зборови за успех во работата, за бериќет и љубов, а можеш и лента да ѝ снимиш (аудио), да те слуша по стопати дневно и да ги направи сите работи по ред, како по инструкциите што си ѝ ги издиктирала со радиофоничен глас.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некоја гемија дали дојдува покрај земјава ваша за да се качам и да си одам?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Барем на сон да ми го донесе и да ми каже, да ми го покаже, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тоа што учел им дојде згодно на пријателите на Борко да го искористат и да можат да кажат Симон да биде чувар. Земаше редовна плата за тоа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Да кажат - сполај Богородице, Свети Илија, Свети Никола, Свети Димитрија и загледани во нив со лес да здивнат и да таксат и пак да се молат и да чекаат, да се надеваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Митовите секогаш успивале, додека спознавањето на стварноста, па колку и да е таа непријатна, бил првиот чекор кон нејзино менување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од зад малото долче, излокано од дождови, до нејзините ноздри допре остар мирис и таа разбра - беше близу до волчата јама, во која четирите малечки ја чекаа волчицата да се врати и да ги надои.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Соопштението во училиштето си е така. Ако не веруваш, ајде да појдеме до таму и да прочиташ!“ се тревожеше Нина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Второ: На секого, што и да му се случи, не смее да плаче и да се мрсулави.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Голи, без облека, која треба да се намота и да се исткае.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Си дојдоа дома, ги распростија алиштата по драговите да се досушат и седнаа да си плетат кај Бојана, оти пак да не си дојде Ристе со маските и да замине за Прилеп!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сето тоа, колку и да беше катадневно, на Јана ѝ изгледаше како еден необичен свет од првпат отворена книга.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Анализата на првите неколку варијанти покажуваат дека белиот може да најде добар одговор и да ги парира лесно сите негови заплашувања.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ако нема што да се работи освен тоа што погоре е наведено, тогаш да се мијат, да се бањаат во трапот, да се чистат. Сѐ да се прави и да биде колективно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- И да ти кажам, ти голтар низаеден, така лапајќи, можеш само стомак да си расипеш, разбра ли?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога го затворија нејзиниот внук од постарата сестра, Сашко, три дена гладуваше пред затворската порта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па овој што и да погледне, ќе свене, ќе се исуши...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нешто е започнато еднаш и не е завршено така што се чувствуваме тоа, најпосле, на сон или на јаве да го одредиме и да го завршиме.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но зборовите на мајка ѝ како ќе биде утре само таа в село писмена; како ќе може да чита „големи книги"; да пее в црква та дури и писарка на спаијата може да му стане и да вади добри пари, — сето тоа ѝ даваше кураж да издржи и редовно да ја посетува школата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но тогаш тој, гробарот, ќе мораше да се пријави како технолошки вишок, и да си ја погребе сопствената идина.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таквите полека почнувате и да ги одбегнувате, не сакате да соработувате со нив, зашто знаете, како што тоа се вели, дека можат да ве остават „на цедило“ или да ве наведат „на тенок лед“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се напрегав да не се препуштам на чувството на повреденост и да не се откажам од секој напор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колку и да е длабокоумен или темелен тој човек.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Трогнатиот отец Панделиј, последниот жив јунак од битките во Негуш, од ракијата дури малку и се сцрвел во лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така е, Тој не ќе ги остави да ми го ископаат срцево и да му го пратат како подарок на некој дамкав и `рскавичав реонски секретар што остарел предвреме од алчност додека му грабал и ништо не му давал на животот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Свеќи ќе купам во разни бои, за по дома да ги понесат, пред спиење да ги палат и да си ги чуваат, па да ми ги вратат изгорени и да ми се пофалат што сѐ убаво им се случило, а, ако колата низ брдо тргнала, секогаш можам да им речам дека, ете, сега месецот и ѕвездите ќе делуваат врз нив и дека моите предвидувања ќе почнат како лавина да се случуваат. Ама, од утре!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некој од нив, воден од сочувство, одлучи да му помогне на Акакиј Акакиевич барем со добар совет, велејќи му дека тој не би пошол кај реонскиот началник, зашто може да се случи реонскиот, сакајќи да заслужи пофалба од претпоставените, и да го пронајде на некој начин шинелот, тогаш шинелот сепак ќе остане во полицијата, ако тој не им достави законски докази дека шинелот му припаѓа нему; туку дека е најдобро тој да му се обрати на едно значајно лице, дека значајното лице, откако ќе испрати писмо и ќе се поврзе со оној со којшто треба, може да направи работата да тргне поуспешно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Третиот беше бригадир на градежната бригада на Задругата: сакаше и нему да му го заборават името и да го викаат бригадире. Го викаа Језекил.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеле само да ја исцедат од себе срцевината и да накотат во шупливоста ларви од кои тој самиот ќе се повторел во секакви облици и, со срце скриено од врани и душмани меѓу бозја, ќе го слушал златното брчење по ритчињата на татковската земја. „Таа е нема!“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На девојките обично им недостасува малку заборавеност, па за препорака е онаа која може да ги загуби клучевите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овој извика некоја шифра место порачка во баџата на скарата и се наведна зад шанкот кај бочвето - и да го наполни бокалот и да ја испразни в уста маштрабата под чепот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Скршеното јајце е и така ќарено јајце, и тој што губи мора да се врати и да земе друго. Таква е играта и таков е обичајот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не му паѓаше ни на крајот од умот да го замоли Самир Мустафа, откако ќе го извести темелно за архивската афера, да интервенира и да бара поддршка кај Водачот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Да ѝ го најде челото и да ја измине.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На работникот инвалид на трудот со право на професионална рехабилитација, по основ на професионална неспособност за работа – работодавачот е должен да му обезбеди услови за вршење на професионалната рехабилитација и да го распореди на друга работа со полно работно време во согласност со прописите од ПИО (чл. 178, ст.1 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Го дигаше на раце и го враќаше назад и тогаш за едно извесно време и двајцата ќе беа задоволни и заздишени, а срнчето продолжуваше да го прогонува и да му ги лиже прстите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Значи, Стале, по планот што го скрои уште првата година кога стапи на работа кај отец Арсенија, треба да биде игумен на овој манастир, а тоа значи веднаш да стане богат човек и да си заживее како што живееше самиот отец Арсенија и редица такви како него „испосници" и „божи угодници".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Паднеш ли, таа ќе те дочека. Седни и ти, пријателе.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Само затоа свратил во гостилницата. Да земе здив и да испие една ракија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ме пуштија, а тој го отвори пликот, досието мое и почна да тревливи, да ги прекршува веѓите и да му се поткинуваат зборовите: марш, марш, марш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најлошо беше тоа, што ја немаше водата, да заплисне и да го проголтне сето во него и сето наоколу во својот сребреникав пороен шум; најлошо беше што сето наоколу беше сковано во оној мраз.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По многуте епитимии, најпосле Смилјанка почна да заздравува и да оди на добар пат и отец Иларион ја ослободи од келијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но затоа пак нарипаа Димовите старавинци и градевци, коишто беа дошле на пазар и убаво го натопија „бугарскиот" даскал Бина и го испратија кај Мита Црнамара да ги собере пак тој неговите витоливци, полчивци, жиовци и половината бешвици и да дојде кај „Гркот" Налета да се исправи со овие Јуди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Твоево подновено интересирање ме вади од такт. Можат некој ден да ми попуштат нервите и да ја извадам на видело.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Немаше претпоставки и се прашуваше можел ли дождалецот да го излаже и да не влезе во станот?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А таму јасно и нагласено стои дека минатата вечер изјавив оти ќерката на Ѓурчин ја имам видено повеќепати и дека единствената намера што сум можел да ја имам при тие случајни средби веројатно била желбата да ги откријам сличностите помеѓу нас двајцата: помеѓу неа и мене, се разбира, во колку постои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако е до онаму до каде што може да се ископа и да застане човековото стапало, добро!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За миг аскерите прснаа да бегаат надолу низ папратта, оставајќи го онбашијата, Трајка, Ташка и еден војник да клоцаат и да се валкаат во тињата под чешмичето, да стенкаат со забите, сега тие, како преѓеска Јован.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во овој научен свет на астрофизичари се среќаваат обични луѓе, срдечни, гостољубиви и готови да раскажуваат и да се одделат за некое време од здодевните бројки и анализи па новодојдениот љубопитен аматер, каков што бев јас, да го запознаат со тајните на космосот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Судбина... Во тие зборови немало ни победнички призвук на докажана мудрост ни разочараност; според неговото сфаќање, сѐ се движело по однапред определени простори со свои тајни и неизбежни законитости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Доаѓај брзо дома да не те исќофтам! - викна тој на сиот глас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Вака, неисламизирани, може да ги држи во постојано напрегната ситуација, на исто рамниште со другата хирстијанска раја, и да ги исцедува колку нему му се сака.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури кога поминале некои од нив да служат во новоизградениот хотел во градот а другите во куќата за разонода на И. Мали, јас сум се нашла во полето, близу до ќерамидницата, но кој ме довел таму и со каква цел останува да се разреши во некое друго време кога на вистината ќе ѝ тргне од рака да ја намота измрсената преѓа на настаните во чист здрав клопец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Боже, боженце, што к'смет му падна на ибн Бајко, та везден да војува со ваква сорта и да ѝ биде мегдан без престан?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Поработуваа и одеа дома да однесат парче леб и да се преслечат, а потоа, со обновени визи за три или за шест месеци, пак доаѓаа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Реков, од Маказар до главниот град имаше близу триста километри, не премногу, но доволно да се почувствува осаменоста, но од друга страна, и да се има дистанцата за размисла околу сопствениот и заедничкиот живот и животот на другите, на светот околу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Аха, да. Рибата ми ја отвори вратата, јас ѝ кажав дека ми треба дел од нејзиниот задник и ѝ ги треснувам оние дваесет зелени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Навистина малку го релаксираат додека плива и додека неговото стежнато тело лебди над плочите од дното на базенот, додека тромаво се лизга над имињата, судбините и сенките на покојниците, обидувајќи се да не гледа во нивните симболи, во знаците неизбришливо издлабени врз стариот мермер на дното, што како за инает, водата ги мие, ги увеличува како под лупа, ги прави појасни и поблиски, скоро тутнувајќи му ги пред стегнатите очи и чело на покајаниот делегат на Комесаријатот за еврејски прашања, кој пливајќи се обидува да ја намали напнатоста што ја чувствува низ целото тело и да го одложи надоаѓањето на нервниот слом.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ме обземаше жестока желба да го натерам да се раздвижи и да го најде виновникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Зарем не би било убаво в недела да прошетаме онака како што правевме некогаш, со твојот свилен чадор за сонце и твојата долга облека што се влече по патот, да седнеме на оние столчиња со ногарки од извиено ковано железо во салонот и да уживаме во мирисот на бакалниците, таков каков што беше некогаш? Зошто бакалниците не мирисаат веќе така?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Го барав и во болница, да не го удрила некоја кола па да паднал во кома и да не знае кој е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Каде и да се свртам, неписменост, суеверие, сомненија, ужас, ужас - просто не може да се живее.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој, другиот, да стоеше малку подалеку од мене, во оној миг, додека јас не стасав до чамот, и да му закопаше барем уште три зрна во ребрата, додека беше далдисан по мене, оној прекрасен, оној судбински самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека работеше над тоа, со него се шегуваа ситните шајчина, што требаше да ги дофаќа меѓу своите прсти и да ги наместува онаму, каде што беше потребно да ги закове.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лошина: една птица што прелетуваше над улицата да се претвори во тежок камен да падне и да го скрши излогот на блиската слаткарница.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Кандилата се занишаа и иконата од свети Илија почна да трепка со очите“, — тврдеше маѓерот Стојко Попов, кого нарочно Стале го поведе со себе во црквата да присуствува и да биде свидетел колку е „посветен“ дедот Стале, кога може да се кара со самиот свети Илија, та дури и кандилото пред неговата икона може да му го искрши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
II. Им забрануваме на сите наши поданици без оглед на нивната положба или професија да го оживуваат споменот, да се напаѓаат, да се навредуваат, да се караат и да се предизвикуваат еден со друг со префрлања во однос на она што се случило, без оглед на причината или околоностите, да се расправаат, да се оспоруваат, караат, засрамуваат или навредуваат со дејства или со зборови; нека се совладаат и нека живеат заедно како браќа, пријатели и сограѓани, а кршителите ќе бидат казнети како кршители на мирот и нарушувачи на јавниот ред.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во електричната инсталација знам еден таков дефект што вечер кога ќе се шкрапне било кој прекинувач, кога некој каде и да е ќе ја вклучи струјата, ќе се предизвика таков куршлус од кој куќата цела ќе пламне како кога се пали автомобил и никој жив нема да остане.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Костадин не се лути, не се развикува како што знаеше да прави, седи така облечен во неговите алишта, климка со главата ама лицето не го врти на кај неа, пак мирно го пушта својот глас, мек, топол и во него топла грижа дека таа навистина треба да си поспие да собере нови сили, а тој ќе бдее врз внучињата нешто да не ги нараси, да не се појави стаорец од некоја дупка и да се полакоми по некое носе или увце.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На такво место опасноста од постоење на некој скриен микрофон е многу мала; па дури и да постои, тој ќе ги фати само звуците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас имам само една метода, тоа е да земам едно нешто и да го делкам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Ако си дошол да ми ги пренесуваш озборувањата на маказарчани“, реков, „те молам да станеш и да си одиш. Гнасно ми е веќе“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Иако не го гледаше, Аргир чувствуваше како му се приближува и сака да го зграпчи и да го задуши.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Негативни искуства: може да предизвика несоница, кај сензитивните луѓе раздразливост, ждригање и да го вознемири стомакот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дури гемиџиите и да не сакале, или да немале потреба од контакти со ЦК, самиот ЦК не можел да биде индиферентен и да не се интересира за сѐ што се случувало на револуционерното поле во градот, па и во цела Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не, јас ова не можам да го допуштам! И тоа е современиот мртовец!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Доколку не постои основ за соживот, ти преостанува само да викнеш специјална екипа (слична на Гоуст Бастерс) која има за задача на мирољубив и достоинствен начин да ја спакува целата фамилија, да ги замоли да влезат во еден голем кафез и да ги однесе на стотина километри на север.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
24. И ОРЕВОТ И КАМЕНОТ КАЈ НЕГО СЕ СЕГА - чукне, скрши и резненца од јатката си апне, и да го спогнат сајбиите тој нема да бега, а со оревот и каменот на друг плац ќе стапне...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Планот на париското метро ја одредува со својот мондријановски скелет, со своите црвени, жолти, плави и црни гранки пространата но сепак омеѓена површина на исфрлените псеудоподии - а тоа стебло е живо дваесет часа на секои дваесет и четири, немирниот хлорофил протекува низ него со точна цел, ту се симнува на Шатле ту се качува на Вожирар а ту преседнува кај Одеон за да продолжи до Ла Мот-Пике, двесте, триста, кој знае колку можности за комбинирање за секоја кодирана и програмирана клетка да може да пристапи кон еден сектор на дрвото и да се промолкне во друг, за да излезе од галеријата Лафает и да остави пакет со пешкири или некаква ламба на некаков трет кат од улицата Геј- Лисак.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не можеше да се одбрани од ритамот, немаше контрола над играта, а и да ја имаше, не ќе ја користеше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ваквите случувања – додадов - можеби и не се под ваша контрола, но факт е дека не можам да ги игнорирам и да си ги објаснувам тапоглаво како игри на случајноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Луѓето ги потсетуваа на крвта што со палец и показалец ја оставија врз светото Евангелие и на клетвата што ја положија пред олтарот на свети Никита дека ни на смртта не ќе ѝ се тргаат од пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И оти ако сакаат таму да ни се покажат браќа, тоа го прават за да нѐ ограбат нас и да нѐ експлоатираат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И социјализмот не може кивањето да го искорени. „И две црни очи што фрлаат оган, каде и да минеш за тебе се слуша...“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Каде и да одеше, кого и да убедуваше од власта, а во партијата немаше пристап, брзо ќе завршеше како сомнителен, ќе го испитуваа, ќе копаа по уште незалечените рани од блиското минато.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овчарите ги оставија бравите и навртоа на пресопта да ги топат опинците во локвите и да си налеат вода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа ги пушти и говедата. Додека тие пиеја вода и се бавеа, изненадени од снегот, преку кој и тие не се решаваа да загазат, Бојан им фрли малку сено во предниот дел од тремот, оставајќи ја вратата отворена, сами да се вратат и да влезат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Земи го фустанот, ми вели Наталија, и да не го земеш ќе останеш без гаќи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со мојата аверзија кон оружјето, но и кон убивањето на невините животни, јас бев навистина атипичен за средината во која требаше да се покаже комплетен капацитет и компетентност. Но не бев осамен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас можам да ѝ пишам на сестра Хазбије и да ја замолам да останеш овде, таа бездруго ќе се сложи!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И потем рече: „Јас само сакам да лежиш малку мирна и да ми дозволиш да си ја исполнам својата последна цивилна желба“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Местото се вика Превалот и нужно тера да застанеш и да погледнеш долу каде во прстенот на околните планини се легнати двете преспански езера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ване, не како најтрезен колку како најприсебен, бидејќи повеќе отпиваше отколку што голташе од бинлакот, ги одвлечка полузаспани и полумортуси во шаторот, под уште топлите крила на импрегираното платно, и ги остави да грчат и да се лигават на сувата папрат врз која паѓаа од грутчестите душеци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оние пак кои веруваа дека записот е во врска со царот Јудејски, Соломон, поделени на две војски беа: некои записот го сврзуваа со богоугодниот, а некои со развратниот дел од животот на пресветлиот Соломон, оти, кажано е за него, во книгата Сирахова: „Соломон се зацари во мирни дни, зашто Бог од сите страни мир му подари, за да изгради дом на името Негово и да подигне светилиште вечно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Најпрвин видов некакви пузиња, згрчени и со големи глави (тоа уште сонот ме измамуваше) и кога погледнав кај што гледаа сите, а гледаа кон последната кола, се зграпчив за грло од страв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Публиката паѓаше од смеа; беше пазуза, сите јадеа пуканки, пиеја „Кока-кола“, но се смееја; на еден голем, висок кревет, лежеа Ина и аѓутантот, и божем водеа љубов, со гротескни движења под една покривка; јас се качував, сакав да ги фатам на дело, но никако не ми успеваше: скалите стоеја во воздухот, јас ќе се качев до врвот и потем, кога требаше да ја ставам раката над очите и да видам, одеднаш ќе сјурев надолу.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во постојани расправии со препредени и со лукави трговци Евреи, Ерменци, Македонци и други во Солун, и Битола, тој научи да се снаоѓа и да биде упорен во остварувањето на своите замисли.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Штици и клинци. Овие, во дуќанов не се мои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да биде сам, да не биде тепан или испрашуван, да има доволно за јадење и да биде сиот чист, му беше сосем доволно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ДЕЛ СУМ ОД ТВОЈОТ СВЕТ, МОЈАТА УБАВИНА Е ЗАМРЗНАТА ВО ТВОЕТО СРЦЕ, НА ДУШАТА ТИ СПИЕ МОЈАТА ЉУБОВ, А И МОЈАТА БОЛКА И МОИТЕ СОЛЗИ НЕ ТИ СЕ ТУЃИ...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нашите театарџии, не само што не можат да го условуваат своето гостување, туку треба и да се плашат, наместо топла и вкусна супа од опашка од вол, да не добијат рогови за чепкање на забите во кои одамна немаат складирано ниту трошки од богата софра.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Треба да оставам сѐ и да се подготвам, да исчистам, да средам, да наместам соба со кревет и со другите најнеопходни работи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Сакаше да јадеш“ , рече брат му. „И да пиеш.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му се чинеше дека ќе може бесконечно долго вака да оди по деда си, да замавнува со косата и да остава зад себе бранови соборена трева.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Често навлегуваше во коријата. Ги обиколуваше полјаните, береше китки руен и друго есенско цвеќе, правеше букетчиња, за да ги расфрла после над својата глава и да ги чувствува како му паѓаат на лицето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му притрчува Фезлиев и го придржува да не падне на земјата и да не поврати.) Одеднаш... Сигурно е од возењето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Да знаат дека не постојат никакви споредни патишта и да не ги бараат попусто нив, дека треба да се пристапи отворено и просто, а после ќе се види колку е угодно да се живее со тој сок, оној вистински сок на работите, како кога вечераш од дивечот, што целиот ден сам си го ловел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тој, цело време да ти биде надвор и да нѐ гледа одозгора.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од друга страна, продолжував да размислувам, објавувајќи ја својата неприкосновена волја. тој наш Создател, зарем требаше врз едни народи да ја истури сета своја љубезност а другите да ги одмине, или пак, во оние, најлошине случаи, дури и да ги зачади со темјанот на проклетството, му реков на Никола Леко.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А тој Боге од Бањи беше единствениот од власта што ми тропна на вратата за да ми изрази сочувство и да ми раскаже за загинувањето на мој Иван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во една таква мала цепнатинка во која како да беше сместено и нејзиното двоумење јас ја открив дозволата да постапувам толку слободно што да можам дури и да се предомислувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше време кога човек не смееше и да му го спомне името на Сталина, а камоли да помисли некој да оди до него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мора да има лек, мора да има спас, викаше избезумено Маруш и започна сам да го лекува и да му бара спас на Висар.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Во почетокот обајцата се чувствувавме прилично самосвесно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И дури стариот да се заврти и да ѝ даде ишарет да не кажува, оваа наеднаш се испушти и му рече на војникот: – Море, пусто да остане и чешмичето, ами ако е за него, елате по мене, јас ќе ви го кажам, не дека е далеку!!! – и тргна напред преку дворот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но кога пропеале трети петли и ко почнало да се разденува а Бошета уште го немало да се врати, стрико Никола сиот се вомјазил да не му се сторило ништо лошо и заедно со стрина Николица и со Атанаса ги разбудиле сите домашни и сите зедно, со запалени вивки и гламни, истрчале на срецело и надале гласови, троа навистински троа од навал, за сите да чујат каква нова несреќа ги снашла и да тргнат да го бараат Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ЛУКОВ: (Навидум соземен, но сѐ уште нема сили да се сврти кон Младичот и да му погледа в очи.) Со кого, рековте, дека сакате да се видите?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Веќе имам забележано, и тоа од поодамна, дека ваквото мое однесување ми помага на грижите да гледам како на отпадок што можеме со другото ѓубре да го натрупаме во најлонска кеса и да го фрлиме во контејнерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа значи дека сте на најдобар пат да ја искористите љубовната напивка и да станете јунаци на една голема љубов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше сили уште колку да ја отвори вратата и да се отпушти на леглото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со долга и упорна послушност ја стекнал љубовта на егуменот и на сета братија и еден ден и него го поканиле да ја наметне црната риза и да им стане „во Христа брат“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повреденоста во мене ќе го истисне, ќе го отфрли, ќе барам здраво место, тврдо тло, на кое ќе треба да ставам нозе и да застанам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најпрвин на зачудениот Али-бег му го споменал своето пријателство со мулазимот на градот, потоа им се заканил на неговите слуги кога разбрал дека преку ноќ урнале недоградена воденица на селаните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој извади од џеб зрна суво грозје и ми ги подаде на дланка но со таква бавност како да сум птица што може да му избега и да го остави бескрајно молчалив и осамен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ќе е добро, според овие одговори, во ниедна варијанта да му се суди на Чанга во присуство или во отсуство, жив или мртов, зашто со ова конечно ќе се придонесеше Чанга дефинитивно да стане козји светец, дури и да го надмине славењето на хероите од војната, дури и сегашните главни водачи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како резултат на тоа Светозар Вукмановиќ-Темпо одлучил да го одложи патувањето кон север и да се врати во Црвена Вода „со сите луѓе кои што можеше да ги собере“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но, да повторам, ова го сфаќаме прилично доцна. Откако ќе згрешиме“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А името на ветерот беше, најочекувано – женски! - речиси секоја година, некаде околу средината на мај, навечер ми се појавува уртикарија по нозете и по рацете, страшно ме чеша и ме присилува, барем три пати, да се будам преку ноќ и да се драскам како луд, долго не успевајќи да заспијам, со нервозна топлина внатре, во телото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Последен научи да чита и да пишува меѓу првоодделенците.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Пак Оруш збесна, им свика на мајсторите да слезат од чатијата, да запрат; зеде неколку пакетчиња динамит што ги имаше за кршење камења за варницата, и почна да ги пали и да ги фрла во куќата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Заборавот памти на свој начин и барем не може да му се префрли дека нема стил. Меѓу две зла Што ако животот ти е даден да бираш меѓу две зла и да го одбираш секогаш - поголемото?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тоа биле мисиите Монкеѕњренцх, предводена од Џорџ Квајн и Муллигатањнѕ, предводена од Ламби, која требало преку Македонија да замине за Бугарија и да воспостави контакт со тамошните партизани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Му реков да ме остави, дека го молам да излезе од собата и да ме остави.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И кога овој надолго и нашироко им ја исприкажа случката, двајцата родители почнаа да си ги корнат косите и да тажат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие не можеа да ја разберат и да ја прифатат мојата борба за човековите права.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да влеземе и да видиме што слово е сочинето, што пишува“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да се поздравиме со Огнена Ѓорго и да си одиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Башка повеќе жежи затоа што „културата“ (во чие опкружување се обидува да дише на шкрги и да биде одвај видливо, ко Челичната Шепа, ова ситно, наказно телце по име Маргина/ Темплум, некакво си хибридче од пар култури, и затоа опасно) речиси дека е на ниво на племенска култура, без критериуми, релации, фидбек, самопрогласена, самобендисана, без најобична рецепција (а камоли „критична“!), култура во која бавењето со книги или е работа на примитивни социјалистички профитери- гребатори или најцрн идеализам кој за кратко време ишмукува толку што човек се претвора во школка, во ехо на згазен молител.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Стана обично и да ми помогне околу ручекот и да ја нахрани Ели, да ја облече, да ми ги провери домашните задачи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И кога таа, сосем скапната, безнадежно ги склопи крилјата, простувајќи се со животот, тажна дека не ќе може да го види своето родно гнездо и да ја сети пролетната радост на децата, одеднаш забележа на темната плоча од морето некаква светла точка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Што и да зборуваше, беше сигурно дека секој збор од тоа беше чиста исправност, чист Ангсоц.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зарем беше можно толку историја да се насобере, да се згусти и да се истури само за еден ден?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Работата на селфот ги дава првите резултати. Не ни помислувам да се помрднам и да одговорам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Наоѓајќи се пред опасноста да биде ликвидирано од револуционерната организација, Братството решило да го испрати И. Гарванов во Бугарија за да се поврзе со одговорните државни и политички фактори и да го добие нивното мислење, и евентуално нивната поддршка во конфронтацијата со Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Додека стариот Елисон правеше грниња меѓу стадото овци, и додека Киова Индијанецот ја минуваше пладневната починка на крајот на кујната, под жешкото сонце, Сем лежеше на креветчето, размислувајќи за тоа во колку среќен свет живее и колку им е наклонет животот на оние чијашто мисија во животот е да забавуваат и да поттикнуваат задоволство.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Други ќе расудуваат оти со полното отцепување, од една страна, ќе ликуваат нашите непријатели, коишто ги насочуваат сите свои сили да ги ослабнат балканските Словени за да си подготват почва за разделување на балканските земји помеѓу нив, а од друга страна, оти тоа ќе нѐ натера нас Македонците да се откажеме од нашиот прв долг, да се бориме за политичка слободија, да разрушиме сѐ досега направено и да зафатиме сѐ одново, така да се рече, од азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- И ти да ми го извадиш ластикот од гаќичките и од него да си настегнеш праќа, па да ме заборавиш мене и да тепаш врапчиња? - О, никако!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Внимавај што ќе ти речам, Марко. Сега право дома и да мируваш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И не се вратил по измитарената шубара што од испотеното теме му ја симнала подадена гранка на стара леска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Ти веќе си решил сете витолишки вдовци да и ожениш, и види — не види, ајде во Рожден по невести. Море, гледај да не те пречекаат негде по Попова Ливада виа вашите аламани и да те оплескаат, бреј!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
5. Колку и да изгледа контрадикторно ова барање на Мисирков, тоа не само што се совпаѓаше со тогашната руска политика на Балканот, за која тој мораше да води сметка, туку беше и еден од основните пунктови на националната програма на Македонското научно-литературно другарство во С. Петербург (натаму: МНЛДУ): без привременото останување во рамките на Турција, во тогашните околности, со полна културно-национална автономија, при отстранување на пропагандите и нивните институции во Македонија и обезбедување на границите преку турскиот суверенитет, навистина тешко ќе можеше да се избегне дележот на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Треба да го вратиме пред да стане кој и да било на светов и во околинава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Решив да излезам и да видам каде сум. Морав да бидам претпазлива.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И израснал толку голем да може да изгради силна ракета, да седне во неа, да летне до Месечината и да се врати назад.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- За нас жителите од езерово најголема чест е да не проголта кралот Вок и да не претвори во опашка од златна риба со која си ја чешла косата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Проблемите предизвикани од сегашната војна против дрогата ме загрижуваат исто колку и Даг Бендоу, иако се сомневам дека стратегијата за која тој се залага е правилна и може да се примени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да се зачува нешто вредно е природна реакција,но неможам повеќе да го издржам ова лудило во мојава глава.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Ме исплаши“, рече прибирајќи си ги нозете една кон друга и загрнувајќи ги со полите од бањарката, подисправајќи се на тоалетното столче од што задникот пред моите очи како да ѝ заигра, предизвикувачки, како да ѝ се смали и да ѝ стана поподатлив за моите веќе полакомени дланки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бидејќи веќе беше препознат, не можеше да продолжи и да седне на масата на една осамена девојка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А, контрола немаш никаква. Ти само продолжи да си ги пиеш своите кафиња, да си пушиш цигари и да си пишуваш текстови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ПАНКО: Со тебе сотоњак човек не може човечки да зборува. Туку со нив ќе се расправам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан, за ти, мајко да ми идеш на гробот да ми палиш свеќа и да ми раздаваш задужбина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тој побара три цени, та овие веќе му дадоа една и пол, но Петруш и понатака се колне во денешна света Петка, утрешна света сабота, други денешна света недела и сите годишни светци, си ја пцуе по десетти или стоти пат мајката оти не сака од нив да печали, и исчепкува уште една четвртинка од вредноста, убедувајќи ги своите пријатели дека им ја дава стоката „под зијан, само и само да не ги пушти на друго место, да им услужи, и да не речат прилепчани оти на Петруша му избегале муштериите и отишле на готов пазар кај комшијата Плашета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неговата посета имала за цел да го испита пулсот на балканските земји спрема Германија и да ја согледа можноста за сузбивање на експанзионистичкото германско влијание на Балканот, како и евентуалното убедување на балканските земји да се спротивстават на германската и италијанската експанзија, со што би го намалиле воениот притисок кој бил вршен од страна на Германија врз Велика Британија, а исто така неговото присуство имало за цел да испита дали се можни јакнењето и престижот на САД на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеш да голтнеш и да се совладаш. Кога ќе се побуни душата, ништо не можело да ти ја запре раката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш пак застануваше до некое стебло, си го смируваше полека сѐ поулетнатиот здив, а ако не гледаше зад себе, тогаш неговите очи ќе беа зачекнати напред, по угорницата, што требаше допрва да се преборува, допрва да се кутнува и да се остава, опорито и неизбежно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И така, во намисувања за деновите на пониженост и миговите на гордост заради тоа што се успеало да се опстане и да се пркоси на сѐ што било туѓо, немило и недраго, омразено и мрачно и што било судбина натурена со туѓа рака и волја, си тече животот во тесната котлинка меѓу коњушниците, подгниените бараки, трите казани, прашливото џаде, камионите што двапати на ден пренесуваат ранети и оздравеници, лелеците и тажалките, полудените, падавичарите и црневицата расплакана, болна од чемери и исчекување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А тоа дека мораше да им се врати сам, тоа што не ни помисли да ги чека да дојдат и да го земат, беше во него пак уште една работа, кон која тој не можеше ни да замисли, а да не се придржува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Преку процесот познат како „обезграничување“, функциите на границите сѐ повеќе навлегуваат длабоко во територијата, сѐ подалеку од границите на територијата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
И знам дека кора ќе се вратиме дома, јагликите ќе зафатат место во најубавата вазна, а јас ќе морам заедно со Билјана да размислувам за приказната на старецот и да одговорам на стотици прашања што Билјана секако ќе ми ги постави.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Бахтијар и бимбашијата не го познаваа местото и не предвидоа дека може некоја чета да ја опседне таа тумба и да ги бие одзади.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Види, види, завалиите!“ си помисли Толе. „Научени да м’чат и да и ведат главите пред агите, та и пред мене и наведоа и збор не пушчаат од уста".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоната длабоко во мракот - кој е всушност, битието на светлоста - саноќ се напрегаш да го задржиш во сеќавање последниот зрак и да не заборавиш на себеси.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ти, и кога би ме сменил, не би издржал повеќе од половина час да не ја прекршиш стражарската дисциплина и да не се вовреш кај неа, а јас ти веќавам дека, ако ме смениш, немам никаква намера да одам да спијам и да се откажам од мадемов што сум го открил.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој ја запази и со неа војводува до пред три години, та дури еден од условите за предавање што му ги постави на окружниот началник во Битола беше тој: да му ја остави манлихерата како спомен и да се служи со неа во шумарската служба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи старешината Раде, како и готвачот, не му дозволија на Винко да го земе на логорување, Винко сите ноќи пред одење на логорување не ги преспа од жал за Џеки, од жал да го остави само дома, да пека и да го бара, зашто беа неразделни; никогаш не го оставил само.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Има среќа Пеличка, си вели во себе баба Перса, а Пелагија е принудена да се врати во годините наназад и да стигне до она ритче во средината на селото Долнени од каде се гледаше куќата на убавата и питома учителка со мал дефект на едната рака, која, заради ујот на Ангелина да расипува животни радости, не му стана жена на младиот претседател на селскиот Одбор!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Има ли таа право да протестира против бугаризирањето на Тетовско и да бара заштита на своите интереси таму против бугарските посегнувања?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сполај ти ногу и да сте живи, вековити, да се ќердосате, господ некој к'смет да ви даде, и од ваше срце да си исчекате и кршчење, и свадби да направите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само продолжи така; кај Надежда на кафе; со другарка ми Славица одам да прошетам низ населба; со другарка ми Софија бев во „Багдад кафе“; ќе појдам до кај сестра ми... а децата нека прават што сакаат, секое на своја страна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вршејќи истрага околу ова убиство, властите успеале да откријат оружје и да ја откријат месната организација, а потоа, преку средства познати од времето на инквизицијата, успеале да ја откријат конспиративната мрежа на Организацијата во Штипска, Кратовска, Паланечка, Радовишка, Кумановска и Малешевска каза.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Онака усамен, тој не сакаше ништо повеќе освен да има некого од своите стари пријатели, па да му оди и да му изнакаже сѐ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Според еден член на британската воена мисија Perseverance Кларк „првата бригада го беше презела овој марш да го развее партизанското знаме и да се обиде да добие регрути кои тие мислеа постојат таму, како и да го охрабри дезертирањето од бугарската армија“.115
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сандо од обезбедувањето ми рече дека обвинетиот двапати се обидел да ѝ се приближи на Јана, дури и да стапи со неа во контакт.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И така, додека прашките граѓани неделите ги минуваат во починка, дотогаш гостите, кои овде ги има од сите краишта на светот, се на нозе и талкаат по прашките реткости, за да видат што повеќе од нив, да ги запомнат и да понесат што повеќе убави впечатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Чудно ми е Гавруше, ти прв да стасаш и да ми ги спасиш децата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека траеше гужвата, му одговараше да оди позади мене и да ми ја студира позадината од глава до петици.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Немој и да жалиш пари и да го цепиш грошот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Овде е полно агенти, вели, сакаат да ме украдат и да ме носат во Америка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нивната самоувереност ги чува, ги смирува, тие се дебелеат додека би можеле да се распаѓаат и да умираат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Мене судбината ми одреди да одам на југ, и во тој правец ќе тргнам, кон Солун - се јуначеше со тенок глас човечето Крсто.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сѐ уште држејќи ја кваката, со блажена насмевка ги затвори очите и си помисли, како нема некој пријател, сега да му се јави и да му каже колку му е убаво.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Светот во кој досега се движев е без вера, но не и луѓето кои живеат во него и требаше да ја сретнам твојата мајка за да сфатам и да се уверам дека има луѓе кои знаат да веруваат и да се надеваат во продуховеноста на денот, ослободени од демоните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Седнува само да ја движи рачката на мевот и да ги извлекува торбите со земја. А всушност целиот е кај карпата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Костадин но и Петар беа момци со посебен оштар дух, имаа огромен репертоар на вицови, анегдоти и досетки и секогаш знаеа многу вешто да ги поврзат или да се инспирираат од темата на разговор и да ги насмеат соговорниците.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Морам да се покријам“ му дојде мислата на која мораше да ѝ се потчини, да вложи напор и да се вовлече под чергите...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дури и да завлезеа понекогаш во некоја расправија што би можела да се претвори во кавга, почитта што Бојан ја чувствуваше кон возраста на Кирил, го задржуваше од натамошни расправии, го присилуваше да се согласи со него, да попушти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И така, значајното лице се симнало по скалите, седнало во санка и му кажало на кочијашот: „Кај Каролина Ивановна!“, а самото откако раскошно се завиткало во топлиот шинел, ја задржало онаа пријатна положба, од каква што не можеш ни да измислиш подобра за рускиот човек, то ест, кога самиот на ништо не мислиш, а меѓутоа мислите сами влегуваат во главата, една од друга попријатни, не оставајќи ти дури ни таков напор да луташ по нив и да ги бараш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во „Дом, смештај и исхрана“, на висока позиција - да лупи компири и кромид и да мие казани и лонци.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
7. Со чл. 23 од Берлинскиот договор од 1878 год. Турција беше задолжена, заедно со претставници на месното население, да подготви и да спроведе реформи и во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
52. За да се поправат тие, Грците ќе треба да се откажат од својата „мегали идеја“ и да ѝ го признаат правото на постоење и на македонската народност редум со грчката во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред пространството кое ќе го здогледаше пред себе, само требаше да ја пружи мислата широко, колку што му досегаа очите и умот, да вдише длабоко заради подобра аеродинамика и да прескокне во вечноста.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не можев да слезам долу и да видам одблиску и со рака да пофатам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но сепак, колку што оваа војна се одолговлекува, попушта и разбирањето за самиот проблем - затоа, ова е можеби вистинскиот момент да се преиспита и да се разгледа правецот на идните дејствувања.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не можев да се смирам од влијанието на амбицијата, колку и да ја потиснував длабоко во својата потсвест Гзиме ја поставуваше масата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Побарав од Земанек да отрча до кај мене дома, да ми го земе саксофонот и да ми ги спакува неопходните работи во торбата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме сместуваа во сферата на граѓанскиот сектор и велеа дека таквата активност се коси со работата во нашата професија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Заминуваме, а оддалеку, слушам, Дуковица колне: Огнот да ги изгори, улерата да ги лавне, петлите пејат, јас им зборувам на џандарите, а сакам сѐ да крака, да мука и да мјаука, гледам да не се чуе Дуковица. 224
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беше тоа едно многу добро, многу младо и многу пргаво јарче, ги имаше сите убавини на својот род и човек можеше само да го сака и да му се љубува на тоа како изгледаше, како порастено на оној врв, а и на сите негови инстинкти, но во следниот миг беше веќе доцна за сѐ друго, што можеше да се обиде да стори тоа со своите итри нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Очигледно А.А. се обидуваше да ме придобие и да предизвика на дискусија, па на крајот И.И. да настапи со програмираните факти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Лена пак не можела да смогне веднаш да замине, туку уште некое време останала во Долнец, обидувајќи се да си ги собере мислите и да си го зачува животот цел.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога најмалку претпоставувале, видовитиот Дмитар-Пејко паднал на коленици и ги подал рацете кон нив. - Ми истечува крвта. Болен сум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да се расониме и да се сетиме дека од дружинава избега Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без импулси за животот околу себе паѓале на земја по првите прегратки со жените и со мајките и се распливнувале во нејасни, распарчени и испреметкани соништа, пред тоа преслаби да ја голтаат и да ја издржат ракијата што сосила им ја сипувале помеѓу испуканите и раскрвавени усни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Времето му дозволи да се преиспита и самиот себеси и да си побара одговори на некои загадочни прашања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дедо Геро за него велеше: - Тој е исправен тука за да ни каже дека колку и да сме меѓу свои луѓе, сепак дома не сме.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Само на еден рибарски чун има мала свеченост: на домаќинот еден поп му го „светеше“ чунот по верските христијански обреди, му пожелуваше со него да плови среќно и да лови риба за да живее и да се богати.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беа дојдени на работа уште пред сонце, тогаш никој не прашуваше за времето и за тоа колку си работел, за сите беше важно работата да се врши и да се искористи времето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како и да е, нивната посета не ѝ донесе нималку радост.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И после, кога се размислив што можеше да стане, цела ноќ да се превртувам и да си ја тепам главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така до скоро беше и со имотот. Имот не можеше да се купи и да се има.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некогаш на замин, по „добар лов" ѝ потфрлаше на мајка му по некоја и друга лира да ја ублажи сиромаштијата и да не го избришат од нивните тевтери, да има лице да се прицне некогаш кога ќе го подгонат полјаците, заптиите и фариите од Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бродот ќе ја однесе мојата душа во новиот свет во времето кое наближува, јас ќе останам во времето минато за да коленичам и да молитвам чекајќи го Потопот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во телеграмата на К. Фотиќ до Божидар Пуриќ во однос на реакцијата во американските политички кругови по повод говорот на Черчил се вели: „Во добро известените кругови овде (Вашингтон, б.м.) се смета дека говорот на Черчил не само што не ја зајакна положбата на Тито и партизаните на теренот туку пред сојузниците покажа дека исклучителната поддршка на партизаните од страна на Англиската влада е заснована на нереална ситуација на теренот, туку како дел на англиската империјална политика.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Еднаш Лена го видела дури да ја земе пеглата и да пегла кошула.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Чекај“, вели, „почекај да проверам уште еднаш пред да тропнам и да истресам некоја нова глупост“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само стои и само гледа. Каменот му ја подзема мислата, му шепти, и квечерина, кога се обиде тој да си ја поткрене раката и да му одмавне на каменот забележа дека веќе неповратно отпатувал: се скаменил.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Набргу во тишината беа чујни дури и нивните крадешки чекори, а одвреме навреме можеше дури и да се види како по таа белина напред прострелкуваат понекаде и нивните издолжени прилики, кои се искриваа уште првиот следен миг, оставајќи во погледот само една колеблива игра на причинувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој го извика надвор од часот, како што често се случуваше (Фискултурецот беше најголем шверцер во училиштето и продаваше секаква стока за мали пари), и тој го определи Павел Земанек да застане до разбојот и да внимава на нив додека вежбаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така загледани, седиме ние на прагот од тоа што беше куќа, а јас се обидувам да се вгледам во очите на старичката и низ нивниот блесок да влезам во нејзината душа и да проникнам во нејзините чувства.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се држи за гради зашто таму нешто му свири; непрекинато долго се закашлува, посинува, се гуши и никако да ја откине и да ја исплука кашлицата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
2. Најдобар начин да успееш во политиката е да најдеш толпа народ што оди некаде и да застанеш на чело.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
— Да се аскер, не се аскер. Сигурно некој башибозук од Џемаилбег од Агларци, — им проговори на другарите и сакаше да даде заповед на војводите да ги соберат четниците и да се истават повнатре во гората дури да фати мракот, па потоа да се влечкаат некако кон исток.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ха, - промрморе кметот. - Не сум јас должен да хранам и да се грижам за туѓи деца.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но не ја оставив да тагува и да блада по јаболка. Ѝ носев в пазува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Што ќе стореше со него, дури и да го сочуваше?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ти треба да се чувствуваш силен и да го зграпчиш за уши злодејот Мечкојад. Луѓето се исплашени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ШЕФОТ: Добро, човеку, далеку пред мостот можеш да побрзаш и да добиеш таман пет минути колку се нужни...
