и (сврз.) - дека (сврз.)

- И дека таму беше истепано многу народ и шумата почна да оди.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Заклетвата се полага усно со изговарање на овие зборови: „Се заколнувам во честа дека за сето што ме прашуваше судот ја зборував вистината и дека ништо што знаев за оваа работа не премолчив“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Само наслушнував и, се сеќавам, секој надворешен шум, дури и шумот на една тревка, ми се чинеше пресилен и дека ми пречи да го слушнам длабокиот, скриен ромор на водите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Видовит сум, Онисифоре. Ти се колнам дека го видов и дека знам што нè чека ноќва.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ама немаме пасоши, свиденија, никакво книже, оти ние знаеме дека ќе влеземе во слободна Македонија и дека не ни треба ништо и кој ќе те претресува во слободна земја и ги фрливме пасошите од бродот, во морето, ура, викаме, скокаме на бродот и ги фрламе пасошите во водата, радост голема, човек во радоста поулавува и пасошите летаат во водата, а улема риби се збираат околу пасошите, цели јата риби ги тргаат наваму натаму, небаре ги читаат,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кажи му да му кажи на син ми дека и воловојте и овците ми ги звее и дека јаска остана угул сама...шо да правам?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој гледаше во мене воодушевено; очите му сјаеја како на младич; му реков дека ме става во многу неудобна ситуација, и дека, ако некој помине и види дека среде пладне му го покажувам стомакот на некој непознат маж, ќе ме прогласи за луда; му реков дека имам ќерка и дека годините не ми се за адолесцентни забави под некакво дрво, но тој не попушташе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше нешто, што мораше да се носи во себе, а додека заминуваше под тоа црвеникаво сонце му се чинеше дури и дека е добра.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Постојано ми пишуваше писма дека ќе ме чува како кралица и дека ќе создаде за мене богатство со тие негови десет прсти.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Откога му го кажав името на татко ми многу се израдува. Рече дека се познавале со татета и дека работеле заедно во Белград.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Никој не го гледавме, ама сите знаевме оти е во олтарот и дека таму нешто прави.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И потем почна да ме моли; ме молеше како мало дете, целосно инфантилно; клечеше на колена пред мене, ми ги бакнуваше стапалата; рече дека бара само да му дозволам да ми го открие стомакот; дека ништо друго не бара и дека ме моли само на половина час „да му го позајмам стомакот“ (токму така рече, господин судија!); рече дека ми ветува дека воопшто нема да ме гибне со рацете; јас се смеев, оти предлогот беше луд; „Јан Лудвик“, му реков, „Ние сме возрасни. Какви ти се тие глупости?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Значи, Луција му ја дала песнарката откако ја понижив; тоа можеби значеше дека Луција немаше да им ја даде, доколку јас не го сторев она што го сторив на кејот, и дека таа им ја дала сега затоа што ме сака, односно затоа што ме мрази, а ме мрази затоа што јас не ѝ дозволив да ме сака.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
БАРБОШИН: (на Мешаев.) Според некои надворешни знаци, што му се достапни само на опитното око, можам да речам дека вие сте служеле во флотата, дека немате деца, дека неодамна сте биле на лекар и дека ја сакате музиката.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И иако знаеше дека сето тоа се бесмислици и дека взаемната љубов на мајка ѝ и на татко ѝ нема никаква врска со болеста и со умирачката, сепак тие три години му беше лута.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Одејќи по нив, Трајче забележа дека им се палтата одзади поткренати и дека под нив нешто носат скриено.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Заборавил кој бил и заборавил дека лежи ранет од шрапнел на боиште и дека повикува - Константин доаѓа; му го шепоти Коранот на свој јазик и пак неизменет, со недвосмислено значење: Ако ја подадеш својата рака, кон мене да ме убиеш, јас не ќе кренам рака на тебе за да те убијам, од Алах, мој бог на светот, се плашам ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Според Чанга со козјото прашање во почетокот, се занимавале во Информбирото и дека не бил заземен единствен став, ами било оставено секоја партија, негова членка, да го решава според специфичните услови во земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека француските материјалисти го подложија на најбеспоштедна критика сето она што не му одговараше на здравиот човечки разум, прогласувајќи го разумот само за еден составен дел од механички сфатената објективна природа, — Кант со прониклива критика на тој разум дојде до заклучокот дека природата и разумот се две изделени „ствари за себе“ и дека формите на познанието му се дадени на разумот “a priori”.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Тој имплицираше, а ние се сложуваме, дека оваа „современа установа“, извршител,7 не е без маани и дека сумата која истите ја побаруваат и од доверителот и од должникот е несразмерна со тежината на нивниот вложен труд! ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Она што е особено интересно во оваа класификација е тоа што таа мошне се потпира на реалноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потоа, останете таму над него и разгласете дека е тој убиецот на Ѓорчета и дека вие сте му одмаздиле во името на Македонија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кога неговата животна сопатничка, познатата писателка Симон де Бовоар (Simone de Bauvoire) телефонирала во болницата неколку часови по земањето на дрогата и прашала како се „забавува“ Сартр, тој ѝ одговорил дека штотуку води загубена битка со дијаболична риба и дека има многу непријатни доживувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Притоа младиот рече дека е студент и дека тие денови почнале предавањата на факултетите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тито, од своја страна, како што известувал Меклин, настојувал да остави впечаток на политичар што нема намера да ги промовира територијалните претензии на Југославија во тој регион пред одржувањето на мировната конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И зошто не може да запамти што сон сони, што сон ја мори и чувствува дека паѓа врз белите веленциња и дека некој ја вика, ја тресе, ја буди, превртува и собува....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Бројани ми се годините, му вели Стојан Пејкоски и дека се бројани знам дека не се многу, му вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Свеќи ќе купам во разни бои, за по дома да ги понесат, пред спиење да ги палат и да си ги чуваат, па да ми ги вратат изгорени и да ми се пофалат што сѐ убаво им се случило, а, ако колата низ брдо тргнала, секогаш можам да им речам дека, ете, сега месецот и ѕвездите ќе делуваат врз нив и дека моите предвидувања ќе почнат како лавина да се случуваат. Ама, од утре!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Авторите на Џумајската авантура, коишто дејствуваа од името на бугарската влада и бугарскиот дворец и кои што ја повторуваа 1895 година... и ги дадоа сите адути на турската влада, а потоа и на српската и на грчката, коишто секогаш гледале лакомо на Македонија, да мислат дека македонското население е просто орудие за спроведувањето на политиката на еден внатрешен државен актер и дека, следствено, треба да ги преземаат сите мерки за осуетување на неговите планови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Отиде Иљо и по две недели си дојде и рече дека стаса во Дуреси – град и го најде местото каде беа дечките и дека само ноќе и скришум едно два-трипати се виде со Евгенија, која беше најстарата жена одговорна за децата, негователка, како што се вели сега за жените кои се грижат за децата и дека таа му рече оти сите деца се живи и здрави, сите се испрани, чисти, нахранети и мајките и татковците и бабите и дедовците, да се живи и здрави, да не се грижат и да не берат гајле и од сите до сите таа прати многу многу поздрави.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И во тие книги заемно се плукаат, се валкаат, се клеветат, тврдејќи дека сите се криви освен нив и дека ако другите би правеле така, како што тој мисли сега, победата ќе била наша.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За Ренан - ако е точно дека човекот самиот себеси никогаш не си е во целост присутен и дека тој расчекор ги втемелува науките за човекот - во мислењето сепак сепак не треба да се види резултантата или простото продолжување на несвесното во кое тоа е нурнато: “Да не го напуштаме оној основен принцип кој ни вели дека човекот е разумно и морално битие повеќе отколку суштество затворено во овој или оној јазик, припадник на оваа или онаа раса, член на оваа или онаа култура”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во разговорот со Н.Н., тој вели дека оваа обврска „Водостопанството“ треба да ја изврши доброволно и дека ќе остават уште некое време за да се исплатат парите, пред да ангажираат извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
При слабата светлост не можеле да видат дали чудесниот цвет во окото на животното свенал, само знаеле дека едниот рог се замрзнал со врвот в земја и дека нозете останале неподвижни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се прашав: „Господе, можно ли е дека не нѐ слуша, и дека навистина, додека го гледа дождот, за неа не постои ништо друго?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Не си деклариран, разбираш? Толку ли ти е тешко да се декларираш? Па еве и Земанек...“, рече без да заврши, без да ме погледне во очи, онака свртена со грб и јас гледав како полека ја ведне главата и дека плаче; ребрата ѝ се ширеа и спуштаа како кај кораб неосвоен од туѓ морнар.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа парабола ме охрабри, оти сфатив дека чтението е работа опасна, речиси подвиг, дека е борба со ѓаволот-пајак на живот и смрт и дека најчесто самоуверениот се заплеткува како мушичка во словата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со целото свое држење јас сакав да ѝ покажам на младата наставничка дека има и добри деца на овој свет и дека затоа не треба да се отчајува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И Климент Камилски беше свесен дека јазиците биле и може да бидат бојно поле на многу народи и дека со чистењето само на опасните зборови би можело да дојде до спасување на народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На секој оброк таа го преколнуваше да не биде себичен и да не заборави дека неговото сестриче е гладно и дека исто така му треба храна, но немаше фајде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И го видов во моето видение и него: мал, расклештен, со опашка грозна, влакнест како пајак, во центарот на малата апсида: отстранет, прогонет од небото, од таванот на одајата мрачна, но сепак тука, блиску, како да чека да се врати, како да е привремено тргнат на страна; прогонет од големото, тој чекаше како пајак влакнест во своето мало небо, оти небото на две беше поделено, на големо и мало; си чекаше таму, сам во својата вселена, со тие негови вжарени очи на гревот, страста и блудот; и во тие вжарени очи јас ја видов, во откровението мое, сета историја на светот, вековите со страдања, казни, измачувања, распнувања, убиства и кражби, блудничења и невери, потоци крв и солзи видов поради страсти јавно искажани, поради создавање вселени мали, поради ловот на малите и неспособните во мрежите на големите, силните и отровните; и видов дека и Филозофот гледа, и дека мисли исто што и јас, и дека се обидува да се сети како гласеше последната реченица со која завршуваа претсмртните ливчиња на отец Мида, па се разбравме со поглед и јас реков:
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вели дека Иванов бил бесен и дека тој не сака да страда заради тебе...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Навистина, многу долго време не се беа виделе, но, знаела дека е мажена и дека има две деца.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
До тогаш ние знаевме дека има и дека имало каурски, рајатски и христијански земји и држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Реков дека војската нема никаква врска со патриотизмот; се повикав на Ајнштајн, кој има речено дека човек кој може да маршира на воена музика, во строј, очигледно добил голем мозок по грешка, и дека за тоа му е сосема доволен малиот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ѝ напомнав каде се наоѓаме и дека на ова место не прилега да се изведуваат егзибиции.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На Балканот разделените народи во променливите и нестабилни граници, во малите држави нации, не можат да се ослободат од митот дека некогаш претставувале големи царства и дека треба да го повратат стариот сјај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најпосле царот решил да ообјави во царските зандани, каде што чувал робови заробени во војните, дека секој оној што ќе се нафати да го победи џинот ќе му го подари животот и дека ќе го пушти на слобода.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден ден брат ми реши да ми покаже дел од она за што Сара, Клара и јас имавме само слушнато.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Знаеше дека на неговиот гостин му е потребно малку повеќе простор за неговите игри и дека тој сега ќе може и самиот да си го изнајде тоа и не отиде со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се избистри работата дека таа област – Мариово е личен султанов хас и дека прилепскиот кадија навистина им правел зулуми на тие луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Едвард Сапир тврди дека ‘јазикот е еден водич во општествената реалност’ и дека човечките суштества се на милост и немилост на јазикот кој станал медиумот на изразување за нивното општество.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Имале право моите, светот нема да ми побегне, допрва е пред мене животот и патувањата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тогаш се сетија дека не бев вечерал и дека најмалиот и најумниот син на царот Сонце и царицата Месечина живеел пред тисошти години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас нема, пречесен, да те убедам дека видението – собитие стварно беше, оти нема да ми веруваш, но душата моја сѐ повеќе смета дека тоа нечестивиот ми испрати ангел лажен, црн, на бело престорен, и дека тоа го стори и како знак на опомена и до тебе, и до царството наше; сѐ почесто си мислам дека тој ангел нечестив предупреда беше, пророштво дека на дворецот твој допрва ангел таков со букви лажни и ука согрешена сосем – ќе дојде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Излегува дека моите книги се моја автобиографија и дека сега го живеам животот од тие книги, можеби така ќе биде и во иднина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Збунуваше тоа што сите резултати беа во нормални граници и дека не постои пречка за зачнување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие беа уверени и тврдеа дека им е израсната и втората половина, и дека се потполни, самостојни кругови.