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Ќе ја остават, гола и уништена, да лежи и да размислува зошто била така безвредно оставена.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој својата ситничка, дробничка баба Митра може исто така да си ја стави под мишка и да ја носи каде што ќе си посака, а не пак да ја послуша кога го кара.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
5 Спиев ли? Најпрвин и првпат тогаш видов дел од јавач на коњ на манастирскиот ѕид, око, рака до лакот со дршка од недовршено копје во грч на жолти прсти и копито врз дамка на нешто што било иконописечки настан, имало историја на грев и пекол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и да успееше да ја разбуди Кетрин, да можеше да го постигне тоа, тоа ќе беше нешто како заведување, сеедно што му беше жена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште пред да изгрее сонцето, со прв писок на некоја птица и со ослободување на зеленилото од темна сивотија, последните стражари, Јордан Шоп и Куно Бунгур, се спуштиле бледи и со набабрени очи од блага височина од која можело да се надгледува околината и ги разбудиле луѓето да побрзаат да се измијат доколку најдат поток и да ги спрегнат говедата што по она малку сено, проџвакано во тие први дни од враќањето, стоеле на своите места со покорно обесени глави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти лежиш дома тешко болен, а јас морав да ги трпам нив и да одам на работа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Всушност, какви закони споменувал пред тоа Доце Срменков, што сакал да им каже на дојденците додека ослепувал од утрено сонце?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој се влеваше во дебелата бука, забиена во темелот на горниот ѕид на пиланата како огромен лост, со горниот дел повисок од покривот, исто како некој шумски џин да сакал со тој лост да ја откорне и да ја преврти ничкум нивната пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Патријаршистите Словени можеа и да му сочувствуваат, но затоа што нивната интелигенција беше против комитетот, нема сомнение оти и самите селани троа му сочувствуваа, но тоа сочувство беше побркано со неувереност и со сомнение во веќавањата на комитетот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од денес натаму, о, Кавафис, престануваат да значат што и да е лажните сознанија за некаква си света должност кон татковината а без себеси, зашто вистина е дека на животот му подаривме само нешто свое а на смртта - сѐ! ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А тоа значеше докторите да не трчаат брзо по ходникот со дрвените кломпи, да нема пискотници и врескања, и онаа одвратна стара количка да не свири како раштимувана виолина и да не квичи заедно со несреќницата легната во неа, свесна дека одлежала залудно денови, месеци... Долго, но не и доволно долго.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не сум можела и да знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако Онисифор Мечкојад можел да е прв во тврдоглавоста, Онисифор Проказник стоел веднаш до него, да сраснат еден во друг, да се скаменат, да станат еден варовник од некогашни два живи облика, подоцна, многу подоцна да ги подлокува безнадежен дожд и да ги напукнува сурова жега.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не дочека, убавиот, и да се забричи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Побара, од сета војска да останат само триста души, а командата да ја земе забитот од редовната војска и да работи со неговата согласност. – Вие – им рече – ефендии, одете си и спијте си слободно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој впрочем во комисијата беше да шефува, а не да чита и да пишува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Не знам, дали стасавме на време да му се обратиме на бога, вели поп Танаско, дали го фативме последниот час за молитва, за милост, ама наша света должност е да се молиме и да се молиме. 135
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Иако гледа во неа, не може да види ништо и не знае дека чашите се волшебни кристални кугли само ноќе кога во нив, како од скинати парчиња, составува априлски жолти цветови, осамени планински колиби, две Марии. Сѐ што и да посакаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дали да формирам цена според понуда или според потрошувачка на една матка, која и така е спуштена (како „абарт“) и може ама баш секој момент да испадне и да се користи како перниче, додека чекаш автобус на постојка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Имаше сини очи во кои можев во исто време и да пловам и да пливам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се сеќавам, еднаш, тоа одвратно огледало се запна да ми докаже дека ушите ми се клапушести, еднаш пак дека морам веднаш да искубам половина од влакненцата од веѓите, зошто такви какви што ми се ме прават да личам на був, а пак едно утро, ох, ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Чекав. Еден ден строго ја предупредив: - Јас чекам и ќе ја дочекам, се надевам, таа твоја среда, ама внимавај како ќе ми соопштиш дека дошла, оти може да побудалам од преголема среќа, може дури и срцето да престане да ми чука и да умрам од радост.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И сторете сѐ - по секоја цена таа да отиде в град и да се задржи таму колку што може подолго.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тогај Бог ги крена рацете од монахот Ефтимија и го проколна да биде поет и да биде окован само во немаштија и ружи.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
УКИМ = Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ УО = Управен одбор УПОЗ = Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ УРМ = Устав на Република Македонија (Сл. весник на РМ, 52/1991 и Амандманите I-II [1/92], Аман- дман III [31/98], Амандмани IV-XVIII [91/01], Амандман IX [84/03], Амандмани XX-XXX [107/05], Амандман XXXI [3/09]) 317 ФПИОМ = Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ХОВ = Хартии од вредност ЦК = Центар за култура
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
-Дадени ни е она што можеме да го издржиме и да го совладаме како страдање или болка, физичка или душевна сеедно., исто како дрвото што може да ја издржи тежината на своите плодови.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Над изворот најде една пештера и тамо беше си влегол за вечерта да преноќева; арно, ама ако дојде ти да преноќеваш и да заспиеш тамо, да и Силјан да заспиет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Да загризува и да се вкопува, правејќи си премин посреде, во мекото сурово дрво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако си навежбан, немаш проблем: бицепси, листови на нозе и подготвеност со насмевка да дочекаш некој наркос, кој, и покрај силното обезбедување и камери успеал да се шмугне и да си направи спална соба на 6. меѓукат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Луѓето со најнеприфатливи гледишта најчесто се најотпорни на обидите да ги промениме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Некој забуцал вила во ребрата на моето воле. Лапајте, проклетници, и протегајте се крај оган.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако таа волшебна кутија му ја презентираше војната и порано, тој дури сега, кога самиот свесно реши да ја облече оваа униформа и да го земе ова оружје, целосно ја разбра онаа изјава на новинарот од раскрвавеното Сараево од пред десетина година: „Кога сфатив што е војна, ќе ја заменев целата телевизија за два тенка“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
СЛОБОДАТА: Не си ли ти оној кој му проповедаше на народот дека треба да е спремен при првиот повик да излезе и да се бори против тиранијата!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Денот беше сиот затнат од тој магличав, густ врнеж, само тоа нив тројца ниеднаш не ги натера да се подвоумат и да се поколебаат во својата зачекореност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Важно е да се промени амбиентот, да се биде на море и да се каже дека се било на странско море.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не да јавам по патот, кој ми се гледаше премногу тесен и премногу рамен, туку скршнував лево и десно, го терав коњот да цапа низ реката и да се препиња, излегував од водата и пак влегував во неа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пак се собравме околу огновите. Со ококорени очи го гледавме умирањето на пеплосаните гламни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
СТАРОСВАТОТ: Види го ти него, знае и да навредува.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не мислејќи на тоа, веднаш побара да откорне со ноктите нешто од таа скочанета земја и да потрча кон црната прегладнета мечка, кон таа парталава мршарка, што одеше да му го земе неговиот лов, од тоа ноктите му прокрварија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По некое кусо двоумење, тој можеше да краде и да продолжи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му удираа шлаканици, му ги сучеа ушите, го кубеа за коси, го тераа да стои на една нога, не му даваа да оди на мокрење, му вперуваа жестока светлина во лицето сѐ додека од очите не му потечеа потоци солзи; но целта на сето тоа беше просто да го понижат и да му ја уништат моќта на докажување и на размислување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По овој случај рисјаните од Долнец да не се присилуваат на собирање пари или да се зема поткуп, да не се вознемируваат и да се избегнува секаква постапка спротивна на царската желба и наредба.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Роза Луксембург и Клара Цеткин: Со декрет наредија жените на Осми март ништо да не работат, туку да одат по кафани и да играат чочек на маса.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Влегувањето на САД во војната на 8 декември 1941 година повторно го актуелизирало прашањето за местото и улогата на координаторот за информации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бандата направи препад токму на полноќ, кога изморените сејмени, ги налегна дремка, та разбојниците иако беа бројно многу помалку од сејмените, успеаја да ги опљачкаат колите и да ги одведат сите дванаесет коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Чекај, Капинко, велам, не предавај се! Есенва ќе те учам да предеш и да везеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никој не може (па колку и да настојува тој никој) да го разувери дека надвор не врне.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но Камилски не мислеше да ја шири оваа дебата, сакајќи и тој, како Татко, на крајот да ја завршат својата мисија, да ги опфатат и другите планирани и замислени ориентализми, се разбира, оставајќи простор, на некој посебен кој би го оправдал заедничкото внимание!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
До пред малку мислеше дека ќе ја сочува во себе онаа зафатеност и ќе може да ги посреди малку лостовите, со кои кога ќе му дојде време требаше да ги носи и да ги наместува трупците, намалувајќи ја нивната тежина; мислеше дека ќе најде во себе желба да ги подреди и нив така, за еднаш кога ќе биде потребно, да може само со еден дофат, со едно движење, да ги покрене и да ги намести.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но пак се плашеше да се извлече од под креветот и да ја запали сијалицата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Чекаа заповед да колат и да ги распарчат дури и нашите сенки. Дерман ќе се нема.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Захаријадис веднаш нареди да се преведе писмото на грчки јазик и да им се јави на сите воени команданти да дојдат на итен состанок во пештерата над селото Горажде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој непара го бакареше ни Велигден, ни Ѓурѓовден, не гледаше да извади некој грош, оти требаше, ете, и да „везе“, и да „плете" и да „ткае".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- сакав да му возвратам на Зрновски, (или му возвратив!); посакував дури и да го навредам но ниту една мисла не подзапираше за да ја здогледам докрај, за да ѝ ја измерам силата, па се џарев во Зрновски збунет и беспомоќен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ама, ставајте утре порано да изврте Митра семе и да и пораниме сивчевци, оти, лебами, коа бајади ослабеле!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Значи, малите балкански држави, иако на вид и да не играат улога во решавањето на македонското прашање, кое како да е само во рацете на големите држави, всушност имаат најголемо значење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зар апсурдноста на повикот од еден државен систем со кој не се идентифицирам може да ме регрутира и да ме испрати на фронт каде ќе ми ги истурат цревата за цел која ми е далечна колку и септичките јами во некое од предградијата на Рио де Женеиро, може да се нарече морален, а моето дрогирање да се оквалификува како неморално?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Инаку, може да испаднам и да ме загуби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ќе стаса ли и Дедо Мраз, со своите еленски стада да расфрла снегулки од торба и да ја види оваа олимпијада? Ене го, вјаса... Ќе стаса.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Мислев набрзо да се отарасам од неа и да си купам нова кола, инвестирав 0 евра во моторно масло и останати делови.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А реченицата прекината продолжуваше вака: „... да не може да го види ѓаволот; а едниственото место од кое тој не може да те види е неговото место; посакува, велам, човек да застане на местото негово, на местото од нечестивиот, и да види што тој гледа; а гледа сигурно слово поинакво од она што е сочинето од книгата“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Државата и војската имале формирано свои сопствени сигурносни и контраразнавачки процедури, а армијата и морнарицата формирале одделни служби за дешифрирање и читање на информациите што пристигнувале од дипломатските претставници на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дури откога помина едно време без никој од нас да зборува, тој се обиде, како што правеше и порано, да се повлече малку наназад на столицата и да се исправи, во посигурна и постабилна поза.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ПОЦКО: Така те сакам, куме! Да јадеме и да пиеме! Рани душа да те слуша!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но, откако не успева во тоа, и откако пропаѓаат и обидите да ги убеди останатите вработени да покренат колективна тужба – тој, кон крајот на 2006 година, одлучува индивидуално да поднесе тужба за иницирање на судска, граѓанска (парнична) постапка и да поведе работен спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Немаа крилја, но имаа силни раце и цврсти рамена за да пренесуваат ранети и да носат на врв рид сандаци со муниција и долги букови трупци за градење бункери и силни дланки за држење лопати и казми за да копаат ровови и од таму, од врвовите, гледајќи во далнината им се чинеше дека ќе ги здогледаат своите чеда.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Прашуваше има ли некаде во Европа старски дом за сиромашни галабици на кои, нели, не им личи да пцовисуваат на улица, а и да сакаат веќе не можат никому да му се одмаздат за беспарицата што им ги кубе крилјата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тој прво, со управата на радиото, се обидува спорот да го реши спогодбено – вонсудски и со мирни средства.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Авторот не гледаше потреба лично да го сретне и да го интервјуира Еда Бранов од Битола.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Значи, последниов не е неумесен во сегашните околности и може да ни даде само добри плодови, но не и да ни напакости.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Колку ми е потешко, толку повеќе да сакам да зборувам и да потпевнувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сакав да се крие пред своите врсници и да плаче ноќе заради мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кажуваа дека четата што била пред нов имала кавалџија и војниците, сите што биле слободни од должност, оделе на некоја ледина да им свири и да играат оро.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Да се затворат очите, да се искорне во себе макар и последната трошка покорност и да се...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Те бараме да ти кажеме и ти да знаеш и да сториш нешто“, ми рече Михајло. “Сѐ ќе се исуши, и сѐ живо ќе цркне“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Заборавил кутриот Панделиј како се кове сабја и како се замавнува на туѓа глава, научил да молзе кози и да го згуснува млекото во сирење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оваа книга е обид да се направи нацрт на полето што го опфаќа оваа дисциплина, да се покажат резултатите од досегашната работа и да се укажат правците во кои би требало да се вршат понатамошните истражувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Успеав да не се помрднам и да останам цврсто в место. Тој сфати.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пред средствата за смирување, електрошоковите и лоботомиите, третината од сите оние што доживеале нервен слом и со дијагностицирана психоза биле примени во болница, покажуваше тенденција потполно да се среди и да излезат за три месеци, и тоа без било каков третман, којшто денес по правило се дава веднаш по приемот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Седиштето на Врховниот суд е во Скопје (чл. 26, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Малиот имаше дваесет и две години и беше многу впечатлива неговата желба да доминира и да владее со глутницата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И да сакам, не можам, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Езерото го прими како распослана јамболија - да се валкаш по неа, газ преку глава, како брндаво детиште со крастави колена, да преташ со нозете кревајќи облаци пена и да се превртуваш на сите страни како риба во мрежа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Започнаа со некоја балада, Александар ја имаше чуено неколку пати на радио и немаше некое посебно мислење за текстот, но овој пат, претпоставуваше поради пејачката, песната почна по малку и да му се допаѓа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Стоеше, сѐ уште свртена кон него, обидувајќи се за сето време на тоа земање мегдан на двајцата да украде некој миг и да се полиже по левиот заден колк, а притоа не испуштајќи го ниеднаш од погледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не се сеќавам што би рекла мајка ми во ракописот што ни го остави за да ни каже колку малку им се посветуваме на оние кои не сакаат, колку време мина од разговорот со неа, еден или два часа, кога ми се јавија од клиниката да ми кажат дека и е лошо и дека не знаат дали ќе и издржи срцето!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но сега, повикувајќи ве да истраете во битките свои и да не потклекнете пред душманите што сакаат да ве нема од земјата ваша, сакам да ви го кажам ова: блажени се оние што го љубат името свое, та со делата свои го воздигнуваат, оти така го слават и Бога што тоа име според волјата своја им го дал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И ене ги двоножните кртици, што ја ријат земјата по цената на своите животи; излегоа од своите дупки и се назагнаа на долчето да се расонат што побргу, и да влезат да ѝ ја буричкаат утробата на земјата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Револтирана од ова, Зефиќ вели дека „оваа инспекција кај нас за џабе постои“ и со право констатира дека трудовите инспектори, при било каква реакција од работник, само одат кај директорите „на посета и муабет“, попатно го бараат досието и божем прават записник – а сѐ со цел да го прикажат во нивните извештаи и да покажат дека нешто работат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Подоцна, во кафулето, сега веќе само Ана додека одблесокот на Маргарита се повлекуваше пред стварноста создадена од чинцано и зборови, рече дека ништо не разбира, дека се вика Мари-Клод, дека мојата насмевка на одблесокот ѝ причинила бол, дека во еден момент дури помислила да стане и да го смени седиштето, дека забележала како ја следам притоа не чувствувајќи страв, токму тоа беше противречно додека ме гледаше в очи, додека го пиеше својот чинцано, додека се смешкаше не срамејќи се што се смее, затоа што речиси веднаш го прифати мојот препад среде улица.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го чекав автобусот што требаше да помине од тука и да ме однесе во Скопје. Да стигнам на погребот на вујко ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сепак за сето време Претседателот продолжуваше само да молчи и да смучи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите негови сили се насочени кон тоа да ве изведе на широк пат и да ви даде насока кон вистинскиот, плодотворен живот...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тој предложи да се сокриеме некаде и да ги следиме (сега разбирам дека и тој беше погоден колку и јас и дека сакаше уште таа вечер да расчисти со Луција: колку смешно – што да расчисти, кога ниту јас ниту тој немавме ништо со неа?); така ќе сме виделе која е девојката со Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- А една воденица - ништо. И дете од колепка ќе ти ја урне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2. Од збор до зло-дело Се згрозив, Бела Троице18живата реч ја сведов на зашеметен шум зелен страв и црн смев иронија алегорија карикатура убавото го нагрдив оти видов на секоја педа од домот мој похота по туѓ имот стрвност по стихијност ставање рецки на почеток и крај во историјата (за да може да се викне „мое“ и да се потегне!) оти видов луѓе се насладуваат во јадот на ближниот се ситат ненаситно еда просто ситење својствено човеку створу божјему, ѕверу, укору! оти очите ми претекоа од гледање зборот ми се преврте наопаку - опак камшик очигледен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
—Не сакам да ми помагаш, море, токо да не те лаже ѓаволот да ме издадиш, та за помагање нема што да ми помагаш ти мене, кога ни сам не можиш да се поможиш, — му одговори остро Толе и пак го нападна што беше причина баш тој — Бешот — Толе да влезе во Организацијата и да земе учество во борбата, која по трагичниот свршеток се претвори во црни резилаци и срамови, од кои еден дел и Толета го притискаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Околу централното наречје треба да се групираат сите наши научни и литературни сили за да го очистат и да го обогатат со сокровиштата од другите македонски наречја и да создадат од него еден убав литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но со тоа јас не сакам да кажам ние да престанеме да идеализираме и да живееме со народни идеали.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во ушите, како и тогаш, почна да му чука тапанот и да му писка зурлата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Татко ми беше многу фер човек, кога дозна дека татко ѝ на стрина ми работел кај еден Србин, тој ѝ рече на стрина ми: Да одиш да си го земеш татко ти, тој е стар човек и да си го гледаш тука, има за сите леб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Просто можеш да јадеш и да пиеш од него!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Инаку Рајна воопшто не беше навредена од грубото однесување на Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во таквите куси мигови, кога успеваше да заплива сам во таа белина, чекорот му стануваше лесен како на елен, а во него се насобираше некое гнездо топлина, што раздразнува меко, гаделичкајќи го во градите, и му беа потребни само уште неколку такви, длабоки и слободни здивнувања, за да ја изгуби сосема тежината на туѓото присуство и да запее, да вресне нешто без смисол и без ниеден збор, само еден див долг и ослободен вресок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа попусто ќе настојуваш да се сетиш на сите поединости што си ги видел бидејќи нема да успееш да си објасниш што се се случувало во тој момент и што се си успеал да различиш и да издвоиш од сината светлина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сликата успеав да ја симнам и да ја притиснам на градите, како крадец некаква скапоценост, за која долго мечтаел да ја присвои.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој чекорел во свечена осаменост на обред во кој се кадат со темјан слабушкавите за битка, всушност не ги подавал рацете кон копнежи туку со здив, со чело, со врелина во врвовите на прстите џбарал слободен простор по чии невидливи врвици можело да се стаса до златни бранови на 'ржено море а во нивната лелеавост да се живее и да се чека на доаѓањето на русалките и девојките; со нив ќе е и таа, Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Салиери не е ниска душа: потребна е гордост, не за да му се биде љубоморен на Моцарт, туку за да се предизвика и да се праша Господ: без да се залажуваме, зошто не сум Моцарт?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потоа сите излегоа надвор, па почнаа да пеат и да играат, а кога одново требаше да седнат на своите малечки столчиња во собата, Зоки пак си седна врз својата масичка. Ова на Зоки многу му се допадна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тогаш некој рече да одиме по цвеќињата и да бараме пчели што пасат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои ситни работи, како торбата или алатот, можеше да ги спровне низ вратничето и да ги смести во ќелијата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Цврсто ги затворив очите и ги стиснав ушите со дланки, за да не видам и да не чујам што натаму ќе се случува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Винстон се оттргна малку од летаргијата. Мора да зборува со Емплфорт и да ризикува опомена од телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Националната бугарска целина, во која се однесуваа Бугарија, Тракија и Македонија, не може да се зачува, зашто нема таков етнографски центар што може здраво да ги соедини тие три земји, како што се соединети српскохрватските земји, нема среде тие земји едно најраспространето и еднакво оддалечено од сите нивни краишта наречје што да ги привлекува околу себе периферните наречја и да распространува општо национално сознание меѓу сите што зборуваат на тие наречја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, за чудење, оваа инспекција во случајов реагираше во корист на новата директорка и прекршувањето на правото на Зефиќ de iure беше „озаконето“!?.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во нашата сегашна област со голем број пратки би можеле да се движиме брзо и да работиме на поголеми цели“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кај него знај и некој од повидните битолчани да дојди и да нарача неколку пара чевли.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Или и во таквиот вид на дружење се замешани прстите на сонот, кој, тоа барем на сите ни е познато, може да прескокне секоја граница и да совлада секаква пречка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секој човек си има свој внатрешен учител или водич, него само треба да го повикаш и да го слушаш, да слушаш: тој кога те подучува не оди никогаш против тебе!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кумот не е само за тоа да крсти, да венча, туку и да пречека, да угости, да дарува.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Зарем можеше да испаднам толкава будала и да не ѝ пријдам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ми се намовнува кожата, телото ми се тресе. Тешко е и претешко да легнуваш и да стануваш со опседнатоста од неуспехот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бев решен, еден ден, тука да одберам и да подготвам место за себе и за Агна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мајка ѝ имаше смешна навика да станува ноќе и да јаде што ќе ѝ дојде до рака, веројатно сето беше на некаква психичка база.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Даме го фати Гоцета за рака, влегоа во одајата, клучот скрцна и тие се заклучија... - Тоа е поштата! - тивко шепна Даме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А тоа, и да имало некое недоразбирање помеѓу тополчанци и тројкрстчанци, од една страна, и Внатрешната македонска револуционерна организација од другата, жителите на Потковицата бездруго не биле во сѐ и до крај упатени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И ова старче, со она негово пониско рамо, продолжуваше веќе и да си ги валка своите вредни раце со некакви ситни кражбички, и беше сѐ порадосно, мислејќи дека еднаш и тој мораше да дочека среќата да му се насмевне, сфаќајќи ги за своја среќа токму тие свои поеднипати и до смешност бесмислени кражбички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа ќе беше несфатливо опасно, дури и да знаеше како да го стори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По радио јавија дека пожарот на Вардариште успешно е локализиран“ рече една од трите баби кои излегоа да си поседат пред влезот и да си помуабетат - небаре се седнати пред порти во некој далечен сокак од нивната младост.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Можеби памтењето намерно ме лаже не е исто да се доживее и да се раскаже можеби сонот е фатаморгана и сонувачот можеби оние кои ме повикаа морето да им го вратам барем со збор и не се веќе риби можеби се реслови од некој дамна свршен лов или од оргијата која претстои меѓу морските широчини на овој од себе заведен свет како и да е јас и понатаму времето го мерам со сонот нив ги препознавам во нешто сосем лично и се одвикнувам од животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
64. Бугарија, како покојниот српски крал Александар, се објави самата за полнолетна и зафати самостоен ред глупости што се наречуваа од неа самостојна политика: Ги разруши арните односи со Русија и го повика Стамболова тој да ја предаде Бугарија во рацете на Тројниот сојуз и Англија, и да ја направи нивно орудие против Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Исправен под небесниот волумен, како сваперен, сенка на некој мртов, на дамна мртвиот Никола Поцо, наслушнував да ги насетам промените во почвата долу и да видам дали се тоа победи и слава, или нешто што е подобро и да не се знае.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откако отпочна тука да се шират и да се доградуваат рафинеријата и погоните за каучук, нашите градежници уште од пред повеќе од десетина години почнаа да ги удираат темелите на многу објекти, кои денес се шират на едно огромно пространство на овој петрохемиски комплекс.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Само да го накреваат гласот и да се подземаат со него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Арсо, кој од почетокот отуѓено ги слушаше зборовите на Глигор, со интерес се загледа во него, во тоа енергично лице со широки вилици, со опнати цврсти мускули, со испечена од пустинското сонце кожа на вратот, во неговата темна кадрава коса, во јаките гради коишто силно и власно се подигнуваа како да се стремеа да го наполнат просторот на ќелијата и да искочат надвор од неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— Нека оди кој кај сака; вие гответе го јадењето! — ладно му одговори Толе и ги собра другарите да се напоручаат убаво „оти ќе имаме троа работа денеска" — им рече.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Косот пак исвирка. - Двајца да појдат и да видат што има! - повторно нареди командирот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кикицас го прекина: - По овластување на Главниот штаб наредувам веднаш да почнеш со пренесување оружје и да го распоредиш долж џадето меѓу селата Брезница и Смрдеш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако ништо друго, би сакал барем да го провтасам и да му го поносам ковчегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И да ти признаам, (барем тоа можам): љубопитството ме доведе и на твојот погреб, иако, знам, дека дури и самото мое појавување овде и во овој час ти го сметаш за некоректно па дури и непристојно со оглед на некои од нашите поранешни среќавања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или барем да успееш од некаде од подалеку да ги видиш малку поинакви, да го подзаборавиш сето она за нив, да го сметнеш тоа за нив и да ги видиш во некоја малку поблага, малку понова светлина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И токму затоа, луѓето, индивидуално и колективно, не успеваат да ги смират и да ги урамнотежат силните налети на историјата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но Дедо Мраз, не забележувајќи го сето тоа продолжуваше: - Ако бев доследен на верноста, сигурно немаше да дозволам од најголема да се претвориш во најмала и да се вратиш кај куклите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се грчел и се обидувал, згрбавен и сличен на голема желка фатена во круг на пламен да се извлече од својата несреќа и да ја види крвта на душманот пред неговата да истине во жедните пори на збрчканата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
13. КОЈ ШТО НЕ ЗНАЕ ДА МОЛЧИ, НЕ ЗНАЕ И ДА ЗБОРИ - затоа и зборливите молчат сѐ додека спијат, сѐ што слушнале преку ноќ, молчејќи до зори, преку ден го кажуваат, зошто и да го кријат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Дончо само насетуваше што значи зборот милување, нешто што кога по твојата глава поминува раката на твојата мајка или кога Митра те бакнува по образот или кога некоја тетка што не ти е мајка ќе те стисне во прегратка а тебе ти доаѓа да ѝ ги разголиш цицките и да почниш да смукаш!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На тој начин, за секое предвидување направено од Партијата можеше документирано да се докаже дека било точно; исто како што не му се дозволуваше ни на едно парче вест, ниту на какво и да е изразено мислење спротивно на потребите на моментот, да остане запишано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Исто така Македонците можеа да работат и заедно со Грците, да можеа Грците да работат поумно и да беа само Грција и Македонија под Турција околу 50 години, кога сите други балкански земји би биле слободни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Навистина, би било убаво под опојот на хашишот да ги раскине вените и да се пренесе во весел заборав.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во својата опиеност да го привлечам вниманието на Баждара и да ја здобијам неговата доверба, не внимавав кај газам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За 2 октомври, кој беше прогласен како празник на мир и демократија во светот, ме задолжија да подготвам реферат и да го прочитам пред војската и народот од Елбасан.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Според документот се предвидувало сите германски цивили да ја напуштат својата работа и да им се придружат на вооружените сили, а сите способни мажи вработени во неборбените служби можеле да бидат испратени на фронтовска линија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Почнете да размислувате како може да надоместите за тоа што се случило, како можете да го извлечете најдоброто од тоа и да доживеете сатисфакција од сопствените животни избори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но последниве, оспорувајќи му го правото на грчкиот јазик во словенските краини, сами не ќе можат да се разберат и да определат каде ќе треба да биде бугарскиот и каде српскиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И сега, кога ги следам пред овие идеолошки водичи на Атеистичкиот музеј во Скадар, тие сѐ повеќе ми личат на видените дервиши во детството, сега како вистински црвени идеолошки дервиши на новата вера кои по наредба или според болно соживување се предаваат на реторички оргии сакајќи во нивниот транс да го искоренат стариот бог од луѓето и да ги натераат да го прифатат новиот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не бил фанариот, се колнел, не веќе распоп ами побратим или брат на светиот Гаврил Лесновски, дека во манастирот пеел на јазик на кој го научил да пее калуѓерот што го нашол по борбите со аскерот на пашата Лобуд, како што го научил да копа и да јаде половина од она што можел да изеде негов врсник, парче поскура, неколку маслинки и капка вино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе видиме, што ќе видиме: секакви трговци со пропелери под брадите, дебели мешишта во кои со крајни напори се одложува свеченото кркорење на цревата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Притоа во онаа моја последна реченица посебно бев нагласил дека спомнатиот наш разумен предок всушност уште тогаш се заложил да се отфрли неконтролираната моќ и да ѝ се пријде на вистината со добриот збор, со учество на секој поединец во создавањето на таа питома разумност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но неговото чувство за тоа дека е Германец никогаш не беше застрашувачко.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш, кога Акиноските за прв пат се доселија во Потковицата, се пронесе глас, но тоа не беше вистина, дека султанот, Мустафа Челеби, Лажниот Мустафа, (1419-1421 година) за да им го остави Имотот, им понудил да преминат во исламска вера, но кога тие го одбиле, се разгневил и им заповедал на властите да им ги оберат магазите во безистенот во Битола и да ги протераат во Потковицата - за заедно со другите раетини да работат за него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И после ја натерал да врзе црна шамија и да клекне да го истажи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Зар е можно да паднат и да пуштат корен опасните бацили токму тука?“ и полека и сигурно во мачниот тек на иследувањето се создава во него нешто како обврска, одговорност за нешто и некоја не сосем определена виновност, што се создава од самата службена потреба да се наѕира во душите, во мислите...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нејќе стоење и зборување, деца, туку сака да се потрча и да се поработи. Со оф и уф ништо не може да биде.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Но, средба со Французинката немаше како за инает.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој прво сакаше да излезе поитар и да мине некако инаку, но кога виде дека не може, им подвикна на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А го родил Стефана со една жена од Кападокија, пред да се замонаши и да се одаде Богу.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Туѓа вера, наш Ѓавол! Кај и да си кај него да си! Анатемисан Натемаго!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Или барем да ме оттурне, или да се одалечи од мене, или да стори што и да било, само да реагира како човечко суштество.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, во него немаше ниеден збор за нив и тука не можеше да се стори ништо друго, освен да се останува настрана и да се молчи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За возврат, или како награда, на Поетот целосно му припаѓа привилегијата да располага и да господари со својот свет на соништата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Немаш коњ да го бодниш и да те фрли и ти пак да му простиш откако ќе се врати и со влажни очи ќе застане над тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бојан мислеше на своите. Во градите уште од некни му се валкаше мала грутка неспокој, која, со одминувањето на деновите и со непрестајното пластење на снегот, нараснуваше, почнуваше дури и да боли.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Полемиката придонесе Коница да се запознае со Гијом Аполинер и да остане десетина години во преписка и во книжевна соработка.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој е како мое дете, ама сепак, не можеше од кај мене да ѝ се јави, сакаше да се прибере и да биде во тој момент сам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
[Следува дека односот помеѓу конструктите не може да се разгледува со помош на бинарната логика]; да се користи бинарната логика всушност значи да се исфрли третиот [генерички] поим, позадинската генеричка природа и да се третира биполарниот контраст како тој да може да се појави и да има значење и во изолација.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И јас кај мене зедов работници да ископаат и да пуштат цевки од главниот канал до куќата и платив водоинсталатер, го платив Ацета Ружин од Лерна, да ми спроведе вода во куќата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го виде како легна пред гавазот, како ги стискаше забите кога овој маваше по неговите дебели меса, кои сега беа црни како шалварите, и го дочека да стане и да се прибере кај светијована си Ордана Гламнов, каде Орданица веќе ги толчеше зелените коприви со сол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- „Можам, Силјане, да ти кажам како се сторило себап за да не ни траат челадта во старо време и да одиме во вашите страни да раѓаме.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ме оплакува Мајка Додека сите вие пред прагот Со свиено колено Чекате да излезам и да ви речам: Овој облак од истрошен камен сум Јас Со зачувано Јас-тво Во самица.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Но каде е доброто? Тешко можев да го најдам одговорот на прашањето и да го испредам ова вретено.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сакав да се штипнам и да почувствувам болка за да сфатам дека не сонувам, не верував дека ми се случува ова, толку убава среќа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„Нејќев тоа да го правам... Сакав само да го потплашам и да се куртулисам од таа кучка, од таа аспидија, зашто откако ја имам земено, ниеден убав збор не ми има речено, туку ми фрла мунѕи и ми надава лоши имиња: Ушленко, Клепезе, Тололе, Шавре, Прде, Шапрдан, Ќепе...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Набрзо почна и пепел да му се качува и да го запретува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оттаму кон пристаништето забрзано се валкаа распенети бранови кои потем шумно удираа во камениот ѕид на молот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Беговите го заборавиле Мустафа -ефендија. Шуќур, се нашол некој наш казанџија и го прибрал дрипавиот ќафир во својата работилница меѓу ламарини и чекани, заедно да локаат студено вино и да пеат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја повели, седни, и на малку леб и сирење касни, да тамо ќе се разбереме за сѐ што има да нѐ прашаш и да те прашаме“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Веднаш се спогодија. Тогаш реши да ја раскаже неговата историја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Значи, во време кога војната завршува, почнуваат и сметките, значи, сите бевме исти и кој се борел и кој не се борел.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Хичкок: „Додека ја снимав Дамата што исчезнува примив телеграма од Селзник кој бараше да дојдам во Холивуд и да снимам филм инспириран од бродоломот на Титаник.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Поради возбудата што целиот ме соборува, не сум во состојба да седнам да дојдам до здив и да починам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Неговото раскажување се ближело кон крајот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но зошто би било така? Па и да е така, каква врска има тоа?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Речиси почнувам да заборавам дека може да се живее единствено од трудот на своите две раце и да се биде мирен и задоволен. Јас сега заборавив што е тоа мир и задоволство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Веруваше дека ќе може да се понесе и да се надмине себеси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Што е тоа што може да биде од интерес и да претставува воведен текст кон сопствен поетски ракопис, или поточно, - кон сопствена поетска постапка?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Отец Арсенија виде дека Стале ќе биде одличен подвижник ако го кандиса да го заборави овој свет и да се посвети на господа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но и после, и кога беше совладан од тешкиот сон, таа црвојадина продолжуваше да го глода и да ги населува неговите соништа, терајќи го и таму, и во соништата, да продолжува да се ежи и да се преметнува, да стенка и со некакво чудно завивање да им се одѕива на сите оние расплакани и закискани од ветерот лелеци на дивината надвор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Понекогаш ме совладуваше криза - навистина зошто да не се затворам во некоја далечна плевна и да не се оградам со оган?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Истовремено знаеше да се испрчи пред животот, дозволувајќи ми тој да ѝ удира шлаканици, но и да пројде низ него, како бестрашен борец кој напаѓа од страна, за да се одбегне ударот на противникот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нека ви е честито и да се ќердосате! се посегна и ја целува во двата образа. Грмна и од други усти Нека им е честито!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Стои неподвижен и чиниш чека гром од ведро небо да се огласи и да го удри.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во главата му лежеше тежината што му пречеше да се отрезни наеднаш и да ја сфати својата положба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дури по многуте нејзини лелекања што ги избегнував тргајќи ја слушалката од увото, разговорот фати нормален тек, поточно Роза спомна дека денес би можела истовремено да плаче и да се смее бидејќи во овој момент ѝ се причинувало оти животот ѝ се движел на патерици!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќе се дрзнам само да го додадам моето понизно барање: Вашето Величество да го прими моето скромно дело со благонаклоност и да продолжи да му ја пружа својата пресветла Кралска милост на препонизниот и препослушниот слуга на Неговото Величество Авторот Лајпциг, 7-ми јули 1747. 18 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На Вилка ѝ навеза ли ново кошулче? — ја праша Доста Бојана со која никаде не се делеше, та дури и на Велја сабота навалија двете еден котел, да приперат нешто ситно од децата и да набелат некоја нова нивна кошула, оти утре треба да се излезе на сретсело, а дал господ, тие двете се „брези магарици" и сите витолишки во нив ќе гледаат, а особено нивните деца: како се облечени и наружани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, дојде да нема веќе чекање и да нема што да се чека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Можеме да продолжиме за наш ќеф!“ Нели, да плачеш и да се смееш!?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш прв пат сфатив колку е точно она што го велат некои луѓе, дека полесно е и да се прими страшна вест за смрт на близок, одошто со денови таква вест да се исчекува.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Наместо да меморизираат податоци луѓето ќе учат како соодветно да ги складираат, повикуваат и да ги менуваат податоците.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ние зборувавме: „Да се биде луд е исто што и да се биде во опасност, да се прави обид да се викне за помош, а никаков глас не може да излезе од устата – грлото се напрега, и јазикот, и усните, а сѐ е попусто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но што вреди: во најмачните моменти кога војниците го решетаа училиштето со куршуми, жена ми го молеше бога за спас; го молеше да се смилостиви и да ни помогне; но ете што стори тој господ: ме остави и без неа и без детето, пуст и чемерен довек...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И башта му учини праздник на пресвјатаја Богородица, да празднува момчето осм дена и да се весели.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Тргаше од својата цигара - гледаше откосо и лукаво во несреќната, избезумена мајка ѝ, ненадејно и за неа, ѝ се роди и ја обзеде, во тој момент, некакво чудно задоволство да почека со својот план и да се насладува колку што може подолго на чувството дека ѝ се во рацете мирот и спокојството на оваа богата, чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите брзаа да му излезат во пресрет, да го поздрават и да го пречекаат во домовите најмилиот пролетен гостин: сонцето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сѐ што сакаше беше да лежи мирно и да чувствува како силата му се насобира во телото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Тина, сѐ ќе биде добро, верувај му на татко ти, - ми зборуваше низ солзите, тивко, со страв да не се разбуди Ели и да не ја уплашиме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но да го послушам уште и да не избрзувам со заклучоците.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Градските раководители, навикнати секогаш да работат по директивите на повисокото раководство, колку и да сакаа да бидат самоиницијативни немаа конкретни иструкции како да постапат со козарите и со нивните кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Штом ќе дојдеше денот, сите тие мои ноќни помисли – да појдам и да го барам (дури и телесниот копнеж по него) – ми изгледаа бесмислено.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше многу рано, иако стемнето, за да се затвори во колибата и да се осами уште повеќе отколку што беше, па ги задржа кучињата во тремот, фрлајќи им и по некое парче сирење, за што, кога би го видел дедо му, убаво би го искарал.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мене почна да ми се врти во главата и да ми се лоши.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мене, затоа, стремежот во оваа книга ми е да го испитам и да го заземам секој јаз што ќе можам да го ископачам меѓу признатиот факт за културната различност на геј- мажите и неговата одрекувана вистинитост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во долниот дел од фотографијата, во две колони, со нејзин ракопис, беа испишани стихови кои зборуваа за човек кој од својата педесетгодишнина го гледа во себе детето како се искачува по ридот, торбето назад, усните издадени напред, брза кон високата прозрачност од каде што се гледа светот, големите кули и градови, се искачува упорно и постојано, за да го дофати и да го осознае она што сѐ уште му е скриено, далечно и тајно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Цело време сестрите се над мене, а јас не знам од кај да почнам да го чистам и да го сакам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не стаса да ја изусти и последната желба: да го стуткаат некако во винско шише и да го пуштат да се изнаплови по морињата, барем така еднаш да види море.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се плаши да отвори прозор за да Фјодор случајно не одлета над стреите Келнски и да не се насука на врвот на Келнската катедрала каде што живее малиот но недопирлив бог на рационалноста и мајсторството, кој е многу кавжлив и терсене иако има долга бела брада како Дедо Мраз.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Имаше наши измамени на патот на јагулите, останати довек в туѓина, со аманети и последни пари да се испратат по смртта коските во родната земја, верувајќи дека само таа може да ги прими и да им даде спокој, да ги стопи во дното на копното, како јагулите во дното на океанот.“
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Иако уште млад, тој мораше да оди на дрва во Караорман, сам да бере дрва, да ги продава во Струга и да ја издржува целата куќа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ме повика техничкиот уредник да го проверам испланираниот весник и да го одобрам за печатење, за влегување во ротација.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ние власите најарно знајме шо значи да немаш и да не си навистина на свое, или пак то шо ти следи и го имаш да ти го оспоруват, негират.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- „Така си е тоа. Вие сте како и сите ние. Кога ќе помислам дека глупаците тврдат оти на нашево време му недостасува поезија – небаре тоа нема свои надреалисти, свои пророци, свои филмски ѕвезди и диктатори!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Затоа ми се обраќа со молба за помош, за да не ја суредат неговата сакана ќерка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дури и месечината да удреше во планински врв и да се распрснеше како фрлена диња на камен, не ќе се исплашев повеќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе чуеме, онака занесено и замижено, што ќе чуеме: едночудо посетители машки запнуваат да го спорат тркалањето на сопствените тајни и да ги спастрат под сенка музичките акорди.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ако таа е Асенета, може да се претпостави дека сепак ќе ви понуди да седнете и да ѝ раскажете што сте сонувале претходната ноќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На крајот, сите итаат да си ги покријат ќелавиците со хох- цилиндри и да стасаат да плукнат од мостот пред да замрзне убавата сина река.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сѐ добро испадна со мојата болест, а чувствувам дека ти повеќе не ме сакаш, можеби е друга во прашање, но што и да е не се измачувај“.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тоа беше нејзината изразена свесност, за сегашниот момент, толку јасно забележлива, што дури и најмал шум, создаден од околниот ветар, можеше да ја натера да мрдне со клепките и да ја промени положбата на лежење.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нашите интереси треба да си ги изучиме и да си ги заштитуваме сами, а не да ги даваме во туѓи раце за да ги експлоатираат малите балкански државички.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Алуминиумското ѓезве, што вриеше контролирано, сега почна да пувка и да ика како да протестираше против некоја неправда.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Татко ми велеше: „Маж во куќа, тоа ти е неопходно зло - за да се замешаш во народот и да не бидеш различен по таа основа“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И нас со здравје да ни дојде Анѓеле и да ни донесе, и ние да си имаме. Си работел со ум...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Искикоти му се в лице, предизвикај го, да те гони и да не може да те догони!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ретко кога работите се откриваат одеднаш со сите резултати и со сите последици, особено за луѓе како мене, кои не можат уште со првиот поглед да ги проценат сите поединости и да го совладаат сиот волумен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ние, освен тоа, можеме и да не ви дадеме камења. Повелете, еве ви го капарот и збогум, со здравје. Оставете ги нашите жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За да се разбере постмодернитетот треба, според Вашата сугестија, да се напуштат категориите како што се: општество, нормативна група (класа или заедница), социјализација, контрола, и да ги замениме со категориите „социјалитет“, „станиште“, „самоконституција“ и „самоздружување“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се плашам да погледнам надолу, во водата, а камоли да скокнам и да пливам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Очите ѝ беа поубави од кога и да е; косата ѝ паѓаше до половината; беше седната на кејот до мене, сосема нестварна; ми беше на самиот дофат од раката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- А ти, економист, а? - по некое време разговорот се пренасочи на мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Оттаму и мојата додатна согласност на погребот да присуствуа секој што ќе пројави желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Детето малку заостанува. Би сакало да притрча и да се обеси на коњските узди, да се фрли пред колата. Но не го прави тоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Туркаше на вратата за да го скрши резето и да излезе.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Излишно беше да стане и да ја кара глувата баба, затоа што таа почнуваше да плаче и да се жали како тој е неблагодарен, како таа го израснала, пелените му ги перела, млеко му греела во ниедно време, работела и дење и ноќе само за тој да стигне до комфорот во кој е сега, само за да има нешто да му остави, барем едно станче за кое нема потреба да печали со толкави маки како што печалеле таа и татко му.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А продолжи само да стои крај таа дира, пробиена длабоко во снегот меѓу стеблата и да ги гледа двајцата како се лелкаат, оддалечувајќи се.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За тој ден Иван Степанович смисли дека не би пиел не затоа зашто не сака туку божем бидејќи не смее!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од еден член на Партијата се очекува да нема лични чувства и да нема падови во ентузијазмот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури, имаше моменти во детството, кога во својата фантазија се исправав дотаму, што би бил готов да убијам, за да ја симнам таа навреда од нашето семејство и да ја спасам неговата чест.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„А со она, со мажачката, што сѐ ти следува, што сѐ ќе ти биде одредено да носиш и да трпиш, тоа е сосема друга работа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Другарчињата беа добри, креветчињата беа меки, но што вреди сето тоа кога мораше во одредено време да се станува, да се јаде и да се спие!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во животот има две алтернации Она што го одбираш и она што го одбиваш Сакаш чини метонимии или алитерации Двојно губиш одошто добиваш И да се во право твоите аргументации
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ни гајда ни грло се има кај нас за песна - пред три години ни заклаа неколку момчиња. Тагуваме и си го носиме крстот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да не беше тоа прва наша средба и да го имав запознато Игбал така како што сега го познавам, сигурно ќе го замолев да ми објасни подетално што се тоа западњаци и источни цивилизации, ама таа ноќ, тогаш, не сакав да помисли дека сум незнајко, па решив утредента да го прашам брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во непознатиот крај низ кој минувам немаше населби и немаше обработена земја. Никаков знак на човечки живот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Вака беше третиран како обичен инкасатор кој дошол да го види водомерот и да наплати вода, а притоа го затекнал домаќинот и домаќинката, онака разгаќени, неподготвени за неочекуваниот посетител.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од утро до вечер рмбаа на малото парче земја кое што го имаа за да може тој да студира и да стане адвокат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Работната атмосфера стана особено тешка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како читател често насетуваш (но неретко знаеш и да промашиш) во која насока ќе те одведат зборовните игри...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Помина уште еден час и да не заѕвонеше телефонот Ѕ ќе се загрижеше најмногу на цел свет!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ме сместуваа во сферата на граѓанскиот сектор и велеа дека таквата активност се коси со работата во нашата професија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јова или која било, ќе ги наложи со коприви и сол за да им спласнат сињилата и да можат утре да издржат повторно додека да се смилува Мефаил да ги пушти дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа рака честопати знаеше да дофати некоја ситна работа и да ја повлече, а откако ќе го оставеа дуќанот, оној ќе го извадеше украденото и ќе им се фалеше пред сите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но и ние треба да бидеме претпазливи и да внимаваме на каква било стапица, зашто јасно ни е на сите како оченаш: се дознае ли нешто, отидовме во неврат!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Според тоа, кога ќе стигне и, штом ја сфатиш целта, содржината и прописите на мојот царски указ, да работиш и да постапуваш врз основа на изложеното, да вложиш многу напор да стапи во сила мојата висока наредба и да се трудиш на споменатата раја да не ѝ се прави неправда и да не ѝ се додева.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И твојата земја убава со друго име пред тебе да ја крсти, прекрстуе, коските свети народни паднати за слободата, од гробот да ги скорива, по сокак да ги разфрла, и со нив да се подбива, а ти да гледаш со очи да гледаш и да црвееш и нити збор да не можеш да кажеш, да му одвратиш.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Можеше да го осудува Голдштајн и да бара поостри мерки против мислопрестапниците и саботерите, можеше да грми против злоделата на евразиската армија, можеше да го велича Големиот Брат, или хероите на Малабарскиот фронт - воопшто не беше важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И да сониш и да бдееш во тебе пеат и каменот и дождот служејќи му на зрното што зрее на дланката на летото.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
„Луцијо“, реков, „што бараш ти тука?“ Луција ме пресече и рече: „Јан Лудвик, оставете ги формалностите. Седнете и да поминеме на главното.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На моменти, додека се внесуваше во описот на јадењата, ја забораваше првичната цел да се изберат конечно стоте (без)опасни турцизми и запаѓаше во расправи, сакајќи да ја брани тезата дека постои сличност помеѓу синтезата на арапско-персиско-турската османска гастрономија и османскотурскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да ѕунам и да трепетам како листот, јас ситноода.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бев уверен, ни самиот не знаејќи зошто, дека Борис Калпак не ги сака обајцата Онисифоровци и дека неговата омраза не е постудена ни кон игуменијата Минадора.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отфрлен и потценет од угледните бегови, жолтолик, жолтоок и жолтобрад, под широката облека со повеќе коски отколку што му се нужни на еден мислител, не сфаќајќи дека попусто крева глас и дека дури и селаните бегаат од него, се решил да појде во Стамбол и да ја обвини грабежливоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се обидував да си ја дофатам опашката и да ја гризам, но не можев да ја дофатам зашто, за жал, немав опашка, ми ја скратиле славната еволуција и оние, таканаречени, културни придобивки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На војниците им иде да пукаат во прозорците. Да пукаат и да пукнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој е јунак, а ти најлошата тетка на светот, - гневно си мислев, посакувајќи да го имаме вистинскиот спреј од Љубета и да ја прснам за да заспие, па да спие сѐ додека се вратат моите од Кан.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Избегнуваше да влегува во вигната и да се доближува до Стевана.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почнува, најпосле почнува! Не можеа да сторат ништо друго освен да стојат и да се гледаат во очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Илко нацепи дрва за фурната и излезе до кај средсело да види што има што нема, ама една работа го интересуваше најмногу: дали ќе го најде дедот Балета да му понатолче пак да појде до Рожден, белким ќе „м'сне ала" некако да ја заврте господ надесно Рожденката и да се стори себап, да се прожени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, некои факти се немилосрдни. Колку и да сакаш, не можеш да ги измениш.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа обединување на полето на сите сфери, од некаде ми беше познато, прочитав некаде една НОВИНА дека: уште пред нашата ера Македонската силна Династија, Кралството Македонија, предводена од Големиот Александар Македонски- чии цели и определби беа сосема исти: создавање на еден развиен свет, во кој секој би бил задоволен, би цветала трговијата, културата, изградбата, напредок со соединување – преку мешање на разните култури, но и да се сочуваат националните обележиа на народите во светот. Зарем тоа не била идеа на глобализација?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Значи, пат дотолку да може да се стигне до онаа единствена куќа на Симона во Долнец и да се продолжи нагоре кон Стрелеско.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Таа е: прво, Македонија да се неутрализира за Бугарија и Србија и да се оддалечи еднакво од двете држави, и второ, таа треба да се обедини врз јазична основа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ниа Мусинските, Остречките, Канатларските качаци, нема пазар да не излезат горе по Слива и да не и оплачкаат нашите пазарџии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чудовиштето пребрзо го извлекло опашот од просторите на наквечерината за да стане стопан на сѐ во мракот и со издолжена, од старост испукана или крастава ако не и лигава шија, да се наднесе над нив и да им го души тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој не се насмеал; рекол дека ни мајка ни кобила не родила калуѓер или оџа што ќе му суди и пред сите ја завлекол раката в гаќи да се драпа кај што не го јаде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само такви можеа толку да се зближат и да го одржат толку отворено и актуелно козјото прашање, да ги зближат толку силно овие различни луѓе на Балканот, во што не успеваа верите и идеологиите на сите изминати империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како и да е, додека го вадат од водата, од него ќе испадне „бакарната книга“ испишана со „непознати букви“, и тогаш , со еден странски восклик („о, возљубени читатели“) искорнатото срце на авторот пак ќе зачука во градите, и тој со „ангелска леснина“ ќе летне „кон својата татковина, кон дома“, со книгата можеби напишана а можеби ненапишана.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Малчо реши да излезе надвор, во градината и да си скине некоја праска, зашто не можеше да си легне гладен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И ѝ кажав и за клинои, ако детето многу се моча, и ако е крепа во ципите, да земе трипати по девет зрна грав и јачмен и да ги остави да ги намоча детето, и после да ги извади од под детето и да појде меѓу две води и со зрната да го боцнува детето и да вели: „Ако се сувите нека одат посуво, ако се водените, нека одат по вода.“ 60
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Треба да ја чуваш. Да не ѝ ги кинеш ливчињата, да не ѝ ги кршиш гранчињата, да ја браниш од гасеници и да ја поливаш.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шумовите во собата го тераа да мисли на Јана и да ја сонува, не в парк, каква што ја знаеше, туку в кревет со тој црн лекар, одмерен и пресметан дури и во љубовта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дури и да се фрли врз него во ова темничиште во кое се наоѓаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Додека тој се излежуваше, размислувајќи за своите благодати, во дворот срамежливо потскокнуваа мали кафеави зајачиња; ќе го одминеше јато синкави еребици со бели шарки на главата, во еден ред, прелетувајќи дваесет јарди; по некој клукајдрвец во лов на тарантули, ќе скокнеше над оградата и ќе го поздравеше со мавтање на долгата опашка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само се чуди како се случило тоа, кои биле нештата што го довеле до тоа, некогаш умен и разборит човек, сосема, сосема да му се подведе на еден дошлак и да се отуѓи од ќерките и сопругата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Седеа разговарајќи со часови на правливиот под со расфрлена слама, станувајќи одвреме навреме час едниот час другиот, за да фрлат поглед низ пушкарниците и да се уверат дали некој доаѓа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие, старите луѓе, се мртви веќе двеста столетија, но го оставија овој град за да поздрави и да ве дочека.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Па, главната улога е тоа што морам да се однесувам како адвокат и да ја бранам сопствената работа, да бидам подготвен во секој момент да дадам отказ и да се повлечам, зашто не сум навикнат - и навистина нема - да се потчинувам на произволната уредничка контрола.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да си појдат дома, да вечераат и да си легнат, заедно со кокошките, со добитокот...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беше на едно високо скеле, сега веќе ѕидар, а некаде во него, вкоренувана низ сите оние изминати години, долги, од неговото детство, почна да ги подава своите отровни повитки, една ужасна бездна, да се отвора и да се длаби пред неговиот поглед и да не му дава мира да се размавне и да работи, како што знаеше тој, како што работеа сите други мајстори, и во сонот опоменувајќи со длабочината на провалијата под него, ниеднаш не позволувајќи му да подзаборави, да си ја сочува онаа свикнатост со не.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тие ќе продолжат да молчат и да те гледаат вака будалесто поднасмевнати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таму, о Грамос, таму де има слабодна територија, има многу крдари овци и купови волна. Куповите високи, на, до там горе. Ама нема кој да влачи, кој да пренди и да плети...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да видиш како тој ги имитира пејачите, да умреш од смеа, како нив да ги гледаш и да ги слушаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми ја оттурнуваше Августина, а потоа дојдоа чуварите и ја одведоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше нешто необично што останало за змијата додека лежеше таму на приквечерната светлина, нешто сугерираше на моќниот маѓепснички човек од примитивните времиња што чувствувал за змиите, гуштерите и рептилите за да се заштити и од злото и да ја повика добрата среќа, нешта што тој ги обликувал во слики од сребро и од злато за да ги носи како амајлии и талисмани, па дури и да ги обожава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секое скршено делче од моето срце се соедини со ветрот и одлета во бескрајот, таму ќе те пронајдам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И,сега тој може да му одговори нему гласно и со намавнување, а потем бригадирот Језекил продолжува по разгазениот снег, со долгата пушка на повисокото рамо, додека тој во себе довикнува по него да излегува и тој понекогаш напред и да разгазува, да не го остави постојано да го цепи снегот само Претседателот, бидејќи тоа знае ѓаволски да измори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На полјанката каде растеа имаа простор да раснат и да ги шират своите гранки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ми фалеше да бидам шмизла и со шмизлите другарки да одам во шопинг и да трачарам по кафулињата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Небото се иссипаничави, на неговата кожа стежнуваа многу такви парчиња месечина, потоа се движеа свијокливо, се прогонеа меѓу себе и прскаа кога ќе се допреа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Белки не си заборавил дека живи компири се јадат за да добиеш висока температура и да отсуствуваш од писмената по математика.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ако мозокот веќе станал жртва и дел од сексуална експлоатација на разноразни западни или наши политичко медиумски садисти, ред е да им се пружи отпор и да им се каже СТОП, ДОСТА Е...
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ми иде само да одам и да викам: ,И вака не чини, и така не чини, и вака не чини, и така не чини".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш еден пријател ме посоветува: - Мавни се од глувчешкото пријателство, зашто може да се случи, не ти нив, туку тие тебе сургун да те пратат и да не те вратат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе му ја врати ли тепсијата? Алергична да не е на ореви?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дури откако ќе го направи ова, тој внимателно ги допушта во системот оние ставови коишто ги поминуваат неговите тестови за извесност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Што бара од него Глигор? Да учествува и да му помогне во неговите подготовки да избега од затворот. Да учествува лежејќи на одарот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но не им беше на сите дадено да наѕрат во тајната на мајсторската работа и да ја откријат нејзината убавина, којашто еднаш почувствувана, останува за цел живот врежана во срцето, како нешто најсилно, најмило и најсакано.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Имаше впечаток како сѐ околу него да набабрело и прокапало, дури сега можеше да ги види и да им се радува на покапаните капавици од својата стреа, што се цедеа во густи шурки и ја длабеа белината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Луњи да кршат и да не го скршат Земја да се тресе и луди ветришта и суводолици тоа да расте над нашата несреќа високо - На него да се обесиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И покрај тоа што сега раскажувам за сите овие работи како тогаш многу да ми биле интересни, морам да признаам дека единствената работа што ми беше на ум беше да отидам во тоалет и да се отарасам од тридневното пеколно тегобно чувство.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Подобро било да поверувам и да паметам дека сите тие девојки (а помеѓу нив се наоѓала и мајка ми) што ги служеле арабаџиите и трговците додека работел анот на Дуко ми биле по малку и мајки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И дење и ноќе и под снег и под дожд и по виулица и магла треба да знаеш да ја растуриш и да ја наместиш пушката...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Така да сториш и ти. Да слезеш на земја и да почнеш со реализација на своите илузии.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Доаѓам до едно клупче, една од оние мали простории полни со машини, каде можам да раситнам и да претворам пари.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Луѓето се посиромашни од кога и да е, но со големи идеи кој го чекаат денот да бидат исполнети.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тие што тогаш се покажуваа како шефови, лесно можеа и да напредуваат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А малце потоа и како да го наслушна неговото неизговорено додворување дека решението да живеат како што умеат а притоа и да го искористуваат најслаткото од животот е нивно и само нивно… а на оние горе, рамнодушно им ги отстапуваат грижите и вечната жед.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Тешко е, не велам, - продолжуваше тетка Рајна, со две деца ретко некоја ќе се нафати да ги гледа, но, ќе се распрашаме однапред, сѐ ќе ѝ се каже, па може и да се најде.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Да му речам на Луис Марија: „Да се земеме и да ме однесеш во Будимпешта, на еден мост каде што има снег и некој“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кажуј кои сет лошите луѓе или и тебе ќе обесам како оние магариња таму.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Отсега натаму тој ќе мора не само да мисли исправно; ќе мора и да чувствува исправно и да сонува исправно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во возот разговаравме; тој ми расправаше за неговата кариера во циркусот и за љубовта со Ина Коленина; говореше дека во таа љубов и тој и таа влегле со некаква студена страст, и дека, во суштина, ништо не му недостигало; дека бил среќен и дека немал никаква причина да ја остави Ина, но дека сепак, решил да го напушти циркусот, и да ја остави таа жена; токму затоа што немал никаква причина, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Ајде, ќе седнеме онаму, во грмушките и спокојно ќе уживаме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа бил удар од кој се паѓа. Кој е тој господ што едно вакво раскашавено човече ќе го стори видовито во името негово да гледа невидливи чудовишта, да ги слуша и да ги чувствува со мирис?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Гледајќи ја таа негова беспомошност, живеејќи постојано во болка и напнатост, често ѝ се случуваше да сонува како и таа ослепела и се будеше исплашена и испаничена: одеше на огледалото да се види и да си ги измие очите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гладното и полно со болни превивања тело имаше само еден единствен начин за да ја испрати таа продолжена темнина, за да ја превиди и да се скрие од неа, а тоа беше сонот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа, ако сакате да го запознаете Зоки Поки, првин ќе ви препорачаме да ги прочитате приказниве за него, а ако и покрај тоа сакате да го сретнете, ќе мора да појдете од она што сте го дознале за него, и да го барате. Каде ќе го најдете?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На некои работи луѓето не можат да се навикнат, но на крајот се е за луѓето, болката, тагата, грижата, разочарувањето и осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го послушав, зошто тој ми даде очи да го видам гревот, тој ми даде душа да го простам тој грев и на крај ми даде голема награда за да ги исполнам своите желби и да го живеам животот како што заслужувам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јосе Натемагото почна и на девојчиња да им гледа и да им претскажува која кога ќе се омажи и каков маж ќе земе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На крајот се донесе паметното решение: да, се прибере Толе во мрежата на Организацијата и да се исползува, како неговата лична храброст, така исто и неговиот легендарен авторитет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дончо ( Тета Чана го викаше Доне) не изгледаше дека е роден во иста година со неа, дури и во ист месец, ама не и во ист ден (само близнаци можеле да се родат во иста година, во ист месец и во ист ден), оти тој беше уште еден нејзин бој повисок, два пати поширок во грбот, а за главата и да не се зборува - тетка Чана му велеше дека има шиник глава!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Одбивајќи човекот да го одвојат од фактите што го детерминираат, трагајќи по вистината на неговото битие и по клучот за неговото однесување во силите кои - како јазикот, расата, историската традиција - управуваат со него а тој самиот за тоа и да не е свесен, тие утврдуваат дека Алзашаните зборуваат германски и дека културата им е германска.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На крајот пак од летото, отидов со нокти да го отворам тој гроб и да го прашам човекот внатре, зошто во сите години, во целиот заеднички живот, молчел за она што го нагонило да изгради брана и да го потопи Долнец?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Љубителот на алкохол у секое време може да тркне до најблиското продавниче и да се снабди со пиво, вино и ракија, за разлика од кутриот џанкер, кој мора да го брка маалскиот дилер, а воедно и да се крие од алфи и џандари за да не заглави у ќорка поради 5 грама трава.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тогаш требаше да се повлечам, незабележливо и на прсти да се искрадам од оваа куќа и да се вратам во својот град, во стварноста на својот век.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Стопати ти напишав и толку пати се избришав, но тоа беше вентил за мојата душа, исполнета со таква тешка, смртна тага која трае и се прелева од една во друга форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во ретките мигови кога сум печена свинска глава што го гризе забранетото јаболко, посакувам да сум покрај езеро, да си ги шлапкам нозете во водата, да се појавиш ти штотуку изгонета од Рајот и да влезеш во езерото, а јас да се радувам гледајќи те како го покачуваш нивото на водата со твоето дебело тело.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во тој момент заѕвони мобилката на Азра, таа се изви наназад за да го прекине повикот и да го исклучи телефонот, но не успеа, па мораше да стане од креветот, го зеде апаратот и со него отиде во купатилото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пусти Силјан тогај дури се сетил оти штрк е и може син му да го удави и умре, ако не беше му свикала мајка му на Велка да го пушти од раце, и умирачка ќе си го најдеше, чунки можеше да го врзе Велко со еден сиџим за нога и да си игра со него, како што си играат деца кога да врзуваат врапчиња и чавки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се сеќавам, некаде сум прочитал, дека немоќта човек да се изразува и да се менува преку акција, ја прави разликата меѓу смртта и животот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако ова е премногу сложено, мора најнапред да се преправа дека не ја чувствува страста што навистина ја чувствува, потоа да ја глуми страста што не ја чувствува и да се преправа дека некои силни напливи на огорченост, омраза и завист се невистински, или не се случуваат, или се нешто сосема друго.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа што требаше да го стори беше да не каже ништо и да го натера да поверува дека неговата шега е јалова.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Коњот бревташе од нејзината тежина, а и Дукле имаше голема мака помагајќи ѝ да се качи и да слезе од коњот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ноќе знаеше да ме разбуди и да ме вознемири со нејзиното прашање: „Радо, јел’ капе ово моје“?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Гледај!“ од џебот извлече кутија цигари и запалка. „Кент!?“ извикавме сите изненадени.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ми се чинеше дека кога јас би била на нејзино место, би побегнала од дома, каде и да е, сама во светот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се прибира само навечер да преспие и да го собере данокот - по некое јајце - од птиците кои му прават гнезда во куќата: гумнарче, плетварче, тресопатка, дрздалец, саријазма, конопарче, снегарка, гал, грлица, костенарче, сипка, штрк, був и други.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Би можел да плови низ неа со својот поглед, би можел да се вивнува во сите нејзини неизмерни, незамисливи глобочини и да открива секое нејзино катче по бескрајот, исполнет до пребликнување од сите оние црвеникави допири на топлината по лицето, а пак да си остане отпуштен и така сосема, сосема мирен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Токму тогаш да намине таму и да ја најде својата невеста како руча со друг маж, кога таа требаше да биде дома во својата кујна, тоа беше доволно тој да се разбесни, а уште повеќе да влезе таму и да ја види како се држи за рака со друг маж.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се разбира, Мисирков овде нема цел да го проследува тој процес и да го анализира тој поим.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во својот познат есеј „Поетот за критиката“, Марина Цветаева, ќе рече: „ Сè вслушнувам во секој голем глас, кому и да му припаѓа тој.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
2. Io, Io!!! ова е окото Погледнете го ве молам раѓањето од ферментација на купишта скршени слики што никој не ги сфаќа сериозно погледнете го раѓањето ве молам Афродита (онака дрочна никогаш несилувана шуплива ко јалова школка а убава но морално подбивна) надоаѓа од периферијата кон центарот на овој неподвижен свет во ова време разјадено од премногу иронија да ни го расплаче мајчето да ни го згорчи лепчето и да нѐ подои со античка свежест Ова е окото Io, Io!!!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Што му е на човеков што се зашил за неа, а никогаш не разговарал за што и да е.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Меѓутоа некако се чувствував како да сум тука за да ги забавувам и да го пополнувам времето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Повеќето од нив имале пушки и кубури, запленети опинци и нешто пари, барут, тутун и јадење - леб и тврдо планинско сирење, додека другите, оние понеснаодливите, се задоволиле со јатагани, ками и ножови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Почна да ме малтретира за да го погледнам и да му кажам барем еден збор.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Ме пратија Горјан и Огнен - почна да објаснува Трајче - да ти ги донесам дрвата, да ми дадеш сол и да ми го закрпиш самарчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Зашто напорот да се одделат од традицијата ги доведувал до едно усвитено место од кое, ако ништо повеќе, можеле да го редуцираат товарот на формалните, манирските и рутинските, наследства и да дојдат, како до сопствено откровение, пак до јадрото и сублиматот на традицијата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Но“, рече префектот, малку вознемирен, „јас сум целосно подготвен да примам совет, и да платам за него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако во куќата на Спира Клечев влезе Паца, не остана жена во селото што не сакаше да наврати да се изнагледа и да се изначуди.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа тие ѝ рекле дека е недостојно член на Партијата на здравиот народен дух да си дозволи да коленичи и да моли некаков недеклариран изрод, кловн од прв степен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А бе овој е будала, сите ќе нè истепа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но тие, жените, кучињата, што лајно беа, како да ѝ поверуваа, сенките се згуснаа во облак кацнат на земја, облак што потоа почна да се развласува и да се растргнува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа трпеливо ги бараше во него сите оние места, низ кои што можеше да се вовлече и уште подлабоко да се протне, за таму во неговата срцевина да може да почне да се загнездува и да ги снесе тука своите змиини јајца на сомневањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дај боже да е жив, ама нели не е крај нас да го гледаме, не ми го топли мене срцето – ѝ одговараше старата и се приготвуваше за две свадби во зимата што наближуваше. Да си го ожени Јошето и да ја омажи неа – Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
-„Кои работи во животот ве тераат да застанете и да живеете, а не да трчате кон крајот?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- На ваква несреќа не треба да се плаче, вели Уља, туку да се игра и да се пее околу гробовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се разбира, животот одвреме навреме ќе им одреди на овие свои избраници кога да го изведат казнувањето и со какви средства.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој мораше да ги излее низ стихови и мелодија, и да ја разнесе по целата земја славата на неговите партизани кои што „го дочуваа црвено знаме!“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Ја зеде тавата од шпоретот, пристапи кон масата и, сервијаќи му убаво шницла, му рече: „Сакам“, рече. „Ама и да не сакам...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сакав да се изморам и да капнам и, кога дојде оној благ завој каде што се вртеше кон Лерна, се појави пред мене тој, Симон. Како од земја да излезе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Судијата поединец, односно претседателот на советот, ќе определи главна расправа дури по правосилноста на решението со кое се дозволува повторување на постапката, но во тоа решение може да одлучи веднаш да започне расправањето за главната работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И да не се молиме само овдека во светиов храм, вели, и не оставајте ги молитвите само за овие ѕидови од кај што нѐ гледа синот господов и неговите апостоли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За тоа нема да се мешам и да им наредувам која.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Значи, во XIV век Македонците официјално го носеа името Срби, коешто немаше зошто да го презираат и да се лутат на него. Во тоа име тие не наоѓаат ништо лошо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Проектите за реформи и усилбата да се воведат тие не се, како што мислат мнозина, само игра да помине време и да си остане сѐ како што си било.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
МЕТОДИ: Долу, кај аголон ме пресретна шоферот на Иванов. Го испратил да те земе тебе и да те одведе кај него. И тебе и Ивана.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Мајка ми одбиваше да даде какви било информации околу значењето на таа нејзина среда во која двете ќе заминеме за Париз и ме убедуваше дека треба да бидам стрплива и да чекам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во обвинувањето се настојуваше судот да се ослободи од секакви хумани обѕири и да им изрече на обвинетите најстроги казни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Партијата се обидуваше да го убие сексуалниот инстинкт, или, ако не може да биде убиен, тогаш барем да го искривоколчи и да го извалка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш почнува да појадува, а подоцна и да руча и да вечера, сеќавања. Да! Тие му стануваат најслатката па дури и главната гозба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мора да стане, да се облече и да оди на работа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Снагата што пукаше од здравје и енергија почна да му омлитавува, да ослабува, да се суши и да се смалува, така што износените костуми му се мавтаа како околу сарак за бостанско плашило.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И наместо таа – Мигар – да повлијае на Анѓа и да ја наговорува да се потурчи, Анѓа нејзе и откри една вистина од која оваа се потресе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
5.2 Јас не знам да војувам. Јас болувам и самувам И плачам за вас ближни мои И ви велам И си велам: Доаѓа часот да се прочита бескрајноста На морето Да се состават букви од скршените линии На хоризонтот, Да се седне на островот и да се самува Под осамено дрво Што говори со древен јазик.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Борис Калпак гледаше во челникот со закана. „Игуменијата те благослови да нè водиш и да нѐ чуваш. Стори нешто.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Точно се сеќавам што потем изговори Луција: „Си ја ризикуваш иднината, Јан Лудвик. И јас ти наредувам да потпишеш и да тргнеш со мене“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лесно ни беше таа година: не моравме како другите години да крадеме и да растураме плетови како што правевме зашто луѓето ни даваа сами или ни кажуваа каде можеме да најдеме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во собата владееше тишина, а тие четворицата си подаваа некаква цигара еден на друг и скоро и да не разговараа, но затоа тивка музика допираше од касетофонот кој што во темницата не можев ни да го видам точно каде е сместен.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И така, ја одбив љубезната промоција на готвени јадења, супи, чорби и месено... зашто, ако некој треба да си оди од дома и да ме напушти, последните зборови сигурно нема да му бидат: „Да си ибеш векот, стварно убаво готвиш“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Знаеше дека тоа во оние двајца беше некаква неразбирлива желба, што ги тера сите мажи да појдат еднаш и да преспијат среде снегот, да се најдат себе си еднаш мирни среде тој снег, а после долго да прикажуваат за тоа, како за нешто големо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Останав јас сам, чинев пооди-застани, обидувајќи се да го одмерам она што беше сторено до тој ден и да проценам што треба да се направи за понатака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бургиба на надворешен план 20 години пред египетскиот претседател Садат, ќе се залага Израел да биде признат од страна на арапските земји и да се воспостават дипломатски односи со него.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бараше да му ја сликаат гајдата и да му ја пратат да ја има со себе, да ја гледа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Потоа пак ги чекаа нестрпливо неделните попладниња, за да заскитаат низ полето или да одат на стадионот и да се изразвикаат, од каде се враќаа во вечерите со по една изморена топлина во градите, за сето време продолжувајќи го оној свој ниеднаш непрекинат разговор за светот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нему очигледно неморалот којшто е најстрого забранет за нас партизаните му беше поважен и продолжи да излегува и да се среќава со споменатата девојка, ќерка на споменатиот монархофашист.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Важно за селекторите беше каква позиција има јазичето меѓу устинките на дундата, каква боја имаат устинките од внатрешната страна (бојата требаше да биде блиску до розова, не црна како на оџак, а имаше и такви и такви).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Санде целата работа, со дозвола на Никола, му ја препуштил, со полномошно, на некој негов пријател Турчин, кој, меѓутоа, работата ја свршил така што чифлиците не се продале, туку успеал да ги препише на свое име и да ги присвои.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бев го­лем застапник на брзото потпишување на Договорот за Светската трговска организација, под услов тој да важи во целиот свет и да предвидува компензациони мерки.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Откако задачата еднаш беше извршена, во никој случај не би било можно да се докаже дека било извршено какво и да е фалсификување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нешто што наеднаш може да пламне и да ги измени сите нешта или пак засекогаш да прегори дури и незапалено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Обиди се, драги мој, да го сакаш оној што со години ќе мораш секојдневно да го среќаваш, да разговараш со него и да се дружиш.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кажете го името на кој и да е друг филозоф што го задолжи човештвото?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На зајдисонце започнуваше руменилото да избива од него, како подземни вулкани, да се шири и да ја бојадисува пурпурно целата вода; птиците ги зафаќа немир, кричат и во јата трчаат по сонцето кое им бега зад планинските врвови; потпалено езерото, блескоти и фрла алови отсјаји в очи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
За секого везирот докладуваше: – Граф Никола Црепковиќ, пратеник на KB кралица Изабела од Ердељ – го претстави везирот Изабелиниот пратеник кој му донесе непријатен глас дека нејзиниот намесник фратар Георги се спогодува со крал Фердинанд да се отцепи Ердељ од султановата држава и да се присоедини кон Фердинандовата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ајде, совземи се и да прошетаме уште малку и да се прибираме, оти ако татко види дека нѐ нема, тешко си го нам.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- И самиот рече дека некој настојува да ја скрие од тебе вистината, или нешто слично – ме враќаше на поранешниот исказ Стариот писател – па и да е така мислам дека не треба да се злоупотребува едно вакво толкување на нештата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Може ли таа за атер на Бугарија да ги навреди другите балкански самостојни православни држави, чија самостојност е извојувана со руска крв и со руски пари и да ги направи тие држави да се одвратат од неа кон другите западноевропски држави и да се направат во нивните раце орудија насочени против Русија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Колку за семе останаа и машки и женски, макар половината; може и преку половината изумреа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одвај чекал навечер по вечера да се истркалаат во постелата и да го помоли: - Тате, ајде да ми кажуваш за чевлињата што ќе ми ги купиш за Велигден.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Гладна ли е жена кога се наоѓа покрај таков 'рслан што ја голта со очите, а таа сака што побргу да ја проголта и да не се освести веќе сама без него?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И немој повеќе... разбра? Да памтиш и да не заборавиш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се случи, меѓутоа, евразиската Висока команда да започне офанзива во Јужна Индија и да ја остави на мира Северна Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Сепак, – продолжив јас, – колку време јаваш секое утро? – Само ова утро, – рече тој. – Ја зборуваш ли вистината? – реков јас. – Се разбира дека не, – рече тој, – но. ако нѐ откријат, тоа ќе треба да го речеш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гаврил од САД се јавуваше секој ден. При едно негово јавување на Скајп те замолив полека да станеш и да одиме до детската соба, до комјутерот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тие и да знаат дека имаш вина, не сакаат од неа да те ослободат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го сети тоа свое испраќање како стои тука во таа безгласна застојаност, и сѐ, што можеше да стори, беше да се наведне и да го подигне на своите раце тој свој малечок другар, што и сега почна да му ги лиже прстите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пак и да се допушти оти востанието тогаш ќе биде и посилно од сега и ќе ја принуди Европа да свика европска конференција, може ли некој да предрече оти решенијата на таа конференција ќе бидат во наша полза? – Одвај ли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Останал сам, никој не му се придружил за враќање. Продолжувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Честопати ги пасев воловите и наидував на ливади со разни цвеќиња, секакви бои имаше, ќе се занесев во нив, ќе гледав разни бубачки како ги опрашуваат и им помагаат за догодина да бидат уште поубави, да се развиваат и да цветаат и тука се ставав и самата (и дури ќе заборавев дека воловите ги чувам).