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Што е најважно, се разбуди со чувство не само дека се наспал туку и дека се преспал и со копнеж што поскоро да излезе од постелата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- А тој ми вели: - Ти да малчиш, заш ако на партицкио секретар така му зборваш, тогај веднаш се пули дека си реаксја и контра и дека со вурзуазијата си играш о ено оро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И ме разоткри, а кога притрчаа и другите две девојки за да побараат дозвола за сладолед, на овие од „пекарата“ им преседна муабетот, а беа и посрамени затоа што го препознаа јазикот на кој разговарав со децата и им беше јасно дека Германката - јас, сè ги разбрала, и дека оној најдобриот меѓу нив во одредени активности залудно си се проектирал некаде таму далеку со неа во Дизелдорф.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но, тоа беше само физиолошко објаснение; јас знаев дека не телото, туку дека душата ми е болна, и дека ми недостига средето на светот. Затоа и одам: да го најдам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбира дека таму му се потсмеваа и дека тоа го оддалечи за некое време од мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И дека ти кажуваме вака тебе дури како да не ти фаќа вера, ама откога ќе ти докажеме здраво, после ќе веруваш“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И покрај дадените уверувања од страна на југословенските политичари и генерали дека односите меѓу Кралството Југославија и нацистичка Германија се добри и дека Кралството Југославија не е загрозено од Германија, тие не го увериле американскиот пратеник во искреноста на нивните искажувања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За ова би требало прво да поднесете молба во канцеларијата; таа би стигнала до шефот на одделението, до началникот на одделението, потоа би била предадена на секретарот, а секретарот веќе би ми ја доставил мене...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во одговорот на тужбата, полномошникот на „Водостопанство во стечај“ наведе дека тужбата е преуранета и дека овие свои побарувања требало да ги пријават во ликвидационата постапка, која сѐ уште трае.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тешко ми е да признам дека и јас се обидов, напишав писма кај некои пријатели, од некои добив и одговор, но сѐ се сведуваше на ветувањето дека ќе се заземеле и дека ќе се обиделе да најдат каде води трагата на неправдата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еднаш ми има речено дека нејзин број бил три и дека затоа носи девет прстени.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Неколку зборови за македонскиот литературен јазик Во четирите горни статии во оваа книга јас сакав да им ги обрнам погледите на моите сонародници на нуждата од едно корено изменување на досегашниот процес на нашиот духовен развиток, како и на тоа дека моите погледи во тој случај не се нешто ново и безосновно, а се само чекор напред во досегашното развивање на нашето национално самосознание и дека затоа се сосем природни и основани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знаеше, исто така, дека некаде таму таа е сѐ уште жива и дека ѝ е потребна неговата помош.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Па, знаете соудруг Павел, вашите соседи се жалат дека кај вас е многу бучно и замолија да ви кажеме да бидете потивки... – не рекоа да престанам да примам гости со кои во соседството мислеа дека ширам некој вид неморал и дека тоа потпаѓа под закон, туку од околу, тивко и учтиво, како што личи на добро воспитани луѓе, нели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Холанд покажува како јазовите и стапиците отворени од овој атомистички индивидуализам создаваат внатрешни проблеми на кохеренција коишто се нерешливи во тие рамки (пр., Локовото некохерентно објаснување на супстанцијата, проблемот на солипсизмот, итн.) како и дека ги исклучуваат жените и го легитимираат ова исклучување на суптилни а понекогаш и на несуптилни начини.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Толку беше големо тоа негово откривање за себе, дека тој ете пак може и да сака нешто на еден ваков див и само негов начин, да го сака токму вака незаоглавено, дека не го имаше заборавено тоа ниеднаш досега и дека никој не успеал да му го одземе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сетне дури разбрав дека Симон бил земен и дека не се знае кога и дали ќе се врати.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но, не значи ли тоа само неефикасна закана со побожни фетиши да ја избркаат несигурноста на сегашноста?” (Bruckner,69) Margina #32-33 [1996] | okno.mk 109
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И уште ве поучував дека сите не сме исти и дека оние што биле дарувани од Бога да живеат во брак, а не како самци, треба да останат во она положение во кое се, оти помал грев прават ако останат во телесната состојба што им е дадена отколку ако сакаат да ја променат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се прекина една ноќ, беше како нешто само по себе да истече и да скапче и тие знаеја дека сите огромни ќиури од бел, зелен и црн мермер и сите други камчишта и бигорите, сите тажни анѓели и сите камени венци, какви што може да ги има само на едни заборавени гробишта и само во Грција, што дотогаш беа ги престојале мирни меѓу тие маслини сите поминати векови, сега се собрани на средината, здробени, и дека тука веќе немаше што да се прави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не приоѓајте му, Оставете го. Три жени со бели шамии околу главите Му претскажуваат, црвена жед од која ќе изгори земјата и дека низ провалиите на исушени мориња со векови надоаѓаат заточеници да го видат како се скаменил чекајќи ја да мине девојката на залез сонцето што ја оплоди.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„Јас сум му ја дал? Како можам јас да му ја дадам, од каде?“ „Ако си му ја дал, ќе знаеш од кого си ја ќердосал.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа со ништо не покажа дека ја добила и дека ја прочитала.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Невестата е изедначена со темјанушката, која, пак, од своја страна, изедначена со Ергенот го симболизира андрогинството. Невестата и Ергенот пак се едно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа што е последен не значи дека е безопасен и дека нема претензии за развој.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Немав време да ѝ пишувам опширно на Агна, но не можев да се воздржам да ѝ напишам макар кратко дека сум возбуден и дека сум на трагата на интересни откритија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе го земам примерот со МТВ. Како единствен јавен ТВ-медиум, за оваа куќа постои распространето мислење дека е херметична и конзервативна, и дека опстојува како полумртва институција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
(Ова го велам преносно. Веројатно имате слушнато дека радоста лета)“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ѝ го гледав грбот; гледав како дише, гледав како ѝ се поткреваат градите, одзади гледав како ѝ се шират ребрата на градниот кош („како на кораб дотогаш неосвоен од туѓ морнар“, напишав во една песна); гледав дека е сосема свесна дека ја гледам и дека прави милијарда мали и непотребни движења кои ме излудуваа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веруваа дека знаците од натписот испишан на височина главоломна имаат волшебна сила и дека оној кој ќе ги растолмачи ќе стане сопственик на богатства неброени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа му стана физичка потреба, нешто што тој не само што го посакуваше, туку сметаше и дека со право му припаѓа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јасновитката ја пречека како сѐ да знае и ѝ рече дека син ѝ е здрав и прав и дека се наоѓа далеку, преку голема вода.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа цело време гледаше во „попчето“ па и кога се појавија да ги поздрави публиката, и виде чисто и бистро оти очите од „попчето“ беа втренчени во Нешка, и дека и таа не се издиши дури тој ја гледаше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не ги послуша ударите под превивката, тие јасни опомени дека е еднорак и дека на Мирона вратот може да му се свитка само со ластерка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бев повреден до срж, бев гневен, оти во љубовта најмногу разжестува покажувањето несексуална моќ; веќе не ја слушав Луција, и само се сеќавам, како низ магла, дека таа говореше за некаков втор блок од програмата, по некакво оро, и дека финале, круна на приредбата ќе бил бабарскиот обред од нејзиното село кое ќе го изведувала таа со некоја одбрана дружина од тој крај; во тој обред таа го препознала самото битие на овој народ, а тоа било многу важно за зачувувањето на здравиот народен дух денес, особено кај помладите генерации.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Клима со главата горе-долу и јас гледам дека ништо не се сменило преку ноќта и дека ние сме истите стари пријатели спремни да го изедеме својот појадок.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Постојат моменти кога човек извршува симболично самоубиство, уживајќи во сопственото исчезнување и понижување: тоа се моменти кога човек сака до толку да се понижи, што да падне сосема ниско, а да ги убеди другите дека таму доле, му е сосема добро и дека е задоволен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога одеше така, задникот повеќе ѝ се истакнуваше, а и се подзатресуваше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Некои албански реалности ми се вртат во главата, ви испратив една картичка која ја зедов за да ја испратам од поштата во Фрежис зашто трите поштенски центри во Монпелје беа во штрајк веќе три недели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Знам дека ми прости и дека денеска клечиш пред мене од благодарност што си имаш едно прекрасно суштество, плод на еден срам, ама го сакаш и ќе го сакаш со целата своја љубов, оти е дел и од тебе!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Многумина претпоставуваа дека токму таа буква-девојка го означува почетокот на текстот, и дека од неа треба да се почне со дешифрирањето на записот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ослободените „братушки” сега не сакаат да си ги признаат своите грешки; ете зошто изјавуваат дека тие се сите русофили, и дека го милуваат рускиот народ, но не ја милуваат руската влада, која не ги изразувала народните чувства кон Македонците и негативно се однесувала кон секоја искажана од народот симпатија кон нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Покрај една малку подалечна маса имаше едно слободно место, но нешто во изгледот на човечето навестуваше дека тоа ќе внимава доволно на својата удобност и дека ќе ја одбере масата со најмногу слободни места.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Процесот на Галилеј, Рим, 1633, документи што ги собрал Giorgio de Santillana Margina #32-33 [1996] | okno.mk 87
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа ноќ стигнавме под Плетвар (Прилепско), тука ни одржа говор еден заменик на баталојот – Бугарин и почна бугарски да нѐ храбри да не се плашиме, нѐ запозна со тоа каде е непријателот и дека лесно ќе го победиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тот е бог на пишувањето, секретар, син на Ра, или Амон, богот- сонце, на чиешто место доаѓа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Благуна и Десимир потоа неколку пати се сретнаа долу, зад копите во ограѓето, а тоа не остана незабележително од жителите на Потковицата и врз Благуна падна тешка клевета - дека таа, оној пат, ги предала и дека сѐ уште ги предава луѓето од Организацијата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некаде сум прочитал, ми се чини кај Јурсенар, дека човек што страсно ја сака вистината или барем точноста, многу често може да забележи, како Пилат, дека вистината не е чиста и дека, најпосле, линијата на човечкиот живот не се состои од една хоризонтала и две вертикали, туку од три синусоиди извлечени во бескрај, постојано приближувајќи се и оддалечувајќи се меѓу себе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дека семејството некогаш било имотно и дека по Војната се случило она што го споменуваше брат ми, се разбира, и јас имав слушнато, но никогаш не сум се соочил со потребата подлабоко да ги разјаснувам тие нешта, како што се соочив сега.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Меѓу другото, Спиноза го отфрла оптимизмот на Декарт спрема моќта за овладување со телото; на телото му доделува сопствен динамизам, односно стремеж кон зачувување на сопствената егзистенција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Познато е дека италијанската пошта функционира лошо (дилетантизмот на населението?) и дека во Франција штрајкот е хронична болест.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Заедно со нашите Исмет и Марјета (подоцна Исмет ни кажа дека е полковник во пензија и дека воена академија завршил во Киев, дека по караницата меѓу Никита Хрушчов и Енвер Хоџа, бил отстранет од војската и пет години проживеал во логор), ја напуштаме улицата Ананстас Дурсаку и низ преминот што води кон центарот, врвиме по тесни сокачиња, мал остаток од стариот град.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Спротивните аргументации не даваат можност да се најде која е најправата и затоа Македонецот решава дека сите се лажни и дека има само една непобитна вистина: Македонците Словени се Македонци и Словени, следствено, треба секој Македонец да ги чува интересите на својата татковина и на својот народ, а не интересите на пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дека може сѐ да биде сведено на ловењето и дека ниеден од другите двајца не можел да види како тој не беше во состојба да докрепи пред малку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да се каже дека знае повеќе, значи дека постои некое дефинитивно знаење, дека постои техника и дека може да им се предаде на квалификувани ученици.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гледаш богати, прекрасна трампа на автомобил за коњ.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сарафовиот комитет им давал повод на многумина што биле убедени во потчинетоста на Врховниот комитет кон дворецот и бугарската влада да тврдат дека зад Сарафов и неговите пријатели стојат бугарските штикови и дека револуцијата што се подготвува во Македонија е управувана божем од Софија и ќе започне со знак даден од кнезот Фердинанд и неговата влада.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Му одговорив дека не знам, и дека денес цел ден не сум гледал ниту телевизија, ниту сум слушал радио.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми се чини дека точно приодот од видливо кон невидливо ја покажува, меѓу другото, и сега апсурдност на психеделичката уметност која докажува дека преку стимулантното дејство на психоделичкиот фактор личноста може да ги продлабочи своите доживувања на надворешниот свет и дека свеста спрема себе си ја проширува на тој начин што доаѓа до активирање на непристапните региони на психата кои во нормални услови остануваат скриени во пределот на несвесното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во неколку наврати нескриено и тенденциозно ни се префрлаше дека не ги потпишуваме своите текстови и дека се криеме зад таму некакви си псевдоними.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Никој не верува дека половина Bronx е веќе срушен и дека на улиците има вистински лешеви.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А кога лежев крај тебе под трепетливиот покрив на ’ржените класја мислев дека моите корења длабоко се впиваат во земјата и ги цицаат во себе, во мене, сите незини слатки сокови и дека ти вечно ќе бидеш крај мене, секогаш иста - разбушавена и румена. Врела.“