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
О, боже, кога ќе го родам детево и да се вратам кај нив?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веднаш до неа се појави Дине Бочаровски со својата жена и дечињата, се смести на сламарицата и веќе не одеше во ковачницата да дува во вигната и да ги удира вжарените железа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Костадиница има нешто во главата! си помислува, си ја поткрева едната рака и прави пу пу под под мишка, што и да е, нека е подалеку од неа и од нејзината Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но волкот, во кој целеше, успеа да се довлечка до стреата, до дрвјата и да исчезне во темнината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Порешително од кога и да е, цврсто да застанеме на земја, да ги сублимираме животните вредности и да пронајдеме хармонија во душата и рамнотежа во просторот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
134 За еден правен лек да биде сметан за ефективен, тој не треба само да звучи така теоретски, туку треба да биде и применлив во практиката и да се гарантира дека со неговата употреба нема дополнително да се пролонгира постапката за заштита на загарантираните права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Се изумува дека точно тој фактор ја спречува високоселективната цензура на кортикалните центри, дека се појавуваат пореметувања на перцептивините настани, дека е тоа изменета свест на личноста дека е тоа негова деперсонализација и да се потсетиме само на кажувањата на Бодлер, Олдос Хаксли, Анри Мишо, да се потсетиме на Рембо, Аполинер, Горки.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Да ѕидаш куќи и да чувствуваш како се креваат под твоите раце високо, високо и не се плашат ни од ветер, ни од дожд.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа Бошко Манев го исплаши уште повеќе, та почна да му се моли на Дика и да го колне во сѐ живо и мртво да му помогне некако, па нека сака што ќе сака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Можеше да работи. Можеше да се напнува и да се превиткува, впрегнат, можеше да совладува и да биде среќен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Каде да ја најдат? Па таа цело време се крие по планињето и само ноќе поминува низ селата колку за да се најаде и да се стопли и наспие и тоа секогаш го прави скришум од народот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Објаснив. Да вдишам воздух, да разгледам и да прошетам.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Барем така, преку рид, преку трап, со пешник леб во едната и парче сирење во другата рака, да се пцуеме, да се караме, а не да пукаме и да се убиваме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога го спуштил крај нозе нарамникот од кој го болеле плешките, Арсо Арнаутче се обидел да ја зграпчи за рака и да ја задржи за уште еден поглед од чија светлост слатко се ошумоглавува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ете, тоа е причината, пред да се впуштиме во спомнатата авантура со прашања, брзо брзо да го симниме погледот пред нашите нозе и да продолжиме да чекориме по порано одредената патека; дури и ќе го забрзаме чекорот исплашени дека секое подзастанување или одвишно шетање со погледот може да биде погрешно протолкувано па дури и осудено од недобронамерните сограѓани.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дипломатскиот претставник на САД во Швајцарија, Хју Р. Вилсон (Hugh R. Wilson) напишал дека „Женева е толку полна со претставници на малцинства и на поробени делови, сите настојуваат да го предизвикаат вниманието на една или на друга влада, така што јас сметам дека е препорачливо да се игра крајно сигурно во однос на секој од нив и да не им се дава можност да сметаат дека ние им даваме ним каква било помош или поддршка“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Врховниот суд на РМ е надлежен: 1) да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 2) да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови; 3) да решава по вонредни правни лекови против правосилните одлуки 138 на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 4) да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежност меѓу апелациони судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и да решава за пренесување на месна надлежност кај овие судови; 5) да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во РМ, во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и тргнувајќи од судската пракса на ЕСЧП; и 6) да врши други работи определени со закон (чл. 35, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во таа помисла наоѓав нешто херојско: сакав да станам и да ѝ кажам на Луција, која сѐ така со сведнат поглед седеше на полјанката со своите другарки, додека Фискултурецот како паун ги покажуваше своите пердуви, пеејќи и играјќи; сакав да ѝ кажам: „Луцијо, еве, јас си одам“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И ќе ѝ заповедаше на домаќинката да донесе горојна и ќе го натераше попот српски да се пудри и да се бели - со горојна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше тоа она, што преку целиот ден го демнеше од зад стеблата, а сега можеше да излегува и да му се приближува и тој секогаш наново можеше да го наоѓа сѐ поблиску до себе, спружен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од него, како што може и да се претпостави, не стана ништо, освен ноторен пијаница, разбеснет во своите хирови, бидејќи немаше нешто што не му било овозможено.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Па - живна Циљка - јас знам да плетам, да готвам, да предам, да молзам и да правам урда и сирење... па, знам скоро сѐ што се прави на село...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури и да се криви и да прави со обете раце продолжен нос потсмевајќи му се на мојот цртеж.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Имено, во царството постоеше закон кој ги обврзуваше сите спахии, зависно од имотот, да спремат војници и да ги испратат во царската војска, која, таа есен, презеде, којзнае по кој пат, поход на Маџарско.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако пак тие мислат со нас да не се церемонат и да нѐ лажат Европа и нас со реформи што не ги исполнуваат, тогаш не ќе се зачуди Турција ако и ние ги обрнеме нашите погледи кон Европа и од неа бараме да се воведат во нашата татковина со сила тие реформи што се признаваат од силите европски за вистинска требност за успевањето на религиозно-националното и културното развивање на македонските рисјани 5.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Шифрантот Иваз уште од самото мое влегување во амбасадата ме задолжи со редица општи и тајни прописи кои морав само јас да ги знам и да ги чувам во мојот челичен сеф, заклучен со шифра што ја знаев само јас (а можеби и шифрантот).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Навистина, ние испративме човек од Кукулино да ви го каже тоа, со благородна надеж на разжабените усни рекол Каменчо Скитник; не можело да се разбере зошто никој не го поканува да ја земе гајдата и да им ги донесе сите птици на дланка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислам, ми помогна неговото гурелаво однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност се движам по улицата и авто-пилотот е вклучен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Заради таа горчливост беше бессилен да се спореветри и да биде она што бил.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уште една паралела со историјата на Србија: да беше Србија незадоволна од својата судбина во државата на Немањиќевците, таа ќе правеше обид да се ослободи и да им се спротивстави ним со стремежот да се присоедини кон Бугарија; но обидот ќе беше направен и ќе доведеше до саканите резултати само ако дозволуваа историските околности; но последниве не го дозволија тоа и Србија се помири со околностите и беше загубена за Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секогаш се будам пред да заѕвони алармот за да ја изгушкам и да се погалиме.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го праша тогаш Мехмед паша, гледајќи го под око ибн Пајкота: „Ако мислиш да си купиш дете од пазарот за робје, дете да ти слугува и да ти мете низ дуќан, јас дозвола давам. Ти си аза, чело на рисјаните. Само речи.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Потоа тој ја стиша интонацијата на гласот, заслабе неговото ораторство, почна почесто да ја симнува офицерската шапка од главата и да го вади крпчето од џеб за да ја избрише потта од челото и на крајот престана да говори.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Има ли овде граѓанска храброст на ова изопачено народњаштво да му се погледне в очи и да му се каже она што му припаѓа?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Доколку се предомислите и не можете да си го одземете животот, викнете некој од затворските службеници или озлогласените цимери да ви помогнат и да ви ја држат главата во вода неколку минути и самоубиството ќе биде благовремено извршено.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Можеа само да ми ја земат сликата и да ми ја остават со ископани очи, искината или издупчена со седум кома шеесте и пет или девет милиметри, да наведнат глава и да се изгубат од улицата во црна кола со скриен митралез. Ништо друго.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Решија: самиот поп Јаков, поп Димитрија од Пешта и земскиот поп Димитрија Сталев од Сатока да отидат до кадијата во Прилеп и да му ги поднесат документите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа можеше и да се очекува, зашто политичките престапници обично не беа давани на суд, ниту беа јавно обвинувани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По одмаздата од која настрада синот на инспекторот, по тој настан од кој крвта ми стана волча а лицето темно, сината маштеа ѝ забрани на Ана да разговара со мене и да ми носи книги но не бев сигурен дека на Ана не ѝ е тешко нашето оттуѓување.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
7. Во селото Орле кое се наоѓа токму зад онаа висока чука што се вика „Гарван" Толе нарача, како во Чаништа, десет брави и десет фурни леб; за него со другарите пак пет шест кокошки и две тепсии алва и реши да ја проведе оваа ноќ во една одаја со Мише Ќосото, а утре да го однесе јадењето на Маргара и да се збогува со своите не многу сакани гости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, чекањето е тежок занает. И добра школа...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, потоа на неговото лице се појавува некаков стратешки израз, потоа засилено-рамнодушен, и вам како да ви е полесно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
109. Сливница им покажа на Србите оти ако една Бугарија со Источна Румелија може да ѝ покаже на Србија еден сливнички пораз, тогаш соединета Бугарија, заедно со присоединетата кон неа Македонија, во идно време може и сосем да ја победи и да ја пороби Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Целта на вежбата: да им се даде индивидуален начин на говор на двата карактера и да се создаде замрсен дијалог врз основа на чувствата кои не се директно изразени.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сторив така птиците да пеат, шумите да шумолат, луѓето да чекорат по ливадите и да уживаат во песните на птиците и жуборот на водоскоците. Тоа сум сторил јас.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Цикличниот тек на историјата сега беше распознатлив, или барем изгледаше така; а ако нешто може да се распознае, може и да се промени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колата почна да се лизга и да ја губи почвата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
7. ДОБРИТЕ ЗБОРОВИ ОТВОРААТ ЗЛАТНА ВРАТА - сите, ко риби на суво, си раздвижуваме усти, но која ли врата денес, уште и да е златна, добар збор ја отвора, а не клучовни мустри...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Го праша како е со здравјето, како си помина на туѓина и којзнае уште колку прашања ќе му поставеше да не стаса кафето и да не го ѓибнеше на најосетливата жица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нѐ гуши пет века…”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас го пронајдов центарот на моето постоење, оската околу која се врти мојот свет, гравитација е љубовта доволно стабилна за да трае и да продолжам да живеам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Многупати врз мојава куќа се струполувала несреќа. Должен сум да помогнам, да се молам.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Законите под тоа небо биле туѓи и туѓински а тие биле должни да се тргнат од згрбавеноста на ропството и да си ги покажат срцата. Минато, сегашност, иднина, нели? Сеедно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеше да влезе во колибата, или да излезе, а да не скокне и макар еднаш, двапати да се крене на раце и да се спушти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Обидот на Аристотел поинаку да му пријде на односот меѓу душата и телото и да го надмине остриот дуализам на Платон, со појавата на христијанството паѓа во заборав.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Или претпочита некој да ѝ пријде и да ја поведе.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Имаме четириесет и три воденици и ни беа нужни осумдесет и шест тркалезни плочи за мелење. Сега сме помалку. Останавме најтврдоглавите. Дваесет и деветмина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако се придодаде на ова и тоа дека навистина таа ноќ, во вторникот спроти средата, помеѓу Богојавление и Свети Јован Крстител, Јосиф Акиноски и Васил Митрески видоа човек кој во Потковицата дојде по Градишки Пат, по себе водејќи коњ а в раце носејќи нешто завиткано небаре дете, сѐ друго остана да биде зачудувачко и да биде тајна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ова беше време да распламти и тивката битка која се водеше меѓу душите на турската баба и албанскиот дедо, да се замине навреме или да се остане засекогаш и да се пречекаат различните војски спротивставени на двете страни од границите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И сето тоа, жив оков во оков, се стеснувало и се ближело без доаѓам, немо; најпрвин ќе удреле едни и тој ќе станел несуштествување а тие слеаност во точка, и другите да доаѓаат и да стануваат дел на точката, сите - скорчавите костури, призраците со кациги и штитови и костурите со чекани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа, по долгото патување, од постојното тргање на уздата, удирање по мевот и силење на коњот, како и од жешкото сонце што ја пече, сета е во пот и зпочнува дел по дел да вади од на себе, да се соблекува и да фрла.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но со малку среќа, ќе биде безбедно да поразговараат петнаесетина минути сред толпата, и да се договорат за наредната средба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше како калемен со неа, некогаш, далеку во времето, пред да можел да почне да зацврснува и да расте. И постојано растел на тој калем.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Меѓу основните услови кои таа требаше да ги исполни беше нејзиното богатство да биде барем легално стекнато у минатото затоа што Трпе не сакаше да има работа со проклети пари и да го прогонуе лоша карма, а себеси се сметаше за суеверен.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се лизга вратата од хотелот и од него полека се извлекуваат - убави, уморени и млади, побелени во ликовите од неспиење, и, со крив чекор на растреперените нозе, брзаат дома да одморат и да се спремат за вечер.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Под прстите му се лизнала леплива топлина без мирис и без боја под неговата сенка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се чувствував подобро и можев да станам и да го оставам со сите грижи од кои се дочекува брза но не и далечна старост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја замолив да отиде на таа и таа улица, да ја земе пратката и да ми ја донесе. Ѝ дадов пари за превозот однапред во случај да сум отидена ако пристигне автобусот пред таа да се врати.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Градско девојче, некаква Елена, доаѓа и да ги дели со нив деновите, да ги гази истите патеки, да се мие во истото поточе...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А, и отвори ја вратата патна. (Ката излегува.) Маро, што велиш ти, да има некој дојдено и да има најдено затворено, да е вратен?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Како тазе Американец јас немам право на глас уште минимум четири- пет години, па дотогаш ми останува само кирилично да мудрувам и да солам памет на мајчиниот јазик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Тоа беше шо беше!“ — си рече Митра — „ами да гледам сега да се омира со Доста, та да поседиме ошче некоа подина заедно дури да ми потпркнат дечињата, па кога ќе втасаат веќе за работа, да си се оддела и да си а гледам работичката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тие неизвесни времиња, кога сѐ можеше да се измени, да се измеша, како ова мигум наоблачено време на планината, кога лесно можеше да се фрли и да зарти семето на раздорот во заедничката душа на луѓето, да дојде директива од „другото небо”, па сѐ да измени, да зацрни, белата зрачна ведрина на Чанга им остануваше како последна надеж на луѓето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дете си, Кире, а тие што те облекле во овие алишта се луди! - викна тој. - Луди се!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Каков автобус? Казна ли е ова? Дали згрешив што го избришав чевлите? – изнервирано се прашував, што беше забележано од младиот службеник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
За да ја определи својата сопствена философска позиција, Серл пишува: „Моите сопствени погледи не се вклопуваат во која и да е од традиционалните етикети.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Пред два месеца, Лила требаше да му се придружи тука и да му ја скрати многумесечната осаменост, но таа веќе по третпат му најавува дека сѐ уште не ги решила прашањата со одржувањето на нивниот комфорен апартман, па уште извесно време ќе остане во Софија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го убија стрика Анѓела, на правдина, се провикнува наеднаш и наеднаш замолчува, ги гледа луѓето измрзнати, лути и завеани, и сам изѕемнат, лут и сиот завеан со снег и се двоуми дали да продолжи да зборува и да им го каже тоа што го има на душата, што му е, што му тежи на срцето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Непотурчена и насила не сакаше да ја изведе пред имами, мувтии и оџи и да ја озакони, бидејќи и по исламските верски закони се бараше и се бара согласност од двата брачни другари што стапуваат во брачни односи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Ајде; ајде да излезиме и да видиме дали е готово јагнето, та за парите не берете гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога ќе чуеме, онака занесено и замижено, што ќе чуеме: едночудо посетители машки закануваат да го спорат тркалањето на сопствените тајни и да ги спастрат под сенка музичките акорди.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ете, и тоа е наша задача, реков, да ја негуваме таа питома разумност...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ех, кога забранија да се грицка и да се плука во киното, пропаднаа многу професии и обичаи“, на крајот од разговорот заклучи мојот пријател.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сомневањето е само темен мачител што сака да ја замрачи и да ја замори свеста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го префрли кај манастирските слуги да спие кај нив и да работи со нив на имотот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ноќ, воловите жеволеле во туѓа стаја туѓо сено, стопаните фаќале бессилно суштество што до вчера се наоѓало под заштита на светените манастирски ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сета крв на заодот била собрана на нејзините млади усни за чија целивка и ѓаволот куц можел да се откаже од горештината на пеколот и да се пеплоса до врвот на опашот доколку таа би го зела в прегратки. Се потпирала со дланки на колковите и се нишала на нозе гледајќи го со накривена глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во еден од ѕидовите од собата имаше вграден серген, таму можев да си ги обесувам алиштата и да ги спастрам моите ситни нешта.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Писателот кој ќе се помачи со овие вежби ќе сфати, при пишување на приказна или роман, дека на располагање му стојат разни можности во секој момент од творењето, а ќе биде во подобра позиција и да избере најдобро решение - или да смисли некое ново.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тогаш кога Симон ми зборуваше за стрелањето што го извршил Борко и дека тој го потопил Долнец, не заради некаква полза за земјоделието и за напредок на земјата, туку за да се спаси ако може себе си од тешкиот товар на злосторот, да го скрие и да оневозможи тој злостор да излезе на видело, во тие моменти на повреденост и изгубеност кога се вртев наоколу и по својата глава барав со кого би можела да зборувам, до телефонот го забележав името и бројот на Владе историчарот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ми иде да излезам и да се искапам на дождот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Партијата на здравиот народен дух е еден огромен хор во кој секој може да крека колку што сака, но под услов да крека и да се движи во брановите должини и фреквенции на крекањето; не може, на пример, некој да мука кога сите крекаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веројатно имаше нови јагниња, веројатно Снеженка закрепнала, зајакнала, веројатно говедата направиле ѓубре што треба да се изрине, но за сето тоа Бојан одвај наоѓаше сили и да помисли, а камоли да се зафаќа, да проверува и да работи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На многу места по снегот веќе немаше ни капка крв, но затоа пак неколку десетини чекори потаму тој беше целиот натопен од некое густо крваво избликување, и Змејко знаеше дека неговиот пријател напред застанал тука во својата разоденост да си ја излади раната и да здивне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега многу добро можам да го сфатам оној младич, што не можел да стори ништо друго, освен да си го врзе чкрапецот од својата пушка за палецот од ногата и да повлече, сигурно бил во многу борби, тој младич, а сигурно многу сонувал за животот, сигурно многу повеќе од мене, кога можел да постапи така, но сите тие борби, од кои што испливал жив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— И почна усрдно да се крсти и да се моли за Гуца и сите други деца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со букви можело и да се маѓепсува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Тој сега лесно може да им ја разгори улавата крв и да ги урне врз мене со секира и со колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
СЕЛАНЕЦОТ: Е, ујган работа, и да се одморам, зашто нозеве не одат како што треба. (Седнува, повеќе паднува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Карев продолжуваше да ги отвора и да ги чита писмата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На времето, на трудбениците кога ќе наполнеа десет години стаж во кое и да е претпријатие им подаруваа рачен часовник со изгравирана благодарност за несебичното залагање и личниот придонес кон напредокот на претпријатието и на државата.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И сега и утре да молчи ѝ кажувам, и да молчи сѐ дури не помине луњата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Елем, да се направи адетот и да прикажуваат децата кога ќе пораснат дека „филан и филан јас го знам и на сповојницата сум му бил“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некаде, подолу, некои жетварки жнееја јачмен и пееја: „Горештина, омарнина веќе ми се здодеало“ Трајче требаше да мине преку мостот на реката Сатеска и да премине на другата страна кај Крива Воденица.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сѐ што требаше да направиш е да согледаш што те пали и да купиш порно часопис кој им одговара на твоите склоности, исто како кога одиш да купиш храна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Митра стана, се истресе, си ја заврти косата и почна да тажи на глас и да колни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеа само да ми ја земат сликата и да ми ја остават со ископани очи, искината или издупчена со седум кома шеесет и пет или девет милиметри, да наведнат глава и да се изгубат од улицата во црна кола со скриен митралез. Ништо друго.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мислеше на далечната планинска земја Босна (отсекогаш при помислата на Босна имаше кај него нешто темно), која и самата светлост на исламот можеше делумно да ја осветли и во која е животот, без каква и да е питомост, сиромашен, штур и одвратен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Лишките немаат врска со оваа работа, вели налутено Максим и во истиот миг се прекорува себеси што откако се заветува зимоска дека еднаш ќе го отепа кобникот од Камен, а не го стори тоа, не се стори ниет ни да се сети на него, а еве сега на друго си помислува, поправо зад друга помисла се затскрива: и да го отепаше, и да разгласеше дека е бувот отепан, луѓево пак ќе веруваа дека тие, лишките, им ја донесле оваа несреќа, а не тој, Лазор Перуноски, во час на пијанство.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не мислеше сега веќе на ништо друго, тој малечок бегалец од дивината, за него постоеше само вкусот на дланката на човекот, тој продолжи само да лиже и да фрцка со своето кусо опавче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лузната на лицето, и затоплена од пролетна благост, не се ослободувала од модрите зимски апежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
He еднаш непријателот вршеше офанзиви за да го скрши отпорот на народот и да ја уништи неговата војска.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Размислувајќи ја согледуваше вистината: можеше со грстови да расфрлува околу себе туѓи пари, да пие и да крши купувајќи и музика и лажно пријателство по крчмите и пак да остане со темно и врело чело - болен заради болеста на брата си и смешно несреќен без Јана.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ВАЖНО, ваквиот прозорец на градски паркинг може да ве посрамоти зашто мора брзо да излезете, да го притиснете ливчето со „баркодот“ за да го отчита читачот и уште побрзо да се вратите во колата, да „убаците“ во прва и да ја фатите рампата додека е крената.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Затоа, ете, го чекаат да удри оној „високион" седум и да им ги фукнат клучевите на мазите, а Мамут и компанија да им фукнат на клинците и плочите, да прошерпаат по стотина двесте денеска, оти утре е сабота, та треба да ги задоволат муштериите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А мнозина го заборавија тоа така, за веќе ниеднаш да не можеш да ги потсетиш на тоа; беа послаби и отидоа со него и не само затоа што немаа доста здрави раменици за да останат сами во снегов и да му се допрат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Немаше потфат што сакаше Сулејман да го преземе, а да не му го изложи на Мехмед и да се советува со него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И можеби треба и тој, сексот, да се одвои и како посебен да се третира, и да се користи без законски последици и казнувања.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тука, во летните месеци 1948 година не носеа на плажа, повеќе да вежбаме воени вештини, по програма и распоред, отколку да пливаме и да се сончаме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да се чекори и да не знае да си ги собере нозете, колената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
VI. И да не оставиме никаква можност за немир и спорови меѓу нашите поданици, дозволивме и дозволуваме на сите припадници на споменатата вера, што се прогласува за реформирана, и инаку се однесуваат според она што е запишано во оваа одредба, да живеат и да бидат настанети во сите места и краишта на нашето кралство и земјите што ни се покорни, без да бидат малтретирани, навредувани или да бидат присилени да сторат какво и да е верско дејание спротивно на своето убедување, ниту да бидат заради тоа барани во својот дом или таму каде што сакаат да живеат. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега, еве, најдобро што можев ја завршив таа задача, задача со која само посакав, на скромен начин, да го славам прочуениот монарх, на чија величина и моќ во науките на војната и на мирот, а особено во музиката, човек може само да им се восхитува и да ги обожава.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога мајка ми дозна, не се израдува толку што ме викнале на конференција, туку што конечно ќе можам да отидам на гости кај тетка ми Олга и да си го запознаам сојот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како да сака да ја „освести“ Неа и да ја одврати од тој младич, кој на Хорот не му е по волја!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Сега почнувам да го сфаќам твоето заземање околу воденицата - почна да се мајтапи со мене Даскалов. –А потоа и другоно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од една страна, беше така воспитана – да ги почитува и да ги промовира стандардите на демократското однесување.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Непријателот тоа го чека, а и капетан Мирковиќ тоа го чека: некој да лавне, и да му ги истресе забите в уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прашањата од нивото на свесност ја охрабруваат индивидуата да го изрази и да го определи значењето на правците на развој кои се случуваат во нивото на акција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
ВАСИЛКА: Играјте си, веселете се, само не заборавајте и да се поднапивувате. Винцето не е лошо!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Така се образува четата на Коле Каранџулов, во која попаднаа и нашите пријатели Крсте Шаќир и Јован Ѓуров и поодија со него дури да го најдат својот војвода Толе Паша и да тргнат со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со тоа, во периодот од 6 до 10 април 1941 година, и поради прекинувањето на телекомуникациската мрежа, Кралството Југославија била отсечена од надворешниот свет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Колку е лесно, помисли Винстон, да не гледаш околу себе и да поверуваш дека физичкиот тип утврден од Партијата како идеал - високи мускулести младичи и бујни девојки, русокоси, витални, изгорени од сонце, безгрижни - не само што постои, туку и преовладува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А најголемата умешност ќе биде во тоа сите да се научат да создаваат и да го засакаат тоа, да се љубуваат, создавајќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Што да правам? Да се откажам, да кренам раце, и да се предадам?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знаеше како изгледа тоа: ужасна, зашеметувачка болка, која е постојано тука, но не може да биде одболувана, затоа што пред да спречи што и да е неопходно е да може да дише.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неделата би најубав ден Зашто тој ден Бог си починуваше и гледаше Народот како се крие зад стеблата Плашејќи се казна да не го снајде нова И да не заврни пепел од пеколот и снегот да не се стопи Та нов потоп да го снајде.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ако се согласувате со планов, вели повторно исправајќи се во столчето, да ви кажам уште и тоа дека за начелник на општината го предвидуваме Костадина Дамчески, за учител Јосифа наш Акиноски, а за свештеник, за некое време и а да се полакомат Грчиштата, Хаџи Ташку, па да го потпишеме писмото и да си отидеме по дома.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па овде и да сакаш да те убијат, ќе мораш да си ја платиш услугата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога се будеше светот пред вашите очи, кога беше доволно да дишите длабоко и да живеете без да платите никаква цена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ние се искачивме на горната ледина над зимниците Јанески за да му кажеме на стрико Симо за срната бидејќи се исплашивме дека може да ја испушти и таа потплашена да му избега и да удри право во Турците ловџии.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таа сигурно во својата меморија ја задржуваше повеста за времето на козите и прашањето за нејзината автентичност, но ја задржуваше и за други времиња, небаре да ферментира во нејзината свест и да ми ја изложи неочекувано во друга пригода и со сосем подруг контекст од очекуваниот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ѓорѓија молкум седнуваше да јаде на правоаголната маса, покриена со омразениот чаршаф кој старицата го обожаваше, чуван со години; таа седнуваше спроти него, го галеше чаршафот со едната рака, како да го чисти од невидливи трошки, го набљудуваше син ѝ и му забележуваше: - Зошто не јадеш од црниот леб?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Колку ти се каснува толку, ама треба на софрава да седнеш, за гурбетчијата се ставува за да си се врати пак во домот и да си седне на софрата со татко и мајка, сестра...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Другата мајка, ако се реши татко ти пак да се ожени, како таа што ве родила нема да може да стане, но може пак да биде многу добра и да ја засакате, зашто ќе ве гледа, ќе ве подига во добри луѓе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Така искапен, повторно се сети на песната, за тркалата и судбината и милоста божја, на патот таму горе сред небото, каде една ѕвезда меѓу милион други, неподвижни ѕвезди се осмелуваше да се движи и да истрае во движењето. Потоа престана со косењето на тревата. 28
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И секој молчаливо настојуваше да го наметне своето, другиот да отстапи и да се помири и примири.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
во долиштата до кои не стасала лакомоста на живите, го засилуваат листењето на оскорушите и дренките, и на оние сини цвеќиња над кои сеќавањето разбуцува топли спомени: но таму е проѕирен и лелеав Дмитар-Пејко со цут на жилата меѓу веѓите, стои во ѕвонеста кошула на младоженец и помлад е од некогашната своја младост, ќе се пресмета со чудовиштето што ни го претскажуваше патем:
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓу два Штраусови валцера сме како меѓу два залака од евтин хамбургер или сендвич од туна - никому не му е јасно како тоа меѓу два залака може да летне и да се проживее цела една живеачка.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Еднаш мислев дека е далеку од мене и од многу други луѓе, дека е само за една мала шепа луѓе, една таква судбина на одбраните на оние што сакаа и што се бореа, што живееја само за да сакаат и да се борат, и што најпосле успеаја да го преуредат животот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нив тој ниеднаш не успеваше да ги најде и да ги погледне отворено; кога ќе ги побараше, застанат за да здивне, тие просто како да се стркалуваа, притискајќи се зад стеблата, за да наизлезат оттаму уште веднаш, штом ќе заминеше во новиот залет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или пак од некаде, како зауздани бели коњи, се спремаа да ја истрчаат земјата и да ја стоплат питомите ветрови на југовината?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нејзиното искуство ѝ кажуваше дека родителската врска исконски останува нераскинлива. ѝ беше сосема јасно дека еден ден нејзината внука, без разлика на далечината и времето, ќе посака повторно да го почувствува тој мирис и да се огледа во неговите очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Колку и да се сметаа револуциите резултат на борбата на противречностите, тие, според Татко, завршуваа метафизички.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мислеше: колку ли е лудо и колку проклето попусто да се завива, да се зрчи и да се блазни во тоа прозорче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Темнината ја беше дарила својата помош за да го сокрие и да биде сведок на најдолгиот безвременски бакнеж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ти бев благодарен за тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Нека те носи ѓаволот. И отишол оставајќи го селскиот старешина, ако Доце Срменков бил тоа, да ѝ се заканува на дружината, потоа да стои пред прагот на Фиданкината куќа и да се врти околу себе во страв да не биде изненаден од друг натрапник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но сосема е можно, според археолошките ископувања, Градиште да било некогашната римска населба Керамеја, која на Табула Пунтегеријана е впишана на патот од Стоби за Хераклеја, но која во голема преселба на народите исчезнала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Гласот“, изустив, како од устата моја двајца да говорат и да се согласуваат со Филозофот: јас и отец Стефан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Поинтересно е да си седиш дома и да си читаш стрипови, одошто да излегуваш надвор, да ја влечеш торбата по фурните и да бараш мек леб.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Повторија другите петли уште по еднаш и два пати и Илко веќе едвај се стрпе да не го шибие дедот Петка и да го разбуди да бегаат што порано.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вујошевиќ испраќа апел до сите [не]вработени дека најпрво тие самите мора да си ги знаат и да си ги бараат своите права, а потоа и синдикално да се организираат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се исплашил да не задоцни и да не го испушти својот миг, помисли, затоа нашол дека ќе му биде позгодно да си почека тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега можноста за пушење го заинтригира, не само да запали цигара и да ја пувка, туку да ја пуши како едно потполно ново искуство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дури и да ми сошијат под кожата постава од оловни прачки нема да успеат да ме задржат во ова време…
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се случуваше како дете да влезам во Католичката црква во Скопје, која беше близу до куќата во која беше родена светицата Мајка Тереза и да забележам многумина од сребрарската работилница од источниот дел на градот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби требаше да се здржам и да одбијам кога ми предложи да ми ја покаже онаа карпа на езерото каде што понекогаш ја фрла јадицата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Додека ја гледав, посакував да се отвори под мене земјата и да исчезнам во некоја длабока дупка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Треба да се фатат диви пилиња, вели, и да им се плукне во клунот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тоа го стори со една единствена и подмолна цел: сите да мислиме и да веруваме оти нејзиното копиле е навистина синче на најглавниот главешина!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Браќата преку ден беа зафатени со некаква работа, преку ноќ љубовницата им ги цедеше соковите и ги изморуваше оставајќи ги секогаш да `рчат и да се разбудуваат жедни и стуткани под своето ќебе...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од сите зглобови и пршлени да го одврти, да го разоткова и да го земе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ни на дојденците, биле тие наши роднини или намерници, не им даваме да пеат и да се вртат на оро.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Е, а сега, од Загреб, пилотот ѝ напишал долго писмо, со безброј чуденки и други знаци, со многу грди самообвинувања но и со дефинитивна одлука дека не треба да чувствува никаква обврска кон него, како што и тој себе си сега се сметал за слободен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се учам да чекам и да ми треба повеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Последно што запишал во тефтерот, пред да отиде и да стане пустиник (тоа, да отиде и да стане пустиник, била негова желба) бил еден сон кој подоцна, во текот на вековите, во Потковицата станал ретка и морничава традиција.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Не се карај и да не ги караш дечките! - му подвикна дедо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Греењето во работните хали потполно се исклучува, а работниците се приморани сами да прават грејни тела, да собираат гранки и да сечат дрва од блиската околина, како и од фабричкиот двор, па дури и да горат стари камионски гуми – со цел да се стоплат во текот на студените зимски денови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа приказна уште веднаш почна да се обликува прво како Еден запис, потоа како Единаесет жолтици за двата текста да се спојат во едно и да станат Бели ѕидови и сосема на крајот да останат само Ѕидови, прва моја книга иако е објавена како трета.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Така анџијата Петко си ја нареди работичката и почна да се збогатува и мешето да му расте и да се шири како буренце. „Кому рат, кому брат!“ - велеа селаните.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го барав и чистилиштето сакав душата да ја исчистам и да ја издигнам до некој рај, некоја среќна земја, некоја утопија каде што владее хармонија, единство на човекот со човек, единство на човекот со просторот кој го опкружува и љубовта која го исполнува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Поарно е да жалат по тебе одошто да те презираат и да те мразат”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Спремна да дарува и да биде дарувана со грст дозорна љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сам во самица Составен од изохипсите на векот Се молам, Ве молам, ближни мои, Да го заробиме сонот за жешката магма И да сонуваме, да сонуваме Повторно раѓање.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Од друга страна на интелектуално апологетски нивоа, нашата, македонска историја на уметност (особено на новиот век - од ренесанса до денес) е толку сиромашна,особено во оние неколку векови во кои е профилирана европската цивилизација (периодите на ренесанса, барок, класицизам и реализам) што помислив - би требало нешто од тие празнини и да се пополни.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Идниот ден Толе наврати во селцето Лопатица и вечерта ги собра селаните да им понаговори да се вооружуваат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Над изворот најде една пештера и тамо беше си влегол за вечерта да преноќева; арно ама ако дојде ти да преноќеваш и да заспиеш тамо, да и Силјан да заспие!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во СОЕ многу порано, отколку воените планери, го увиделе значењето на движењето на отпорот и народноослободителните движења и настојувале со сите можни сили да се инфилтрираат во тие движења и да ги помогнат колку што можат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ги убедуваа и другиот ден кога требаше да се земе невестата и да се обави погребот, ги тераа да се најде разбирање, но ниедниот ни другиот не попушташе.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Вистина, и самиот при пасењето на козите, наоѓал разни материјални остатоци, но кој да помисли и да поверува дека токму тие биле најстарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На Камилски, внимателно следен од Татко, колку и да настојуваше да биде лапидарен во изборот на заемките за османскотурската гастрономија, како што ја именуваше претходно самиот, му преостануваа уште многу, многу зборови извлечени од речниците, книгите, народните кажувања, кои ги забележуваше во своите големи патувања во земјата со еден стар германски магнетофон, купен на старо на скопскиот Бит-пазар.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Единствената работа, што ја носеше тврдоглаво со себе, беше неговата долга француска пушка, која секогаш би била нешто лесно за носење, но сега тој многу често се наоѓаше себеси како веќе ја посегнал раката да ја соне од себе и да ја зафрли некаде во тоа модрило и еднаш да се спаси од крвавото жулење на нејзиниот ремен во рамото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Обиди се да ги присобереш и да ги поткренеш, сѐ уште во нив има живо месо.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На народецов не му се нужни старци, животот ќе го продолжат децата што ги купувам со своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не сонував: долгата абердарка му даваше сила да се чувствува голем и силен и да се смета за вистински челник на дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