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но што беше она на што сега мислев и бев уверен дека не само го согледувам туку и дека можам, да го изразам со зборови, да го запаметам како кажување. Ебати бељата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во сестринската соба возбудено се обидував да им раскажам дека лековите не ги голта, тој, а тие се смееја и тогаш дознав дека тоа се витаминчиња, а дека секој 21 ден добиваат по една депо-инјекција и дека се раат до следната, а овие другиве, ситни разнобојни таблетки се само мамец и дека можат и без нив.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во кривичниот процес (кој беше воден пред судскиот совет во состав В.Миновска судија-претседател, С.Михајловска и С.Петров), а и оштетениот Јакшиќ имаше свој полномошник (адвокат М.Петковска – поротници/членови) осудениот управител беше застапуван од својот бранител (адвокат В.Петров), а и оштетениот Јакшиќ имаше свој полномошник (адвокат М.Максимовска) кој, во завршните зборови, предјави имотно-правно побарување во вредност од 3.500.000 МКД (57.375 ЕУР) кое ќе го бара во друга постапка. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Симон, со време, залегнал во Долнец и, како што ми кажуваше Лена, тој самиот велел дека си разгазил свои патеки и дека, дури, немал потреба да среќава многу луѓе и дека, дури, чувствувал зазор од појавувањето на некого.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ти се чинеше дека е жив и дека ја целува земјата со своите врели усни.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да „ја имаш“ мајка ми не е баш лесно, иако изгледа дека ти стои на располагање и дека можеш во секое време да сметаш на неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми од првите козари што ги виде дозна оти не е фатен ниту еден козар и дека немало упади во куќите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сфатив дека тој го пуштил мачето за да се подотвори вратата и дека ме видел пред огледалото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но таа помина пред Боцевата берберница во едно убаво пролетно утро, со ведро крената глава, и Соколе веднаш почувствува дека е свршено со мирното созерцавање и дека отсега ќе ја чека само неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пред мугрите на педесеттите години, нашето писмо испратено до италијанската стоковна куќа Ла Ринашенте, претставуваше неверојатен чин на храброст, но и на лудост, на голема илузија дека писмото ќе стигне на крајната адреса и дека, на крајот, каталогот ќе заврши во рацете на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш кога Симон ми зборуваше за стрелањето што го извршил Борко и дека тој го потопил Долнец, не заради некаква полза за земјоделието и за напредок на земјата, туку за да се спаси ако може себе си од тешкиот товар на злосторот, да го скрие и да оневозможи тој злостор да излезе на видело, во тие моменти на повреденост и изгубеност кога се вртев наоколу и по својата глава барав со кого би можела да зборувам, до телефонот го забележав името и бројот на Владе историчарот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но, Филозофот кажа точно слово за Пелазгиј, и јас, иако во тој миг го мразев, а го мразев оти гледаше низ нас и во нашите срца и утроби како да сме од стакло, знаев дека Пелазгиј не веруваше во себе, и дека затоа не можеше да верува ни во Бога.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Отсуството на елипсата, исто така, укажува дека ниеден настан нема предност над друг, ниеден не е поексклузивен од другиот, и дека сето време има еднаква важност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Трагичното се состои во прилогот што го пружаме лично и свесно кон несреќата, наша и на другите особено љубените Господине, но смртта има своја предисторија и може да се посматра во развој: рано во детството се огласува во лажните утехи за починот на блиските во ветувањето дека се отсутни само привремено и дека ќе се вратат - тогаш зборот враќање ги почнува своите преобразби - во криењето, небаре од урок на ожолтениот портрет на покојникот оти и памтењето е враќање безгласно како самрак;
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Кападокијците ја викаат дрвото што говори“, продолжуваше Филозофот, „затоа што веруваат дека кедрот е дрво на вистината и сознанието, и дека во него Словото Божјо престојва.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Винстон размислуваше. Тој знаеше што е Океанија и дека тој самиот е жител на Океанија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во периодот меѓу двете светски војни САД избегнувале секакво признавање на македонската нација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Никогаш нема да дознаете многу повеќе за Братството, освен дека тоа постои и дека вие му припаѓате.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И Земанек стана, отиде до автобусот, им рече на другарите да не нѐ пријавуваат како отсутни и да молчат; потем се врати и ние видовме како во нашиот автобус влезе наставничката по музичко, која не го познаваше нашиот клас добро; видовме дека ги прашува другарите дали се сите тука, и дека тие ѝ велат дека сѐ е во ред.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во исто време, Министерството за надворешни работи го подготвило материјалот што требало да му се достави на британскиот амбасадор во Софија, Рендел, во кој, меѓу другото, стоело дека: "1) користењето на Македонците во никој случај не треба да го компромитира британското претставништво во Софија и 2) ние на Македонците не им даваме некои љуи про љуо во форма на некакво уверување во однос на нивните територијални аспирации".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Рече дека таа идеја ја дала Луција, како култ- координатор на целото училиште и на Партијата, и дека наградите (три: една прва, една втора и една трета, во парична вредност која не беше за потценување), ќе бидат доделени на денот на врачувањето на дипломите, на самиот крај од нашето четиригодишно школување.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И видение јасно, светлина силна во умот ми се јави, па се состави мозаикот: ми стана јасно од какви причини го немало Лествичникот на закопот од неговиот татко, и разбрав дека отсуствувал шеесет дни и шеесет ноќи, токму колку што треба за да се потроши под нозете патот до Дамаск и назад, ми стана јасно дека го украл клучот од западната одаја, од рубата на неговиот татко пред овој да се упокои; и дека златниот клуч е умножение, дело на рацете на Амореецот; ми стана јасно дека Лествичникот, откако направил умножение на клучот, го вратил изворниот клуч во одајата на неговиот упокоен татко, и дека од тагата по таткото овој се лишил, само за клуч-близнак од одајата кобна да поседува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакам да го потсетам дека е вљубен и дека само вљубените се надарени да шлапаат боси по водите на илузиите, да негуваат во размислите градини од лажни претпоставки и да донесуваат произволни заклучоци.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Едно утро, кога Мегалон веќе сметаше дека бербата привршува и дека децата ќе се вратат по своите домови, дотрчаа слугите избезумени.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Други велеа дека е уште жив и дека некаде се крие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не, подобро е да мислиш дека веќе десет години не е жив и дека не ќе го видиш веќе никогаш. Тоа не боли толку.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Разбирливо, таа пред мене не проговоре за синот, а и јас, дури откако заминував од Долнец се сетив на приказната за него: дека ги напуштил студиите, заминал од дома и веќе не се јавил, и дека дури отпосле дознале дека, со уште едно момче од групата што, под водство на еден млад свештеник, била воведувана во православното учење, се придружил кон манастирот Св.Тројца, преку границата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не можеме да речеме дека се лесни тие први љубовни страдања, тие први треперења на срцето, но да речеме и тоа дека се нормални и дека во нив сѐ уште се испреплетуваат и другарски чувства и другарски односи и дека тие сѐ уште се само вовед во вистинската љубов што доаѓа во позрелите години.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Едниот, дека не е намќор и накренат и дека е подготвен на милост; другиот никогаш да не заборави од каде произлегол и така да си ја најде мерата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ќе му ја засечам жилата на челото. Онаа, меѓу очите. Во таа жила 'ртат црни соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На почетокот им ставаше крст, на кој со мастилав молив ги пишуваше имињата и презимињата на починатите, но откако еден од оние од џипот му се изнавреска пред луѓето дека е контра и дека со крстот го погани црвеното знаме на револуцијата, Пандо гробарот, така го викаат и само така го познаваат луѓето, си го скри изгризеното моливче, што го имаше украдено од офицерската чанта оставена во џипот, се затвори во себе и само кога го поздравуваат, одговара: копам, закопувам...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Големиот бран знае дека е зачнат од една капка и дека секоја капка треба да се варди како античка убавина пред налетот на големите светски жеги.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Но Луција не се согласуваше; ми парираше по секоја цена и велеше дека на нашиот фолклор не му е потребно никакво мундијално руво, дека треба само да се сочува народниот дух, да се чуваат, да се практикуваат и да се изведуваат народните обичаи, песни и ора, и дека тогаш таа музика ќе го надмине и џезот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Борис Калпак го легна дното на пушчениот кундак врз штотуку отворен мравулник и рече дека ќе го избрише од дружината кога ќе му ја остави главата на камен да си играат со неа ноќе лисици и лисци, да ги учат малите лисичиња како се глодаат коски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние вревиме, гракаме, кракаме. Му кажуваме за улерата дека е пред село и дека ќе почне да жние.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Даскалов се насмеа и ми подрече дека сум бил добар измислувач на утврдени природни појави и дека сум одличен изведувач на експерименти за децата од пониските одделенија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Брзо речи, речи дека овојпат ќе останеш дома засекогаш и дека никогаш веќе нема да си заминеш, речи го тоа!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Овој површен поглед врз историјата на Македонија ми се чини не само што покажува дека ние Македонците си имаме своја историја и дека сме народ чии судбини се развивале во врска со судбините на другите соседни нам народи, но и дека има во нашата историја многу самобитно и своеобразно, како што е, да речеме, самостојната Охридска архиепископија со нејзиното работење полето на народното просветување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Столетието што го делеше од дедо му имењак, ја загуби својата перспектива и неговото сопствено време и неговото „јас“ се склопија со времето и своето „јас“ на неговиот предок, така тој сега стана опседнат од верувањето дека тој лично, а не прадедо му, го изградил мостот на Луда Река, и дека во потпорите на тој мост, што е прикажан во многу приказни, тој ја жртвувал својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Христијаните молеа во пресметката да ја изгуби главата тој, Арслан бег, не само зашто беше опачен и неприкрепен на умот, туку и дека она во кое до појавата на гласот само се сомневаа, сега, благодарение на него, на гласот, сосема веруваа, а Турците Арслан бег да го надвие гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш видов дека од едната рака му виси сплетен камшик и дека умее со него да везе шари по селанските лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И јас! – признав. – Па, што дека – си реков – Игбал вели дека зависта и љубомората се природни појави и дека треба да се признаат пред себеси.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се обидов да му кажам дека не сум виновна и дека ме принудиле да дојдам на сослушувањето; тој не сакаше воопшто да разговара за тоа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој предложи да се сокриеме некаде и да ги следиме (сега разбирам дека и тој беше погоден колку и јас и дека сакаше уште таа вечер да расчисти со Луција: колку смешно – што да расчисти, кога ниту јас ниту тој немавме ништо со неа?); така ќе сме виделе која е девојката со Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Реков дека она „ми“ е вишок, и дека е перфидна импутација; но реков дека може да се каже „да“, и дека повеќе верувам во Свети Петар одошто во Партијата на здравиот народен дух.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, кулминацијата (кај мене) настана кога ме прашаа дали е вистина дека сум сквернавел една стара народна песна, и дека кај еден пријател дома, сум пеел цела ноќ: „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција, Луција курва убава“. Реков дека сум пеел.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што се однесува до водата, во прв ред онаа, за пиење и за потребите на домаќинствата, во Потковицата нависитна секогаш, и во најсушно лето, достатно ја има, но не и толку многу за да смее некој да ја растура, или да ја погани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се обѕрнав наоколу, немаше жив човек. Само кокошки, мачки и кучиња шетаа низ дворот, а според тоа како изгледаше околината, веднаш сфатив дека селото е сиромашно и дека тука луѓето скромно живеат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Крени ја високо главата, не си ни прва ни последна“ - е најчестата реплика на мојата омилена колешка, која има и стручно објаснување за мојата состојба: дека, ете, сите знаат оти моето не се тегнело веќе и дека треба да се скрасам во некој нов скут, кој, по можност, треба да биде мрсен и стар, што во превод не значи ни дебел, ни „гробу до врата“, ами да биде ситуиран и доволно стар за децата негови да не се веќе деца, да му се мажени и женети, па да не ми се воевкаат по дома, освен на викендите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој рече дека имал некоја стрина по име Цвета; дека била фризерка и дека имала дуќан во центарот на градот; дека како дете редовно наминувал кај неа во дуќанот, а таа по работата, откако ќе го затворела дуќанот, го водела дома и му мачкала едно парче леб со жолт путер; таква жолта боја никогаш веќе во животот немал видено, ниту пак некогаш повторно во животот сетил таков мирис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакав на Луција да ѝ кажам дека воопшто не ми е грижа ни за нејзиниот народен дух, ниту за партијата што го брани, и дека сѐ што сакам е да ја фатам за рака, да ја прегрнам и да ја одведам некаде каде нема ни народен, ни добар, ни зол дух, ни партии; на некој остров каде ќе можам до мила волја да ја бакнувам во папокот, да пијам вино од таа слатка чаша на нејзиниот стомак, да ја опсипувам со милувања и бакнежи; но не смеев да кажам ништо затоа што Луција гледаше сосема разочарано во мене, ме мразеше, ме презираше поради мојата недекларираност, поради отсуството на здрав корен во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Трајко во кратко им исприкажа што направи на конакот и колку пари бараат за да им бидат спасени главите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па зарем нели виде дека секоја победа е Пирова? и дека ѕвер – сиров е веков Сиде?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Се знаеше дури и дека ова не е одмазда, уште не, туку непознато задоволство, болно задоволство, капки лимон на рана чиј бол е нужен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И дека поради сето тоа, се одбива било какво менување на границата утврдена по Балканските војни и не се отстапува од тоа, освен со сила.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Другите кисело се насмеаја над мојата згрченост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И понатаму беше вистина дека луѓето не се еднакви според вродените способности и дека функциите мора да се специјализираат така што едни единки би имале предност пред други; но сега не постоеше повеќе никаква вистинска потреба за класни разграничувања, или за големи разлики во богатството.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не звучеше како да е загрижен и знаев дека ќе го скрие и дека нема да го врати.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во „Ливчињата“, под ознаката : Вечер, 21 октомври, Ѓошо Савев со скудни но бирани зборови има констатирано дека работите се одвиваат во позитивна насока; дека Мис Стон има сѐ поповолни сознанија за Револуционерната организација и за борбата на народот на Македонија за слобода, и дека не е далечен часот кога нејзиниот страв и отпор ќе прерасне во длабоко разбирање и љубов, независно од нејзината оценка дека грабнувањето го смета за несоответно и нехумано.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Му реков дека не сакам и дека сакам да одам дома.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И денес можам да кажам дека почнав да пишувам поезија поради Џони Штулиќ и дека кога повторно би излегла рубриката во „Џубокс“ во кој читателите ширум тогашна Југославија требаше да изберат нај-гитарист, јас би гласал за Влатко Стефановски и само за него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Затоа и го викаа Козето, затоа и дечиштата му измислија песничка и дека беше малку шантрав во одот, небаре пајка, му скандираа: Анѓеле, Пајчето, кај ти се, гуските, да ти ебам мајчето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа што имаш криви нозе и дека малку си свиткан напред и шијата ти е втисната во широките раменици, многу не се гледа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој го чувствува фактот дека максималната валентност на соответна содржина може да се постигне само и доколку таа содржина се вгради во нејзината природна метричка и акустичка структура, доколку ја зголеми нејзината тензија со ефектите на обртот и непредвидливоста, и дека носечка суштина на јазикот на поезијата е неговата рефлексивност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Гледал низ разбранетост на златни и зелени риги кон купот секакви глави, кон очите во кои животот со свој знак го обележил најтемното во човекот, суровоста, алчноста, себичноста, или само му се чинело дека гледа и дека знае колку им тежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Си отидовте задоволни од моето кутнато жолтеење. Верувајќи дека со тоа сте ги покосиле и сите брчки што ми ги довериле луѓето но вие заборавивте дека го оставате мојот корен и дека мојата смисла, всушност, само што не започнала.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ѝ велеше дека го чека Јована Дамчески да се врати од војна и дека кога ќе се врати тој, таа одново ќе си стане лична и млада и тогаш ќе се венчаат со Јована.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А таму, ене ги, Queens - Србија и Bronx - Хрватска. Bronx очајнички ја бара својата независност, тврди дека е независен од New York и дека секогаш бил. Queens не дозволува, се чини дека сака контрола врз целиот New York.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој велеше дека тоа сега не е добро; велеше дека е решен да му се предаде на Бога и дека такви искушенија не му се потребни; потем повторно одевме, тој погледнуваше на часовникот, и брзаше; многу бргу стигнавме до мостот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јана сама рече дека сте луд и дека се кае.“ „Лажеш“, `рзна Отец Симеон и ги извади рацете од џеб. „Тоа таа не го рекла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По толкуте прочуени води, долови, вирови, извори, бунари и чешми, човек, да си рече дека просторот што го оградуваа Потковицата плива во вода и дека е таа вистински Елдорадо на барски птици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гледав како таа оди лево-десно, но Симон не осеќаше дека стежнува и дека се фатила риба. Ми изгледаше отсутен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Рече дека не се шегувал и дека навистина има намера, откако ќе измине тој ден, да му се предаде на Бога.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но знам дека отец Стефан таму беше и дека ми се спротивстави; знам дека или јазикот или ушите на отец Стефан неподобни му се за душата негова, чиста и благородна, и дека ова недоразбирање е плод на таа неподобност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Помислив дека сигурно удрила четиринаеска и дека добро би ми легнало едно ладно пивце во некое празно кафуле со чисти чаршави и со добро извежбан џубокс-евергрин.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Но, од друга страна, со тоа што ми заповедаше да тргнам со неа, таа покажуваше бесна немоќ, и тоа беше симпатично. (Боже, можно ли е да сум бил толку незрел и глупав за да не сфатам што сакаше Луција да каже со тоа, и дека бараше да бидам со неа на еден општествено дозволен начин, како другар од партијата; зарем бев толку глупав да не сфатам дека тоа беше единствената форма под која можевме тогаш да бидеме заедно, тогаш кога партиската свест беше посилна и од свеста за физиолошките потреби?) За да ја развеселам, реков дека ќе потпишам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Хрватската илузија, дека фашистичкиот и комунистичкиот тоталитаризам се туѓо тело врз здравото хрватско народно јадро и дека најпосле оствареното владеење на народната волја автоматски е и измирување со злото од минатото и воедно исчекор во демократска иднина, има само една цел - потискување на вистината на тоталитаризмот, а со тоа и негова репродукција.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Или дека водата „Пелистерка“ од 250 гр. за прскање на постелата е, за да ви тргне и малку е скапа, дека од Израел ја носиш, или уште од подалеку, ама гарантира дека од мртов коњ ќе го направи „пастув“ и дека ќе мораш полиција да викаш за да го симнат од тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако нема господ, си мислам, тогаш значи не може ништо да се измине и дека нема крај ни висината ни вистината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакам да бидам сигурен дека не се однесува за мене и дека не ми се готви реприза на случката со Кирил Ацев.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Со ноќи копнеев да ја помирисам, да ја допрам, да ѝ ја расчешлам косата; со ноќи замислував дека Луција ми е жена и дека не се делам од неа, дека правам сѐ да ја заштитам од сите; и целиот свет го замислував непријателски настроен кон нас двајцата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
17 Имајќи предвид дека САД во овој период уште не биле во војна со силите на Оската, В. Донован, исто како и при посетата на Бугарија и тамошниот разговор со министерот Филов, извршил силен притисок врз југословенските државници, убедувајќи ги да не пристапуваат кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Велеа дека е во болница, и дека тоа ѝ се случило од преголема возбуда од обредот, како и поради огромниот успех на приредбата во целина, за што пишуваше и печатот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Реков дека сум ја плеснал, и дека не жалам за тоа; реков дури, бидејќи веќе не се плашев од нив, дека жалам што не сум ја исплескал прописно по газот госпоѓицата Луција П.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми одговори дека сосема заборавила на покојниците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господи, јас навистина се посомневав дека си начнат веќе од страдот и дека вистинската болест ќе наиде малку подоцна, кога ќе заборавиме на неа; кога ќе ни се измолкне од вниманието.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше тоа слично на илузијата на Винстон додека гледаше во срцето на стаклениот тег за хартија и си замислуваше дека би било можно да влезе внатре во тој стаклен свет и дека кога човек еднаш ќе се најде во него, времето може да биде запрено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во кафеаната спомна дека се варени и дека „откако ќе им додаде малку кромид и лимон ќе послужат како добра поткрепа за розето или мастиката. За жал пиво не држеле“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нормално одреден број на стопанственици сметаат дека одредени права се многу високи и дека треба драстично кратење.“
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И јас почнав да измислувам: дека Луција дошла на мој повик; дека јас сум знаел дека ѝ е забрането да се гледа со мене, но сепак сум ја повикал; дека таа не се противела, дека со мене пиела вино и пушела цигари; дека самата ја соблекла кошулата, дека на месечината блеснале нејзините гради, како кај кучка (токму така реков, за да го излудам Фисот, кој, очигледно добро ги познаваше нејзините гради), дека јас сум ја одбил, а дека таа ми се заканувала дека ќе ме убијат од Партијата, затоа што ја одбивам; дека потем таа го слекла здолништето (ќелата на Фисот црвенееше сѐ повеќе и повеќе; жилата на вратот му се наду и мислев дека ќе пукне, дека кап срчева ќе го удри), дека потем јас сум ѝ ги слекол гаќичките, дека сум ѝ ги раширил нозете, дека таа ме молела да влезам во неа, и дека конечно, сум ја завршил работата, само заради сочувување на здравиот народен дух, и дека сум ја исчукал машки, по што таа долго ме бакнувала и ме галела на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Подоцна, можеш да се правиш како тоа да било само трик и дека си го рекол само за да ги натераш да запрат и дека не си го мислел навистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогашниот закон сè уште не предвидуваше медијација3 и Ристески, првенствено заради заострените односи со тогашниот директор (С.Наумов), воопшто не преговараше со раководството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Медицинските книги тврдат дека поради апстиненција не се умира веднаш и дека лакомоста полека исчезнува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Или, на друго семантично рамниште, кога во истата приказна истиот јунак, предок на махараџата Раџнапур кој уште во 1521 година се расправал со ајдуци, ќе му претскаже на нараторот дека „по две години ќе оболеам од птичја болест и оти не ќе говорам, туку понајчесто ќе чурликам и чурликот ќе го запишувам и од него ќе направам книга во која многумина болни ќе влегуват, здрави ќе излегуваат“ - што друго значи тоа освен дека нараторот ќе стане поет и дека со својата поезија ќе ги лекува луѓето?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Исто така, на 25 март 1941 година, во весникот „Сан Франциско хроникал“, била пренесена информацијата за демонстрациите во Битола, каде што демонстрантите барале да ѝ се приклучат на грчката армија во војната против италијанските фашистички агресори и дека во „Скопје и Цетиње, два силни комунистички центри, илјадници само ги повторија, со поголема жестина, демонстрациите од вчера“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А децата, велеа, аскерот ќе ги собери и ќе ги прати по острови, како на сургун и таму ќе ги учат мајките и татковците и браќата да си ги кодошат и дека од нив ќе направат најлоши зулумџии и кољачи кои од крв мајчина ќе се ситат и сестрите ќе си ги поганат, велеа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Другиот ден рекоа дека по изведбата на обредот на Луција ѝ се слошило, дека паднала во силни грчеви и дека едвај ја спасиле да не си го одгризе јазикот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А тој ме викна вечерта во одајата на укорите, и почна да ме бие веднаш, без збор, без прашање; бараше да му ја откријам тајната ука на виѓавање на невидливото, оти сметаше дека тоа е ука што се учи, а јас ја кријам; и пак ме биеше, а јас му велев дека благодет е тоа, дарба божја што Бог на смерните им ја дава и на горделивите им ја одзема, дека дарбата не се учи како писмото и краснописанието што се учат, дека и сочинувањето сказанија не се учи и дека тоа или го имаш или го немаш, како што човек или се раѓа или не се раѓа, а никогаш не се случува да се роди половина: само со тело или само со душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На пример, точно е дека Никола Поцо бил примен од султанот Абдул Меџид и дека добил ферман за уредување на проблемот со даноците и за градење на црквата. Како успеал, тоа е друга работа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Перса би сакала уште долго да го слуша зборот на Пелагија, ама знае дека е уморна и дека треба добро да се одмори за да може утре да работи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дека не сум маанаџика и дека свадбарската порција секогаш ми била тамам погодена.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Циљка со променет глас, во кој се чувствуваше и жал и прекор, ја фати нишката на своето раскажување и на сите им се стори дека во земјанката подувна некаков друг ветар и дека други звукови ја исполнија целата просторија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Утредента јавија дека ќерката на логотетот, секое утро се претворува во пајак грд, влакнест, и дека од креветот се искачува во аголот на собата, каде си плете своја вселена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Откога ги слушнав сите интриги од луѓето и, откога ми кажааа дека и тој учествувал во сето тоа, објаснувајќи пред насобраните во дуќанот кај мостот што значи тоа арондација, дека е тоа окрупнување на земјата, спојување на парцели, во овој случај, заради продажба на луѓе од канадската мафија, па уште и дека Никола Поцо бил крвожеден, јас бев наежавен и тоа, сигурно, Владе можеше да го види и да го осети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од разговорот разбрав дека тројцата биле од едно село и дека сите работеле во една фабрика за гуми во Ахен. Се враќаа дома.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Добро знаел Хадријан дека има еден црн ветер кој доага од една густа дамнина и кој никогаш не може да го стигне - животот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А јас, извадена од памет, подзамижано се трудам да видам од мојот кревет и секогаш, ама баш секогаш знаев дека Душанка си играла докторка и дека, по своја стручна проценка, си го засилила течењето во системот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа беше потег со цел, сосема прагматско движење; тоа е она што ги инхибира младите мажи при средбата со искусни жени; кај мене, таа инхибиција се засили и со оној добро познат наивен младешки гнев кој доаѓа од агонистичката, речиси спортска свест дека не си прв; тоа многу потсетува на наивното убедување на младите уметници дека се оригинални, дека се први и дека ќе напишат нешто сосема непознато и неочекувано, заблуда од која потем тешко се ослободуваат и страдаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од срам, или од жал, не ѝ рекоа дека Јован нивни се потурчил, туку дека го зеле во војска и дека кога ќе се врати бездруго ќе ја повика неа за да ја земе за невеста.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Реков дека не, и дека политиката не ме интересира.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Единствен доказ за спротивното е немуштиот протест во коските, инстинктивното чувство дека условите во кои се живее денес се неподносливи и дека во некое друго време мора да биле поинакви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како сега да се помириме со тоа дека Египјаните си допуштале таков посебен контрадикторен јазик?... дека на меѓусебно најнепријателските мисли им давале една иста гласовна подлога и дека во нераскинливо единство го поврзале она што взаемно најсилно се спротивставува?“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дури тогаш сфатиле дека граматикот умрел уште по првата средба со буквите од натписот, и дека, најверојатно буквите имаат смртоносна, отровна моќ за секој кој ќе влезе во одајата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бргу научив дека секое светкање не донесува светлина и дека секоја песна не е за слушање - има песни што ти ја галат душата а не ти го гибаат ушното тапанче.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Беше добро и што отиде кај Претседателот, што виде дека тој со таа вар, што ја чекавте вие цела утрина, и што ја штедевте, бидејќи ви беше пред крај, ги дотеруваше ѕидовите, и дека неколку мајстори од твојата бригада работе тука, без да ти го знаеш тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Океанското општество, во крајна линија, почива на верувањето дека Големиот Брат е семоќен и дека Партијата е непогрешлива.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Реалист по природа, по сите негови согледувања и анализи, Еванс можел сосема слободно да заклучи дека и покрај желбата за обединување на Македонците во една независна и самостојна Македонија, што и тој им го посакувал да го остварат како нивно право, Македонија како таква „не може да егзистира“ и дека е тоа „непожелно“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