65 Во 1901 година Мерџанов и Соков, заедно со ерменскиот револуционер Бедрос Серемџијан, формирале чета и навлегле во Одринско со цел да го нападнат Ориент-експресот и да ја запленат поштата, за да дојдат до пари. Меѓутоа, обидот не успеал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Го гледаше како доаѓа сѐ поблиску, можеше да го гледа појасно од секогаш тоа ветерничаво суштество, во секој миг спремно да ја впие својата остра муцка во првата мрша, што ќе му се сретне на патот и да остане така, вкопан, како пијавица, како крлеж, ако сакаш скини му сѐ друго од неговото тело, ако сакаш преполови го, истури му ја сета негова утроба, само ако си му ја оставил цела онаа негова шилеста муцка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Зборуваш, зборуваш, а друг ни беше зборот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Благодарејќи ним, во најново време се откажавме да си избереме едно од нашите наречја за наш општ литературен јазик, а наместо тоа зедовме да се учиме и да пишуваме на туѓите соседни јазици, најповеќе на бугарскиот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сакав да гледам и да слушнам за велосипедизмот на спортските програми на телевизијата, на радиото, но од медиумите добивав само скудни податоци.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Меѓутоа, првиот процес уште не беше завршен кога беа преземени сите мерки и беа употребени сите средства за да биде смислено скршнат и разнебитен од заинтересираните соседни држави, а револуционерното движење се појави дури откако националистичките пропаганди почнаа да го цепкаат народот и да го задушуваат токму тој процес на национално осознавање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа августовско утро во Прага на балконот во зградата отспротива видов угул гола жена како до бесвест танцуваше врз остатоците од ѕвездениот дожд надевајќи се бездруго дека кога и да е ќе згрми и дека ќе зграпчи барем една светкавица.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Новите технологии, да речеме, просто го вшмукуваат тоа романтично атрофирано телце на „старата уметност“ и ѝ шприцаат такви дози на „виртуелност“ што секој момент очекуваме од масата на Франкенштајн да стане некаков тоталитарен холограмски бог и да заведе ред.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Има цело Скопје да види и да се чуди...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тогаш на Скрче не ќе му остане ништо друго, туку да ја грабне секирата и да не им дозволи да се доближат до брегот...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И поитав кон одајата на Филозофот, но за да дојдам до неа, требаше да поминам крај одајата на Лествичникот, пречка несовладива да минам, оти тој старешина беше и можеше секој миг да излезе од одајата своја и да ме праша каде одам во глуво доба и какви сојузи склучувам со нечестивиот; можеше да ме накодоши за сојуз со рогатиот кај логотетот, и главата да ми ја отстрани од раменици, ако се случеше тоа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не ми доаѓај, мила мајчице, не ми доаѓај под сртовите пелистерски - Може токму тогаш да намине и да ја одмине домата наша...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Така е, Тој не ќе ги остави да ми го ископаат срцево и да му го пратат како подарок на некој дамкав и 'рскавичен реонски секретар што остарел предвреме од алчност додека му грабал и ништо не му давал на животот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Е, драги мој,... Можеби, сето тоа, во некоја друга Историја и да е ново. Во нашата - не е.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЕФКА: Јас верувам, Кево, знам колку пари имам в ќесе. Девојката е умна, мила.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Дали би можеле да дојдете отспротива и да го погледнете нашиот кујнски мијалник. Се затна и...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Добро го кажав ова, ха! Тој не дека не те сакаше, но лесно поводлив ли, суетен ли, желен за престиж ли, сите го гледавме како оди по сечилото на жилетот, впрочем сакаше да се знае, и сите знаевме, оти и не беше само таа, ама со неа беше посериозно, и за детето се вели дека е негово, ама луѓето знаат и да ги надујат работите!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Трите тетки како да пловеа секаде низ дневниот простор и немав начин да ги сопрам, а покрај тоа, како воопшто и да не ме забележуваа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По ова Маркос му напиша на највисокото партиско раководство: „Зачувувањето на создадената регуларна армија што ја формиравме за да го отстраниме монархофашизмот, како што е одредено со партиските одлуки, го сакаме тоа или не, ќе нѐ принудат да се држиме на духот на одбраната и да се залепиме за одредени непријателски позиции, со што ќе биде спречена решителната партизанска активност со сите последици... нашите одреди да водат борби со непријателот таму каде нам ни одговара, а не таму каде тоа ќе го посака непријателот...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога се качуваа по скалите, им викна на домашните да извадат видело и да го отпретаат огнот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ние сакаме да се приклучиме и да работиме во неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На пристаништето галебите се збрале на купче и еднаш на саат свечено гракнуваат - да ги дослушне оној Посејдон од приказните и да покаже дали е вистински заповедник или измислен лик од приказните за мали и големи деца.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Некои од мажите се исплашиле од многувлакнестата сенка од која кокошките по дрвјата се споулавувале, некои посилни од ужасот на врколачките ноќи пак оделе да шопаат крај оградите или зад нив враќајќи се дома со искокорени очи дури пред изгревите; потоа се нашле двајца или тројца антихристи и го намердале врколакот, го соблекле и со стапови го потерале кон пештерите во кои обработувале камен ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Почнав да скокам и да се удирам во ѕидовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега во Бугарија е мода да зборуваат дека најголеми непријатели на балканските Словени се: Русите и Австро-Унгарците, кои сакаат на почва на македонското прашање да се зафати и да се продолжи една борба меѓу Србите и Бугарите, која ќе ги ослаби силите и на едните и на другите до таква степен што ќе треба да се набркаат во балканските работи Русија и Австро-Унгарија и првата ќе ги завојува Бугарија и Стамбол, а втората Србија и Солун.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На крај се влечкаше Ване, како последен член на екипата или асистент на асистентот - снимател, постојано префрлајќи го акумулаторот од еден на друг колк, зашто ременот на акумулаторот, колку и да беше широк, му ги жулеше и двете рамена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се работи за онаа правна норма, според која, работодавачот е должен да го запознае работникот со сите опасности на работа и со правата и обврските во врска со заштитата при работата и условите за работа (чл. 61, ЗРО/03 – Пречистен текст); како и одредбата која предвидуваше дека работодавачот е должен, земајќи ги предвид научните методи и современите достигнувања, да го организира процесот на трудот на начин со кој се обезбедува сигурност при работата и заштитата на здравјето на граѓаните – односно, да создава услови за работа и да ги преземе пропишаните мерки и нормативи, како и други општопризнати мерки за заштита при работата со кои се обезбедува психофизичкото здравје и личната безбедност на работниците и на граѓаните 20.  Закон за заштита при работа; Сл. весник на РМ, 13/98. 30 (чл. 62, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Малку се колевме со бег и со бегови измеќари. Нѐ испосакатија негодниците, ни убија крстен човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, не успеав само јас: Гаврил е во Мајкрософт, вредно работи и чекор по чекор оди кон врвот, а Матеј работи како познат стручњак во Cancer центарот во Мичиген, твојата болест го мотивираше да истражува и да им помага на луѓето болни од оваа тешка болест.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„Ѝ ветуваше дека ќе ја земеш, потоа се ожени за друга. Малку ѝ беа нејзините две деца па ги зеде и твоите поначесто да влече од планините суви гранки, да вари и да пече пченка и тикви, да пере парталосани кошулчиња.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Вујко сум ти, Онисифоре. Не смееш да кренеш рака на набожниот Јаков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш арамбашата Чанак го погали неколку пати по бушавата коса и му рече јасно и гласно: — Ајде, Толе, расти побргу, да пораснеш и да дојдеш со мене арамија, да го проплескаме заедно Адема ваш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По навлегувањето на германските војски, сите акредитирани странски новинари, заради својата сигурност, биле принудени да го напуштат Кралството Југославија и да заминат во соседните земји.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Всушност, тоа беше атак на концептот според кој на црнечката историја би требало да ѝ се прости и да се заборави.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фарисеите го жртвуваат Вештиот на реч и Моќниот на дело - за да не им стои на патот и да не шири нова вера.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во градовите домашните животни не смеат да шетаат на улица, и тоа треба да се знае и да се почитува.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Од таа борба тој ќе излезе победник, уште повеќе што реформите во Македонија ќе ѝ дадат нејзе можност да се ослободи од туѓите влијанија и да го пренесе центарот на преродбата внатре во неа. *Прочитано на 3 седница на петроградското Македонско научно-литературно другарство „Свети Климент“ на 19 октомври 1903 г.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прскав и самиот и чекав мојата распаднатост да ја најдат човекодуши магесници со голи и бели грбови и да ме состават, стани, да ми шепнат, на свои раменици можеш да ги пренесеш запрегите до Лесново и од Лесново до Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Хеликоптер со камера во клунот мора да ја следел во височината и имаше многу аплауз од партиските седишта, но една жена долу во проловскиот дел од салата ненадејно почна да крева врева и да вика дека тие не смееле да го прикажуваат пред децата, не требало, не е во ред пред деца сѐ додека полицијата не ја истурка надвор мислам дека нешто ѝ се случило, никому не му е гајле што велат проловите типична проловска реакција тие никогаш...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пченките крај патот почнаа да жолтеат и да зреат.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мора да лежи, да одмара и да се надеваме дека наскоро ќе закрепни.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ете затоа овие селани ја дочекаа и пладнината, та како што бидува обично кога човек има нужда, почнаа да ја продаваат стоката пошто-зошто, само и само да однесат некој и друг грош в село и да ја свршат оваа важна селска работа со Селим-бег.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ПАНКО: Мајката божја ги проколна Циганите да се скитаат по светот и да просат...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тој помага, искусиле луѓето, секогаш кога се гради и кога се дига, се разбира додека внимаваш да не ја кренеш градбата превисоко и да го повредиш неговиот престол.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На колку луѓе им е дадено да јадат и да пијат и да знаат дека е тоа уживање!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
ФЕЗЛИЕВ: По миризмата? Нема тој, драги мој Луков, баш никаков усет за каква и да било миризма.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но сепак, и покрај сите перипетии, како што наведува уредникот на оваа студија – нашите работници знаеле да се одважат, да кренат глава и да организираат штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па и тие немаше да се враќаат ако не беа врзани за нас со златниот конец на сеќавањето…
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Меѓутоа, одвреме-навреме бил попречуван од налетот на ветрот, кој појавен наеднаш којзнае од каде и којзнае од која причина, просто му го всекувал лицето, потфрлувајќи му снежни парталчиња, поткренувајќи му ја, како едро, јаката од шинелот или, наеднаш, со неприродна сила нафрлувајќи му ја на глава и предизвикувајќи му на тој начин непрестајна грижа како да се ослободи од неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но сега, без Татко, натажената мајка, колку и да се бореше ѝ остануваше верна во читањето, библиотеката тивко замираше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Широко ја отвори вратничката, што беше натрупана високо со снегот однадвор и не мораше да се оддалечува многу за да подзастане и да гледа како мочката пробива црвеникава инкаста дупка во снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше во состојба со денови да се однесува како немтур и да се обидува да ми наметне вина мене, дека, еве, јас сум била нечовек, штом така грубо, а не нежно, како што беше навикнат, се однесувам со него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со очајнички напор, како да кубе дел од сопствениот мозок, можеше дури и да го извлече тоа нешто на виделина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И вслушувајќи се со ослабнато внимание во утањето на утките од под стреите и на бувот од Камен, и чувствувајќи се некако, победител над нив и над сѐ што тие можат да искобат, гласно повторува: Значи така, значи така, тој, Максим Акиноски се обидува да го припрокрене мракот од душите и умовоте на славјаните во Потковицата и да пушти светлина во нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мајка, во тие години, на возраста на која веќе можеше да добие виза за да патува во Албанија, дојде на брегот крај манастирот за да запали свеќа и да се подготви за враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секој може да бара од друг да го отстрани изворот на опасност од кој му се заканува позначителна штета нему или на неопределен број лица, како и да се воздржи од дејност од која произлегува вознемирување или опасност од 216 штета – ако настанувањето на вознемирувањето или на штетата не може да се спречи со соодветни мерки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дури и да се обидев да му се спротивставам, тој не ќе попуштеше, туку ќе почнеше да ми објаснува за некои опасни заразни болести што се добиваат од нечистотија, мајка ми ќе продолжеше во негов стил, а мене таквите нешта ми се страшно здодевни, зашто ги знам веќе напамет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Стварноста го врши својот притисок само преку потребите на секојдневниот живот - потребата да се јаде и да се пие, да се има засолниште и облека, да се одбегне проголтувањето отров, или скокањето од прозорецот на најгорниот кат и слично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
При што никому од тукашните главатари не му текнува Да поведе сметка и за нас коалите Па на секој новодојденец да му наложи при цапнувањето во Австралија Да засади макар по еден еукалиптус За ние да можеме безгрижно да сонуваме И да си ја исполнуваме својата мислителска мисија А не да ни ги скусуваат соновите и од нашиот еукалиптус Уште да прават и некакви бонбони за шмукање Божем нема со што друго да го лечат народот од грлоболка Ние коалите не сме злопамтила Ама вие сега видете каков тоа човек создала работата И дали е баш вистински човек оној кој на коалите им зема дел од еукалиптусот Таквите во Македонија ги викаат човеци Некои од нив доаѓаат од стар крај со навики да крадат дрва за огрев Ама и кога крадат барем крадат дабови и борови а не еукалиптус
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Овој текст ја истражува оваа контрадикторна природа на границите, истовремено поставувајќи го прашањето дали е можно (и обидувајќи се да ја демонстрира неопходноста) да се надминат овие стари дихотомии на надвор/внатре, ние/тие, добро/лошо, ред/хаос и да се најде (конструира) трет простор, простор без ограничувања.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тогаш мислев дека еднаш веќе сум минувал по таа дива земја со некакви бели и лилави жиличиња што лазат со испреплетување меѓу камења и суви базја и се хранат со сѐ што ќе се допре до нив, тогаш така мислев или можеби мислев дека еднаш ќе минам по таа врвица што ја започнувам со стежната стапалка, но сеедно - веќе бев на грпката на ридот што се спушташе кон нејак поток и видов во далечина на некоја планина расфрлени куќи, не поголеми од тупаница, и видов зад потокот дабов забел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Велам: и ако сум таму? (Зашто сето ова го мислам со тајната предност да не сакам всушност да поверувам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како и да е, деновите кога луѓето можеа да влезат внатре и да се муваат без потреба беа зад нас.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Па се опулив по странците, гостите од кај младоженецот, што некогаш биле „наши“, а отишле бегајќи од војната и таму, како раселени, биле подложени на претопување, геноцид, што и да е... и сега бедно изгледаа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Имав трпение, преку преведувач, да го ислушам секого и да го запишам секој нивен збор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сакаше повеќе од неа, сакаше повеќе надвор од неа, сакаше таа да биде некоја друга, сакаше да бара и да најде некоја друга, а не неа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јас умеам да познавам и да ценам што е лошо, а што е арно. Ова е лошо - фрли го!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Обиди се да ги присобереш и да ги поткренеш крилјата, полетај Ема, поведи го јатото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Одделот за специјални операции на ОСС презел повеќе мисии во Европа и во Азија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
— Ќе гориме вас живи, жими вера, ако не теслимите, — пак се провикна кајмакамот и му ги преведе на турски своите зборови на бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние поминавме во своето историско развивање веќе важни стадиуми што можат да претставуваат епоха во историјата на кој и да е народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше беспомошна. Му се препушти на тоа прекрасно чувство... Дојде само од себе. Па и да заврши... ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тешко е да го задржам погледот и да разберам дека колку и да се трудев да бидам среќна да уживам во моментите на задоволство имав чувство на непријатност, неприродност и грижа од вината дека тоа не го заслужувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
6.  Штета е намалувањето на нечиј имот [обична штета] и спречувањето на негово зголемување [испуштена корист], како и нанесувањето на друга физичка или душевна болка или страв [нематеријална штета] (чл. 142, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кулата требаше да се гледа од сите страни на светот и да биде украс на царството нивно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Разволнуван до солзи, дајреџијата сакаше, пред да станат и да се разотидат, да им покаже сега на овие големци дека не му е вечерва нему до пиењето, ни до парите... туку до честа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Откако стана, се зами и испуши една цигара, одеднаш сфати дека нема што да прави и му стана здодевно, а не можеше ни да помисли да се врати в постела да прелегне и да се обиде да презаспие.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Реши да причека во сопчето да се стемни и да дојде време за вечера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веќе три дни не ми доаѓа ништо од далечината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Трудовите инспектори пак добија овластување да донесуваат решенија, наместо едноставно да укажуваат, но не и да поведуваат постапка пред надлежен основен суд!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Планот е, со комбинација на борби, пазарења и временски добро темпирани предавнички напади, да се обезбеди еден прстен од бази што целосно ќе ја опкружува едната или другата ривалска држава, а потоа да се потпише пакт за пријателство со тој противник и да се остане во мир со него доволно долго, за да престане да биде сомничав.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И да не заборавам. Секогаш и тоа задолжително мора да се проверува, случајно или од невнимание, да не остани во лежиштето фишек.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се уривале еден со друг, никогаш позли, со груби гласишта слеани во една невозможна, збревтава и скоро бесмислена реченица: За душа на Јане Крстин, в око, рамно в око со тој нож.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Почнав да потпевнувам и да трчкарам надолу, кај другарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И пак ги затвори очите да собере уште малку сили за да може да проговори или и да се дигне од местото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Потоа, многу кратко, бев жесток атеист, а сега мојата философија има поинаков изглед.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Беше сигурен во тоа и само таа сигурност го задржа да не ја земе за цевката, таа своја долга пушка, и да не ја тресне од стеблото до себе така, за да ја раздроби на сите нејзини ситни делчиња, од кои беше составена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А мангупот ѝ беше зел и мерка, па и алиштенца од мајка ми ѝ подаруваше за да ја поткупи, а таа одбиваше да доаѓа зашто почнал и да ја штипка и да ја срамоти, а тој само ја „мувал“ - така ми рече кога го искарав.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некое време чекаат да се отвори портата и да ги прими внатре на Имотот, а потоа однатре, од зад портата, се слуша гласот на Васила Митрески, тој е втор доверлив Максимов човек на Имотот и дека е алипен на едната нога чувар е на сиот куќен имот Акиноски, па затоа единствен тој во овие погани времиња ги има во себе клучевите од сите имотски порти и визбите: Вие сте, господару, прашува Васил. Ние сме, вели Максим.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Рана е тоа, жестока и парлива рана и тој ја копкаше, зашто сакаше да страда и да ја помати свеста во болката на страдањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И да го завршиме разговорот за давањето и помагањето со тоа што ќе се согласиме дека помагањето и давањето се убава човечка особина, што и му помага на човештвото да опстанува и да се развива, но барањето и очекувањето некој потоа да нѐ фали, да нѐ возвишува и да ни враќа, е грдо и нечовечно!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Знам, знам, горчлива е дури и помислата дека некој можеби се обидува да ни ја повреди самодовербата, и со своите бирократски постапки и да нѐ обескуражи!“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да собирам пари од оголениот народ и да ги праќам во Софија на самозваните револуционери за да ги расфрлуваат по шантаните?!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ако било време на сенокос, час кога пролетта е нападната од омарнина, копнежливоста на дивите треви ќе му ја раздвижела крвта на добитокот, дење да го наслушнуваат со мудрост на изморени рабини љубовниот повик на птиците, ноќе или пред мрак да ги влечат воденичките камења и да се удираат со рогови погрешно спрегнатите деснаци и леваци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Требаше ли некој да си ја соблече облеката, друг да ја облече, за да се израмнат сметките и да се стаса до целта?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
– „Арно сторил тој што ти го зел клопчето, ќерко, ѝ рекла, оти од узур ќе ми везеш црна кошула, сосила ќе ми се правиш ти вдовица; Силјан ни е на аџилак со дуовникот, а пак ти сосила сакаш да умре и да не дојде; гревота е, а ќерко, ова ти што го правиш; моли Бога за Господ да ни го донесе, не туку плачеш и жалиш.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тој го пренесе водениот прав кај пиперот и остави водата да ги милува садниците, да ги капе прашливите лисја и да прокапува во жедната земја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сакал братов да го земе малиот, да го води со себе и да го направи борец против поробувачите, но не успеал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
144. Браќата Асен I (?-1196), Петар II (? – 1197) и Калојан (? – 1207) се обновувачи на бугарското царство, кои успеваат да ѝ нанесат тешки порази на Византија и да ја прошират својата држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Та и да има замешување, има ли основа да се мисли оти тоа замешување ќе биде во наша имено полза, а не на наша пакост?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Преноќева со децата и утрото излезе в село да го најде коџобашијата Трајка и да види до каде е дојдена неговата работа со поплакот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пак почнавме да удираме по стеблото и да буричкаме во ралупот со тенки врбови прачки. Ралупот немаше дно.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тогаш сите му поверуваа и се стаписаа, а војниците и полицајците се втурнаа на него, за да го фатат и да го врзат, но Димко, и ако беше дечоан, беше истеран на татка си, јак, висок и малку згрбавен, се разврти со стапот и неколкумина од нив зеде по глава.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Знаеше дека ќе заминат. Сакаше со нешто да им помогне и да им го направи полесно тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа одвратна маска сака во мене да легне да ечи меѓу младите брегови на соништата и да ги исполни со чадот на стравот и на тагата и да ги исполни со чадот на слабоста пред смеи мечти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Го држев во внатрешниот џеб од палтото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Со денови седев затворена дома, како полжав во куќичка, надвор одев само кога морав, до гробишта, банка и да купам нешто за јадење.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Бегам од тоа што го видов, ми е страв и да се свртам, назад да се обѕрнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оние и тоа му го расипуваа. Му го одземаа неговото сопствено доживување на Белата Долина и му тежеа со своето присуство, знаеше добро дека требаше да ги одврати и да не се согласи да дојдат со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во таа грозна ноќ Белото јоргованче попусто се обидуваше да ги собере своите цветови и да ги затвори во пупките.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На новата главна расправа странките можат да изнесуваат нови факти и да предлагаат нови докази (чл. 398, ст.2-3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И тогаш, и секогаш кога повторно ќе отидеа да бараат да дојде некој и да ја растури бомбата, само им ветуваа дека навистина овој пат ќе испратат некого, но во текот на целата таа година никој не се појави.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се кријам и од Јона: да не го гледам кај што се мачи и да не ме гледа тој кај што се мачам. Поарно за обајцата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чудно ми зборуваше. Морав дури да се насмеам... Ми рече да не се плашам и да фрлам вода во огнот...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
По ударите и по одзвонувањата на алатите што ги употребуваше, шилести и сечевни глета, челични чивии „пунчиња“, запчести и рамни чекани, шкартели, шпренгли, скоби и други алати - знаеше дали е на добар пат или не, дали да запре на време и да не арчи попусто мака и труд.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Си мислам: комити влегле да ме силуваат и да ме убијат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знам веќе, семејство, но сега наместо да си на мојата страна а против нив, ти се приклонуваш не оставајќи ми време за било што, дури ни да се помирам со судбината и да се привикнам, се појавуваш вака, водата капе низ тебе, сивата вода на невремето и студенилото, обесхрабрувачко порекнување на нешто што толку го чекав додека постепено се ослободував од твоите браќа и сестри обидувајќи се да ги сочувам силата и ведрината, да имам џебови полни со пари, да смислувам каде ќе одиме, пржени компирчиња во оној ресторан под дрвата каде што е толку фино да се руча покрај птиците и девојките и стариот Клемент што го препорачува сирењето проволоне и понекогаш свири армоника и пее.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По забранувањето на весникот и затворањето на клубот, Дедов и Мишајков отидоа во руската престолнина и во меморандумот до руската влада и до Советот на С. – Петербушкото словенско благотворно друштво од 12.9.1902 год. меѓу другото пишуваат: „По завршувањето на Правниот факултет во Белград ние почнавме да го издаваме весникот Балкански гласник (Reviue Balcanique), чија цел беше да ги брани интересите на македонските христијани не само од угнетувањето од Турција, но исто така и од разните пропаганди, и да проповеда за самостојна Македонија во политички, национален и духовен однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Никако не, зашто ни една пропаганда, колку и да е таа силна, не може да ни го даде тоа што го очекуваме ние од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да се чека зрното да набабри, да пушти белузлав секрет, и да омекне.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Така, останувајќи моја постојана творечка опсесија, не остварена, незавршена, непотполна, сиве овие изминати години, тоа ме возбудуваше и тревожеше како поет и човек, станувајќи и поетска и морална обврска што мора да се одболува и да се исполни.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Денес културата е толку искомерцијализирана како што не била ниту пред 10 години. превод: Елеонора Стојановиќ извор: The Comics Journal 141 130 Margina #22 [1995] | okno.mk ALFRED HITCHCOCK 2 okno.mk | Margina #22 [1995] 131
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Те фатиле затоа што си се уплашил. Откако те нагмечиле в затвор почнуваш да се лажеш себеси и да се тешиш слободен сум јас, мили луѓе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Навистина успеав да ја изнасмеам но и да ја одоброволам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој ме молеше само да ја извадам кошулата од панталоните и да му го покажам стомакот, клечеше пред мене, со раце подготвени за молитва; јас му велев да не лудува, да се смири.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се случуваше ли сликата да оживува од моите трепетливи усни и да ми врати здив за здив? Можеби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Е, тогаш, кога мајсториите на Јандрета превршија секоја мера, се вмеша поп Цветан и рече Доста!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да легнам и да го чекам да ме заколе, не ми се легнува!...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Лежев во средина на собата, од лево до мене Јуле, десно Ана, која беше подвижна, односно ѝ беше дозволено да потстане и да изоди два чекора до прозорецот и назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со ноќи потем сонував дека таа неизвесност ја платил со глава; го мислев, господин судија, не дека не сум го мислела; го сонував како паѓа од тој проклет трапез, од огромна височина и како си го крши вратот; се будев во пот и плачев; подоцна, многу подоцна, дури и го посакував, како жена што посакува маж; имаше ноќи во кои посакував да се спакувам и да заминам (оти Партијата, како и секоја партија, пропадна како брод од хартија), но секогаш брзо се соземав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сите верувања, навики, вкусови, чувства, ментални ставови што го карактеризираат нашето време се дизајнирани всушност за да ја одржат мистичноста на Партијата и да го спречат согледувањето на вистинската природа на денешното општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А тоа се пред сѐ: добро да учите, добро да се однесувате, да развивате кај себе работни навики и да ја сакате работата, да бидете уредни, да бидете добри другари и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Му го давам јајцето и го молам - аман, заман, - да ми даде малку шеќер. Само едно грутче. Меѓу два прста да фати и да ми даде. - За лек, му велам, за од зарек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но за тоа подоцна, оти времето не е стигнато, о возљубени; а јас сум познат по тоа дека уживам да сочинувам слова секакви и да си измислувам свои истории што воопшто и не се случиле, ама да изгледаат така како пред очи да ви се; и знам сказанија да преподавам така, со прекини; по малку да ви давам да вкусувате од собитието, од слаткиот мед на историите, како на изжеднет вода што се дава во пустина, капка по капка, за да не го усмрти заситувањето на жедта, на потребата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, таа знаеше како да си ја фати прекрасната костенлива коса и да ѝ даде убава форма, имаше префинет вкус како да се облече, како да комбинира бои, дезени и штофови и да изгледа беспрекорно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Безброј огнени змии шумно ползеа околу мене разбудувајќи во мене желба да се борам и да живеам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Подготвувањето на едно востание се продолжува 5-10 години и после сите замешани во него или умираат или пак, ако останат живи, треба да останат без ништо и да си изберат некоја друга работа што ќе треба да ја зафатат одново и за која можеби и не се сосем подготвени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не, тоа не беше некоја песничка што може да се прочита од книга и да се научи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Оти има по планините лоши луѓе како Толета шо го рече сам, та го знајте и вие, го знае и царот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И Григор мавта со раката, го растерува чадот од пред себе, за да може да не гледа. И да се смее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред Божик и зад Божик кај и да си, оди на вечера со русокоса придружничка за која однапред се знае дека е ненаситна тигрица со тесна специјалност – черечење на сладникавите занеси.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Пред една година, додека одев на работа, ја оставав сама во мојот стан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што е сигурно – сигурно.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Американската идеологија на телото ќе направи сѐ за да ја тргне и да ја поништи старомодната повеќезначност, што сама по себе ја носи идејата на телото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Командантот влезе во бункерот и му нареди на Киро да премине во другиот бункер и да го преземе тешкиот митралез.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бугарија и да водеше „самостојна” и „национална” политика, т.е. да беше орудие на Тројниот сојуз против Русија, пак немаше да направи нешто, зашто сега ги нема тие натегнати односи помеѓу нив што беа при Стамболова.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако прашањето за народноста на Македонците има првостепено значење за Бугарите, Србите и Грците и секоја од овие народности го третира по свое, тогаш зошто и ние тоа прашање да не го земеме во свои раце и да го разгледаме сестрано – и од бугарско, и од српско и од грчко гледиште, и критикувајќи ги сите нив да не си изработиме македонско гледиште за нашата народност, а се задоволуваме, според местото каде што сме се учеле, или со српското, или со бугарското или со грчкото гледиште?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да продолжиме да патуваме низ животот, да го исчистиме минатото од нечистотијата односно да го разбереме, да си простиме себе си и на другите за недостатоците, мааните, несовршеностите, да си створиме мир, конкордија, согласност, урамнотеженост и да дозволиме да бидеме водени од страна на големата сила што се наоѓа во нас, поголема од секоја надворешност, поголема од нас самите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сакав да ја најдам Луција, по секоја цена, да ја извикам настрана и да поразговарам со неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Малинка остана сама да си ја смири лутината и да размисли зошто девојчињата не сакаат да си играат со неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ервехе откако си ја поврати душата по среќното враќање кај своите преку границата, врвеше по истиот пат со своето ќеркиче, уште похрабра, со своето семејство во себе, уверена дека повеќе никогаш нема да го напушти, дека границите колку и да се излезени од пеколот ќе ѝ се смилуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На челата под ветвите фесови им лежеше слава на злодејство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сакана и почитувана писателке, Ката Мисиркова - Руменова, почитувана директорке и мили наставници, драги соученици и соученички, имам голема чест да ве поздравам и да ја отворам денешнава долгоочекувана средба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некако стана и го избегна новиот напад. Така успеа отстрана да го начека противникот и да го фати со забите за врат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
85. Мисијата на Бугарија е прекрасна, само, за жал, ние тука во Петроград сме далеку од Бугарија, та русофобското семе не може да ни западне длабоко во душата и да даде арни плодови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го прашав Земанек заедно да пишуваме; тој рече дека не сака; го замолив барем да ми прави друштво, оти имав намера цела ноќ да седам и да работам; рече дека не сака; по часовите позајмив една машина за пишување од еден пријател и се зафатив со работа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги научив нивните јазици, научив ладино, научив и грчки, ги проучив нивните книги, ги знам нивните обичаи, влегов во нивната политика, ја освоив довербата на нејзините предводници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кој сум јас, си мислам, да судам за човечките чувства и да ги исправам механизмите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа си думам, вели, ко ќе почне за празнициве да талка по селава, да му залегнам во некој ендек и да му ја скинам сенката. Друго не ми останува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа било ставена тука за да залаже, за да ја истошти фатената ѕверка, а понекогаш и да се истркала над неа и да ја смачка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Треба да најдеме време да го обоиме сонот и животот, не црно бел, туку со сите колоритни бои и нијанси, Да си направиме свое интимно светилиште и да не дозволиме да ни биде украден сонот и животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Надворешните опасности, пожарите како овој, поплавите, одроните на планините, земјотресите, можат да го уништат мојот успех и да ја направат ништожна мојата идеја, да остане ископината како некој остаток од минатото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Решивме да направиме свој циркус, да се вежбаме и да појдеме по светот. Беспризорните беа занимливи - имаа премалку леб, премногу фантазија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Да поминуваат луѓе да ги гледаат, да се чудат и да велат: - Еве, оваа куќа ја соѕида тој Веле, мајсторот од Тресонче.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И да го праша како му е таму, да не му се нозете во длабока вода. Од солзите мои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама брат, сега требаше да се пречекаат луѓето и да се изврши погребот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тогаш скомина ги фаќаше и потајно ги силеа Јанческите да го тужат Тахир бег и да бараат да им биде вратен коњот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Немаше да постои никаков проблем дури и да беше обратно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во неа секоја вечер се стуткува за да ја скрие главата и да преноќи. Каде патува тој?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Реткото сите го ценат, и кога не го сакаат дури, го ценат... Ѝ говореше без нервоза, без лутина, готов да разбере и да прости дури...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја фрла јадицата, но не може да стои долго и да чека.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Чекаше да биде готов вујко му и гореше од желба што побргу да се јави на Слива и да ги види витолишките планини, покриени со вечно зеленило, а под нив селото, покриено со редок дим од двесте огништа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зар по цел ден со очите ќе шарам по небото и со денови ќе чекам да се вратиш? Да плачеш и да не запираш!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше близу единаесет часот и во Одделот за документација, каде што работеше Винстон, луѓето почнаа да ги влечкаат столовите од полукабините и да ги групираат во центарот на салата, спроти големиот телекран, подготвувајќи се за Двете минути омраза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овојпат таа беше готова во името на љубовта понизно да клекне и да моли за прошка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеш со рака да го досегнеш и да го дупнеш, да го распараш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не дека детето се пожали некогаш, нему му беше битно да го наполни стомачето и ништо друго, а таа сакаше работите да тргнат на подобро и да се вратат во она друго време, кога можеа да избираат меѓу два вида паштетка или крем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со широко насмевнато лице се вртеше де наваму, де натаму и се обидуваше нешто да рече.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кај некои од нив тоа што беше останало од детството, и се развиваше во посилно битие од другото, накалеменото, успеваше да се помести во минатото и да ја објави битката на спасот. Битката на пробудениот јаничар.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Гледај ваму, ми вели татко, ова е даб благун и тој има најмногу срцевина за спици, за бочви и за качиња и да знаеш за отсега, ми вели, рапавиот даб е само за јаглен и за греење, а царевиот даб е за ништо, вели, оти нема срце и брзо скапува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но колку и да изгледа необично, токму Кетрин го одби тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За нив татко ми прикажуваше оти тие биле брат и сестра и ич не живееле како што рекол Господ, та беше ги колнала мајка им и татко им да се сторат пилиња и да одлетаат в поле, та да се бараат и еден други и да не се најдат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Па дури и да немаше ништо повеќе од она што го виде тој - и сѐ додека е жива тој нема да може да се сеќава на тој момент без болка; болка која ќе му го кине срцето - сепак она што го виде беше многу повеќе од она што воопшто можеше да прифати, да опрости или да заборави.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кметот мрмореше правејќи со сила напори да ја фати мелодијата и да ги следи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тогаш и јас ќе можев да го прифатам и да го направам свој составен дел.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одржа една куса реч во која ги пофали потковичаните што се одѕвале на желбите на султанот, (да му се илјада години и севишнот да му ги умножи блаженствата и радостите) за општественоравненство на народите во империјата, ги прими планот и писмото, (покрај парите за такса Максим му тутна и едно навезено кожно ќесе со лири) и испрати по Хаџи Ташку - милум или со сила да го дотераат; рече Измирувањето со тој кодош има пред мои очи да стане.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Продолжи веселото друштво на масата да пие и да се весели, а јас овде продолжувам да го водам антисталинистичкиот бој како амбициозен балкански Дон Кихот со бункерите – ветерници и наредбодателите на нивните градители...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Зошто? Зошто?“ „Кој би можел да рече дека еднаш, еден таков човек во токму таква машина од хартија и бамбус, нема да долета од небото и да фрли камења на Големиот Ѕид?“ запраша царот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Му надојдува желба со само еден замав да ја пресече и да ја отстрани.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Малку ја олабави работата, Пена почна да го фали слаткото и да ја распрашува дали сама го прави или го купува, а Танаско после секоја голтка од ракијата гласно офнува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Беше магија што многумина ја сонуваа и сакаа да ја допрат и да ја почувствуваат нејзината убост и мекост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби дури ќе успеете и да го заборавите додека се шеткате меѓу несмасните надгробни споменици од осумнаесеттиот век, понекогаш налик на вазни, што можат да се добијат на некоја уметничка лотарија, но почесто личејќи на облаци вкаменета пена од прашок за перење; потоа меѓу надгробните споменици од деветнаесеттиот век, интересни поради мешањето на рускиот класицизам и уште по нешто руско, се чини, духот на апсолутизмот и, најпосле, помеѓу надгробните плочи од последниве децении, неромантични, каков што е обичниот алат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
КОТЕ: Убаво вели Митрејца, да касвиме и да излегуваме. Фаќај, кумо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Како и да е, важно е само тоа дека тоа не господ знае што означуваше за да не може да биде заменето со друго.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Тогаш треба да си го отруеме детето и да ни и к'ни коските додека е живо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко стравуваше дека фанатизмот на чистењето на јазиците, насилното ослободување од туѓите зборови во јазиците, еден ден би можело да се префрли и на етничкото чистење на народите, стравуваше тоа да не се случи на Балканот и да дојде до невидени братоубиствени и истребувачки војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Интересно во целиот овој случај е тоа што судијката, при одредување на правото на тужителот, се повикува и на веќе востановената судска пракса или т.н. „прецедентно право“ на повисоките Апелациони судови од Скопје и од Штип (пр. РОЖ. бр.1157/09 и РОЖ.бр.160/10) – што секако е за поздравување, затоа што судиите во РМ конечно треба да го надминат правниот позитивизам на кој се научени и да почнат да го применуваа и „духот“, а не само „словото“ на законот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се споулавувал и не се покорил. Го одврзале од чаркот и кога му помагале да седне и да се смири доколку не сака да го потераат во сургун, повторувал дека ќе им се одмазди на џелатите и дека ќе му ја запали куќата на бегот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
6. НАДВОР ОД ОРОТО МНОГУ ПЕСНИ ЗНАЕ - мелодија тананика, но зборовите му се туѓи, а на оро штом се фати ќе почне и да се кае дека нозете му се плеткаат по тактови други...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тогаш и добитокот го отераа в село, зашто неговиот единствен син, Данчо, не можеше да ги остави селските работи и да остане подолго време во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше уште едно оружје на неговиот род, се радуваше, загледан во раѓањето на своето малечко, црвеникаво огне, што почнуваше да живее и да нараснува, превивајќи се околу сите сурови гранчиња, и плискајќи му ја во лицето својата тивка, лековита топлина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вие можете да се држите настрана, од надвор да набљудувате што се случува и да употребувате нови концепти, артикулации и модели.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Немав којзнае колку нешта, бев дошла за привремено тука, и немаше потреба којзнае колку да облекувам и да соблекувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И да знаете многу се среќни и радосни. Тие денови не работат и само пеат и само се веселат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И да им се врзува јажица, вели, да се калемат, и да се требат од вошки и од седела со јајца на гасеници...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имам незадржлива желба да ја фатам и да ја залулам во мрежата на тромавиот пајак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Која беше целта на ваквото однесување? Сакавте да оправдате еден поединец и да ја обвините државата?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И оште: Ние се обврзјавме самоволно да ги подржаваме и поткрепјавме со слово, сос дело, сос помоштна рака и заплата речените ни Костадин Блаже Дамчев, претседателја на општината, Јосиф Оносим Акинов, учител ни, Хаџи Ташку, свештеник ни, за това и за сичко горереченото потврждавме като се потписавме сос своја рака.“
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Каде и да се завртеше, телекранот го гледаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го измолив архиепископот да ми даде еден кораб со луѓе побожни, мажи благочестиви и да ме одведе на тоа место.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Човечката душа, Аристотел ја разбира како супстанцијална форма на човечката индивидуа која се состои од материја и форма, како што е тоа случај со секоја супстанција на земјата, нагласувајќи при тоа дека човекот, како индивидуа, е тој што делува, а не само душата, како што е водата таа што мрзне, а не природата на водата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не е доволно да си изгнаник и да бидеш „Далеку!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И токму ова залажување и самозалажување беше и е основната причина да не се види стварноста онаква каква што е и да не се преземат чекори за нејзино менување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Слушав од овдешните луѓе дека карневалот се одржува во февруарските дни со цел на луѓето да им се овозможи разонода и да се разбијат и отстранат и по овојпат „духовите на зимското сивило и едноличност“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Почна да штрака и да прска водата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но сепак, дали навистина се било токму така?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Само да пукаат и да ми се прават красти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зетовите јавнале на најубави коњи и само се крстат со старисватот и деверите, со сваќите што одат пеш до сваќата — да помогнат кога ќе се качува невестата и да ѝ се најдат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Земјо, мислеле, разбуди се од допирот на нашето страдање, смекни, стопли се и дај ни топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едниот рог заорал по тврдата земја. Животното се обидело да воздивне воздух и да го отфрли од своите ребра мачителот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ристе ја постави молбата. Суло го има чеканот за дамка, а Ристе десетина товари штици недамкосани, та „ако е кабил“ да дојде утре Сулоага да ја удри дамката да не ги носи Ристе на каракулот и да не плати кочан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа решително им укажува дека може само да помага и да асистира, меѓутоа нема да ги преземе работните обврски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И уште го прашувам кај служи и да не го видел Јона мој некаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа беше и правило на играта: насмевка на прозорското стакло и правото да следам една жена очекувајќи како очајник дека нејзината врска ќе се синхронизира со онаа што самиот ја одредувам пред секое возење, а тогаш - секогаш до сега - да ја видам како свртува по друг ходник а не можам да ја следам бидејќи сум приморан да му се вратам на горниот свет и да наминам во некое кафуле и понатаму да живеам сѐ додека постепено, после неколку часови или денови или недели, жедта пак нѐ ме натера да ја испитам можноста еднаш сѐ да се поклопи, жената и прозорското стакло, насмевката прифатена или одбиена, врските меѓу возовите, а тогаш, најпосле - да, точно, потоа правото да пријдам и да го изговорам првиот збор, густ од улежаното време, од бескрајното прпелкање на дното на бунарот меѓу пајаците на грчот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што се однесува до онаа, за некого радосна за други тажна игра на симпатии и на љубомора во дуќанот за сода-вода, барем на мене на почетокот ми наликуваше на обично полско глуварче случајно израснато над тесна полска патека оградена со зеленило.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
107. Ваквиот развиток на работите во Македонија го согледаа и заинтересираните претенденти па ги вложија сите усилби не само да го спречат, туку и да го задушат воопшто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да беше кај нас тој, ние кај и да сме ќе мислевме и ќе работевме само за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Му правеше задоволство на новиот поп да го гледа сина си пред него и да му бара чаре за здравјето, бидејќи други машки деца немаше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Господи, се молев без лузни и гревови во душата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само едно беше важно: да остане неподвижен, да остане неподвижен и да не им даде изговор да го удрат !
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бабата, зборлеста, не запре да расправа и да распрашува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дека многу те милувам, синко Силјане, та затоа ти ја прикажувам оваа приказничка, да се свестиш и да се оставиш од тие лоши другари што те учат на лошо оти може Господ да те стори со секакви лошотии.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тој го заврши воведот од своето дело Who’s Who со изјавата „Водечките интелектуалци со нивните стремежи за објективност ... се криминалци, а не ослободители на човештвото“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога ќе настапи зимата, китените сватови да можат да се загреат и да се поткрепат со црвено вино...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Па, сепак, и покрај силното препотување, и покрај тоа што сѐ му се сплетка и измеша во главата, и покрај госпоштината со каква тој по прв пат се сретна и се уплаши од неа, реши да остане упорен и да ги прекори.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И боцкањето се разнесува по целото тело и во зглобовите нешто почнува да трга и да кине.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како ли ќе одвикнеме од тоа и како ли ќе му се вратиме на ралото, на чеканот, мистријата... на тишината, на топлината под топло веленце и на меракот, а мерак е и тоа - да знаеш да гледаш и ѕвезди да броиш и во сено да се прпелкаш и меѓу снопје да се валкаш, на момина коса да погледнеш и длабоко да здивнеш - воздивнеш и да се радуваш - изнарадуваш затоа што си жив...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Смеата имаше нешто толку топло и скокоткаво во себе, што тој само по малку, кога го сети допирот на јазичето на тоа ѓаволесто срнче на својата дланка, веќе не можеше да издржи да не го погледне и да не му се насмее гласно на тоа ситно, скокоткаво ливотче, со кое можеше и така да се шегува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Тогаш требаше да го спречам чедоморството и да ти се вратам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Непосредно пред да се оконча спорот во втор степен, а по завршувањето на нејзиното боледување, таа се враќа на работа и го известува раководството, дека таа нема да работи на работното место референт, како што тие сакаат – бидејќи никогаш, во нејзината долгогодишна кариера, не го работела тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Помислувам да му се смилувам и прикаската да ја срочам, така што братучедот Герман, откако ќе влезе во ходникот, да се премисли и да се врати да викне некого за да не влезе во собата кај мене сам, да биде со некого кој ќе му го држи стравот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Изгледа дека техниките на интерперсонална манипулација, контрола и моќ не го наведуваат несреќниот да биде среќен, депримираниот да биде радосен, избезумениот да биде смирен, дезориентираниот да биде ориентиран, конфузниот да биде јасен, заведениот да ги отфрли неприфатливите и да ги усвои прифатливите гледишта. Margina #21 [1995] | okno.mk 51
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Главниот инженер ме советуваше да барам да се стават водомери за во иднина, во случај на кризни, сушни периоди, да може да се ограничува и да се контролира потрошувачката на вода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И ѕидот може да чуе и да те накодоши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Побледувал од претчувство дека сето патување, сите надежи и жртви биле попусти. Треперел. - Ќе нѐ пуштите да се вратиме со празни раце?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што и да се случеше, тој исчезнуваше и никогаш повеќе не се слушаше ниту за него, ниту за неговите постапки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ЦОНКА: Така, ами како! Поимашлив.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И да се прекрстам, и вака да си ја покријам главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Изгорената смола на мустаќите им ги покриваше усните. Говореа за себе или за некој друг.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ, што му остануваше, беше тоа да фрли уште еднаш, а после кога виде дека ѓаволски не погодил, можеше уште да го донаправи оној свој започнат чекор и да се засолне зад дебелото стебло на чамот до себе, и уште веднаш се покажа дека беше последниот миг за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И така, во тивок занес, во дијалог кој го надминуваше интелектуалното ниво на двајцата балкански автодидакти, посебно во доменот на лингвистиката, минувајќи крај последните дуќани и занаетчии, крај џамии и анови, стигнаа во срцето на старата чаршија и тука влегоа во една чајџилница спроти Мустафапашината џамија, од чиј шадрван во градината жубореше водата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
АРСО: (Трогнат од неговите солзи за малку и сам да просолзи.) Песна!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Потоа замолчи и забележав дека збунето ги намршти веѓите и подзина, но бргу отпосле пак викна, но овојпат, - Јован!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Свиен, зграгорен, нем, Андон не можеше никако да се прибере и да сфати што станува со него сега.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ПЕТРИЈА: Ќе одиме в црква да крстиме дете.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Едно е арно дека нема кому да му потураш, кому да му миеш нозе и да му гувееш кога ќе вечера, а трипати е полошо оти нема кој да се опсени околу тебе, да ти покаже, да те поучи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како капка вода да се обиде да пробие од кожата под стаклото на окалките, за да не најде отворена пора и да се разлее полека кон темниот печат на едната страна на врелото лице.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Според Ѓорче, таа постапка била принципиелно неправилна, зашто на некаков начин изгледало дека Комитетот тука (во Софија - б.м.) се грижи да задоволува одделни амбициозни групи, отцепници, да ги придобива на своја страна и да ги вовлекува во Внатрешната организација како надворешен елемент...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Што најдуваа, може само да се претполага, зашто тие копаа скришум од жителите на Потковицата, забранувајќи им, со џандари, и да приѕнат на Градиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А што ако имам некаква страшна болест и умрам од што не се грижи за мене, а на своите пациенти дење-ноќе им посветува внимание?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Внимателно и да не те сети. Куршумите донеси ми ги мене.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Ги подбуцнува Онисифор Проказник, тоа го знам“, рече.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Дојдени сме како пријатели но можеме и да ги запознаеме вашите закони.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„А за да може некој да не верува во Бога, и да каже дека нема Бог, зарем не треба и самиот да гледа сѐ и да биде и самиот снеможен, односно и самиот да биде Бог?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш Корец почувствува дека е време да го активира знаењето стекнато на високите рабински студии, неговата реторичка вештина со која владееше врвно и која, знаеше, имаше сила да поведе колку и да заведе: „Мој сон е, учителу, конечното остварување на спој меѓу одамна поделеното западно и источно еврејство, големата унија што ќе нѐ сплоти во единствена нација, во нацијата на одново собраниот Израил”.  Погледот на Апфелблум се спитоми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Оттука е јасно оти добро разбраните интереси на Турците и на Македонците им диктираат не да си ги трошат нивните сили во меѓусебна борба во полза на заедничките нивни непријатели, ами да си подадат еден на друг рака и да ги отстранат сите фактори што им пречат во нивните пријателски односи и заеднички интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Борина во таквите случаи не се клава да не светни куќата и да ги види некој од баџата, оти за дупките Митра се погрижи та одамна ги затна со крпи: „да не ѝ дува северот“, — им велеше на жените, кога ја прашаа што толку иззатнала.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Често кога ќе го чуеше татка си да плаче како мало дете и да моли за ракија, нему срцето му се нажалуваше, солзи му идеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ми иде да се врипнам и да се обесам на гранките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да те видат и да те засакаат за вечни времиња.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Значи самата ќе мора да го надополнува писмото а и да најде охрабрување за бабата Петра, не ќе може туку така да ѝ каже дека го преселиле на тумбата кај гробиштата да им биде стражар.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сакаш ли некогаш да седнеме во неговата локомотива и да нѐ прошета каде ќе сакаме?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Немилиот настан, кој спротивно на законот никаде официјално не беше евидентиран, ниту пријавен од страна на работодавачот, се случи кога, и покрај очигледниот дефект на машината и потребата од негово отстранување (отпушување на цревото за нанесување малтер) – а за да не се губи еден ден како би се отстранил дефектот на професионален и безбеден начин, сопственикот на фирмата нареди веднаш да се отстрани дефектот и да се продолжи со работа „на негова одговорност“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И за вистина, синко Силјане, беа се сториле пилци и си пошле в поле да живеат по трњето и катаден еден други да се бараат и да не можат да се најдат и да се видат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Мислеше само дека тој никогаш, воопшто никогаш, воопшто не и не и не би можел да се граба сега по таа зашеќерена пченица и да ја јаде неа, не дури ни сега, кога се работеше; за еден туѓ татко. Не. Никако. Никако. Избега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеме, вие не можете сите да нѐ обуете и да нѐ обезбедите со она што ни треба.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Им се сторило дека и земјата под нив се подмладува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колку и да не сакаше да си признае, и тој го чувствуваше гневот на претпоставениот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
4.  Ако, врз основа на расправа, узреале за конечна одлука само некои од повеќето тужбени барања, или ако само дел од барањето узреал за конечна одлука – судот може, во поглед на узреаното барање, односно за делот од барањето да ја заклучи расправата и да донесе пресуда [т.н. делумна пресуда].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Можам и сам. Како секогаш. - Сам, со едно добиче, не можеш, рекол Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Илко ѝ рече на Митра да ѝ го отвори ковчегот од Стојанка и да ја промени од убаво поубаво. — Велигденцко, што се вели, велигденцко. Слушаш, невесто Митро?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Подоцна го дознавме тоа и дознавме колку многу нуди светот, колку ги полни очите блесокот на градовите, а колку малку можевме да земеме и да понесеме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ај со среќа, здравје, вечни, целокупни бериќетни“ - благословуваше баба Мирјана - „така научив од свекрва ми, па овие убави благосилки и вам ви ги кажувам да ги запаметите и да ги пренесете на вашите деца и внуци.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Арно се сеќавам: меѓите со она село што го гледате зад блатово ни беа некаде тука; ако некому му се скршеше ралото стигаше неколку чекори да направи и да земе рало на заим од комшијата ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа- две во водата, оставајќи ги одвај да се држат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- По преданијата, на ова место најмногу сакал да седи свети Наум и да гледа во езерското синило кое го смирувало по напорната работа што ја имал при препишувањето на светите книги... - рече игуменот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Та покусата нога на оној и не се познавала толку многу, била само белег, по кој сите други ловци од селото во тоа одамнешно време можеле да ги распознаваат неговите стапалки во снегот додека излегувале во утрините од селото и да знаат дека тука, пред нив, порано од нив, поминал тој - па човече, ене ја онаа негова патрива нога.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
– „Ба, братко, колку за тоа така си е, му рекле друзите на стареата, нека е жив Силјан, многу итроштиње научил дури шетал по туѓи земји, да од тоа ќе знае и приказни што чул да ни каже и да нѐ чуди.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тие зборови му значат дека ништо немало ниту може да има меѓу оваа девојка и него, сето ова е една измамена случајност, и нема полјакот зошто да се смешка така и да расправа после по комшилукот и по чаршијата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тишината можеш да ја месиш како ќофте, да ја извалкаш во презла, и да ја пржиш на тивок оган.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Не можел ништо друго да стори освен да се сокрие во шумата и да чека цел ден во најдлабокиот честар, додека новата ноќ не им ја подари на неговите крилја можноста таинствено да запливаат во небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А корењата на којзнае кога закланите стебла не го пуштале од грчот на своите прсти стврднатиот хумус.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така жените го посвоиле попот да ги извртува псалмите Давидови во нивна чест и да ги возвишува зашто го прогнале и не им дале на враговите негови да му се одмаздуваат, да пее со толку мило лице што и не барале да знаат на каков јазик пее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бошко остана затаен не решавајќи се да стори што и да било.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Спорот беше зачнат уште по Балканските војни кога големите сили на Лондонската конференција ја формираа албанската држава, обележувајќи ја територијата само на карта, бидејќи поради војните што уследија, не можеше границата да се постави на теренот и да се разграничат местата меѓу двете држави.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Господи, не заборавај нѐ ... Му верувале на видовитиот дека ги следи некаков куп крлушки, заби и нокти, бездруго да се надвисне над нив, да ги поклопи и да ги стори испокинати мртовци со дрипаво месо на студените коски, сета таа бедна расфрленост да се сфати со последното делче на свеста и пак таа свест да се бори да остане непобедена.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се пробиваше, со својата диплома, низ кревките државни институции во кои сѐ уште преовладуваше инерцијата на отоманскиот менталитет, колку и да беше силен отпорот кон него.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
— Остави и, море, шо ти сториле шо ќе и мушкаш, токо да пратиме некој да му рече да сварат повеќе пилав и да го остават да се лади, оти жежок не се јаде, — му одговараше Саботко Неданов, фаќајќи се за кубурите и фалејќи се како по двајца аскери ќе тепа наеднаш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го забришува од лигите, од сукрвицата, од ирата моја, и: плук, плук, да не те урочам и да не те настинам, слушам како му вели на детето и го поплукува на обравчињата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои од нас не можеа да му одолеат на искушението да излезат и да видат што се случува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Стига и да помислам: зошто животот од вчера да не ни се случи и задутре - па сѐ во мене да пламне од сиво во розово.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се враќаме и бараме место да седнеме за да напочинеме и да ги средиме впечатоците. Залудно.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стануваше сѐ потешко да се излаже за трагичната вистина, која секој од нас се обидуваше, не да ја заборави, ами барем да не мисли постојано на неа и да не боледува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Дојде и Куно Бунгур. „Слатка им е ракијата. Борис Калпак не ја пушта абердарката од раце. Појди, опамети го.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да ме прегледа и да ми каже насигурно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туку, мрдајте со рацете, да пролапаме и да излегуваме побргу.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
-Во својата алчност тие од производството и продажбата на оружје направија економија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И пак ја видов; доаѓаше со влажни стомни и чекореше премногу исправена за товарот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во постапката за обезбедување судот може да определи само едно од средствата определени со овој или друг закон (чл. 9, ЗОП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А кога Васил ги наредува камењата на ќошевите на раздиплената тутурка и кога тој седнува на тревата покрај неа, Максим се исправа на столчето; исправен така на столчето на другите им прави место да можат да се доберат над раздиплената тутурка и да ја разгледаат одблизу.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ветерот зафати уште посилно да му налетува од сите страни и да го турка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но според понапред раскажаните преданија, ете, не успеале и да се испазат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Онаа густа топлина, онаа топла, мека болка, сега го заплиснуваше при секое ново и заедничко нивно пречекорување, а еднаш таа не можеше да не почне да му се насобира во грлото и тука да го грее, да тлее меко, згуснувајќи се, сѐ додека не беше свесен како тоа почнува и да му се тркала по двете страни од лицето надолу, кон слепоочниците со еден ист таков жежок и мек допир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само да ме тресе и да тлеам, да не може мршата да ми се умири.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Очите твои ме гледаат со чудна боја... а јас само са плашам од смртта на мојата душа зошто љубовта не може да те рани и да ја убие душата на почеток, туку тивко, полека. дел по дел. во секоја минута од твојата неприсутност, ја одзема и ја носи некаде далеку.... дел по дел. во секоја минута од твојата неприсутност, ја одзема и ја носи некаде далеку....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Историјата му помага на секој народ да си ги види грешките што ги има правено и да се чува да не се повторуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пушката беше тешка, англиска, а подоцна ја сменив за италијанска.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но ние, надежните амбасадори, последните верници на самоуправна и неврзана Југославија (внатрешно одврзана) моравме да го кажуваме спротивното и да се наоружуваме со нужните дози југословенски идеализам и патриотизам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И, ете, затоа, кога донеле одлука да се одбележи петгодишнината од изградбата на Долнечката брана, одредиле тој да напише кратко сценарио за документарен филм и да ја уреди изложбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сите негови другари, освен Орце, кој бил дежурен во визбата на бакалницата, седнале во близината до пристанишната кафеана за да му мавнат на Шатев за последен пат и да видат како ќе започне да се остварува нивното дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа беше можеби и причината за да се согласам да го внесам и јас мојот имот и да го смешам во заедничкиот. И тоа, мислеше сега Змејко, а и оној мој Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука може некој да нѐ види и да нѐ поткаже“, рече Љупчо. „Тука нема лезет.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таа дури го убеди Винстон да се откаже од уште една од своите слободни вечери и да се пријави за прекувремена работа во производството на муниција, што го правеа доброволно ревносните членови на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еве, да ве послушам и да се обидам да ја напуштам тврдината во која престојувам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Приквечер, исто облечен како за на работа, излегуваше в град да се напие кафе - наут со другарите од младоста во една иста меана и да се договори со нив дали в недела ќе се качат на врв Водно или ќе појдат на Солунска Глава.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Најпосле, и овде постоеше Одбор, го викаа Одборот на Егејците, ама овој Одбор не беше власт како оној во Гаково, туку колку да ги собира Егејците околу себе и да помага преку вистинската власт со социјална помош за старите, жените без мажи и за децата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А и татко ти, иако го викнаа за сведок, не можеше со сигурност да потврди и да објасни кој бил човекот што поминал покрај него а со кого легнала кутрата Босилка во таа нејзина единствена ноќ и со единствениот нејзин случај на платена љубов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јавната сфера се состои од два главни дела: органите за информирање и политичка дебата (весниците, списанијата, памфлетите); и институциите за политичка дискусија (парламентите, политичките клубови, литературните салони, кафеаните, салите за состаноци и другите јавни простори каде луѓето се собираат за да дискутираат за јавните работи и да се организираат против арбитрарната и опресивна државна моќ.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
А планирав со време да се извлечам од гратчето и да го поземам патот за селото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тоа, отприлика, можеше и да ја претпостави неговата содржина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со себе ја носиме топлата сончевина и синилото на небото, зеленилото на шумите и одзвукот на ѕвонливиот ветер, мирисот на пчелинокот и чембрицата, опојниот вкус на зрелите шумски јаготки и желбата што тука, под ведро небо и под сенката на бадемите не успеав да отспијам и да отсонам дел од детските спомени и најскришните копнежи и таги.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
— Е! Прочита што пишува казмакамот? — му се обрна стариот мудур на младото офицерче и го покани да седне на столот од десната страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кафезот, сам ли од себе, или од струење на воздухот во пирамидата, започнал да се ниша над саркофагот, да чкрта и да испушта гласови слични на оние од птиците што изумреле. Се мачел да ги замени.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А оние сега како допрва да ги откриваат ѕидовите и нивната волшебна моќ да ги одделат од изгубеноста и им требаше доста време за да се изнајдат сосема и да почнат да ги бришат своите пушки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа решија П’чивци да дадат селски некоја пара, и да станат сајбии од Рибник до Перун.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да појдеме и да јавиме оттаму дека дрвцето е скршено, дека чешмата во паркот е запустена.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Еднаш на баба ми ѝ се јавил некој слаткар по телефон и ја прашал дали кај нив живее некој си Борис кој влегол во слаткарницата и замолил да се јават на неговиот број и да кажат дека не може да си го најде патот до дома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Траеше денови и ноќи, денови и ноќи, а некој постојано трчаше и ги прескокнуваше темелите, се препкаше и паѓаше во нив, барајќи го, како некој изгубен дел од облеката, она свое насмеано и широко место, својот чекор, постојано крвав и палците и по колениците, постојано крвав на лактовите, истоштен, со последните сили, како човек, кој еве, за малку, за една трошка, што не дошол на дофат на нешто, што одамна го гони, и кој што ги прави последните напори за да го достаса, да го прескокне, и така, постојано, сето време додека нивното градилиште се престоруваше во едно проколнато место, од кое чиниш сите сакаа што побргу да се витосаат и да се мавнат, во едно чумаво место, во една болна арена, по која што умираа, крварејќи, и лавот, и гладијаторот, кадешто им солзат очите на сите мајстори, бидејќи веќе сите добро знаеја дека она си беше отидено, дека црвениот лав на сонцето беше веќе бесповратно папсан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бидејќи по пат на “преговори“ егзархиската “страна“ не можела да си ја наложи волјата и да ја постигне поставената цел, тргнала по друг пат: започнала да употребува други средства.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се надевам дека оваа шмизла нема неславно да заврши и да биде киднапирана од неколку цигани кои лесно можат да ја грабнат и да ја турат у циганска кочија па да ја продадат на некој продавач на старо железо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Диво месо…?!“ се обиде да ми влезе во зборот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа едноставно е здрава одлука да се зборува за постмодернитетот повеќе отколку за доцниот модернитет, без нужното прифаќање на секоја глупост напишана во име на постмодерната теорија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога го слушам дождот, ми придојдува да излезам и да наврнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Како рече? - го прашав. -Може да се случи и да успее?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Слушај го ова! Пак чита: „Речи му некому да ти напише писмо и да ми кажеш како го врзувате животот, како го туркате.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А држењето за раце, рече тој, е многу полошо од која и да било друга причина за развод.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше еден од оние самјаци, кои воопшто не обрнуваат внимание колку е длабок снегот, за да продолжат да ја бараат и да ја пронаоѓаат својата храна, а по дирата, што ја имаше оставено зад себе тој, сега можеа да чекорат слободно еднододруго двајца луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ти самиот реши да заминеш. Самиот реши да не ни се јавуваш и да не се враќаш.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ами ако навистина ја заболи забот, си мислев јас застанат над бунарот, ако заради тоа, место една, испијат по две, или по три, или дури и по четири, тогаш дали Јован утре ќе биде кадарен да дојде и да копа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И помолил, за спокој на душата, сета машка челад на Мечкојадовците да носат обетка на левото уво и да колат сѐ што е дворјанско, под самур - калпаци, во зелени долами везени со злато и во кафтани од срмен кумаш ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Петнаесет години по- доцна, со измената и дополнување на ЗРО (2005) од август 2008 година, целата глава од Законот што се однесуваше на „работничката книшка“ беше изоставена (чл. 22, ЗИДЗРО/авг.08) – па оваа јавна исправа, која содржеше општи податоци за работникот, за неговата стручна подготовка, за вработувањата и др. – а којашто, во праксата, служеше 14 за докажување на факти при остварување на некои права – престана да се издава и да постои.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Подзапре малку и чистејќи ги ноктите со врвот од перцето неочекувано праша: - А јас да сум Херкул и да го навртам Вардар кон училницава, ќе ја исчистам ли, придавки?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа е четвороспратна поставка која треба да возбуди и да раздразни, работена е по принципот на тематските паркови со тоа што во ова здание темата е прогонот, стравот, исчезнувањето, теророт, логорот, смртта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Евреите го заковале Христа. Религиските факти можеа и да ме убедат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Теоретичарот на правото, Џејмс Џекобс (James Jacobs), не греши кога вели дека расправата во врска со легализацијата во Соединетите Држави се води на погрешен начин; таа го скршнува вниманието од сѐ што би можело да се направи за да се намали злоупотребата на дрога и да се формулира разумна политика за решавање на тој проблем.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Може и колата да ми ја конфискува и да ја отстрани од сообраќај.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Почнаа во темнината да се стискаат еден во друг и да држат отстојание од другите колку што можеа, додека во еден момент не им тргна по рака да бидат поведени заедно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Една вечер, божиќни пости, Толе седеше со Јована и некои други Јованови другари, кога во кафето, од маса до маса, се пронесе тивок глас дека војводата Гоце Делчев ќе дојде вечерва во кафево да се види со своите пријатели и да проговори некој и друг збор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа е како да живееш на висока карпа и да бидеш среќен, таму горе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не е ли јасно и од тие постапки на македонските водачи оти Македонците зедоа самите да ги решаваат судбините на Македонија и оти тие во својата дејност се готови да се судираат и да ги усогласуваат интересите на својата татковина не само со Бугарија, но и со другите балкански државички, откако ќе им се дадат на тие државички некои обврски од страна на Македонија за укажаната помош?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Маргина“ не е против хелиоцентризмот, логоцентризмот (фалоцентризмот!), антропоцентризмот, туку против центризмот воопшто, или, подобро речено (бидејќи перспективно патот кон излегувањето од дихотомиските стапици на умот - е бескрајно долг), „Маргина“ ќе настојува да го афирмира тој (еколошки) концепт на повеќецентралност и да ја унапредува онаа граѓанска свест за релации и релативност.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сега требаше одново да го земам лостот и да се обидам да ја поткренам земјата но, вртејќи се кружно во собата, сфатив дека најпрвин треба да го поткренам својот дух.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Чорбаџи Чолакот сам се понуди да ми помине на редот и да донесе еден нечукан брав, еден звизјак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа, откако ќе го отпратев на спиење, одвај чекав да се видам со нив и да си поприкажеме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Откако каменоделците по непресилената пијанка во манастирскиот двор отишле во пештерите на местото Богородица да удираат со чекани и да вообликуваат воденички камења за четинестите туѓостојбинци од некое село за кое тие и не чуле, се случило на еден час пред заод Арсо Арнаутче да ја сретне Фиданка Кукникова со нарамник гранки на грб и да ѝ помогне благоглаголив да ѝ се врати верата во луѓето - жена е, и светците ќе се симнат од икона да ѝ помогнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше незгодно вака, наеднаш да се прифати таа, само да се посегне раката и да се земе. Најмногу заради Змејка во ќошот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, додека Монтескје грижно ги чуваше разликите меѓу позитивните закони и универзалните начела на правдата, Хердер сметаше дека ништо не ја надминува мноштвеноста на колективните души: сите наднационални вредности - правни, естетски или морални - лишени се од својата врвна власт. 21 Хердер има тенденција да стави точка на онаа древна заблуда на разумот што се состои во стремежот човечките дела да се истргнат од нивниот контекст и да се издвојат од околината во која се произведени за да може да се просудуваат соодветно на вонвременските критериуми на Доброто, Убавото, Вистинитото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За Ботеро, сѐ „има место да постои“, фалшивата затвореност треба да се предаде, да се отвори; потребно е таа да се покори и да ја презеде формата затоа што, како што велеше Монтењ, ние немаме „никаква врска со битието“ и, значи, можеме да го насликаме само „пасажот“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За душите на тие над кои шеесет години замрачи мрак, запаливме свеќи за да засвети светлина над нив, да болсне светленце и да заживее и остане траен споменот за нив дека не се заборавени...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А денес кога птиците се загрозени, кога и некои од вашите другари ги проретчуваат со воздушните пушки, уште повеќе треба да се загрижиме и да им помагаме да живеат, да се множат, за да ни биде поубаво на сите.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Им стоевте да ве колат и да ви ја плискаат крвта, клечевте со наведнати глави пред погубниците?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Цариградската кадиска диплома ќе му помогне на Татко во остварувањето на десетгодишната судиска и адвокатска кариера во монархиска Албанија, служејќи како кралски судија во неколку албански градови, а на крајот, кога не можејќи да се помири со режимот, и да отвори адвокатска канцеларија во родниот град Поградец на самата граница крај Охридското Езеро, каде што неговото потесно и пошироко семејство уживаше несомнен авторитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш сфатив што сакаше пред стемнување да ми каже Арсо Арнаутче и сфатив дека не можам како Никола Влашки да се пикам по голото старче во огниште и да се покривам со пепел и со надеж дека ќе си поживеам незабележан од душманите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да не пркне. Нему секогаш му беше мерено, без разлика на меридијаните, само толку, колку да се прерани и да им донесе на децата дома, кои ги имаше доста, а потоа едвај да дочека до новата градба, сеедно во кој град, сеедно во која земја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа, притрчува кон Милка, сака да и’ го препречи патот и да ја истурка од собата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А кога на Адемовата колиба во Валот, каде Толе со стрика му Кулета ги пасеше Адемовите овци, дојде арамијата Чанак капидан со своите другари — шест души одбор момчиња — и зеде два брава за да го подмами Адема да го фати и уцени, Толе во своите десет дванаесет години се зачуди од храброста на овие луѓе што не се плашат од Турците, и виде дека некој и со нив можел да се бори и да ги тепа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога би можел во тој миг да исчезне и да го избегне ова навредување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Тоа и не е можно, - почна да ги брани мајка ми учебниците и да ги оправдува наставниците.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Лонецот за претопување“ подразбираше дека Црнците треба да ја остават нивната историја зад себе и да станат дел од поголемото општество. Секако, тоа не се случи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
— Ало! — Ало! Ме моли да одам кај него и да завршам политичка школа. Ало, вели, марксизам- ленинизам, на пример.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ѝ велам да го бара секаде, и по секако да го побара и да му каже дека Чако по цела ноќ завива за него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не оти немало што да се јаде. Имало. Но, како снаа, морала да се однесува скромно и да не биде прва што ќе земе, а за тоа време членовите на големата фамилија, па уште и комшии, момоци и чираци, го довршувале јадењето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се занел паѓајќи најпрвин на коленици, повеќе како во верски занес отколку со боречко искуство, се искривил на една страна и, вртејќи го грлото на пушката кон земја, удрил со лице во својата сенка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не може да се рече дека совеста воопшто не го гризеше, но откако сфати дека наутро може мирно да спие, да јаде каде сака, што сака, врз каков сака чаршаф и да носи каква било кошула, тежината во градите му исчезна и престана да слуша Бетовен кога одеше на работа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На средината на масата имаше голема бакарна чинија во која луѓето фрлаа по некоја пара, и да купеа, и да не купеа свеќи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога дојде тој ден и кога ја видов директорката јас така се стрчав кон неа што не се обзрнав да ја видам мајка ми и да се поздравам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дедот поп го ислуша коџабашијата и рече дека и тој одамна размислува, а кога, ете сега, тие сами го поткреваат тоа прашање, тој реши веднаш да им ја исполни желбата и да им го покаже својот наследник, на кого мисли да му го остави своето духовно стадо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чувствувам дека можам лесно да се откажам од оваа реалност и да ѝ дозволам на дрогата да ме поведе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што се однесува до ковчезите за сахрани, јас најсериозно сметам дека им минува времето. Наскоро ќе се најдат на отпад.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Околу нив постојано протрчуваше сниското слабо човече Крсто, еден од деградираните командири на партизанската војска, и го раскажуваше по којзнае кој пат оној случај кога тој божем имал храброст да го изведе својот вод пред бригадата и да изјави со полн глас дека одбива да замине со борците на Сремски фронт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нејзините непријатели, ако воопшто имаше непријатели, немаа начин да се состанат, или дури и да се идентификуваат меѓу себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да ја мие крвта и да ни го лади оружјето. Ја стегам пушката, а кожата ми трепери, ко масло на вода. Лилјак сум направен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Клинкаше поднаведен бившиот народен учител, впрегнат во тој штурински пат, со широко размавтани раце, со крвничка мисла да ѝ стапи најпосле на судбината на грло, и да гмечи, и да гмечи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Опасноста што го загрозува нашиот народ и неговите интереси од страна на пропагандите, коишто ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да го исчистат од Македонија нашиот јазик и со него нашите духовни интереси и да ги насадат на нивно место нивните јазици со нивните духовни интереси не само што нѐ задолжува нас, но и ни дава полно право да ги употребиме сите и дозволени и недозволени средства за да го зачуваме нашиот народен јазик и со него нашите народни интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие велеа: „Ние не сакаме ни една држава да војува за нас: тие можат просто да ги испратат своите флоти во Солун и да ја принудат Турција да ни даде реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
МЕТОДИ: Дождот не му дозволи да ја крене главата и да погледа каде влегува. Скалилото беше пусто.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Секој што се раѓа мора и да умре.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Вештина“ би имплицирало и нешто понизок статус од „уметност“ сугерирајќи на аматерство, додека „наука“ би можело да алудира на механистички приод и да го омаловажи мислењето за преведувањето како креативен процес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Океј е да си геј и да ти го начукаат на волеј.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тие раководци ги прават сите усилби да ги покажат мотивите и самото движење како што им се сака ним; ама работата е оти не само ние, ами и другите имаат разум и очи да видат и да разберат како е вистината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ти го испратиле да го сакаш и да подозреваш од сакањето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ништо од сето тоа не барав. Не можејќи да си ја објаснам желбата, очекував да го видам гривестиот белец и да му се доближам, со дланки да ја избришам крвта од неговите светкави влакна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имав впечаток, следејќи го пулсот на владетелите одблизу во мојот живот, посебно во дипломатските години, владетелите, како Тито, Арафат или Бургиба, не само што самите ја немаа моќта да ја разберат и да се прилагодат на филозофијата на Монтењ, туку во своето неверување, неприлагодување на крајот, свртени кон вечноста низ владеење, најчесто го повлекуваа и народот со кој владееја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тоа Арслана уште повеќе го раздразни и почна да се дере на него и да мава со камшикот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
63 Велешките младинци, бидејќи биле повеќемина на куп, се труделе да го организираат животот и да му дадат некаква корисна револуционерна содржина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Љујту лафат две удајки направил Танаско, ем гулемки, тутким! се јавува Чана кога се на сред плоштад и кога дедо Господ наумил да го запре топлиот ветер и да го замени пак со северко и во исто време да ги одзатне сите боски на црните облаци симанти ниско над градот и да нареди од нив да потечат бели пердуфчиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Продавачот почна да отвара конзерви „месни доручак“ и да става пиво пред нас. Едно по едно, едно по друго, се развеселивме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Иако работниците од неговата тајфа измачени од силната работа по дождови, припек и ветрови, недојадени и недонаспани - сакаа во тие часови да се повеселат и да си попеат - Аргир на средина им ја прекинуваше песната: - Таткови дворја ли дигнавте, бре ашлаци, та што сте се разгаштиле?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На главниот автопат, делот од патот по кој Даниел возеше, мораше да застане и да почека малку пред да почне неговиот камионет да се вклучува во реката од сообраќај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Методија неволно зеде да си оди. А беше спремен да остане и да си поседи со нас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сега е вистински миг да полетаме. Да ја прелетаме оваа долга, морничава ноќ.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Молчи. И молчи велам, ти снебиден веќе за туѓи очи, молчи, над својата малечкост питома заспи и мисли лош сон си сонил, лош глас си чул, ти не си тој што може друг да си и да не се плаши.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ја чекаат пролетта, да спадне реката, па по петмесечна одвоеност да се прегрнат и да потрчаат заедно по ливадите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не се плашеше од гавази, на кои Петре би можел да им се пожали и да побара заштита.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Многу наши писатели мислат дека е потребно само членска партиска книшка и да станат „Капо ди тути Капи“ во писателската асоцијација, то ест во издаваштвото.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
– „Ах, проклет да е тој саат, си велел сам со себе Силјан, кога им грешив на мајка и на татка, да ме втаса ваква клетва, бев човек сега и да си ги пречекав сватовите, и јас да се веселам како сите што се на свадбава.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Другпат, што и да се случи, не играј со вештерки и самовили.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Според него, бидејќи решиле „да се арчат“ велешките младинци, иако биле добри ученици, започнале да бегаат од училиштето и да скитаат покрај морето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Само во твоите прегратки наоѓав сила да се разбудам и да вдишам од свежиот зрак на новото утро.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од друга страна пак, бидејќи овој дедо Стале беше неписмен и не можеше да стане поп, тој имаше многу мерак барем некој од неговите блиски да се изучи и да биде поп во некое од блиските села.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му иде да се развика, да проколнува и да пцуе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некогаш ќе ми дојде да ја земам секирата и да му ја расцепам главата. Така, дури спие, дури се порева ко истурена комина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но имаше и фини: ме испраќаа љубезно фрлајќи ми со врвот од прстите водушни бакнежи; но некои врескаа толку силно, што ги собираа и соседите и полицијата; морав да бегам и да оставам сѐ што имав во станот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ајде кажи, Крчо? Шо ми велеше? Сакам да а вида и да ѝ кажа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Продадениот интелект мора да брбља разноразни демагогии и да брани одредена опција макар што ни 90% не верува во истата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Малку подоцна го видов Пачев како поминува покрај отворениот прозорец.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Семејството, пред сѐ е вообичаено орудие на она што се нарекува социјализација, те. процесот на наведување на секоја „нова сила” на човековиот вид да се однесува и да доживува на, во суштина, истоветен начин како и нејзините претходници.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
ПЕТРИЈА: (Го зема бебето, се посвртува назад и го дои.) Сонце на мајка!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А сиот свет, што уште можеше да биде негов, беше еден блед, бескрвен свет на победен, еден непознат свет, на кого мораше допрва да свикнува и да се помирува со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еби го со колот в грклан, И за побратимот Пеце, Убиваше, сега умира и моча под себе, Убавина, ова е убавина, Му го фатив јазикот, помогнете ми да му го извлечам од уста, - но дел од оние што не можеле да се допрат до глекавиот куп месо и крвиште јуреле кон белецот и го заплиснале со секири и го боделе со колови, и тој белец, со богата грива но веќе со неколку црвени риги преку кожата, 'рзнувал и се пропнувал пред безмилоста сѐ додека не ги оставил уздите на жилавата гранка, да ѝ се извлече крвав на одмаздата и да ги остави луѓето со запенети муцки, и тие со една и само своја реченица: Имавме секири, ножеви, колови, сега имаме пушка и јатаган и уште двајца мртовци, Коњот не требеше, животинка е, И коњите не им се поарни, носам јас на грбов стари удари на копита, А мене денес копито ме поткачи по коленово, Можело и погоре, имаш пет деца, Молкни, секирава моја уште е жедна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
СПИРО: (Веќе влегол.) Ама не можеш да му фатиш кое време е, ич, без саат, и толку! Саат па саат!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Вселенскиот брод би можел да стаса и да нѐ спаси.” „Да, утре, утре, утре, утре, утре.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И пак, сега тој а не Куно Бунгур, извлекол од нејзините заби блесок што ветува возбуди и слатки морници со кои незабележано може да се влезе и во гроб на кој само од себе никнува јоргованче со лилави крилца, под него заљубените да воздивнуваат под ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Надвор Свети Илија се растрчува со своите огнени кочии по небото веројатно со намера неговите секавици да го разбркат црнилото од нејзиното срце и да ја истуркаат сета болка од незиното згрчено срце!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не може само универзумот да направил едно „бум!“ и да се развил.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се закараа децата додека Пеце најпосле не им рече: - Ајдете утре да одиме со воловите на Герово Кладенче, да го најдеме деда Гера војводата и да го прашаме: крив ли е Мартин или не е?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
МАРА: Ќе го пуштам, се разбира. Зошто? — си знам дека ми е прокопсано чедото — ќе спечали и ќе ми пушти. Не го одделив од куќи за уште да гладувам и да стегам!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Се чита Дебиси, ­- рече таа стегнувајќи си ги дебелите усни, - ама не го знам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Истовремено, ме подготвија да се спротиставам и да излезам накрај со сѐ што во иднина ме очекува поради моето егејско потекло.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ослободен во набожната покорност да господари и да ги држи дизгините на туѓите судбини, не можел да сфати зошто се буни крвта на неговиот имењак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се трудев да си го претставам и да се потсетам дали некој од нас, последниве генерации, личи на него според овој, макар скуден опис.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Политика за политика“, му велам, „ама земјана треба да се ора и да се копа“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако е така, тогаш мојата сонувана одмазда да станам фантома и да праќам писма ќе прсне како клубурче од сапуница.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ете некни ѓерданчето на Босилка ѝ загина; не е човечка глава да, човек умира и никому ништо, а ќерко, а не ти оти едно клопче ти загинало и да плачеш.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тој, иако му се паѓаше некаква улога на предводник и закрилник, не чекаше долго да му ја предаде иницијативата на Ордета, и да се пушти да биде воден од своето крштениче, на кое и без тоа му домачне да го гледа како се тутка и како одвај прозборува по некој збор, со загубен глас, на оние две-три места каде што прашаа за стан.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Само со знаење и просветување, само со културна работа ќе може нашата интелигенција да ги поправи и да ги искупи своите грешки пред нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дури и денес, кога веќе се затвори и книгата на неговиот живот, кога на сѐ му дојде крајот, можам да потврдам оти ниту една од неговите прелаги, а и да не ги спомнувам неделата, животот не втаса или не сакаше да ги осуди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А бидејќи такво нешто не се случило Рајна и понатаму продолжила да ја посетува својата симпатија Генералот во неговиот дуќан за сода вода и да ги игра и пред него сите оние игри со кои ги збудалуваше мажите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Оние што ловат робови за Мортенија и самите робови без иднина.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сакаше да влезе во кругот и да им каже дека ќе се поправи но силите го издадоа и тој пригушено заплака сам и незабележан во својот заклон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се прекина една ноќ, беше како нешто само по себе да истече и да скапче и тие знаеја дека сите огромни ќиури од бел, зелен и црн мермер и сите други камчишта и бигорите, сите тажни анѓели и сите камени венци, какви што може да ги има само на едни заборавени гробишта и само во Грција, што дотогаш беа ги престојале мирни меѓу тие маслини сите поминати векови, сега се собрани на средината, здробени, и дека тука веќе немаше што да се прави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го потсетив за ловот за кој нејасно ми говореше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му требаше половина час за да го најде коњот и да го врати. – Добро, – рече тој, – скокај. – Цел свет сега се буди. – Што ќе правиме, – реков јас. – Или ќе го вратиме, – рече тој, – или ќе го скриеме до утре наутро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но токму кога требаше да се врзе синџирот на преслопта; згрмеа пушките од Ивановиќ и Цилета од „Касматоа Тумба“, која по неговото предвидување остана надвор од обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога ќе дотечеше едната, притискав на ѕвоното да дојде сестра и да ти приклучи нова инфузија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Наседнаа сите околу штицата и почнаа да земаат од качамакот и да макаат од солта.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И ќе нарачам две сарсапарилји за нас, Кора, а потоа ќе се одвезам со нашиот Форд од 1910 до Ханахан Пиер за да земам спакувана вечера и да ја слушам лимената музика. Што велиш на тоа?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој туѓинец не најде за потребно, барем од љубопитство, да се помести и да наѕирне што се случува зад него.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
КРАМП - Р. Крамб (андерграунд крал за стрипови) рекол: „Од многу гледање во екран човек се претвора во крап! Затоа: прво со кран ќе ти го качам тој проклет екран, а потоа ќе го зашибам со крампови и крампони, или просто ќе го спуштам во кратер. После можеш да читаш стрипови и да јадеш кремпити!“ Margina #19-20 [1995] | okno.mk 43
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Неколку недели чекаа да дојде некој од властите од Тополчани, од Прилеп, или од Битола и да се заинтересира за бомбата, но кога се пронесоа гласови дека овчарите, а и некои од дечиштата, оделе таму и ја прерипнувале со стап, или без него, се уплашија да не се стори некоја пакост, па ги одредија Крстета Јанчески, кој во Второ бугарско стана кмет на Потковицата, Најда Акиноски и Ѓорета Дамчески, кој од помладите луѓе изби во прв ред, да отидат во Тополчани, а ако не успеат таму во Прилеп, ако не успеат и таму во Битола, и да бараат да дојде некој оттаму и да ја растури бомбата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Баба ми чека да се јавам по пет минути, исто така.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
— Земи ја, вели, бригадата и да го изринете снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам дека нашата животна ситуација дава доста примери за тоа дека има многу што умеат да спорат разговарајќи, но малкумина се оние што разговарајќи вршат усилба и да се разберат: во сите институции на системот се дебатира и се спори разговарајќи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да легнеш подалеку од сите сенки и да ги гледаш и да ги плачеш тие мајки на сите стоења и на сите вишнеења без птици, стебла. Да легнеш и да молчиш е ова попладне крај брег симнато в песок со една во вода со друга нога застанато.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Таков потег, направен навремено, би ми донел мерка притвор во Дом за малолетничка деликвенција, каде што, заради жешкиот заплет, сигурно ќе станев лице на годината, макар и да не стекнам образование.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сега да се избањам, и коса да си измијам, и да си легнам, и да се напијам!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Третата група баталјони со Главниот Штаб на НОВ и ПО на Југославија требало да заминат на 31 јануари од с. Зборско со задача да ја преминат реката Вардар, да се пробијат низ Источна Македонија и да избијат на секторот: Куманово-Крива Паланка-Врање-Црна Трава-Лужница и да се соединат со македонските, јужноморавските и косовските единици.113
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Македонското население е национално поробено… Единственото решение што се наметнува е Македонија да добие самостојност и да стане врска за другите балкански народи” Составувала ли, составува ли и може ли Македонија да составува од себе одделна етнографска, и политичка единица?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А ако не може да се добие автономија, треба ли ние рамнодушно да гледаме на работењето на пропагандите и да се бориме со едно ново течење што е насочено само против нив само затоа што тоа течење ќе ја ослабело најсилната пропаганда?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