JOH Кога се свапери Сребра Лишка дојде еден човек и на татка му вели: - Се сваперила дека не сме префрлиле вода преку рамена, вели, и дека со немиени раце сме ручале по закопот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Велиш пратеникот, зашто е од националните, дека гласаше за него и дека делиш со него“, рече Атанас Бамбо, застанат потсвиткан до Михајла.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој го потсети Татко дека минатиот пат се договорија да трагаат по излезите на балканските лавиринти низ јазиците и јаничаризмот и дека е готов да прими порачки за да набави книги од овие области.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Некој му рекол на Милошевски дека манукот на ќерка му е едно обично шпионче, и дека братот на неговиот директорот, другарот од УДБА можел убаво да го подисплаши, се разбира ако го повика кај себе и му укаже дека младото девојче што го има заведено е ќерка на свештено лице, угледен граѓанин.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И дека длапките на дланките не се спомени туку нашата судба.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
ИВАН: Ништо. Тероризмот не може без овие работи. (Ја повлекува напред и со шепот.) Зар ти мислиш дека јас немам очи и дека не гледам што станува и каде сме?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Иако за него се грижеше Митра, баба му, откако се преселија во една од долгите бараки, инаку штали порано, Дончо уште првите денови заталка низ Острово, откри дека ако се оди на онаа страна каде што изгрева сонцето се стигнува до една огромна огромна вода што изгледа како сиво платно на кое не му се гледа ни почеток ни крај ама некој од кај сонцето како да го влечи влечи и се потсетува дека од Митра е предупреден да не се приближува до каналот оти и во плитка вода човек можел да се удави, башка што змија може да ти се замота околу нозете или крастава зелена жаба да ти скокне в уста, ама за оваа огромна вода никој ништо не му рекол и по долгото клечење крај неа заклучи дека ова не треба никому да го кажува, да си ја чува како тајна само негова и тргна по патчето крај неа совладувајќи некои грмушки, некои корења, надолу надолу дури до онде каде што таа голема вода се сретнуваше со една малечка рекичка покриена со врби и кој ти знае уште со какви дрвја, водата од малата рекичка бистра па се гледаше сѐ под неа и сакајќи да помине преку неа за да го следи брегот на големата вода откри дека почна да му се качува до кај колената и се сети на предупредувањето од Митра дека можеби ова е каналот и дека во плитка вода човек може лесно да се удави па се подврати, е, кога веќе го нема човекот што го трга сивото платно, поарно е да го фати ова патче што оди нагоре покрај малата рекичка следен од крекање на жаби и чрчорења на секакви птици горе во дрвјата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Александар заклучи дека мора да јаде за сите негови претци кои биле гладни и дека би било крајно непристојно да не се придржува кон овој своевиден култ на предците.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Му се стори како да стапнал во влагата на некаков гроб и не се чувствуваше ни малку подобро затоа што отсекогаш знаеше дека гробот е таму некаде и дека го очекува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овој луциден судија кој го водеше предметот, покажа одличен правен сенс (elegantia iuris) – што е сосема ретко од нашите партиски подобни судии, образовани во духот на бедниот и буквалистички правен позитивизам – кога заклучи дека прекинот на работата се случил спонтано поради незадоволството на вработените прогласени за технолошки вишок 49 кои со жив штит ги попречиле вагоните да тргнат од пероните на станицата и дека: „Не е јасно како може, без индивидуализација на делата на секој од тужителите посебно, тие да бидат казнети ‘во пакет’, и дали во конкретниот случај се работи за некој нов изум на ‘колективна одговорност’ кој тужениот се обидува да го примени во своето работење“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И дека имаат повеќе сокови во своите жили.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бев убеден дека е тоа врвниот дел од нејзиното тело, дека само тоа е останато од мојата Луција и дека јас бев првиот што пиел небесно питие од таа чаша полна ѕвезди.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Газдата беше воодушевен; ми рече дека такво нешто до сега не видел, дека имам извонредна способност за одржување на рамнотежата, и дека бездруго морам да почнам да тренирам мото-акробатика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пред влезната врата го стресува снегот од себе и влегува во одајчето со променето лице, најдувајќи ја мајка Перса задремена крај малечката Пелагија. Ѝ се извини на мајка Перса што се задржале толку многу, ѝ рече дека е многу уморена и дека каснала со Чана кај Танаско и сега не е гладна, туку дека е гладна само за сон, па така не мораше да објаснува зошто се врати со стемнето лице.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Јаков сѐ одречуваше. Му рече дека кај таа жена – му кажа дека се вика Ребека - оди на испомош околу домашните работи и дека таа за тоа му плаќа добри пари.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На мудурот и другите Турци им турија од кокошката, но бидејќи тепцијата промириса на „домус", и како што рекоа они оти се вечерани, и дека дошле само на муабет „да поминит, зарем, времето", се напија уште по една ракија, ако по вечера, и станаа та си отидоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не бев сигурен дека е љубопитна и дека дошла со намера да ме види. Бездруго мислеше дека спијам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не дека беше имун за елегантност и дека не сакаше да менува повеќе одела, туку просто речено: не можеше да ги пушта нозете повеќе од што му беше чергата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Атанас не присуствуваше на таа сцена кога Пелагија и Танаско му овозможиле на дедо Костадин да ги чакне своите очи со очите на баба Петра и во мигот таа да се пресели во неговиот свет, ама подоцна сите зборуваа за тоа па нему му се чини дека и тој бил таму и дека присуствувал на тој мистериозен чин.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој мора да биде отсечен од минатото, исто како што мора да биде отсечен и од странските земји, затоа што е неопходно да верува дека нему му е подобро отколку што им било на неговите предци и дека просекот на материјалните добра постојано расте.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таков беше адетот кај сите бегови: да држат по едно младо („живинче") во кулата, да се знае дека се чифлигари и дека имаат измеќари за секаква работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас поради тоа сметав дека сум излишен овде во ЈугоМак и дека ми се готват да ме избркаат од работа, а малку да ми покачеа плата, колку да се смирам, ни несреќата ќе се случеше ниту пак јас ќе бев нервно поболен и позависен од алкохолот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И наеднаш сфаќам дека всушност јас сум творецот - обликувач на глупавите прашања, и дека со нив всушност настојував да ја омаловажам загриженоста од ситуацијата во која се наоѓав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И мудурот и јузбашијата му ја стегнаа цврсто раката на Трајка и пак Сефедин го испрати и го втера во авурот кај затворените селани, клоцнувајќи го на вратата, за да им даде да разберат дека гневот уште не му е ублажен и дека ќе треба да го ублажуваат со петстотини лири.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Верата за разумот е исто што и леќата во скрипториумот за слабите очи на Пелазгиј Асикрит: со помош на леќата отец Пелазгиј ги гледаше оние слова дробни што му беа и сосема невидливи, од невидливото правеше видливо, на непостоечкото му даваше форма и значење, но никогаш не разбра дека таква леќа не само за очите, туку и за душата е нужна, и дека таа леќа верба во Господа се вика!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И еднаш или двапати месечно ќе се изненадеше штом ќе сфатеше дека си ја сака работата и дека е тоа најубавата работа на светот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Судот може да одлучи сведокот да положи заклетва на исказот што го дал.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така што најпосле Акакиј Акакиевич еднаш во животот посака да покаже цврстина и одлучно рече дека неопходно му е лично да го види началникот, дека тие не смеат да не го пуштат, дека тој доаѓа од установа по државна работа и дека ако тој се пожали на нив, тогаш ќе видат тие.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Лозане.“ „Што е?“ прашав и пак се мачев да се извлечам од под неговата ослободена тежина; не бев сигурен дека не е пијан и дека не ќе заспие ако се тргнам од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отстапил малку пред налутениот челник и со прст повлекол невидлив крст преку челото. И се згутавил под лита наметка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Дека хула бесчесна врз зборовите си фрлал и дека за тебе гласовите поважни од зборот се?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
94 Непосредно по спуштањето и запознавањето со ситуацијата во Македонија, британските воени мисии во своите извештаи до СОЕ во Каиро нагласувале дека единиците на НОВ и ПО на Македонија се носители на вооружената борба, но посебно потенцирале дека ним им недостасува оружје и дека две третини од борците биле недобро облечени и барале СОЕ да почне со доставување на оружје, муниција, облека, лекови и сл.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се чини дека Дерида сака да објасни дека Теут ја одразува приказната за Тот, и дека неговото присуство кај Платон влегува во рамката на одредена структура на западната мисла, онаа според која пишувањето е осудено како лажно и изведено, наспроти гласот, за којшто се мислело дека претставува извор, пренесувач на вистината и носител на „присуството“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кампот служи за да се издишува претензијата, да се растура хиерархијата и да се запомни дека сите настрани се стигматизирани и дека никој не заслужува достоинство што е за сметка на туѓ срам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вреди да се одбележи дека со оваа пресуда, и покрај ригорозните и репресивни законски мерки насочени против организирањето штрајк, се востанови еден одличен судски преседан дека „блокадите се суштина на синдикалното делување“ (зат. цит. – стр. 3).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Разбрав дека се тројца во ќелијата и дека на смени ме гледаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А врховна потреба е да се знае дека кајшто има сила нема правдина И уште да се запамети дека е правосилна онаа народната Дека се рече ли кучето бесно е си останува бесно што и да стори отпосле Од друга страна и меѓу самите Словени мнозина знаат Дека и Словените и пансловените не се китки за мирисање И дека особено тешко се ослободуваат од стари соништа
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Чанга сакаше да ги смири козарите велејќи им дека се работи за обична приказна и дека не може да има никаква врска со нашите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мисионерката и не претпоставуваше дека куќарката во која престојуваа е оддалечена само половина километар од најблиската воденица, и дека токму во таа воденица, три умешни селанки ги расукуваат корите за пити и ги готват сите оние јадења за кои таа имаше многу високо мислење.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Она: „Дали ваквите дилеми не се бегства од суштественото?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој е повеќе од сигурен дека таа мажачка е грешка и дека нема да излезе на добро.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Му рекол на императорот дека токму на тоа место „навистина се чувствува некаква лага“ и дека понекогаш авторот прибегнува кон такво нешто само за да создаде „потребен ефект“ кој, пак, по природен пат не може да се постигне.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И слушаме дека на Пелистер врне снег и дека од снегот не можат да го искачат топот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мисли ли тој оти Србите му веруваат дека се работи на “Македонија за Македонците”, ако се игнорира прашањето за јазикот на Македонските Словени, и дека тоа прашање лесно и праведно ќе се реши со добивањето на автономни права?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дури на крајот на писмото, во аголот, Ивана имаше напишано дека често мисли на мене и дека ѝ недостигам, што не ми звучеше баш уверливо, а сосема најдолу – да ги поздравам другарките, особено Мила и Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Преклонетоста на неговите раце се престоруваше сега во некаква тромава отпуштеност, која знаеше само за тоа дека преку денот тој доста се намачил и дека сега треба макар и само да се спие.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На луѓето им остануваше да живеат - и живееја, по навика што беше станала инстинкт - со претпоставка дека секој произведен звук се слуша и дека освен во мрак, секое движење се надгледува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од една страна, несомнено е дека некои лица, врз основа на своите интереси и/или идеолошки позиции, стојат на мислењето дека работниците се доволно заштитени, па дури и дека сѐ уште имаат премногу права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во денешниот момент на (македонското) новинарство кадешто лаже кој стигне, кадешто моралната одговорност во најдобар случај е мисловна именка, и кадешто мошне често ни за највулгарните и најприземни навреди не може да се добие ни минимален отчет, навистина е во ред прашањето зошто, кога веќе се залагаме за промена на состојбата, не потпишуваме одредени свои текстови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој интерес малку е задоцнет, но од тоа сѐ уште не следува дека тој си нема сега место меѓу нас и дека може да ни напакости.