4 На неодмрзнатото небо се движеа на свое гумно девет орли, се лизгаа со вкочените крилја по сивотијата и беа слични на дршки од секири во бавен вир на река што негде, на патот, бришела варовник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас само плачам и зборувам. Ѝ порачувам на Роса да го најде Ангелета и да го поздрави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Откако е затворен овде, ниеднаш не беше викнат за што и да било кај управителот на затворот. Заборавен, да.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ми рекоа дека секој роб, пред да стапи во рудничката јама, должен е да се сретне со Мортенија и да се заколне на верност.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Да си замислиш еден прозорец И на прозорецот да си ја видиш сестричката Пладнето што те довикува за ручек, Да седнеш на трпеза покрај татко ти, Тој да го крши лебот и да го бакнува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Како да ги мразат каурите, да колат повеќе нечисти за да си осигураат поубаво место во рајот кога ќе отидат кај Големиот пророк Мухамеда, и да ја спечалат довербата на својот падишах, па и тука на земјата да проживеат беговски.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Коледе, Божиќ и Василица си ги правевме секоја година, ама таа година имаше нешто посебно во подготовките: родителите нешто ќе прават, нешто во врска со новата црква и со училиштето, па ќе се соберат сите, а нам децата веќе ни имаа порачано да собереме дрва повеќе од кога и да е порано.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дел од заработката оделуваат, ставаат на штедна книшка, со единствена мисла да ја употребат во својот крај за градење или купување стан, алат, но и да се вратат со збогатено стручно искуство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Куршум со куршум да се втасува и да се погаѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го гледав со очакарени очи. Гневен, а немоќен, бидејќи не можеше сосила да ме земе и да ме черечи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Попе, рекол, попе. Да го јавнеме. Да се искачиме повисоко и да си го побараме гробот меѓу неврвици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Овој рог на изоблиството и на слободата можеше само да ги зачуди, но потоа и да ги иритира одговорните локални политички раководители.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И мажите еден по еден се оддалечуваа, доаѓаше часот кога требаше да бидат кај мостот, во продавниците, и да ја продолжат никогаш незавршената политичка кавга за овега и за онега, за националните и за либералните, за правите и за кривите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оставени сами на себе, тие ќе продолжат од генерација во генерација и од столетие во столетие да работат, да се раѓаат и да умираат, не само без секаков нагон да се бунтуваат, туку и неспособни да сфатат дека светот би можел да биде поинаков од она што е.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако тоа е страшно ризично. Посебно овде на Балканот. Поради тоа ние би можеле да се скараме, да се степаме и да се заколиме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И судбина ѝ е на Зоја да го носи пушкомитралезот и да пука, да убива, непријателот да го држи под оган...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имам љубов за целиот свет. Не можам да бидам себична и да се сконцентрирам само на еден.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Полесно беше да се признае сѐ и да се обвини секој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ започна да прима со скриена, ама длабока недоверба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ќе можеш да се сокриеш и да нѐ гледаш од шумата“, рече Мег.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Уште на другиот ден Крчо ги навираше своите слаби раце во големите нови машки калци, на кои Нешка навезе и две букви: Н.К. за да се потсетува Крсте од кого се и да му ја потврди својата желба дека така сака да се вика Неда Крстева.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги видоа сите налегнати борци и наредија да се исповрзат добро и да се затераат во тврдината; да се затворат во нејзиниот затвор и добро да се пазат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Оваа земја треба да ја минете надолж и попречно за да најдете некого што има шизофренија а да не е под медикаменти, или да има психијатриска нега, и да не е во бегство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- И затоа, магаре едно, заради тебе јас морам да црвенеам и да плаќам глоба - викна татко му и стана да го тепа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но таа опшност не е нешто што почива врз некакви заеднички спомени и заеднички историски задачи што да се сознаваат и да се имаат сознавано од нас и од Бугарите еднакво.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите предедовци и да почитува сѐ што имаат тие направено за своето потомство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да се седне на канабето, и да се затворат очите.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Изразувајќи недоверба во можноста на Револуционерната организација да дигне општо востание и да постигне некакви резултати, гемиџиите редовно ги истакнувале тешките последици за населението од предизвикувањето на едно недоволно подготвено востание, сметајќи дека со нивната лична саможртва и без учество на широките народни маси ќе се постигне повеќе.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
– „Не ќе жалав толку, Боже, си велела со жалосен глас, за Силјана мој, ако беше умрел овде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам кога в море може да се удави одејќи на тој пусти аџилак.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На прагот е, велам уште малку ќе истрча и ќе почне да плаче и да гуга.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На крајот на краиштата, подобро и да се фрлат за џабе два џепа грав, отколку да се сварат и испрдат низ сувите боишта на живеачката.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ги рашири рацете, огромни цврсти, како да се подготвуваше да ги прегрне сите пред себе, па со замрежени, разнежени очи, кои не прилегаа сосем на неговата машкост и коравост, рече: - Е, сме имале среќа, голема среќа, сите вака собрани, место да плачеме и да темнееме, да се провеселиме, да се порадуваме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кени (Го откопчува шлицот): Стварно можеш на едно тркало и да пиеш пиво?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога оние што ги затвораше му зборуваа за Исус, го мразеше и ги презираше што следат човек кој ги учи дека треба да им се спротивстават на учителите, да бидат непослушни кон рабините и да се бунтуваат по синагогите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во двете минути омраза тој не можеше да се оттргне и да не учествува во општиот делириум, но ова нечовечко извикување „ Г-Б !.... Г-Б !“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа само му било мака, што не можел да види некаков пат и да види некоја човечка трага.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И колку што магарето напињаше со главата да се ослободи, толку оглавот сè повеќе го стегаше за гушата и почна да му влегува вода в уста и да се дави.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Можеби мнозина ќе се запрашаат: 1) ако досега комитетите имаа играно двојна улога: на Бугарите им имаат велено оти Македонците се Бугари и еден ден Македонија како и да биде ќе се соедини со Бугарија, а на европејците им велат оти тие бараат автономна Македонија само за Македонците, оти немаат никаква мисла за соединување со Бугарија, тогаш од каде јас знам оти комитетите ја лажат Бугарија, а не Европа?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да избегаш од родниот крај и да се населиш у град во кој владеат педери, курви, арамии, ѓубраџии, перачи на шофершајбни, накази и разноразни сисајкури сигурно има дубока фројдовска причина.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И да вели амин И мајка ти потоа да стане И да ја принесе првата чинија узреани черешни Од вашиот двор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во тие мигови ме обземаше очај, во толкава мера што ми доаѓаше да се вратам, да го заобиколам Шумшул –град и да се стрчнам кон Пупипафија, во која, речиси до вчера, живеев безгрижно.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мораше да го напушти станот и да се чисти поскоро од овој крај.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ова може дури и да се прифати, но, за среќа, не сте напишале: ги откри сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Што е ова чудо!?“ удираше врз катедрата наставничката, со намера да забележиме дека е влезена и да нѐ смири.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Преостана да се соочи со неговиот поглед и да ги допре неговите раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но ранетата волчица можела да се пои од Климентовите води и да ја наслушнува со жили тешката бучава на недопрените шуми неподелени помеѓу ајдутите и рисовите; секирите на фукарата и бичкиите на имотниците не стасувале да ја ограисаат целата невиност на животворното зеленило над кое, секогаш, и небото е посино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По испиените први голтки кафе, станува директорот на театарот од Тирана и ни се обраќа со зборовите: - Драги гости, браќа, имам чест да ве поздравам и да ви изразам добредојде во нашата земја, токму во времето на прославата на стогодишнината на великанот Сталин!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Впрочем кога човек ќе истурка еден сонувачки век Најнакрај има право малку и да се разгаќи Да ги пушти соновите да се нишаат по езерската шир И да ги крепат охридските маратонци А и другите пливци и скокачи во водени сонови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И сега, за крајот на приказнава да биде ист како во филмот „Прити вуман“, таа цела ноќ плете скали од надвор на највисоката зграда во градов, за тој, победувајќи го стравот, да се искачи до нејзиниот балкон и да ја побара. За макар уште една недела, нели?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И ми доаѓа да викнам и да провикнам: Луѓе, луѓе, о луѓе!... Каде сте, бре, луѓе!!! Нема одѕив.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Е, прдни ѝ сега на цевката!“ ќе му речеше и по цел ден го тераше да гаѓа на коњско влакно и да вежба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таа книга е наменета првенствено за студенти и постдипломци, за стручна публика која освен што очекува да ужива во општењето со расказот, се подготвува и да разговара за него, да го анализира и да го толкува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Прво ликовните експерти, со своите вперени погледи како телескопи и со долгите нокти на малите прсти остри како пинцети, почнаа да копкаат по слоевите бои и да пронаоѓаат по нешто на неговите платна: те однос на светлина и темнина ваква, те однос на бои ваков, а не таков, те потег од оној сликар, те композиција од овој, нанос не од четка туку од шпахла, па дури и елементи што не спаѓаат во сликарски бои ами во столарски отпадоци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Колку што ми е познато, единственото испитување во психијатријата што направило споредување меѓу таканаречените нелекувани луѓе во некоја простојна околина и луѓето лекувани во клинички контекст, покажа дека опоравувањето на психијатриски нелекуваните личности е подобро од оние кои се правилно лекувани во психијатриски контекст.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еднаш Сандо и лично слушнал како обвинетиот и се обраќа по име.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но сега Бахтијар заповеда јуриш на Маргара додека не се извлечкани преку слободниот простор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Куршум или парче од граната го погоди и што мислиш дека имаме време да ги закопуваме и да им пееме химни?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Брои. Збрка. А и што има да се брои.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со национални прашања не се занимаваат и со голема досада слушаат реферати на тема по етнографијата, па и по каква и да е друга наука, освен политичката економија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Сполај му- рече Петре и го зеде пагурчето, а мене ми рече: - Ајде, помогни му на Килета и да си одите. Муабет нешто имаме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Да имав малку повеќе храброст и да ги чував подотворени очите, мислам оти и вистински ќе ги видев криковите на птиците што ги спомнав, а и тоа приближување кон небото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Една ластовица предложи со сила да ја отворат вратата и да го избркаат врабецот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во таа прекрасна врева не забележавме дека одморот завршил и дека веќе влегла наставничката по македонски јазик.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ај сега сестро, да си ми жива и здрава и да славиме многу пуримски славја”, ја кревам чашата со лимонада.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но да се вратиме на случајот со индивидуата од пред мојата канцеларија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На кавгата згора се примешаа големците, ѓоа да смират некоја работа, да повеќе ја запалија работата (што ти велаат: „ѓаволот ни ора ни копа, само луѓе скарува“) и туку беше се поткачиле сите да се бијат и да се тераат по таа пуста планина.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Треба да се сочека и да се долови „мигот“ глетката, богот на светлината драмата на преобразбата душата на ситниците магијата на битието...  Токму тогаш кога ќе го дочекаш него кликни  - среќата прости - уметноста е во повременото      нарушување на              несовршеното! 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ние сега со брзина ќе треба да го разработиме нашиот литературен јазик, да го установиме нашиот правопис и да создадеме една наша литература што ќе им одговара на сите наши потреби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ридот Цион е мајката на Израил, Ерусалим е центарот на светот, можеби е ова времето кога вековно прогонетите, страдната дијаспора, вековно расеаниот Израил конечно ќе се врати кон матицата, барем духовно обединет околу неа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поп Трајко крсти вода, Бино со децата од III и IV одделение одговараше на ектенијата, Толето и Бојана, кое веќе беше во III одделение, го рече апостолот и се заредија сите со ред по даскалот да го бакнат крстот и да ги чукне попот со босиловата китка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од мислење и несмислување почна да им се врти во главите и да ги фаќа мачнина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој, пак, Мустафа ефенди, сиот напернат и сиот облечен во срма и кадифе, и од порано известен од страна на прилепските првенци за намерите на потковичаните да дојдат кај него и да му предадат за султанот писмо и план за ѕидање на црква, општина и училиште и за нивната желба да се измират со Хаџи Ташку, ги дочека силно израдуван.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На сета исцрпеност од мачењето што трае со часови во предродилната сала, каде освен блискиот „дејт“ со сопствените маки, сведок сте, сакале или не, и на малтретирањето на сите што решиле токму денес да слават роденден во следните години, да сечкаат за „руска“ и „француска“, да месат кифли од киснато и лиснато тесто и да матат жолчки и белки за Васина и Реформ торта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Блескотната светлина им ги подзамижува очите, а чадот и силната миризба на темјанот додека палат свеќи за живите и за мртвите полека како да ткајат едно невидливо платно околу нив што ги одделува од многулудната маса за да можат да бидат сосема сами кога ќе дојат да се поклонат и да ја целуваат мајката Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мацко се престраши... Како тоа - да фаќа и да јаде нешто што е живо? Тоа никако!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Може некој да те види, да те сретне и да се чуди.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не сакав да се крие пред своите врсници и да плаче ноќе поради мене. Не сакав да живеам во него уште еднаш и ( не знаејќи дека мојот старец ќе живее во мене повторно, сеедно и каде) не ти реков ни збогум.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Неочекувано, со чемерна шегобијност но зајакната со калапот на привидната осаменост, го прашала ја сака ли за жена и дали не ќе зажали што не се вратил во своето село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го гледам моето седуманаесетогодишно дете и ми се стори како преку ноќ да порасна и да стана вистински маж, испотен и задишан, непрекинато ги носи предметите во подземната просторија и ги засолнува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Личноста за која е корпата, треба веднаш да потрча и да го фати оној кој ја оставил и тогаш разменуваат бакнеж.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И да не ти е чудно ако ги најдеш да печат шилеже.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пак и да има место, нема да му го дадат на еден што свршил во Србија, туку на еден свој кандидат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сакаше барем да остане и тој понекогаш да може да му појде да поседат и да помолчат заедно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Умеам да размислувам и да откривам излез и од натешката ситуација. Бар до тој ден умеев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас реков тогаш дека таква е вистината, којашто не ќе им се бендиса на мнозина, но јас не можам да го зборувам она што ќе му се бендиса на некого, туку она што е свршена работа, со која порано или подоцна ќе треба да сметаат јужните Словени, па затоа е нужно да се знае новото течење сред Македонците за да се определат јасно односите на јужните Словени кон него и да се избегне бесполезната и штетна борба помеѓу нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И со тоа Доста го премести својот план на друга страна: да го брише еднаш за секогаш Крчето попово од умот и да и остави полна слобода на ќерка си, таа сама да си одбере друшка по нејзиниот ќев и волја.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Настрада целиот народ за што постарите добро знаат и паметат, а помладите од нив нека научат и да се чуваат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Задолжителната и работа ет в три нешта. 1-во: да устроит црква, во која си сакаме да си слушаме молитвите и словото божие на јазикот ни като сичките ни брајќа Бугари по царштината. 2-ро: да устроит училиште в кое сакаме да ет мајчиниот ни јазик и право на него да се воспитуваат челадата ни наша, сетне на турцки и најсетне, ако имат време и на други. 3-то: затова и основјавме народната ни црковнообштествена општина, да се устроит, а која колку за управлението има да си устрои устав и правилник, кое нешто да бидит основа на дејствијата и, сообразно со приличните за то правителствени закони и да го претставјава народот пред секое званично место, за кое нешто ќе држит редовни преписи на дејствијата си по наша за това запечатена кондика, а решенијата и ќе идат приети од нас като општо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но зашто тие се најдуваат од кај страната на Градишки Пат, минува веднаш под нив, то ест од кај страната од којашто постојано се заканува опасност, зарешетчени се со железни прачки па дури и да стане и да ги отвори, пак не ќе може да се подаде низ нив и да го види цел Станкоски Рид, - ги гледа само јужните падини на Горник, Дупка и западните падини на Зедница - заедно со Горник и со гробиштата на Рамник на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа треба да доаѓате постојано и да дарувате онолку колку што можете затоа што секогаш има други деца на кои им треба помош да пораснат, исто како на вас“, им се обрати на возрасните, посебно на оној што беше најдарежлив од сите нејзини деца, ама и нередовен понекој пат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Колку и да се основани сите наведени приговори на нашите противници против општоста на Македонските Словени и нивната припадност кон една самостојна словенска целина, пак ми се чини дека можат да им се направат и не помалечки контраприговори, од кои ќе се види дека националното самосознание и преродба на Македонските Словени е нешто многу обично и разбирливо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја имаш прекрасната причина да излегуваш од мермерот и да ја омеѓуваш ноќта со својот смев.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
За македонска народност, македонска литература и литературен јазик ние ќе можеме да му мислиме само кога ќе заживееме еднаш слободен политички живот; а до тогаш нам ни треба ние да сме соединети и да го оставиме настрана националното прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Посакувавме новиот ветер на слободата, на отворањето на земјата, силно да дувне, да го понесе нашето писмо на некој облак, да го земе некаков добар ангел, да го однесе во Италија, во земјата во која Мајка некогаш беше среќна и да го предаде во стоковната куќа на Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Хаџи Ташку од порано известен од Хаџи Панови, делениците Акиноски, дека в сабота ќе дојдат потковичаните за да се измират со него, намисли да ги состави и да ги збори Иса и Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да појдеш на извор зад девет младости и девет премрежја да се напоиш и внесеш во него бистер и озарен да се вратиш при мене и да ме гледаш сѐ додека не протечеш дробно по мојава планина песу мој!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сѐ почесто знаеше по цели часови да остане на прозорецот и да ги гледа снежинките, не мислејќи притоа на ништо друго, а потоа ја дофаќаше книгата со народни приказни и којзнае по кој пат се занесуваше во тие долги и познати творби, секогаш повтор откривајќи во нив по нешто ново, што не го знаел во таа книга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Утре ќе ти го дадам првиот доказ“, прошепоте мојот штитеник и борец подготвен да ја освои и закрпи старата голема држава (која и да е).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Старецот, често, пред да се прибере на починок, во убавите денови знаеше да поседи на тоа трупче, да ги гледа ѕвездите и да влече чадови од своето луле.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некои од информациите успевале да пристигнат и до претседателот на државата, но во тој период ниту еден од чиновниците во Белата куќа не се обидел критички да ги селектира и да ги анализира информациите што биле добиени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ќе речат: си поминал одовде со иста трема пред да зачекориш по тенките скалила кон последниот прозорец (а сакаше само срцата на луѓето да ги ископаш од правта и да ги кажеш нивните тајни)***
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се залажувале и сакале да го излажат својот господ, да се сожали на нив и да не ги заборави кога ќе дојде воскресот и се мачеле да не поверуваат дека гласот на челникот не е потсмешлив, дека е навистина благородна молитва и посредување за добрините што ќе дојдат еднаш, утре, подоцна, само за нив, изѕемнатици со издупчени опинци и издупчени души, онакви какви што биле и што ќе бидат секогаш пред розовите осамнувања на вистинската пролет која сепак ќе ги плисне со надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во нејзината мисла веќе ѝ се виде Неда како стои в црква на певницата и псала пее поарно од Куша,како им пишува писма на сите жени што имаат на гурбет мажи или синови, па си ја замисли во поповски одежди како служи литургија, но се сети оти жена не може поп да биде, и се запре на мислата барем попадија да стане и да му помага на попот во некои работи. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој не можеше, можеби не смееше да ги подигне очните капаци и да погледне во луѓето во салата. Се надигна од сите страни врева.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оставија да стане востанието, мислејќи дека ако не „самостојната” политика, тогаш крвта на Македонците ќе ја натера „великата ослободителка” да си ги остави своите работи и да дојде да војува за нас, за да ја повикаат после во Берлин и да ја загуби Манџурија и влијанието во Персија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој сега разбра само толку дека и едно обично тенџере со капак, кога во него врие вода, може да се преправа како мечка и да плаши деца. Ама чудно тенџере!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
2. По поделбата на Македонија, ајле и многу порано, сите пропаганди почнуваа да пустошат и да го прекрстуваат народот, а народот ти е прост и гладен: за едно решето жито што сакаш ќе ти се пише — и Грк, и Србин, и Бугарин ќе стане, да има друго и друго ќе стане,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го имав цврсто прегрнато Игбал, седната зад него како што би седела кога тој би ме возел со мотор, а не на килим.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Подај ми рака да станам и да ги пронајдам шумите на моите копнежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едно утро излезе од дома со цел да се заљуби и да си го осмисли животот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Работодавачот обезбедува заштита на инвалидите при вработувањето, оспособувањето или преоспособувањето – во согласност со закон (чл. 177, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Телото ми се вкочани, но тоа не го запре да ги пикне рацете под мојата ноќница и да почне силно и бавно да ме фаќа, штипе и гребе по бутовите, стомакот и градите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Лудо е ова време во кое живееме, овде на земјава се е како шаховско поле и ништо не е случајно, можеби сами ги поместуваме фигурите, сами го правиме следниот чекор и сами понесени од сопствената волја, зрело или без размислување, без искуство, свесно или несвесно или можеби наивно, будно или сонливо или полу заспано, внимателно или понесени од инстинктите од сопствениот живот правиме пекол и рај, но на крај секогаш стигнуваме таму каде што било пишано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Оти околу чаирот има мезра на Мехмед-паша, и како што е редно, за секое место што се дели треба да се издаде хуџет и да се поднесе извештај”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Најпосле, чедо, не знам друго што да ти речам и да те учам отколку што сум чул од татка ми, Бог да ми го прости.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Зад овие провокации лежи една сериозна порака: човечката страст да се пронајдат апсолутните вистини, колку и да е благородна, премногу често кулминира во тиранија на умот, или уште полошо.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Само, се плашам дека нема да ме пуштат од овде, па би те молел да запишеш сѐ што ќе ти кажам и еден ден да го објавиш и да побараш правда за мене“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А само во едно делче од мислите можеше и да биде сигурен дека оваа бука под него не могла ни да порасте на ниедно друго место, освен пред самиот раб на сета онаа шума надолу, што тој ја одеше целиот ден, и да се радува дека, сепак, тој успеал да ја пребори неа и да достаса до пред самиот нејзин крај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној што ова го раскажува, прв дошол на мисла да му го испита и да му го разбере настанувањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потпрени врз стаповите, повеќе мижеа отколку што гледаа и чекаа да фрли дедо господ некое облаче пред жешкото сонце, да им ја облажи жештината и да ја олесни положбата во која се наоѓаат на припекот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Направи пак пауза отец Иларион, отпивна од чашата, ги избриша неколкуте капки вино на брадата што блескаа како скапоцени каменчиња на светлината и пак продолжи: - Свети Софроние Ерусалимски вели дека господ при создавањето на светот ги поделил битијата на времени, минливи - тоа се неразумните, а разумните ги обдарил никогаш да не умираат и да не се распаѓаат како материите што имаат времен карактер и што се појава, а не суштина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Големите „грешници“ меѓу маниристите, како Гонгора, Марино, Дон, пишуваат религиски песни и проповеди преполни со кончети, а Љубовта станува неисцрпна тема за моралната казуистика.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој утредента му порача на деда Ангелета како знае да зборува со Бошка Манев и да го кандиса тој да го предаде Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да се спроведат во дело и да се остварат изнесените идеи со обликување на нови инфраструктури, двосмерни комуникации и нови фундуси на информации. 158 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
До двајцата од дружината дојде суроглаво и жмиркаво старче со чекор на претпазливо петле и чучна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Креветот почна да ме нишка и да ми пее.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во водурникавите очи на оној Адам Лесновец тивко живеела болест на вечно настинат човек - гледаш во него и не дишеш со мачен страв исчекувајќи да се распрсне и да остави на своето место жолта лочка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го обзеде смртен умор. Сѐ што сакаше е да стигне брзо дома, потоа да седне и да молчи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Те оправдувам, дури и да заговараш во последен момент малку дивина, неосквернето својство на природата (кајшто човечка нога не стапнала!) малку самољубие, „соба за себе“ морски залив колку да не заминеш од овој свет пренесена жедна преку вода - ааах, Доме мој сладок!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога по неколку дена, откога јас се вратив, без да останам подолго со Агна во С (ја замолив, штом го привршам овој мој проект, а само накусо ѝ кажав за проектот, таа да е при крајот на подготовките за доаѓање кај мене во Маказар) и без да ги видам повеќе од еднаш ќерки ми, дојде екипа стручњаци да го разгледа и да го обележи теренот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа го спушти пак окото на клучалката и кога виде дека Бонети се повлекува, почна да вика: Отвори! и да тропа со тупаници на вратата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Да именуваш значи и да овековечиш, значи да го извлечеш именуваното од хаосот, каде што времето меша сѐ!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Прво така, а после и за други. Што било лошо во тоа? Да лежат и да жеволат иловица?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Можеше да стои тука и да гледа како уште еднаш му го однесуваат неговиот плен пред неговата посегната рака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Електрична метла што вештерките ја јаваат кога не смукаат нешто друго. (Може да ги исчисти дури и валканиците од вашата смрдлива душа.) Како и да е, си ја знае работата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Машките пак, притиснати до иконостасот, ги чекаа напаѓачите полни со сила да се удрат и да ја одбијат мечката, но ниту напаѓачот беше мечка, ниту нападнатите беа бикови за да можат со острите рогови да ја убодат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пак зачекорил. Збиените луѓе како да му пошле в пресрет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Важно беше да се продолжи да се гази внимателно и да не се заздишува и да се остане присебен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Што да правам, кому да подадам рака и да речам, биди ми пријател?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мајката и ќерката почнаа да се договараат, кога одеднаш Клотилдина удри со ногата во подот, се тресна по челото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога и да му се пожалам дека ме боли глава, или дека имам несвестица, ќе рече незаинтересирано, ништо не ти е, не си болна, такви ти се годините, и никогаш не се согласува да ме однесе на работа, во клиниката и да ми направи подробни испитувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Без неговата помош не ќе можевме да ѝ направиме мираз на невестата и да ја прославиме нејзината свадба210а“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кутрата, си помислив во мигот, таа имала можеби повеќе храброст од другите да ги преземе златниците и да му ги даде на вратениот емигрантски одметник и конечено тој да се компромитира.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Додека синот чита стрип на тревата, му приоѓа татко му и вели: „Синко, еве ти дваес долари; сакам да најдеш некоја добра курва и да ја цепнеш”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зборував… Зборував… а притоа сеќавав како напрегнато сум вслушан во шумовите од соседната соба; дури и прашував; сигурен сум дека неколкупати прашував, но не гласно туку во себе. (Навистина мислев дека го прашувам во себе Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но Луција не се согласуваше; ми парираше по секоја цена и велеше дека на нашиот фолклор не му е потребно никакво мундијално руво, дека треба само да се сочува народниот дух, да се чуваат, да се практикуваат и да се изведуваат народните обичаи, песни и ора, и дека тогаш таа музика ќе го надмине и џезот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
4. кога се враќав од јапонија не можев а да не кршнам малку од истокот понаисток а понаисток се вика кјото како што поназапад се вика токио понаисток некако е потопло во просторот на насмевката понаисток резниња тишина се лулеат на небото а и сонцето е некако поинакво наутро весело од изгревање напладне клапнато бара сенка за отпочин од толку многу изгревања и од толку многу запнувања на златниот и на сребрениот храм во кјото секогаш да им се позајми повеќе блесок да не би да се луѓосаат и да подгрбават да зарѓават а да бидат уште живи како што им се случува на мнозина кои и не забележуваат дека одамна им се скинале пантолоните на времето во кои се навреле којзнае кога којзнае како и којзнае зошто пред храмовите на кјото дурлат води отежнати од историски искушенија дурли во водите без омекнувач меката душа на градот во водите пред храмовите во кјото птиците парадно се огледуваат па потем не може да се изнагракаат од среќа отшто во воденото огледало биле толку лични прелични во водите прд храмовите на кјото има и многу меурчиња од последниот здив на исчезнатите има и меурчиња од празни зборови има и удавени тешки зборови и не се знае какви тешки метали од зовриените води пред храмовите на кјото се прави најубав јапонски чај од јасмин на пример кој се срка додека на телевизија врват најновите вести а на врв вести ново биро за изгубени работи и едночудо ослепени од толку зјапање во иднината на дното на вестите празнина како на дното на зеленото шише од изглоканата вода макаршто вестите на телевизија секаде се есапат како канти за полевање на заблудите кога се враќав од јапонија многу ќе згрешев ако не кршнев малку од исток понаисток и ако не се поздравев со калиграфите кои приклаваат секој колку што може во ќуповите во кои се варди душата на градот тие приклавај други отклавај тие зелен спокој другите црн неспокој и едните и другите петпари не даваат кога се разминуваат со рикшаџиите како со жива теглечка сила за кои веќе нема сенки под искастрените гранки на старите дрва а не им е ни предодредено да се пробијат до првите редови од каде што најубаво се гледа најубавата кабуки танчерка понекогаш на рикшаџиите им потекуваат од очи глазирани зрна ориз веќе наизуст ги научија говорите на сите политички и еколошки митинзи и ним како и на говорантите отшто се толку дотерани како за на кадро никој не им верува колку мака си теглат за вечер да каснат едно обично ќофте и да отсонуваат една голема топка сладолед од ванила.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Високиот снег значеше само едно олеснување: добитокот не можеше да оди подалеку од потокот, Бојан не мораше да оди да го надгледува и да го собира.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Жените и децата си заминаа, но мажите останаа да пејат, да се шегуваат и да ги празнат шишињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, кога таа одговорност подоцна се доведе во прашање, истиот тој се обиде да ја одрече и да ја префрли вината на работниците, а дополнително дури и доведе лажни сведоци пред судот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Би можела да те допрам како некогаш и тогаш... и да ми ги кажеш најтажните нешта ....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Помеѓу мојата клупа и нивниот кафез се движи заштитна магла - ни јас можам да посегнам по нив, ни тие се во состојба да ме зграпчат и да ме испокинат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Но, тоа не ги спречува да служат и на мафијата и да го поткрепуваат нејзиното постоење.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Толку многу стари Србинки ми беа раскажувале за Скадарската кула, што едноставно сакав да го видам нејзиниот излижан камен и да се уверам дали тука постои, како што се раскажува, млечна белузлава трага...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека некој од последните им викал на првите да побрзаат и да го повлечат редот со еден здив, оската на четвртата запрега пукнала насреде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднаш-двапати се поднаведнав, се позагледав повнимателно долу, зедов земја меѓу прстите, ја прожулавив за да можам да ја осетам и да направам проценка и да ја одредам натамошната стратегија. Сува и плазикава.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
НЕДА: Таа доаѓа сама и јас не сум во состојба и без причини да ѝ ја затворам вратата и да ја терам...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- А и двоколките не ви чинат. Ѕидовите на нив ќе пречат да се товарат и да се истовараат камењата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Годината што измина ја научи на претпазливост и недоверба, секогаш да биде на штрек и многу да не прашува и да издржува повеќе отколку што крепат дури и исцрпените сили.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А овој, цртежот, што влече накај тројка, на кој попусто цртам насмеани сонца и облаци што си одат, цветни полјанки, овошки зрели, сместен во ормарот на сеќавањата, никако да го згрее Северецот што бричи и да го претворат во врел Југо, што гали како чаршаф свиленкав.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Бошко се врати дома проколнувајќи ја својата судбина која го доведе до ова да постапува како што не сакал и да прави што не е за правење.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А јас млада, па убава, во туѓа земја, а од турски знам само да кажам „Бир тане туркиш кафе шеќерли... беш тане шеќер“ и да се насмеам како глупача кога некој, мислејќи дека зборувам турски, пријателски ќе се расприкаже на долго и на широко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За да се ослободат Бугарите во Горна Бугарија, што се одделува од Долна со Балканите, 146 доста е да се истепаат византиските гарнизони во неа и да се фатат од нив дервените за да не пропуштаат нова византиска војска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега брои на прсти - колку години не спрострела на сонце дреи и да си избели.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дури и да не беше градоначалник, тој не ќе престанеше со навиката, со џепниот часовник да ја контролира точноста на градскиот саат, а со подгледнување во хронометарот на врвот од саат-кулата изградена во венецијански стил, да го уточнува својот сопствен часовник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Најтешка беше умирачката. Мртовецот се вадеше надвор извиткан во ќебе, зашто ни сандак можеше да му се направи, ниту на гробишта да се однесе, туку само му се правеше дупка во снегот во дворот и се оставаше тука за да не се смрди в куќи и да не се плашат децата; се забодуваше крај него висок стап со крст на врвот за да му се обележи местото: да се знае каде е ставен во снегот и да се најде кога ќе запре снегот за да се однесе на гробишта и да се закопа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Иако тезата тогаш беше необјавена (подоцна ќе биде објавена делумно во Париз), не знам како беше стигнал во Албанија еден примерок, за да биде прочитана и да биде утврден мојот нов „грев” кон татковината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Откако му ги даде Нешка калците, Крчо и прати огледалце и чешел; да се гледа оти е убава и да се чешла за да биде поубава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И жена ми умре, тукуречи од ништо, вели, кажи Левтеријо, вели Глигор, од нешто од некое живинче што почна да ја пасе однатре, вели, и да ја суши, да ја смалува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не заради друго, заради тоа што толку многу е измачена. Заради тоа што сакав да направам нешто, што и да е, само на неа да ѝ биде малку подобро.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ако не може поинаку да биде, а гледаме дека не може, не можеме да го пречкртаме Хаџи Ташку да не ни биде свештеник, вели Никола Јанчески, да го потпишеме писмото и да се здоговориме како ќе одиме и кога ќе одиме во Прилеп, - в петок одвечер или в сабота зараното?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Сакам кон крајот на август неколку дена да заминеме и да ја посетиме тетка ми Јана во Бечеј.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стоеше некое време со тоа зоврување во себе и врз урнатините на своето сфаќање за тоа останување, едвај се здружуваше да не се размавне и да ги истурка надвор, на снегот, само наежавен свреска: - Ама чујте, луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не, туку страв во главата на Дипигус, вкрстени слики од предубедувања и стрипови, или едноставно рефлекс врежан со мастило како еден енграм- тетоваж?!) Дипигус се задушува и ја исплукува рибината глава, по што и Пајо Ентропија и Даркер и останатите девет лошотии на масата почнуваат да се кикотат и да ги плукаат несварените залаци.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Богдан чувствува како со секој ден сѐ повеќе малаксува, сѐ повеќе го губи апетитот за јадење, сѐ повеќе креветот го држи закован за себе, сѐ повеќе ја губи волјата да стане и да појде во градината; воздухот чувствува сѐ поредок му е и со мака го дише; под кожата крвта му се згрутчува како црвени кристали, како да му се замрзнува, сиросува; гледа: со животот го сврзува само уште тенка нишка што се мачи да ја одржи; го чувствува нерамномерното чукање на срцето, и во мигови кога помислува дека ќе запре, ги трие градите за да го потсили или да го сниша како часовник што подзапира.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Оној ден кога се слушна дека ќе дојде Филозофот, отец Стефан Писмородецот, насетувајќи разобличување на лагите негови, побара од мене дејание нечесно да сторам: да го украдам клучот од Јулијан Граматик, во библиотеката на семинаријата да влезам, и да му ги донесам од таму претсмртните ливчиња на неговиот отец, Мида.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А некој од нив рекол: „Да го отковаме ковчегот и да видиме дали е уште цел, или нешто почнало веќе да му се одзема.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ема почна да се прашува дали навистина исчезнала или пак таа се навикнала на неа, па посака да се помириса.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тие се еден вид притисок што ти не можеш да го издржиш, дури и да сакаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој секогаш само би продолжил да молчи и да се ребри.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури и да беше помалку опасно, сепак ќе беше тешко да се најде време за состаноци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Онисифор Проказник ја гребеше со нокти брадата. „Да појдам и да пијам со нив? Не верувам дека ќе ме пречекаат со раширени раце.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште со првото утро, Сликарот почувствува немир, чуден творечки трепнеж, кој го влечеше кон ателјето, и кој го намести штафелајот и да ја подигне четката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Му вели да стане да се напие вода и да се врати назад во креветот продолжувајќи да спие.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Оти што и да се случува околу неа не може да ја одмине, ќе се дознае.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Како претстава која се одигрува на некоја сцена, караѓоз, сенки, не можеш да дофатиш ни кој каде оди, ни од каде доаѓа, се движат, а ги нема, не можеш да ги запреш, да ги допреш и да проговориш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Старчето нешто раскажуваше пребројувајќи на прсти, Сандре Самарија со почит ја нишаше главата пред неговата мудрост, третиот, Арсо Арнаутче, со преголеми очи ја следеше девојката, а мене ме обземаше желба да истрчам и да го зграпчам, да му ја забуцам главата во потокот: разлади се малку, стрико Арсо, имаш син на мои години!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ослепен, крвав, без една рака или нога, го наденале на кол под скопскиот мост да го слуша плачот на Вардар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За обезбедување на парично побарување може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: (а) забрана на должникот да располага со подвижни предмети, како и чување на тие предмети; (б) забрана на должникот да ги отуѓи или оптовари своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп; (в) забрана на должникот да продава хартии од вредност и удели; (г) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да прими предмети, да наплати побарување и да располага со нив и (д) налог на носителот на платен промет на должникот или на трето лице, по налог на должникот, да не дозволи од должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремена мерка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мисијата на Џорџ Квајн заминална веднаш по пристигнувањето со партизанските курири во Главниот штаб на НОВ ПО на Македонија, каде што пристигнале на 5 октомври 1943 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нема да умрат од тага, душите не им се изградени од стаклени ѕидови лесно кршливи, сѐ уште дишат длабоко и се чувствуваат поживо од кога и да е, тие се сведоци на времето, мора да преживеат за да раскажуваат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Има некоја меланхолија во тоа да се пробиваш низ гужвата на улица Македонија слушајќи го Џони Кеш O Death, where is thy sting?, и да шеташ по неа на 1. јануари, кога на неа нема живо пиле.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Беше речено да појдам кај кумата, да се поврзам и да се оѕвијам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повремено измеќарот оди кај аргатите и им носи вода во стомните за да не доаѓаат тие под сенката и да не се губи време во преидување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Може ли мирно и спокојно да го стори тоа, кога знае дека отказот за нив значеше сега исто што и да им изречеш најтешка казна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Логотетот гледаше стрештено во Филозофот, за потем да стане и да изговори: „Пророштво добро е тоа за секој оној чиј прст ќе биде почестен со овој прстен, и јас сега знам дека не прстенот, туку записот ин во одајата источна е причина за поразиите и несреќите на царството!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од сите поранешни привилегии им ја оставија само таа, да живеат на Имотот и да управуваат со Потковицата, да не мораат, како другата христијанска раја, да работат на полето, но и да опстојуваат делејќи го со неа, со своите довчерашни отроци, тоа што ќе преостанеше по толкуте давачки: покрај приходите од полето, од шумите, од ливадите, од лозјата, ним, на султаните, мораше да им се исплатуваат давачки и за патиштата, и за поилата на добитокот, па дури и за блатата и мртвиците во кои жителите на Потковицата ловеа риби и береа шамичишта и врбови прачки за кошари и кошеви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На свој начин се трудеа да бидат што поопуштени и да се препуштат на крилјата на страста. Така барем ги советуваа лекарите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ова особено доаѓа до израз во едно писмо што Дишан ѝ го испратил во 1957 на Американската федерација за уметност од Хјустон: „Гледачот го доведува делото во контакт со надворешниот свет преку своето дешифрирање и интерпретирање на неговите внатрешни квалитети и“, вели тој, „допринесува во креативниот чин“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој требаше да го задушува гласот на срцето и да се совладува за да не избрза устата да го каже зборот, вистинскиот збор, што му кипеше во градите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите лица со кои се сретнал Гарванов во Бугарија му советувале да се откаже од сѐ и да се помири со „сепаратистите“ и „партизаните“ - како што ги викале водачите на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јас пак повеќе сакав навечер да читам или да работам над оној мој есеј или да правам анотации во врска со некоја нова тема или просто да ја слушам како шлапка водата на езерото и да гледам во гребените околу, чувајќи ја својата тага.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Со стадото руди овци по перунските рудини, како свири со својот кавал во утринската мугра, а двата големи овчарски пци мирно ги вртат опашките крај него, секогаш готови да скокнат и да му го скинат гркланот и на најголемиот волк.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јурнуваме кон градот со хеликоптерот и го поведуваме Тате на безбројни атракции за да му останат лицето и главата долу со нас и да не гледа на ниедна друга страна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Марко се реши. Некој мора да почне: — Море ми не стра, ами не?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прашањето на колективизмот, то ест, прашањето како да се организира комуникацијата и да се овозможи соживот на различни автономни поединци внатре во заедницата, може да се реши на два начина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
91 Базирајќи се врз сознанијата од широк спектар на дисциплини, вклучувајќи ја историјата, економијата, социјалната теорија и филозофијата, 90 Види Seyla Benhabib, “Models of Public Space: Hannah Arendt, the Liberal Tradition, and Jürgen Habermas” in Habermas and the Public Sphere, ed. Craig Calhoun (Cambridge: MIT, 1996), 73. 91 Првично конципирана како постдокторска дисертација, „Структурната трансформација на јавната сфера“ била одбиена од Адорно и Хоркхајмер, доведувајќи до тоа Хабермас да го напушти Франкфуртскиот Институт за социјални истражувања. 81 во „Структурната трансформација на јавната сфера“ Хабермас студиозно го исцртува развојот на јавната сфера од нејзиниот репрезентативен карактер во феудализмот до различните форми на нејзино постоење во буржоаското општество и последователната структурна промена на јавната сфера во доцната модерност предизвикана од заедничкото влијание на државниот капитализам, зголемената улога на големите претпријатија во јавниот живот и моќта на културните индустрии.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Оној негов дедо или дедо на дедо му се викал Парамон и, како сите од тоа време во Кукулино, бил умен и со две очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да ми дадеш сол и да ми го закрпиш самарчево!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се прибојуваш да не те фати некој за нога и да направи узбуна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вие сте каури-рисјани и како такви ќе можете тептил да одите во тој змијарник и да разберете само две работи: кои се водачите освен оние поповите и два-тројца што ги знаеме веќе и каде е нивната слаба страна за да ги победиме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Преку своите луѓе Организацијата разбра за Толевата работа и зеде решение да го прибере овој самоволен работник и да го исползува неговиот авторитет, бидејќи и времето веќе назреваше за масовна работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Синот, повторно, за да докаже дека таткото не е во право во мислењето што го има за него, прави секакви мајмунлаци за да му се доближи на таткото и да го придобие неговото внимание, но како контраиндикација, наспроти тоа, успева само да го оддалечи и да ја удвои нетолеранцијата меѓу нив.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Многу повеќе сакав да нѐ намердаше жената и да нѐ пуштеше да си одиме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Најверојатно ќе ја напуштев гимназијата ако се случеше вошката што ја фати Нанчо да се прошеташе по кафената боја на костумот и да ја посочеше некој со прст. За среќа, ја улови Нанчо. Сполај му барем за тоа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Оди си“, се наведна. „Кажи им дека сум овде, дека ги чекам да дојдат и да ме запалат. Во детството ме апнала змија.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во извесна смисла тоа беше подлабоко од пријателство, тие беа интимни: некаде постоеше место на кое можеа да се сретнат и да разговараат, иако вистинските зборови можеби никогаш нема да бидат изговорени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Својата балканска мисија Донован ја започнал од Софија во почетокот на 1941 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сеедно, оние двајца и да станале, без љубопитност за одамнешните судбини да го оставеле, тој ќе продолжел да преде со атрофираниот баритон за лично задоволство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа ги имаше гушнато и двајцата, а јазикот веќе ѝ се плеткаше кога рече: „Македонците сакаат само да се забавуваат, да играат и да пеат – затоа никогаш нема да војуваат, а камоли да добијат некоја војна“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пред Змејковиот прозорец продолжува игралито да потреперуваат и да се колебаат дали да паднат на земјата, или пак да се вивнат нагоре, божем одбирајќи го местото за своето слетување, тие немирни водушести снежинки, што надоаѓаа озгора во роеви-роеви и носеа сонливост и чмаење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На крај решив да се помирам со чудниот човек и да се молам дека при утрешното спортување во влезот нема да го сретнам тоа бедно суштество. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Малку чувствував тешкотија, поради тоа што требаше да најдам нов правец и да предвидам нова траекторија по која ќе ја градам мојата иднина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Богами помислив: тоа планината тргнала да истече заедно со водите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пред да паднам, рипна преку седум лози. Потоа продолжи да трча.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