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Доколку анализата на овој закон ја сведеме на чисто позитивистичко правно толкување би можеле лесно да заклучиме дека оваа одредба е позитивна и дека се работи за подобрување на правата на невработените по горенаведениот основ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Лажев, а лага не чинев, оти со сила лажев, под принуда, за да се спасам од него, од нечестивиот: му реков дека Граматикот не спие, туку дека бдение чини и молитви усрдни кон Бога, и дека невозможно е клучот да се украде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еден од треварите, постариот, и некои двајца, калуѓерски долговратиот Лазар Аргиров и кашличавиот Осип Сечковски, веќе ја кршеле со секири колата на Дмитар-Пејко, кога пред нив како куп ѕвезди ќе блесне оган да нафрлаат врз зажареноста пресно месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тоа време уште не ми беше толку близок како што ми е сега, за да можам да му признаам дека ме мачи грозна љубомора и дека зависта ми ја труе душата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не би бил неодмерен и одговорот: „Гледај си ја другар работата!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му реков дека и луѓето ќе појдат на лов и дека не ќе им избега.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше чуден; само се смешкаше и повторуваше дека е можно да се врати човек назад, во минатото, и дека е можно уште еднаш да изживее еден ден кој веќе изминал, пред многу години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И ќе одговорат дека интересите на татковината секогаш се погоре од интересите општонародни и дека последниве се само средство за првите, а не наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дончо не се ни завртува туку продолжува да мава со стапот лево и десно без да забележи дека патчето го има оддалечено од рекичката и дека го влечи речиси по средина на една бескрајна градина: лево домати, десно пиперки и гласот на Чана што го запира како висок плет Каде ти е Митра бре Дончо? и дури сега открива многу работнички околу мајка му.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Поп Петко разбра од пазарџиите дека си дошле во Прилеп и дека си кинисале, од други разбра дека се вратиле во Дуње; од трети дека ја поминале Црна, а последните му рекоа дека се вратиле од манастирот да запалат по една свеќа и веќе се зададоа здола Сидорка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие, всушност, самите си го полнат бурето со барут, за некој од далеку да го активира и да ја предизвика експлозијата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, таа низ солзи го признала чувството дека тој всушност „не ја познава“ и дека не е сигурна ниту во својата љубов кон него.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Рекол дека тој ќе го чува мртовецот и дека наутро ќе решат што да сторат со таа смрзната смиреност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми се претстави дека е од Битола и дека во Париз работи десетина години.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бев свесен дека за толку голема и неизвесна работа како што е копањето бунар, треба да се има трпение и мудрост и дека јас ќе морам да се усогласам со тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ме праша што стана со Фискултурецот; му реков дека беше казнет поради тоа што претепал ученик, и дека потем заглави и во затвор, затоа што ги беше претепал и својата некогашна жена и нејзиниот сопруг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем ми подаде рака, ми помогна да станам, да се наместам и потсуредам; го фрли шишето во една грмушка и јас дури тогаш видов дека сонцето беше паднало ниско, и дека денот полека почнал да гасне.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се сети дека Христина оди на хор во хорското друштво „Кајмакчалан“ и дека тоа е секој вторник и петок од 16 до 18 часот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И кој знае дали и мене, ако останам жив, нема да ми залепи нешто затоа што правев во Отешево и дека сега ви кажувам за Отешево...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Револуционерните занаетчии, спротивно на тоа, тврделе дека идеална чевла не постои, како ни непроменливата форма и дека тие самите треба да пронаоѓаат нови форми на чевли и постојано да ги усовршуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Застана на едно место и се разгледа наоколу, не толку со љубопитство, колку со важност, божем целиот свет знае дека се вратил и дека е тој тука, но не истиот, туку друг, богат, испеглан и чист, човек од светот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Треба така да изгубив многу време зошто кога погледнав зад себе видов не само дека мека мојот мртовечки сандак веќе е спуштен во гробот туку веќе и дека земјата во него е нафрлена.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа стоеше во погледите на оние двајца такво, што на Змејко еднаш му се стори и дека му се допаѓаат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го сочекаа кога излезе од станот и со вештина на рибари кога ја фрлаат во вода својата мрежа го сплеткаа во долг платнен оклоп, а тој, пред да се почувствува како мумија, сфати сѐ што може да сфати здрав човек и крикна, се разбесни, пожали што не му се рацете слободни со громови да ги милува ниските чела и полните бели усни, сфати дека му е наместена игра и дека е волк в стапица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За него се говореше дека од устата му излегува слово час благоутробно и благо, час строго и праведно, но неотровно, и дека противниците негови обично посрамени заминувале од разговорите со него.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во источната одаја на нашиот храм, како што веќе ви кажав, се наоѓаше записот за кој се веруваше дека го дава пророштвото за царството за илјада години нанапред во времето и дека записот ја открива причината за проклетството фрлено врз царството и најдробрите колена негови, оти болести и поразии нѐ напаѓаа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што се однесува до мене јас вистински верував во она што се случи во моментот на поминувањето на спомнатата огнена топка!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И ако сите знаеја дека една чупа, на нејзина возраст, ниту знаела ниту можела да знае кој сѐ работи за Организацијата но освен мајка ѝ Василица никој не ја зеде во одбрана, никој и не смееше да ја земе во одбрана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога бев со него пред телевизорот, забележував дека е сосема отсутен и дека, всушност, неговиот поглед од зад мене вкосо лежи на моето рамо и на мојот профил.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но притоа сепак ја предупредив дека треба да внимаваме и дека не смееме ништо да преземаме ако немаме отркриено какви се намерите на Пачев?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа барем имаше некаква смисла и ми даваше одреден идентитет и личност. (Што ве наведе да го промените мислењето?) Кога се уверив дека ќе ми дозволите да се чувствувам како ваше дете и дека ќе се грижите за мене со љубов.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Секогаш девет. Три по три се девет, разбираш? – ми има речено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Лудвик не сакаше ништо да појадува; рече дека појадувал во возот и дека одвај чека да одиме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Едни мои пријатели кои редовно практицираа бајачки мисионери слушнале за него дека бил многу подобар од кецот и дека бил толку способен што разговарал дури и со Господ.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Едновремено, алхемичарите во ѕвездата гледале симбол на Девица (Невеста) - уште еден елемент кој ја поткрепува нашата предложена идентификација Невеста/ѕвезда.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тие сочиненија негови, што ги викаме Претсмртните ливчиња на Мида, два листа сѐ на сѐ, велеа дека текстот на записот чудна форма има, и дека целата одаја, всушност е чудно устроена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оливера Поточка пред сите кажува дека е трудна и дека не сака овде да го роди, а на Филип Хаџиевски одново му се одзема умот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше, како и секој пат, облечен во неговата доземи долга бањарка за која што баба ми Санда, мајка му, тврди дека му ја купила кога тој имал десет години и дека ја има зачувано сѐ досега само затоа што била изработена од многу квалитетен фротир што денес веќе не се употребува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но тој сите тие удари ги примаше со некоја селска рамнодушност, со селска упорност: беше жив пример дека селаните имаат посилен организам од сите други, дека имаат подобри нерви, дека во крајна рака, имаат и подобра интелигенција, дека кога им говориш нешто, низ едното уво им влегува, а низ другото им излегува, и дека нивната филозофија трпение- спасение, редовно дава плодови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога ќе се појавите на прагот на куќата на некој англиски благородник мошне веројатно е дека слугата ќе ви каже, Почитуваната Госпоѓа се извинува, таа не е дома и ќе морате да чекате да добиете една убава картичка Г-дин и Г-ѓа John Miller дома во Сабота, 5-ти Ноември од 16 часот - не сте повикани лично - кажано ви е дека г-дин и г-ѓа Милер ќе бидат дома и дека ќе очекуваат (можеби со задоволство) да ве видат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Веројатно ќе помислеше и дека таа не ги следи ударите на својата рака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не знаев зошто ме вика, но претпоставив дека по онаа случка на кејот, Луција му раскажала дека јас сум фрлил со камен по џипот, и дека тој ќе бара да му ја платам штетата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да обрнеме внимание, сега, дека Duchamp-овиот портрет на налепницата од шишенцето за Belle Haleine, Eau de Voilette, ја прикажува пред сѐ неговата глава, и дека односот помеѓу зборовите „глава“ и „сад“ може да се согледа како во светлината на етимолошката анализа, така и во алхемиската традиција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Си вообразував дека ги забележува тие промени на мене и дека е среќен бидејќи и самиот открива дека и во нашето семејство се запатило убавото; мајка му втасала да се накити со пердувести нешта, а подоцна, ако наиде и таква среќа, како што се случува и со орлињата од Сина Скала, можеби ќе ги рашири рацете и ќе полета.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навикнав странците да ме прашуваат како ми е зад „железната завеса“, срдечно да ми објаснуваат дека биле во мојата Југословакија и дека нашиот главен град Будимпешта е прекрасен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Среде вревата ќе набасате и на такви кои вџашено допрашуваат дали слушате дека брмчат пчели и бумбари и дека тукушто не почнал нивниот заеднички десант врз Фиренца.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Каде е Луција“, прашував. „Луција замина; рече дека ќе оди кај тетка ѝ во Велес, и дека таму ќе преспие, оти тетка ѝ ја очекувала на гости.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На почетокот од записот има една реченица во која се прашувам зошто си го гнасам лицето и дека таа мисла постојано ми се меткала низ глава.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јас ништо не разбрав за душата за Рајот Божји каде што е сега Наум, но сфатив дека мора да е некаде многу далеку и дека старичката одамна го нема видено.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа значеше дека работникот е во пасива кај претпријатието и дека си ја изел својата заработка преку тој месец.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Рекол дека ќе заработи за голема куќа и дека ќе се врати. Но, не се вратил.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Само така можеме да разбереме дека некои ја негираат масовната култура и забава во име на 'високата култура' со подеднаква непопустливост како и Црквата што некогаш ја осуди таа иста култура во име на „светата вера“, и дека на моменталните успеси им го даваат за пример бесмртниот Racine и Monteverdi и при тоа ризикуваат тие великани да ги осамат во царството на совршеноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Очевидно е дека тој бил блиску и дека наслушувал.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој ветер раскажува дека светоста на народот е јазикот и дека камењето сега раскажува за него. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тогаш ми се стори дека слободата е најголема во сонот и дека најмногу се исплатува да се бориш за сонот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И затоа, решивме, по секоја цена да не признаваме дека нашиот свет е фиктивен и дека е меур од сапуница.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Меѓутоа, во полициските записници стои дека на 4.11.1890 год. во една поголема група сослушувани ученици и студенти од Македонија бил и Хаџиташковиќ и дека дури утрето и таа група го напуштила Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оставајќи на времето, тоа да го даде одговорот, велеа Ако се врати некогаш да си ја земе Драганка, значи е трговец, но ако не се врати по неа, то ест ако ја остави, зашто не е крвна рода Јанческа, да се омажи за некого од нивните, значи дека бил ајдутин и дека ги оставил коските некаде по планињето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Но јас мислев дека тој излегува ноќе, кога ние заминуваме и дека купува храна кај Брауни“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од „штрокавата“ многумина беа разбрале дека дипломирал и дека од тој момент му се губи трагата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ама, гравот е знак дека и во твојата куќа заиграла „варјача”, дека си врв од домаќинка и дека, во зависност од тоа како си го зготвила, така и ќе ти помине остатокот од денот до замрачување, а богами и ноќта!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Додека Декарт она когито го здоби со отуѓување на телото (перцепцијата, емоциите) од својата суштина, Спиноза тврди спротивно, дека свеста е свест на телото и дека индивидуалната свест и „индивидуалното“ тело се едно нешто, само различно разбрано.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сигурно си мисли дека е грда, и дека таа е крива за сѐ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сешто може да ти текне на враќање: и дека владетел на планините е она страшило од птица, плус змија ѕвечарка и дива мачка, кое што те посматра со ледените камени очи уште од првата ти стапка по Светлата патека.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во моментот јас од родословното стебло, знаев по нешто сѐ до предокот Никола Поцо, дека се работело за моќно и старо стебло, но со целосна сигурност можев да зборувам само за последните колена, дека, на пример, дедо ми по татко се викал Стефан, а по мајка Славко и дека татко му на Стефан, мојот прадедо, се викал Митре.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И добро му било таму, вели, може и најдобро му било таму, оти им бил толмач на Англичаните, вели. И дека не гладувал. 217
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дознававме и дека тоа исто време носи во себе и еден поинаков свет од оној за кој отворено се зборуваше и кој можеше да се види преку ден – зад премолчувањето на сексуалноста се криеше неискреност и хипокризија. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го чувам неговото пусулче. Еден вид признаница, дека реквирираниот автомобил, форд 35та, лично го рекверирал од сопственикот Семјон Иванович, за потребите на неговата единица, и дека на сопственикот на автомобилот, истоименуваниот, му го отстапил својот коњ, за да може да се врати дома.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лишки, вели Максим мислејќи си дека ако се случи нешто погано ноќва може да се случи утре да биде протолкувано како дело на волјата на утките и на бувот од Камен, па ниту тој некој друг ќе може да ги увери потковичаните во спротивното - дека лишките се лишки и дека нивните гласови не можат да им нанесат зло на луѓето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имено, се признава дека луѓето поседуваат различни биоритмови и навики и дека со тоа всушност се создаваат и мешаните форми на стиловиве.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А, оваа Мила – си размислував, види ја ти неа – поискрена е од мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но не знаете дека вратата до тогаш, до доаѓањето на Филозофот веќе беше двапати отворена, и дека преостануваше само уште една шанса, уште едно отклучување на рѓосаната клучалница и дека Писмородецот се плашеше дека не тој, туку Филозофот би можел да биде оној кој ќе стекне слава невидена на светот и богатства неброени од царот и од логотетот, ако го прочита записот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во таков случај репресалиите на Германците ќе го ставеа во ризик целиот остров.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На пример, се сеќавам дека еднаш го молев татко ми да ми купи една играчка-автомобил од излогот на една продавница; тој рече дека е прескапа, и дека нема толку пари.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас гледав во формуларот: на него беше составен еден ужасно патетичен текст, во кој најгоре, на почетокот, стоеше: „ЈАС“ (подоцна многу размислував за значењето на заменката „јас“ во партискиот и општествениот живот, воопшто), „Потресен и огорчен од она што се случува денес со здравиот народен дух и народната уметност, која е обесчестена, пристапувам кон Партијата на здравиот народен дух и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на тој дух до степен на усвитеност, дека ќе му ги вратам часта и достоинството и дека...“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И секој од нив на свој начин му ги објаснуваше кривовштините што ги прави државата (некои тоа го нарекуваа ненародниот систем) и му објаснуваа зошто народот е сиромашен, ненајаден и лошо облечен и дека сите треба да бидат еднакви, сите да имаат работа и плата, а не така како што е сега - ти работи, а некој друг да се богати и богато да живее.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имаше потреба, не толку можеби да ми каже сѐ што е лошо во врска со семејството Поцо, колку дека ги знае минатите настани и луѓето што учествувале во тие настани; дека го знае почетокот на настаните и дека го знае нивниот крај; дека никој не знае подобро и повеќе од него. Тоа, впрочем, беше и точно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Божиновски не потпаѓа на овој притисок и одлучно одбива да ја потпише изјавата – за која верува дека е класичен случај на уцена – со објаснување дека веќе води спор со компанијата, и дека таквата изјава би била целосно невистинита (т.н. лажна изјава).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А дека викаат по него и дека тој не им одговара – тоа е, се разбира, само затоа што тој не ги слуша!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ја тргав главата од него но тој сакаше да ми ѕирне в лице и, како да сака нешто тајно да ми каже, ме удри со колено по колено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе си поиграат поединците со ваквата дарба извесно време, а потоа наеднаш изненадени и самите ќе откријат дека дарбата ги напуштила, а некој, на кого дотогаш воопшто не му обраќале внимание наеднаш ќе се јави и бесрамно ќе објави оти токму тој е единствениот кој е надарен со поглед во иднината, и сите поранешни јунаци, избезумени, ќе слушнат дека тој, новиот, всушност ним им заповеда и дека бара од нив часкум да се свртат назад.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И лазиш ко ѕвиждалник по земјата, а на земјата мислиш дека поминала некоја речна матица и дека се покутнала, раскорнала, раскопачила и залејала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Значи, во поглед на монтажата, Ворхол е радикално екстремен: некои негови филмови се одигруваат во реално време; тој се откажа од тенденцијата со монтажата да создава „виша” стварност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А тоа му даде надеж, тоа го повлече да помисли дека неговите веќе тргнале од селото и дека можеби уште вечерва ќе дојдат на колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Насетував дека правам некоја работа без смисла и цел, и дека, впрочем, нема ни да ја довршам, ќе ја оставам заради некој нов - речник...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И дека тоа вака беше единствено можно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не сакам да се фатиме во лага.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако ова се знае, тогаш е јасно зошто една иста личност може да “варира” во стиловите и повремено во неа да постојат повеќе стилови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мене очите ми светнаа, грлото ми се сушеше, дланките ми се потеа; слушав како ги чита имињата на оние кои ги беше одредила да прочитаат по една рецитација, но мене на тој список ме немаше; ја прашав дали би можел и јас да прочитам некоја своја песна, а таа рече дека не би можел; ја прашав зошто, а таа рече дека моите песни се убави, но несоодветни (токму така рече: несоодветни), и дека овојпат не се бараат љубовни, туку патриотски рецитации.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Реков дека ќе ги раскренам садовите и дека треба да ги измијам за утре да го почнам денот со чист прибор. Тоа со садовите траеше кратко.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Реков дека не, и дека не разбирам за што треба да се покајам. „Дотолку полошо“, рече Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тврдат педесет години која била султанија на еден од твоите ни дедовци и прадедовци и дека во тие фермани и берати пишувало дека тој крај од големата наша царштина бил подарен од некоја ѓаурка Мара пред сто-сто и педесет години која била султанија на еден од твоите прадедовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во испратениот допис тие се осврнуваат на телеграмата на амбасадорот Рендел од 13 јануари 1941 година во која тој сугерирал дека Британците „би требало да ја употребат ‘Македонската револуционерна организација’“ и дека „сега тој е многу поубеден во својата сугестија отколку претходно“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И додека се подготвуваше евакуацијата, стаса вест: Друштвото на народите откако добило мислење од Хашкиот суд дека спорното ”до” внесено во Протоколот за разграничување, може да се толкува двојно: и дека Манастирот влегува во состав на Албанија и дека не влегува - спорот повторно ѝ се вратил на Конференцијата на амбасадорите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од самиот почеток Стејт департментот ги предупредил дипломатските претставници на легациите дека инволвирањето на САД треба да биде ограничено и дека барањата за помош и арбитража од страна на балканските влади и политички организации се „наполнети со динамит... и не би требало ... да се прифатат“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој се противеше; велеше дека не сака да ме остави сам, се плашеше да не налетам во Велес на Фисот и Луција, и Фискултурецот да не ме претепа; јас му реков дека тоа е моја работа и дека немам што веќе да изгубам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оттаму, мојата врска доктор ме одведе кај професорот да ми се направи една гастроскопија по колоноскопијата, а кога по пат го молев да ми каже колку може да биде болно, тој низ насмевка ми рече дека оваа претстава што бесплатно ја изгледал долго ќе се раскажува по кабинетите и дека лично тој ги сокрил пешкирите со нормална големина и дека оној во костумот бил само колатерална штета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Всушност, ѕвончето е звучен патоказ на главниот пат кон ѕвездите а за патарината се знае кој ја наплаќа, како што се знае кој има канџи и дека тие не му се за свирење клавир.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Не треба да се смета, додуша, дека било кој од тројцата горенаведени дрдорковци би можел да ги „претставува” другите, било исправено или на глава, и дека, согласно со тоа, може да биде бакнат наместо нив.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Томе се закануваше дека ќе се прекачи по оградата и дека, ако не го пуштат, ќе им каже на сите деца дека на Дора и на Ане им се допаѓа Огнен.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Реков дека пишувам песни, одлично вежбам на разбој и дека свирам саксофон (младите во тие години мислат дека се сестрани) и дека од тие три нешта ќе изберам едно за моја професија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш некој од политичарите рече дека тероризмот во земјата станал хронична болест, која е тешко да се излечи, и дека на него се лепат организираниот криминал, нетолеранцијата, ксенофобијата и многу други работи кои со години ќе ни ги трујат децата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Исто така ја забележал и македонската освестеност, „која оди подалеку од локалниот патриотизам“ и дека нивните тежнеења се „насочени кон слободна и обединета Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И дека никој никогаш не ќе можел ни да соочува нешто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оливера ми кажа дека некои деца биле уште уплашени од војната и дека не можат да спијат, а кога ќе заспијат викаат во сонот и бегаат од постела, се кријат под креветите, некои само да чујат брчење на камион или трактор, и ќе почнат да скокаат низ прозорците, си мислат авиони и тенкови идат и ќе се пикаат по грмушките, ќе се тресат ко пилиња, негователките ќе ги бараат, а тие ги затвориле ушите и очите, само устите им стојат отворени, ама пак не се оѕвиваат, не се кажуваат; оти не се оѕвиваш ми вели Горачинов, кај беше досега отидена, ме прашува, по ортомата своја, му велам, и јас не знам кај бев, а надвор се смеат, на вратите од кабините ни напишале ,То долапи ефтихијас"18 и се смеат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не дека посебно настојував, така ми идеше денот со него да го започнам со мали нежности, со божем случајни допири, со детинесто поставени прашања на кои самата си давав благоиронични одговори по што брвнував во смеа, на што тој ќе речеше - денес да се плати струјата или така нешто, и ќе ме оставеше да стојам со отпуштени раце во ходникот додека звукот од лифтот не ми потврди дека веќе е долу, и дека треба да се чека дури утрешниот ден за нов обид за остварување на онаа блискост што се сведува на радост што ете, на овој свет сме заедно, оти она што повремено нѐ зближуваше ноќе, беше само страст, дива и мрачна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сега кога им раскажувам на моите деца тие се кинат од смеење, но тоа беше мојот штос, зашто не сакав машките да се фалат дека се запознале со мене и дека сум нивна девојка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Значи, кога помислив дека косата и уште незнам што друго од моите сопствености сторија обид да ѝ се придружат на молњата, главата си ја пикнав во дланките а потоа главечкум отрчав до Пребег за да се напијам вода и да си го повратам во живот сувото грло, но таму ме пречека оној матнеж и лудување на водата, што веќе ги спомнав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ракијата ме фаќаше полека ама сигурно, оти сонцето биеше ужасно; некој понуди и тревка, и јас, ненавикнат на неа, во еден миг видов светлина; помислив дека таа светлина не е од овој свет, дека тоа ми се јавува Бог; беше тоа светлина виолетова, еднаква во сите свои делови, совршена, постојана, оти не беше една во едно време и инаква во друго време, ниту за едни убава, а за други грда; беше тоа светлина преподобна; помислив дека можеби веќе сум во некој друг живот, дека сум умрел и дека ми е доделено некое ново тело; верував во реинкарнација, и таа помисла ме возбудуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мара неколку пати им влегуваше во собичката, таа повеќе пати се обиде да им рече дека е многу, премногу доцна и дека е време да си легнат, но ни едниот ни другиот не сакаа да чујат за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бенвениста ја плати јасновитката иако не знаеше зошто така ја нарекуваат кога нејзе судбината на Рафаил ѝ стана поматна, та излегувајќи на кошавата која Севишниот ја беше пратил за да ги расчисти маглите кренати над устието што тие денови го гушеа Белград, првпат се свести дека залудно губи време во надежи и очекувања и во фантазии што не ѝ допуштија да го види она што вистински го има, синот Јехуда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ништо не му реков на Земанек за онаа вечер; му реков само дека сум ја видел Луција со тетка ѝ на корзото, и дека не сум ѝ пристапил; тој рече дека умно сум сторил, оти сум бил сѐ уште неистрезнет и непресметлив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Најстариот меѓу нив, Симон Наконтик, со чувство дека е најповикан да ја мери правдата, веќе стоел со крената глава помеѓу пркосниците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А во таа таква опстановка, требаше да знам дека тоа е нормално и дека кучето сигурно е тука, блиску до влезот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Простено ти е, Луцијо!“, рече. И потем рече дека без разлика на сѐ, сѐ уште ме сака, и дека секогаш ќе ме сака; рече дека си оди засекогаш, затоа што му се гади од сѐ и дека сака да најде мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Реалноста со сета суровост ја покажува точноста на оценките на американскиот економист и нобеловец Џозеф Стиглиц дека „ретко кога јазот помеѓу очекувањата и стварноста бил поголем отколку во случајот на транзицијата од комунизам во пазарна економија“ 1 и дека „транзицијата не испадна да им користи на сиромашните.“
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Признавам, - ѝ реков, - дека во тие моменти ми се чини оти те мразам и дека посакувам никогаш повеќе да не те видам, ама кога ќе ми мине лутината ми е жал што сум те мразел.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