18. Вечерта не можев да заспијам, оти чув, разбрав дека Филозофот му порачал на логотетот: да слезат утре заедно во источната одаја, и овој да му го открие конечното и точното значење на записот, и да му каже уште во што се состои проклетството што со векови го опседнува царството.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да имаш афион на грбот, а да забрануеш негово одгледуење и да увезуеш од Авганистан беше најголема иронија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ќе го имаш пак само доколку си останал без тоа негде блиску, за да можеш да се повратиш; но ако си одел без тоа толку долго, за веќе да си имал време да ја свртиш браздата на твојот живот во сосема друга насока по која што те повела таа твоја загубена рамнотежа, тогаш повеќе ни еднаш нема да бидеш во состојба да го побараш и да го најдеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Итрите солунски трговци се надмудруваат, како да ги привлечат муштериите, и да им стуткаат стока во рацете, по „багателни“ цени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Да гледаме да го ставиме чорбаџи Теодос со неа, да ја види, да позборува, па може да ја бендиса и да му омили.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Тогаш да си ги соберете пандурите и да ве нема од нашето село...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со сила на една чета поддржана со целото тешко оружје на бригадата и едно пододделение на артилеријата утре во 20 часот и 30 минути да преземе ноќен напад во насока Стеницка и да продолжи сѐ до утринските часови на 21 август.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа, токму затоа, сметам дека таквите укажувања што ми се упатуваат крајно се несериозни, а одлуката на Главниот штаб јас да не командувам со текот на операцијата, туку прв да го напуштам Грамос и да заминам за Вичо, во најмала рака, другари, е навредлива и потценувачка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мојот живот е потрага по вечна љубов иако знам дека еден ден сѐ ќе заврши, сѐ ќе се изгуби без трага во движењето на материјата и времето ќе застане, но знам дека каде и да сум еден ангел Серафим (ангел од највисок ред со три чифра крила) е секогаш на моето рамо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И тие што се од последните, не се да го чуваат и да го подигаат значењето на Бугарија, а да го намалуваат и да го исмејуваат, и себеси и својата држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во овој пазар тука беше и старецот Богдан Сирме од селото Старавина со своето внуче Ангелета од осум години, да му помогне при терањето и врткањето на двете крави и магарето, што требаше да ги продаде за да однесе некоја ока сол и да се приготви за вршење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Доволно беше да се посереш јавно на плоштад и да се закачиш на јутјуб па за 2 дена да станеш главен сурат у цела држава.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Јордан Тренков им одржа говор во Жиовските ливади под Становица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прво да се распрашаме за него во селово и да разговараме за сѐ со комесарот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сето тоа и како да не постоеше повеќе; чунки сѐ со него и да се состоеше само во оваа пеколно збивтање; ако не беше онаа топлина зад еден далечен рид напред, што го влечеше неговото сознание и преку тој непроодлив простор меѓу нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Целта на друштвото беше неговите членови да се запознаат и да си изработат една програма што ќе ја реализираат во Македонија тајно од српската пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Понекогаш мислам дека и да заборави нешто, за жива глава не би убацила во рикверц, па ни кога вози.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Честопати мајка ти ми велеше: „Дојдоа, синко, лоши времиња”'. Значи ќе мораат и да одминат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Разбојот и влачењето сакаат седење на едно место, а со фурката може и на вода и в комшии да се прошета и да не губи од работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Единственствен, едноставен, незаборавен, незаменлив, формален, кога и каде и да посака, нејасен за никого и ништо, посакуван само кога ни треба, не му се знае крајот, а и не ни треба кога имаме сè кога и да посакаме.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Затоа се надеваме дека книгава ќе им даде храброст и потребно знаење на македонските работници на кои им се ускратени или прекршени работничките права – тие да поведат и да победат во институционалната битка за нивна заштита и почитување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Влегов во некое забрзување и да не можам да се запрам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај Симона можела да се јави завист и накнадно, со фактот што Борко станал познат човек и фактор, одлучувал за важни работи и во Војната и подоцна, можел да влијае, можел просто да одлучи, ете, да се изгради и една брана и да го потопи Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се борам да бидам закулник и да не го гледам. Зашто немил ми е прекорот во неговите очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во тие десеттина години одвај на третата да заодиш, да запаметиш тетка ти дури те заплашува со праче и да слушаш кога вели: „кревка му е коската“.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„Затоа драго мое дете, знаев дека кога и да е во твоите гради ќе проработи мајчинството и ќе побараш да го видиш и допреш она што е твое.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Нели рековме нимфоманките да останат во нивните простории и да немаат пристап на карневалот?,“ викаше однекаде медицинската сестра Хилда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И покрај тоа што вниманието на Американците во последниве неколку години беше преокупирано со други проблеми Соединетите Држави сѐ уште се учесници во еден мошне скап конфликт - војна против дрогата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
МАРА: Ништо, готови сме! Панде отиде да му ја извади зобницата на коњот и штом дојде нека ги земе пљачките и да кинисуваме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Некој како да ѝ наредуваше да се вљубува; како да ја советуваше да избрзува со своите заклучоци; како да ја насрчуваше да го каже и она кое што друг ќе најде за потребно и да го премолчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Понекогаш тој ден успеваше да ја заплисне со својата белина и да ја стопли со своите одблесоци целата Бела Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тогаш учителот, налактен на извалканата маса, ќе започне за што и да било и за кого и да било, стариот слуша и божем случајно зборот ќе дојде и за Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ајде, да бидам малку и пристрасна; можеби е глупаво ова што ќе го речам: можеа и да го исмејуваат тој Голем Тодор, можеа и да му измислуваат какви било прекари, ама Голем Тодор беше навистина поголем од приказните што се предеа за него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од зад малото долче, излокано од дождови, до нејзините ноздри допре остар мирис, и таа разбра - беше близу до волчата јама, во која четирите малечки ја чекаа волчицата да се врати и да ги надои.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На големиот одмор бев во искушение да претрчам до дома и да видам што направија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Едноставно не сака ни да поверува дека би можело да се случи некоја ноќ и да заспие.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Останатите модернисти исто така сакаат да ги идентификуваат и да ги стават под прашање нашите најосновни претпоставки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овде ретко кој умее да го прескокне јажето на нацијата и патриотизмот и да се затекне во Доблеста која веќе нема никакво национално или патриотско алиби коешто, ете, во „кризни времиња“, ѝ дозволува да се заборави, то ест да биде употребна доблест на оваа или онаа нација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во нашево ново време ќе завладеат и нови техники.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Основната работа на Одделот за разузнавање (Secret Intelligence - SI) на ОСС во Лондон била да ги прибира и да ги анализира стратегиските пораки што биле важни за Заедничкиот генералштаб на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Човек не може а да не се праша: зар токму на овие непроодни кањони требало да се гради и да се живее?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И почнаа сите фанатички да се смеат и да ја бијат со тупаници и да ја плукаат по лицето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На крајот решив да му го плеснам у фаца и да го прашам: „Добро бе брат, који ти е к.....?“.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Сѐ што им помагаше да заборават и да избегаат, макар и за миг само, од тешката и сурова стварност на аргатскиот живот, тие го примаа со благодарност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Хабермас се залага за „неискривената комуникација“, заснована врз подготвеноста да се учествува во рационалниот критички дискурс за прашањата од јавен интерес, да се овозможи слободен и еднаков пристап за сите учесници, да се обиде да се разберат проблемите и да се дозволи да победи најдобриот аргумент, резултирајќи во прифаќање на рационален консензус.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
И да се смееш и да плачеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но многупати знае и да побесни од лутина и да вреска по мене: „Откорнатик! Антихрист!“ - замавнувајќи со стап и со коприва по нозете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Облаци златокоси, дождови темнооки, Таги мои извишени, ноќи најглобоки, Што ми бегате штом ве иштам Дури лелекам, дури пиштам Од болки-додолки, од маки мартинки, Штом се стишам кога дишам Темното штом го рисам, За да светнам и да летнам, Како птица небесница, пеперуга златница Како миризлива стих-латица Како ѕвезда крилатица?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
А пражани знаат да си консумираат доста пиво и да „светнат“ во лицето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- А тебе, лапе ниедно, никој не те задева, викнал Богоја Гулабарин.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Монтењ велеше дека вистинската филозофија е можеби во учењето, прилагодувањето на смртта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И се обидов да седнам за една минута и да размислам. Ништо не успевав да смислам и да врзам во едно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Никој не можеше да му пријде и да го вознемири.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ти иде и од своето месо да кинеш и да јадеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Престана да џогира, да слуша француска музика, да пее шансони под тушот и да се обидува да учи француски.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не се замеша во кавгата, но затоа ги викна брата и и Јована да ја остават кавгата и да си влезат во училиштето, бидејќи ѕвончето удри.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тие мигови сѐ беше еден простор и едно време во кое јас и Ема, додека во мојот стан чекавме до крај да се исцеди тешката ноќ, да искапи како катран и да се слее во некој процеп без дно, ја живеевме претходната ноќ и ноќта по таа ноќ, оваа ноќ, како една единствена ноќ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во следниот миг Фисот веќе беше станат и ме удираше со тупаници; по лицето, по грбот, по вратот, по слабините; паднав и тој почна да ме гази и да ме клоца; Луција врескаше, го молеше да престане, и јас слушнав како му се обраќа, интимно: „Фис, престани, те молам, престани; тој лаже, тој само се преправа дека е голем маж, те молам, Фис престани, тој ме нема допрено, јаде ќотек од гордост, Фис, тоа е сѐ!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но Онисифор Проказник подоцна се сетил со каква надеж во премрзнатите прсти старчето му ја стискало раката во исчекување дека набожен и благословен од мајката Минадора ќе го спаси, ќе му помогне да стане и да зачекори по линијата на својот продолжен живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На крај му беше чудно зошто му простив, мислеше дека е тоа од корист, а јас му реков дека моето срце е големо и затоа знае да љуби и да простува.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога се дигна димот, во дворот лежеше еден од заптиите, а двајца се влечкаа кон ѕитчето за да се префрлат кај здравите пак на своите места и да го фатат метеризот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Влегле сватовите дома да ручаат, а Силјаница си го зела детето за рака и се качила на амбар да плаче и да жали дека не ѝ бил тука Силјан.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ги отвараа прозорците да се изветреат одаите, ги тресеа постелите миризбата да им излезе, а кога ќе врвеа крај казаните, скршнуваа од патот не можејќи да ја трпат миризбата; одвај чекаа да фати посилен ветер да го изветрее сето село и да донесе нов, посвеж воздух.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, ни тоа не потраа толку долго, колку што беше потребно, за да го узрее во себе дури ни тоа чувство, кога виде како по снегот наоколу почнуваат да се редат едно по друго и да нараснуваат во приближувањето десетина издолжени црни тела, сите со муцките впиени во сиромашката миризба на крвта, чиниш врзани за тоа испружено тело во снегот со некакви невидливи врвки, кои некој сега сите заедно ги повлекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
134. Во историјата не е познато да постоела и посебна словенечка држава под какво и да е име.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа мораше да остане тука, да живее со својот грев и да ја плаќа својата тајна. Ѝ беше ограничено движењето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Попусто е човек да му се опира на тоа што станува и што треба да стане и да ја бара чистотата на својот убав сон во средствата на остварувањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не можеше да здогледа некоја гуштерица и да не фрли камен по неа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Гината не ви се јавил? - Кој Гина? - Другарот Гиновски. Да фатите риба и да нѐ пречекате. - Не. До овој момент не.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му велиме: зар ништо не можеш повеќе за нас, освен да се напиеш и да повратиш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сепак тој се чувствуваше нешто погоре од чифчиите, подолу од бегот и беше доволен со својата положба, бидејќи и тој можеше да ги псуе чифчиите, да ги кара, па дури и да протепа по некој кога бегот беше отсутен, да не заборават оти се робови — измеќари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чувај, боже, ќе фати и да пие! (Се тргнува.) Ама кое време ли е, боже?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Можеш ли да му ја поматиш верноста кон земното, додавајќи знак по знак откривајќи ги срамните делови на твојот систем загадочниот метод небесниот свод- дом за да може да оди по истиот пат и да стига до истата цел човекот, оној кој над црната точка стрепи по сличното, од различното стрепи спојува еден со друг: еден и еден, два со два, седумдесетидва името го дели на четири елементи – I.H.V.H. тетраграматонот го врти, го враќа ред по ред реди вистината на скрбта ја учи завист и суета, суета и завист сѐ е бесценет камен, а број свет и сила равенката меѓу нив се припикнува како вода меѓу шуплинките во карпата како зрак во мрачна капела бели точки на црна површина поделена на две: еднооко човече дворог Пан троока нимфа четириаголен круг пирамидална петка црно на црно расфрлан, разигран Ум на Светлоста Умна светлост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Еден одред од две три стотини души се растегна малку налево, да ја заобиколи чуката и од запад и се спремаше што побргу да ја префрли преслапта зад чука и да фати врска со северниот одред од бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред тоа испив голтка вино од жудливо грозје што го раѓа од песок Македониичкава, ме натера домаќинот да го сторам тоа, го опијанив срцето и појдов во длабочините на животот да ги поздравам оние што не се веќе мртви и да им раскажам како почна највозбудливиот ден на овој свет: ја видов 'рженокоса, пораснав, треската што ме мачеше изгоре од огнот на крвта премногу зовриена за да не знае што се случува во шеснаесеттата година.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чувството за некаква кобна завлечканост во неговите петици тој не го загуби ниеднаш и сигурно затоа можеше да застане и да се сврти уште на првото 'ржнување, што го чу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Муртењето на кучешката или мачешката муцка, со кое се нагрдуваат за да заплашат и да ја избркаат опасноста, едвај е поинакво од другите движења што ги прават.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
— Нешто ќе те прашам, бабо Право да ми кажиш...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Папата... Папата е дојден по идеолошкиот пекол во Скадар, градот маченик, во кој било жртвувано две илјади години старото верување, за да ги освети првите четири нови бискупи и да го охрабри троверниот албански народ во повратеното верување, од чии недра се извиши до универзална добрина светицата Мајка Тереза.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако милуате сете четворица, јас су решил да си а посина Нешка и дури су жив да ми биде моа и да ме испрати кај татка, мајка и кај моа Велика.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доколку шизофреничарот е инкогнито, со неговото тело можете да ракувате и да манипулирате; можете да го милувате, галите, да го тепате; можете да му ставате инекции или сѐ што ви е волја, но „тој” е посматрач, неповредлив.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кутнатиот беше тој, и сега требаше да продолжи да оди и да си ја скрие, да си ја засолне таа своја кутнатост во колипката на неговата пилана, и тука повеќе никој и со ништо не можеше да помогне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога не можеше повеќе да остане притаен на својата само за една педа недофатлива височина за нивните скокови, во која неретко, само за еден кус миг, успеваа и да си ги впијат своите муцки секоја од тие отскокнати и спалавени дивинки; кога немаше повеќе сили да остане ни со затворени очи над тој ужас, тој пукна во самата средина на тоа клопче пред себе и сега веќе не успеа ни да ја додржи пушката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби ќе треба и да се насрчи и умилен да се шепне збор.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Шеќерот да се додаде на крај, за подобро да се впие и да не загори.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Преземајќи ја сета вина на себе, не собираше сили да ја споделува загубата по синот со жена си, колку и таа со очите да го молеше за тоа. Ѝ ја препушти грижата за помалата ќерка нејзе, како што се отуѓи од сопствениот дом, навраќајќи не толку да се види и да преспие со нив, колку да се пресоблече и да ја избричи повеќедневната брада.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И пак стрелал со своите четири пушки стискајќи секакви крпи врз раната и со матно сеќавање на мајчините прикаски за араратски осаменик што со своја крв поел некаква земја што можела да се протега и во Библијата и во Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме пушти оставајќи ја болката на прстите на моето месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да бидеш суров, против една суровост, со која сѐ уште не си стасал да се фатиш в гуша и да ги одмериш силите, да ја изостриш својата суровост во себе до секавична острина и да бидеш постојано буден против неочекуваното, ненадејното.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бев осуден и морав да се спуштам во таканаречениот Безизлез без право дури и да размислувам за посебностите на тој мој затвор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ама, наеднаш и коњот почнува да ми се завраќа и да не оди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури правела и шеги за сметка на Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Ами твојата крава што ми го изгази пиперот?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јадицата на мушичката беше лична како цурајка со окце - тамам да зинеш и да ја лапнеш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
1. НЕ ЧЕПКАЈ ПИШТОЛ, МОЖЕ И ДА ПУКНЕ - па макар и од мака дека куршум нема.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Најсигурно од сѐ е да се сепарираат (split-ing) овие меѓусебно поврзани делови и да се потиснат, што посигурно, сите инфантилни нагони во случај да се премногу перверзни, да се изврши што порано разделувањето и потиснувањето итн, и да се негира постоењето на било која од тие операции, за на крај да се негира негацијата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Уште пред да истечат и да изгаснат со тап удар во некој ѕид, шлем, или чело, потрча чувствувајќи дека нозете се отплеткуваат од жиците на мракот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нека бидат делливи, да не би да се вратат назад и да станат повторно она што биле: едно, цело, совршено солило андрогино море- копно...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Механизмот на памтењето со мака ги оживува, често беспомошен да ги поврзе и да ги одвои од случајностите, да ги предаде наполно и јасно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И утредента Лествичникот слегол во гробот од татка си, и ковчежето го откопал, негибнато сосем, и в раце го држел, а косата на главата му се исправила од страв и ужас, оти од ковчежето доаѓал чуден звук, како коските на таткото негов да штракаат и да се распоредуваат во устројство чудно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„...Сите ние тука поверувавме дека Сврделот решил да се задоми и да се задомаќини. Тој друго да ти правел.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Само одделното македонско национално самосознание кај нас ни дава морално право да се бориме против барањето на малите балкански држави да се раздели нашата татковина и да се бориме против пропагандите што готват почва за дележ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш како балон нежно го враќа во постелата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Лежев сраснат со грб за земјата кога Марко Марикин, самарџија, абаџија и некогашен црковен пејач, човек што има за сѐ свои и само свои причини, малку разбирливи за другите, почна да се смее и да се удира наведнат со дланки по колениците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа, ги покануваме сите оние што сметаат дека е можно одредено подобрување на сознанијата презентирани во неа, да нѐ контактираат и да го споделат своето мислење со нас.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
да не стекла пак реката, да не ги откорна овошките или само алето, е во Америка алињата им се дома, в среде куќа, е па водата нема узда, не се запира со прачка и со викање, а да ја видиш онаа вода што се оди со денови, еднаш ни рекоа денеска морето ќе игра, а кога игра морето, не играјте вие и кога зеде да рипа, да станува и да седнува, леле мајко, потплашена кобила, фучи и се пресега преку бродот и го прескока и 116
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имајќи намера без скокање, а само со чекање и застрашување да ја укочи мачката и да ѝ го пукне здивот - таа го укочи, го хипнотизира него со својот посилен поглед кој, заради стравот и за себе и за мачињата, доби хипнотизерска моќ.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Поштарот не верува дека сум мртов а мене ми е здодевно да го одведам до гробиштата, парцела икс, алеја три, и да му ја покажам белата плоча со име и година - Никола Боткин, 1948.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сè уште сметајќи дека тоа е дел од играта, таа потврдува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И плашејќи се да не Исо се исплаши кога ќе го види Лазора толку голем и да го с`ска Иса против него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Претседателот сега мислеше дека може да ја посегне раката и да ја поземе лагата; дека би било толку просто дури и попросто од сѐ друго, кога би пукал за да лови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наместо да оди работата на подобро сѐ повеќе се влошуваше. Почна да излегува и да пие алкохол.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Марко остана да седи ноќе на черга со подвиткани нозе под себе и да шепоти дека земјата,негова родна и неродна, го мачи додека туѓината го повикува и му нуди утеха.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога го виделе тоа царовите, рекле оти господ сака каурите да ја загубат царштината и да му се потчинат на Турчинот. Така Турците ни го презеле царството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потоа се издишува длабоко и бавно го свртува лицето кон мене.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но, поарно е сето тоа да го заборави сега и да си ја сврши работата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во таа чудна суводолица, ни рана на заздравување, ни болка, ни спомен на болка, во сета нејзина издолженост, до работ на острата вилица, лежела зимска модрина на истинато месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Не само да земиш, џадио, токо и да му дадиш некој нишан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Притоа, по правило, секогаш тој го избира вистинскиот момент.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зашто, како што увидов миг подоцна, колку и да е понижувачка позицијата на тој што го спушти своето чисто колено во калта, работата само навидум е на штета на понизниот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но и за госпоѓа Камилска и за Мајка најбитно беше што нивните сопрузи колку и да се оддалечуваа со нивните идеали, со метафизиката на нивниот бег во историјата, тие си остануваа уште поцврсто на Балканот со нивните здружени библиотеки...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- И да се прават бочви и качиња, велам јас, да се киснат и да им се стегаат обрачите...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од едната и од другата страна на небесниот хоризонт се протега оптимизмот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
157. Ние гледаме сега оти три национални и религиозни пропаганди во нашата татковина се борат една против друга и сите заедно се борат против нас и нашите интереси, сакајќи да им нанесат смртен удар и да си ги потчинат под себе, земајќи го со таа цел религиозното и училишното работење кај нас во свои раце преку црквата и училиштето за да ѝ нанесат смртен удар на нашата народност, ни го налагаат нам нивниот наместо нашиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓутоа, поради сиромаштија, морале да прекинат и да бараат работа; Ина почнала да работи во некоја кафеана; таму била и танчерка и келнерка; таму го запознала и момчето во кое се вљубила, а кое ѝ ветило подобра работа во еден поголем град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Жими вера и имаат право. Таков магаршчилак да се токмит кај нас, а ние да не знаеме и да не кажеме, навистина за бесење сме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некој од вас може дури и да рече: Слуга Господов а не слушнал за вампири, не слушнал за убавицата луда Мара, што пред две години во Зреновскиот вир скокна и повеќе не се врати.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На Пелагија исто така ѝ потекуваат солзи, ама таа не сака да си ги забрише како некои од толпата, туку дозволува слободно да се разлеваат по лицето и да капаат врз убавиот фустан.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како предизвик или имагинарна наука, единствено некоја патафизика на симулакрумот може да нѐ извлече од стратегијата на симулација на системот и да нѐ изведе од смртниот ќорсокак во кој тој нѐ затвара.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Општеството мора повторно да го пронајде патот кон самото себе и да ѝ погледне в очи на сопствената вистина за да може во минатото да го остави она што таму и припаѓа и да гради иднина што ќе биде ослободена од заборав и лаги.”
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како и да е, потиснувајќи ја болката од разделбата со тоа што се трудеше да се убеди дека сето тоа е природно, за разлика од жена му која како мајка ја преживуваше разделбата како доилка што одбила рулче од боска, Гого продолжуваше да слика (зашто ништо друго и не умееше) следејќи го својот темперамент со истиот нагон и снага.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Наведнувајќи се да го земе, погледна накај мишките, и да, на црвената блузичка се имаа направено мали крукчиња.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
144. Браќата Асен I (?-1196), Петар II (? – 1197) и Калојан (? – 1207) се обновувачи на бугарското царство, кои успеваат да ѝ нанесат тешки порази на Византија и да ја прошират својата држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оттука Качак почна да заостанува, да `ржи и да го проѕира мракот со пламенот на комитските очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но колку и лагата и вистината да ги видоизмениле своите ликови, колку и да се извртиле поради упорноста на лажговците и слабоста на вистинољубивите, сепак тие никогаш не можат да станат она другото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Прашуваше дали стои обесена на башлакот каде што ја остави да се чува, дали ја подмачкуваат со тревката ноктец за да не ја нагризат молци, дали писката и брмчалото го подмачкуваат со масло за да не се исушат и да испукаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Брзина на светлината - Cour carré - Како што затвореник излегува на прошетка под надзор, сам и молкум да се насладува горко на дневната светлост инаку обична, тогаш света; како што несвесното си го подава грбот на есенското сонце да се згрее а лицето да остане темно, како Месечина од онаа страна на видливото; како што затрупаниот бунар посесивно и со мака ги чува подземните води усовршувајќи ја мајсторијата да ги заташкува трагите и да создава привид на секнат извор; како што квадратот е круг, и крст и триаголник, удвоен симетрично и синхронично; како што жената си краде од сонот за да добие време за да биде „нешто повеќе"; како што нема добивка ако нема загуба како што нема сенка ако нема предмет ; како што медитацијата бара отсутност при подотворена свест за светот и душа а енергијата е материја помножена со брзината на светлината на квадрат - така дворот врамен со ѕидини желно кон небото над Лувр зинува се простира префинето како акт на Роден или можеби на сестра му, Камила со намера да го покаже замислениот ерос на торзото видено одзади метатеза на тихоста манастирска и метрополска; - така стихијно надоаѓа тихиот дожд желбата да бидам во средиштето на симетријата бесконечен и рамнодушен број ослободена од суета, од неразумно самољубие зашеметена од ненадејната рамнотежа на крстот, на квадратот, на кругот и да се успокојам, ако веќе морам оти со толку тревоги од различно потекло добивам порив да излезам од себеси а потоа како ќе се сложам и составам во едно, знам ли?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но за да пристапиш кон извршување на заповедта (Да го исплазиш јазикот користејќи придружба звучна) Вистината треба да слезе од ридот на одбраните Да ја прифатиш како академски поучна И да поверуваш дека ти ја праќаат привилигираните..
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тој можеше добро да оцени и да предвиди што би можело да ја чека Мајка во земјата на живиот сталинизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Слободата е секојдневен предизвик, а триумф е кога мирно ќе заспиеме без грижа дека некому нешто должиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Меѓутоа, кога неговите настојувања останале без некој повидлив резултат, пролетта 1941 година тој изнел предлог традиционалните разузнавачки оддели при Владата и при војската да се реорганизираат така што да одговорат на предизвиците на нацијата и да се напушти практиката претседателот да интервенира во нивните меѓусебни недоразбирања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Овие истражувања покажуваат“, тврди Кауфман, „дека системите во комплексниот режим можат да спроведат и да координираат и најсложено поведение, најлесно да се прилагодуваат и да градат најполезни модели на нивните околини.“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Колку навистина се важни фракталите? Како и за теоријата на хаосот, сѐ уште е рано да се тврди што и да е, но перспективите се завидни.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На одење ја фатив за рака и ќе ѝ речам: — Кога ќе ти е многу тешко да дојдеш и да ми кажеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да си ги голтам и да си ги плукам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ха, ха, - рече Претседателот. А Змејко мислеше: кога си ваков, без ниедна трошка сигурност, и кога неа си ја загубил толку евтино, како овој тука, тогаш не ти останува ништо друго, освен да ги повторуваш зборовите на другите, да ги повторуваш нивните движења, да чекориш како што чекорат тие и да се смешкаш вака проклето изгубено, а смеата да ти е сѐ друго само не смеа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Решија, одејќи по брегот на блатото, да изнајдат газило и да прејдат на другата страна; најпрвин, ако стигнат, да ги уловат коњите, потоа да бараат, да го пребараат сето поле и да го фатат жив Владимира.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Татко ми ме советуваше да бидам вредна и да го учам јазикот. Потоа се надоврзуваше мојата сестра.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Прашањата од нивото на акција ги поттикнуваат индивидуите да пронајдат посебни излези за редоследот на настаните кои се одвивале со текот на времето во согласност со главните теми. 48 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Требаше да стане, да појде до вратата и да ја запали сијалицата. Кога е светло не е толку страшно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На прозорецот удираше студениот северен ветер, а над Јонија лееше еден од тешките зимски дождови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таму треба да седнете на сонце околу пладне и да порачате чај.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стоеше колебливо еден миг, правејќи несигурни движења со рацете, а јас во тој краток момент, со онолку прибраност колку што беше можно, успеав повторно да го навлечам фустанот на себе и да си ја вратам сигурноста.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сега можеше и да се радува што ќе биде неколку недели надвор од оној до ситници раздробен и познат ден во селото, кога сеќаваш како секој поглед, секој збор, оди против тоа да те препознае и да те признае, те пренебрегнува, те премолчува, те принудува на една спарушеност, на една изветвеност од честите среќавања, од долгото гледање и од долгото познавање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога некој обичен човек му се обраќал на некој капиталист, тој морал да се превитка, да му се поклони, и да ја симне шапката и да му се обрати со „Сер“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не беа парите мотивот што го гонеше, дури и да му се нудеа, не ги земаше, зашто со тоа би им дал друг потход на своите идеи, би ги урнал на друго рамниште.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја изведов точката беспрекорно; на еден необично, гротескно висок кревет, што го бевме направиле специјално за таа намена, лежеа, во прегратка Луција и Земанек, а јас со скалата, потпрена на ништо, во воздух, се обидував да се качам и да видам што прават; јас бев, наводно, глупавиот сопруг на Луција, а Земанек нејзиниот љубовник. Луција П беше Петрунела.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Она што јас би го предложил е да постапиме како извесната Окереке Онике, претседателка на организацијата „Африканците за Обама“, па да собереме, иако населението кај нас не живее којзнае колку подобро од она во Нигерија, пари и да ги донираме во проектот на американските и англиските научници - произведување на невидлив плашт.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Следното на што се сеќавам беше солзата на син ми која капна во супата што ја јадеше во ресторанот и направи крукче меѓу зеленчукот и тестенините.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Може да се заборавиш и да згрешиш, сѐ може да направиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги ставив, и да видите - сѐ се стиши околу мене, веќе не ги слушав козите како брстат лисја, не ги слушав цицингарите по блиските угари...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Камилски одвреме-наврме го демонстрираше своето одлично знаење на францускиот јазик, не само за да го потврди универзалното значење на турцизмот и на овој светски јазик туку и да го практикува со Татко, како со единствен собеседник на Балканот на овој јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- И што порача? - праша Даме. Ти ја праќа оваа книга, - почна да објаснува служителот, - и рече: да ја прочиташ и да му пратиш друга книга, за читање.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мислам дека во донесувањето на одлуката да постапам цивилизирано и да го одминам спомнатиов без да му обраќам внимание, ми помогна и тој самиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Остана уште обврската внучињата на баба Петра и дедо Костадин да ги подготви за враќање кај нивните родители, дури не смее ни да чека ако веќе еднаш овде се појавиле од црвениот крст, туку да се загне самата и да ги пронајде кривулестите патчиња што побргу ќе ги однесат во родителската прегратка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Тогаш требаше да го спречам чедоморството и да ти се вратам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од тој ден уште повеќе се немтуросал, се замислил, и тој како и Селџик-бег бил смирен објаснувач на Коранот: Алах нѐ создал сите, само тој може да нѐ успокои.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакаме да нѐ видат и да нѐ сметаа не вакви какви што се другите...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А ако е потребно да се преуреди сеќавањето, или да се преиначат пишаните документи, тогаш е неопходно и да се заборави дека тоа било направено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Проблемот беше во тоа што тигрите и мајмуните имаа една заедничка грда навика: да ја проверуваат секоја стапка од својата територија и да ги пребројуваат, меѓу другото, и сите желади и тревички во неа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А бре, господ да чува и да брани!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакав да бидам присутен и да видам со свои очи кај ќе лежи Борко и затоа ги помолив луѓето од џиповите да ме земат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Каде е тој? Синоќа беше тука.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нивна единствена задача и цел била да се инфилтрираат меѓу македонските револуционери и да го оневозможат нивното самостојно работење во зацртаниот правец.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Никако да се попредаде времето, што се вели, да се потргне и да се расправи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој подлец изгледа го имаше веќе здогледано наближувањето на непријатностите па сепак, во огледалото, со чудна ноншалантност си го бришеше со белата мека крпа измазнетото лице , а потоа не го прескокна и она долго размачкување на помадата по образите и по челото без да стори ниту еден неприличен гест, или барем да побрза и да ми се тргне од пред очи, како што постапуваше многу често.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сакаме да го видиме и да го посетиме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Оти таа умее и да ти се отме Токму во моментот кога ќе поверуваш Дека ќе можеш да ја опчекориш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Да бидеш ти и да бидеш сам и да се најдеш пред себеси еден нов ти. И да се почувствуваш и самиот пред себе си нов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мачките само студот може да ги натера да се бараат и да мјаукаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И таа искрено жалеше за Младен, кој повеќепати знаеше да ги смири нападите на Ружа и да застане на Радина страна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби ако другите не ги водеа овие битки јас ќе ги водев, но бидејќи тие го правеа тоа многу добро, јас работев нешто друго. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Колку и да сум претпазлив, низ буквите и редовите се исцртуваат патиштата и станиците, и јас потоа одам по нив и запирам, го чекам автобусот во кој е веќе речено дека ќе се качам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но Џорџ Смит можеше само да гледа во малиот човек поцрнет од сонцето, со остри јасни очи, и да го прошепоти неговото име, тивко, за себе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Поради должината на постапката и поради дополнителните дејства што беше неопходно да се преземат, особено во доказната постапка [како, на пример, вештачењето] – судските трошоци севкупно изнесуваа околу 10.000 МКД (околу 165 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога коњаниците се доближија до селаните, овие почнаа да се караат, да викаат, да се дрпаат и да се туркаат.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
54. Додека во овој прилог, пишуван пред донесувањето на Мурцштегската програма за реформи во Македонија, Мисирков условно и привремено дури и ја допушта дејноста на постојните црковни организации, во другите прилози во книгата тој е веќе против каква и да е туѓа ” црковно-училишна организација или институција на пропагандите на македонската територија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Освежувачки, смирувачки ноти во нови утра кои ни вдахнуваат енергија, кои не воздигнуваат и ни даваат сила слободно да се нурнеме во прекрасната, идилична, раскошна светлина и светоста на новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Што сакаше да рече Турција со тие списоци е многу јасно: „Јас сакам да воведам реформи во Македонија, но наместо реформи сега-засега ќе воведам аскер и маки, зашто земјата се готви за револуција, подготвувана од престапното работење на комитетите, коишто претставуваат како држава во држава: ќе ми дозволите првин да ја смирам земјата и да воведам мир, а после ќе се воведат нужните реформи”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но момчето не ги слушало веќе зашто во кафезот на неговите млади ребра срцето му трепетело како штотуку разбудена птица; не зашто умниот песнопоец Богдан Преслапец или најстариот со гајда Каменчо Скитник не можеле да објаснат дека битието се обврзува да му служи на духот што низ векови бил тајна и копнеел по тајни како кога се пеело ој ти тебе ѕвездо вечернице, уште мене јунак не познаваш и не зашто мирисот на смртта го урнал на коленици сневеселениот Богоја Гулабарин: зад нив, меѓу карпи и мртви или полумртви стебла, стоела како фатена во нишки на магија немата девојка Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се обидов да станам и да се изгубам од куќата но болката во зглобот ме залепи за тревата. Одново паднав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Меѓутоа, кога сето тоа било готово, потребата од луѓе била сведена на минимум: еден ќе требало да го запали фитилот во визбата на бакалницата и да исчезне без трага и еден кој требало да се качи на бродот, а чиј живот можел да биде најмногу загрозен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа барање за конструктивност одамна е препознаено во својата компензациска функција: „Од филозофијата се бара, откако религијата е изгубена, да се фрли на изградба и да го замени свештеникот.“ (Хегел)
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А за да падне мостот во широкиот вир кога ќе сакаат, тие врзаа по една ортома на двата краја на мостот и двајца се решија да се скријат во густиот врбјак, та кога ќе се накачат напаѓачите, да ги тргнат ортомите, да се урне мостот со сите луѓе што ќе бидат на него и да се издават во вирот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„ Двомисла“ значи способност да се имаат две спротивни верувања истовремено и да се прифаќаат и двете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не треба ли да ги пронајде овие дечиња на својата соученичка и да им помогне со што било.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Според него, британските воени мисии во Грција би требало пред сѐ да бидат ангажирани во реализирањето на воените цели и да не дозволат „некои т.н. политички процеси да ни застанат на патот“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Не, тој веројатно не се разликуваше од своите колеги.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На старецот му е потребно да се мавне одовде и да се одмори.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Има, вели Мисајле Ковачот, ама има и куче што знае да ти тажи на гробот и од жал да не јаде леб, вели, и да не пие вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ги слече и панталоните и здолништето од на себе, коњот го почувствува нејзиното голо тело на себе, ги почувствува нејзините голи и врели ципи стегнати на неговиот мев и се возбуди така силно што зафати да јури со сета сила и да 'ржи со крената глава.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Му реков на берберот да ме острижи повисоко и да ми ја земе малку повеќе, зашто немав намера брзо да дојдам повторно за стрижење.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Онисифор со обетка на увото не е далеку.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ што уште може да трча, да оди и да се влече, се упатува кон високите и густи трски.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ех, да знаеше барем малку да држи ножици и да потсечува ваму-таму, тогаш косата на Зоки Поки сигурно секогаш ќе беше убаво поткастрена. Но, можеби и за среќа!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Летавме многу ниско над брановите, и одвреме-навреме страхував некој од нив да не нѐ стигне со својот висок, пенлив гребен и да нѐ повлече кон длабочините.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во нив, си помислив, не треба да се најдат расцветаните овошки а за плодовите и да не станува збор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ракија, збратимување, пак сомневања. Некои од дружината можеле да поскокаат и да го растргнат човекот со креста и во мантија под износениот кожув.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дјаволите това гледаха и чкртаха со зуби, сакаха да ме земат от руки ангелски и да ме фрлат на дно у мука вечна.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Е тие, мали, ситни, дребни заморчиња на природата (иако не беа вистински заморчиња, туку јас така гледав на нив) еднаш се обидоа да излезат од својот фантастичен свет и да ги прошират своите живеалишта и на другата страна од автопатот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Лично има воспоставено и коректна соработка со некои трудови инспектори за нивно ангажирање на терен во заштитата на работничките права и спроведување на законските одредби. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Стотици мртви и еден коњ, премногу за тоа запурно лето без гуштери на излишавените карпи, сите до една слични на згрчени чудовишта, еднаш, кога и да било, ќе се тргнат од летаргија и ќе појдат да се хранат со човечки коски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Неговата привлеченост од Христос како фигура и неговото искуство со смртта го okno.mk | Margina #11-12 [1994] 91 доведе до таму да не го негира минатото, туку да го трансфор­мира во колективно наследство (како што тоа е изразено во неговата витрина посве­тена на Auschwitz).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тетка ми ме праша дали е во ред тука да јадеме наместо на трпезариската маса, затоа што тој ден ја чистела со некое средство што морало да отстои минимум еден ден.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја гушкав твојата слика, плачев, многу плачев, сакав да се врати времето, па тебе да те гушнам и да ти кажам колку многу те сакам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во Крапиштето направи колиба колку да се заштити од дожд и ветер и да се замаскира од многубројни езерски птици што тука живееја.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Си одеше да руча и да прилегне малку.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сакале да чувствуваат каење и да извршуваат покора за, како што тоа веќе го правел Аретино, што поинтензивно да се доживее „стравичната сласт“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само треба да знаеш како да се вслушаш и да умееш да ги откриеш местата по кои шетаат).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Значи, Грците нѐ крстиле „Бугари”, без да нѐ прашаат нас, и ние, немајќи време да гледаме и да му најдеме мана на името, си го усвоивме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така, односите на нашиот народ кон Турците и муслиманите воопшто повеќе зависеше од последниве отколку од нас: ако муслиманите гледаа на христијаните како на луѓе рамни на нив, тогаш нема сомнение оти не само ќе беа најарни односите меѓу христијаните и муслиманите, ами може и да немаше востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но веќе одамна се нема ништо исполнето ни случено, но да се надеваме дека утре светот ќе бидам подобар.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секој ден да идат луѓе со повојница и да ми го наслушуваат дишењето, што се вели, да гледаат дали сум жива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така, тужбеното барање на Ѓорѓиевски е усвоено и дефинитивно е одлучено во негова полза, со што: а) се поништи одлуката на генералниот директор на Шеќераната за давање отказ на договорот за вработување на Ѓорѓиевски, поради наводно кршење на работниот ред и дисциплина, како и одлуката на УО на фабриката, со која приговорот на Ѓорѓиевски беше одбиен како неоснован; б) се задолжи Шеќераната да го врати Ѓорѓиевски на работа со сите права од работен однос, на работно место кое одговара на неговата стручна спрема, како и да му ги надомести парничните трошоци од 33.660 МКД (550 ЕУР), сѐ во рок од осум дена од приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Помисли, исто така, да побрза до Општинскиот центар и да остане таму до затворањето и така да си обезбеди барем делумно алиби за таа вечер. Но и тоа беше невозможно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се разбира, нема да се откаже ни од бонбончето, зашто уште поубаво е да слушаш приказна и да си лишкаш бонбонче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Пред полноќ се решив да те побарам и да се стивнам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Брзаше да стаса дома и да им ја соопшти на мајка си и на сестра си радосната вест.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Животот ти е донегде како огледало: насмеј се, ќе ти се насмее, намурти се, ќе ти се намурти. Поарно да се смееме и да се веселиме!...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Беше дојден до информацијата дека еден од најумните од врвното југословенско раководство, кој како татко ми многу читал, во кого најмногу верувал и самиот Водач, а во еден период дури и Сталин, своевремено, додека се занимавал со одгледување и откривање на печурките, особено од својата родна северна република, помислил да ја ослободи земјата од козарите и да ја претвори во цветна градина со безброј печурки!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше убеден дека волците не се во состојба да му нанесат зло, освен ако се решат со денови да го држат во опсада, во што не веруваше, и најпаметно решение би било да седи затворен во колибата и да чека да помине ноќта, но нешто во него се креваше и го тераше да се стави во активна борба со волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И така, секој има по нешто што ќе го тера да се притресува и да приплакува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сандре со светнати очи и разигран поглед шеташе по нас загледувајќи нѐ сериозно де еден, де друг: - Другари, испратен сум од учителот да го свикам овој состанок и да ви пренесам една многу важна задача.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Понекогаш се случува да се посомневам во неговата искреност и да помислам, разгледувајќи си ги нозете, дека и не ми се баш толку никакви туку, напротив, дека одлично ми стојат куси фустанчиња и костими за капење, но тамам во тоа ќе се уверам, ете ти го огледалото, сѐ ќе стори да ме разубеди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Зошто не би можеле да се преселиме таму и да заминеме од градот? Знам нешто за селскиот живот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Едното е - усетот да ги открива своите убијци уште пред тие да го извадат револверот и да ги спружува на улица без особени церемонии.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сите бои ги вапцавме остана уште аловата Ако запнеме уште малку секако ќе доучиме и да бидеме свои на своето.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тоа и од таму, и од небото дебнеше остриот месец со своето гладно око, готов секој миг да ја исправи муцката и да завие по снежната штамовна дивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Добра се пофали дека мажот ѝ заградил убаво местенце горе на плочата, бил и во градот, ама само до некаде, односно до каде што одела право улицата отаде насипот и кога почнала да се крши лево и десно и да се меша со други, си ја свртил муцката и право надолу, гледајќи да не му се скрие оџакот на фабриката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
ДЕПА: Далеку, срце, многу, како што кажуваш... Господ да ми те варди и да ми те чува од лошо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Да го допуштиме и спротивното, дека сегашната борба најпосле ќе ја принуди Европа да се замеша во турските работи и да ја принуди Турција да им даде рамноправност на македонските народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Колку и да е интересно разгледувањето на овој музеј, полн со разни гробови на француски великани, потоа со сето она што останало од историјата, неусетно ве зафаќа замор кој затапува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека, пак, стварната [каузална] легитимација (legitimatio ad causam) претставува материјално-правна врска помеѓу предметот на парницата и лицата кои во тужбата се означени како парнични странки, т.е. вистински правен однос на странките спрема предметот на спорот во точно одредена парница или „способност да се биде странка in concreto“ и, за разлика од процесната легитимација, таа не е процесна претпоставка туку е прашање на меритумот на спорот ([не]основаноста на тужбеното барање) и за неа судот не води грижа по службена должност, туку само по укажување на странките кои треба и да ја докажат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ми пречи кога ќе ми се обрати некој почитуван психијатар, кој претходно ме нападнал во јавноста со зборовите: „Тој така зборува пред децата, а ние сме на истата страна во борбата против страдањето“, и испаѓа дека тој има ќерка од осумнаесет години која „одлепува“, и за која тој не сака да им падне во рацете на полициските психијатри и да добива електрошокови. Margina #21 [1995] | okno.mk 61
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сакаше да прашува уште и за учењето и за Елена, ама му се стори дека Денко одговара некако без волја, па само одмавна со раката, си промрморе под носот „Да видиш и да не веруваш“, - па замавна со копачот во земјата пред себе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Премногу сум стар, премногу сум сам, немоќен и уплашен за да можам да се кренам против злото, но со него, од бога, правдината и би ја распоредил така што секој створ на земјава да има еднаков дел од неа и да има еднакво право на неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Би ве молел да ми дозволите да напишам нешто за неа и да ја фотографирам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
7 Во декември 2010, Врховниот суд (во совет составен од судиите: С. Алиу – претседател, К. Здравев, В. Атанасов, д-р М. Ристова и С. Трајчовска – членови на советот), одлучувајќи по ревизијата на Ѓорѓиевски, донесе пресуда во трет и последен степен, со која ревизијата беше усвоена, а пресудите на првостепениот и второстепениот суд, преиначени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според Коста, револуционер можел да биде само оној што бил способен да се откаже од сите земни блага и да ја прифати револуцијата како професија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мускулите, со кои немаше што да работи, престануваат да му просребруваат, во нив гаснеше онаа маѓија на потребата од напнување, додека стоеше таков, со ноктите вкопани во дланките, со дланките прежилени од своите сопствени нокти и едвај здржувајќи се да не тресне нешто со тупаниците така, за да го здроби со еден замав, едвај задржувајќи се себеси да не истрча низ вратата и да земе да го гази оној снег, да го пробива тој изнаврнат снег, да го изоди сиот сѐ додека здивот не земе да му бие во него како тапан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Посака да шета по улиците со неа, токму како што шетаат сега, но отворено и без страв да разговараат за обични работи и да купуваат дребулии за домаќинството.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако, се разбира, тој знаеше дека за Петрович се зборуваше дека знае наеднаш да ти пресече некоја ѓаволска цена, така што дури и жена му да не може да се воздржи и да не викне: „Да не си се споулавел, глупак ни заеден!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оваа гостилница можеше да биде која било просторија и да биде каде било; оваа гостилница не беше Нахрани ја торбата, која нему му беше позната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сакате ли? - Сакаме! Урааа! Ихуу! - почнавме да скокаме и да ги фрламе торбињата нагоре.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А, таа не умееше ни да ги прими, ни да се заблагодари зашто од хортикултура знаеше само да ги окопува леите во дворот и да засадува пипер и патлиџан, а во браздите што ги обрабуваа плодоредите да сади ред ниски, ред високи цвеќиња... од најселските.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да беше иницијативата во востанието грчка или српска и да знаеја тие народи оти востанието ќе биде така силно, не гледајќи на никакви неблагопријатни прилики, ќе објавеа војна, па макар таа војна да се свршеше со полн пораз нивни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)