ИВАН: Крстју просто ми рече дека Младичот не може да се качи на попладневниот воз и дека ќе тргнел со вечерниот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Реков дека џезот многу ми значи, дека по завршувањето на училиштето најверојатно ќе избегам од земјата (да ја избегнам воената обврска) и дека најверојатно ќе студирам џез-академија во Берн.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој таа вечер ѝ дал шеќер, колку што имале дома, и таа малку како да се потсмирила, но за моментот. Потоа забележал и дека се нафрлила зугреби.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А пак трети други велат дека е многу, многу рано да почне да се открива историјата на неписмените и да му се угодува баш во сè на Умберто Еко.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Стојан се насмеа слатко кога стрина му Митра му рече дека неговиот другар Крсте се жени и дека треба и тој да бара чупе да се жени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога, пак, тој ѝ раскажа што била работата, таа плесна со рацете и рече дека треба да оди директно кај началникот на полицискиот реон, дека блоковскиот ќе го измами, ќе му вети а потоа ќе го влечка; дека е најдобро да оди направо кај началникот, дека тој ѝ е дури и познајник, зашто ×ухонката Ана, која порано работела кај неа како готвачка, сега е дадилка кај началникот, дека таа често го гледа и него лично како минува покрај нивната куќа, и дека тој исто така секоја недела е в црква, се моли, а во истовреме ги гледа сите со весел поглед и дека, според тоа, по сѐ се гледа дека е добар човек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пелагија ги испрати дури до долната улица која од пругата наваму продолжуваше од Ѓуро Ѓоновиќ, таму ги изгушка патем наспомнувајќи дека во недела Деспина ќе се армаса за Атанас на Вета и дека многу се радува заради мајката Роса која толку многу има страдано, а Чана, како навредена, Знм, ми кој уд нас нема страдано? и се разделија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Поучен од претходните случаи на вработени кои тужеа за изгубените работни места и кои добија, по што беа вра- тени на работа, но притоа во знак на одмазда им беа поставувани „невозможни“ услови и/или беа прераспределени на места надвор од местото на живеење – тој беше решен да си замине од компа- нијата, но да го побара сето она што му следуваше за последните три години (оти паричните побарувања од плата застаруваат за три години).3 За да има доволно докази, тој првин се обраќа до компанијата – со Приговор дека неправилно бил отпуштен со повредени материјали и работнички права – по што, тој добива повратно Писмо како одговор кое, пак, понатаму во парниците го приложува како доказ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Отец Кирил се посомневал дека слепецот од Кападокија е измамник, и дека знае само една и иста приказна која ја кажува секогаш, без разлика какво слово и со какво писмо е забележано на штичката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не напуштајте го домот без... Индустријата нѐ учи дека дом е онаму каде што ние сакаме да биде и дека тие можат да ни помогнат да се чувствуваме како дома.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој во одговорот не покажуваше никакво посебно интересирање во врска со овие нешта, но сепак спомна дека имал чуено оти татко му на дедо Стефан се викал Митре и дека бил имотен, бидејќи, како што пишуваше, неговиот татко и, особено, дедо му, биле уште позафатени.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оти слушнав гласови кај Лествичникот и помислив дека вратата од одајата само што не се отворила, оти не беше сам: помислив дека е со логотетот, и дека повторно го заведува и наведува против Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се споулавувал и не се покорил. Го одврзале од чаркот и кога му помагале да седне и да се смири доколку не сака да го потераат во сургун, повторувал дека ќе им се одмазди на џелатите и дека ќе му ја запали куќата на бегот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така Грците тврдат дека државата Македонија всушност не постои, Бугарите ја признаваат државата, но не и словенските Македонци што живеат во неа (т.е. тие се Бугари што тоа сѐ уште не го сфатиле), а голем дел од Србите сметаат дека сето тоа всушност е само „јужна Србија”, и дека Македонците всушност се Срби изложени на бугарско влијание.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А веднаш потоа онаа сугестивна, можеби и корисна но многу неодредена или недосеглива заповед: „Големината на човекот се мери според неговата способност да му го покажува патот на времето“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште додадов, за да ја повредам Луција, дека таа е доста ограничена девојка, и дека ако со показалецот ѝ покажеш „таму“, таа гледа во показалецот, а не во насоката што ја покажува показалецот. Но јас сепак ја сакам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А тој не им се лутеше, заедно со нив се смееше: беше го испратил еднаш, кога бил малечок, татко му Софре да ги паси гуските, а тој си дошол дома без нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Баге заустува да му се спротистави: дека син му не е педер, дека е нормален, дека е женет, дека има дете, дека во нивната семејна лоза нема ни намек на самоубиствен ген, дека сета таа работа е наместена, изрежирана и подметната од некои мрачни сили што се испилија во овој наш плурализам (беше готов да плукне притоа, но во последен момент се воздржа), дека неговиот син е нивна невина жртва и дека токму тие како служба се должни да ги откријат, да ги казнат, а на синот негов да му го обелат образот, макар и мртов.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Знам јас, - рече помирливо, - дека Бреза е здодевна и дека често таа ја започнува кавгата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дека тоа и го разбудило и дека тоа сега и го води и неговиот поглед во височините. Сега се шегуваше со Сонцето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Личеше на девојка, на блудница вавилонска, жешка, оти и бојата ѝ беше таква, жешка, црвена; Филозофот ја допре со врвот на прстот и се насмеа, а Лествичникот ништо не сфаќаше, но јас знаев дека во тој миг Филозофот ја чувствува сета топлина на светлината, жарот на сонцето сето, врелината на плодницата, осилото на пајакот, жарот на најотровниот отров, оти отровот е лут, и гори, и во болка со него се насладуваш; сето тоа го знаев, и знаев дека Филозофот веќе следниот миг ќе помине со прстот по сите букви, од буквата Ж ќе почне, од средето на клопчето, и дека ќе им ја прочита топлината на буквите, бојата нивна, и дека тргнувајќи од средето, најрпвин ќе помине со прстот кон едниот, а потем кон другиот крај на клопчето, и дека потем сосема спокојно, како да не прочитал ништо, ќе се сврти со светлината кон ѕидовите на одајата, како да разгледува храм непознат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога ќе ги затвореше очите и ќе застанеше мирно, без никакво движење, вкочанет, можеше да си замисли дека стои сред некаква низина, а зимата е без ветер, без ниту една куќа, со стотици километри наоколу и дека придружници му се само празните речни корита и соголените, суви дрвја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Најпосле, кутриот Акакиј Акакиевич испушти душа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Водата ќе се користела за наводнување на Црноечката долина и дека на тој начин ќе се постигнеле поголеми земјоделски приноси.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Затоа, со желба да го избришам од мислите на вашите еминенции и на секој верен христијанин ова моќно сомневање што беше со право изречено кон мене, со искрено срце и со вистинска вера ги отповикувам и ги негирам споменатите заблуди и кривоверства и воопшто сите заблуди и кривоверства и дејства спротивни на светата Црква; се заколнувам дека нема во иднина никогаш да речам или да тврдам усно или писмено нешто што би можело да фрли врз мене слично сомневање, и доколку ми се случи да сретнам кривоверец или некојшто се смета за таков, ќе ја известам светата инквизиција, инквизиторот или прелатот во местото каде што живеам.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Му падна на ум дека тој човек цел живот игра една улога и дека чувствува оти би било опасно дури и за миг да се откаже од неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но - откако светата инквизиција ме запозна со наредбата да не верувам веќе во погрешното мислење дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи, и ми забрани да го застапувам, бранам или учам било усно или писмено ова погрешно учење; откако бев запознат дека споменатото учење е спротивно на Светото писмо; дека напишав и испечатив книга во којашто го објаснувам ова осудено учење и го втемелувам мошне убедливо, без да дадам дефинитивно решение - за тоа бев мошне осомничен за кривоверство, значи за тоа дека сум верувал дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Имаше толку многу ѕвезди на небото, и уште исто толку се огледуваа во огромната вода, што ми се чинеше дека сме во вселената и дека патуваме со вселенски брод.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По оваа несреќна околност, Божиновски се решава да ја тужи битолската експозитура на „Кјуби“ АД за осигурување и реоси- гурување, за неисплатениот „минат труд“ без да бара враќање на работното место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Законодавецот овде повторно го заобиколил Уставот, кој пак јасно пропишува дека „Граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.“ (чл. 34) и дека „Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните, согласно со начелото на социјална праведност.“ (чл. 35).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тој самиот им го кажувал тоа на сите дека ме сакал мене и дека не можел да ја преболи разделбата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Писмородецот рече дека такво нешто во текстот нема, дека не е запишано, а јас видов дека тој не ја гледа таа нишка од пајажината, и дека ја гледа само онаа најдебелата, и дека не дозволува некој друг да гледа нешто што тој не виѓава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веќе беше доцна ноќ и домот тонеше во онаа позната глувост, - се чинеше, смртта тука одамна е гостин и дека тука се изгубил и последниот зрак на живот. Сите ние сме мртви, сенки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој често забораваше дека пред себе има човек кој штотуку се описменил и дека треба да ги избира поимите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Токму затоа, решил да тргне во будење на сетилата. (Всушност, јас дури денес дознав дека ја изгубил смислата за рамнотежа, и дека боледувал од Мениеров синдром; мислам дека еднаш ми има речено дека цената на сознанието е да ја изгубиш рамнотежата).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше чувство како О'Брајан да му е заштитник, дека болката е нешто што доаѓа однадвор, од некој друг извор и дека токму О'Брајан ќе го спаси од неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За Авни, во миговите додека го пишуваше писмото до Сања, за да ѝ каже дека ја сака и дека секогаш ќе ја сака, беше сосема јасно оти влетал како граблива птица во час на вознес на еден посебен свет за кој не може да тврди разумски, но за кој во неговите гради се собираше клопче со разнобојни конци од чувства изврзани за тоа суштество што под неговата сила истовремено испушташе глас на зрела жена што раѓа и глас на штотуку родено дете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Никој не би можел да ме убеди дека таа не нѐ сака и дека не е загрижена за тоа како живееме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Некои дури велеа дека писмото го сочинили со своја рака самиот Соломон, и дека таа книга ја нашол некој од предците на нашите цареви, и ја донесол тука, од почит кон царот Соломон.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Чекори покрај колоната и сѐ уште не може да поверува дека е слободен и дека си оди дома.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие луѓе од циркусот навистина го доживуваа светот надвор од нивниот круг, околу нивната одбранбена територија како опасен и чуден; сум читал дека сите животни имаат таква одбранбена зона, и дека таа се движи од неколку милиметри кај мравката до три метри кај лавот; тоа дресерите на лавовите добро го знаеја, и должината на нивниот бич беше токму толкава колку што изнесуваше „забранетата зона“ за влегување во просторот на животното.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Основното учење на Хегеловата филозофија е тврдењето дека светот и општеството се во постојан развој и дека тој нивни развој е незадржлив.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Тој рече дека морам да ја слушнам таа музика; тие се всушност само бледа слика на вистинската, преподобна музика; рече и дека сега му е смешно што го бранел џезот пред народната музика, и дека сето она што го напишал во есејот била чиста глупост; рече дека постои само една музика, и дека задолжително морам да ја слушнам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа може да се направи откако ќе се одговори на главните приговори на нашите противници, со кои тие се мачат да покажат дека нема потреба за одделно македонско друштво и дека неговото формирање не е своевремено.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На почетната страница од нивниот сајт напишано е: Се надеваме дека до сега не сме ве разочарале, и дека повторно во некоја песна, некој стих, некое зборче или пак тон, ќе пронајдете дел од себе, дел од вашиот живот, затоа што светот во кој што живееме, малку е убав, малку за нигде, ама единствен кој што го познаваме.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Но таму само ни кажаа дека сме целосно рехабилитирани и дека не е докажано оти сме припаѓале на некоја организација што се бори против Советскиот Сојуз.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се доби ваков текст: ЈАС, потресен и огорчен од она што се случува денес со ЛУЦИЈА, која е обесчестена, пристапувам кон партијата на ЛУЦИЈА и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на ЛУЦИЈА до степен на усвитеност, дека ќе ѝ ги вратам честа и достоинството и дека...“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со најновиот позитивен развој на настаните, Јакшиќ се надева дека сега ќе се повтори граѓанската постапка 11 и дека овој пат правичноста конечно ќе победи, а тој ќе биде во состојба да ги подмири долговите кон своите роднини и пријатели кои ги создаде овие години за да го спаси видот на едното око, а и да добие средства за да може да отиде на операција за, со помош на трансплантација на рожница, да го поврати видот на окото и како порано да биде нормално способна личност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако се наоѓаше три или четири метри далеку од него, можеше да види дека кафезот е поделен по должината во два оддела, и дека во секој од нив има по едно суштество. Тоа беа стаорци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На почетокот си мислеше дали да го слуша Болеро, но реши дека тоа е веројатно големо клише за Французинката и дека - иако нему страшно му се допаѓаше - не треба да го пушта.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можеш ли ти Силвија да го средиш животот на мојот син?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Па тој ме тера мене да помислам често дека сите луѓе отсекогаш краделе, а тоа е онаа неговата вистина, што тој ни ја наметна на сиве, така што дури и јас речиси заборавам многу работи, што ги знаев за животот, кога мислев дека сѐ зависи од тоа колку се сака да се создаде нешто, и колку труд ќе се вложи во тоа, и колку чесност и ќе се вложи во тоа, колку чесно и ќе се сака и ќе се создава тоа, и уште колку среќа ќе се има притоа, и дека не постои ништо друго, што би можело да влијае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Непрестајно му се појавуваа слики една од друга почудни: ту го гледаше Петрович и му порачуваше да му направи шинел со некакви си стапици за крадци, коишто постојано му се привидуваа под неговиот кревет, и тој постојано ја викаше газдарицата да го извади крадецот дури и од под јорганот; ту прашуваше зошто пред него виси неговата стара риза, кога тој си има нов шинел; ту му се чинеше дека стои пред генералот сослушувајќи го соодветниот прекор, и дека постојано вели: „Извинете, ваше превосходство!“ – најпосле, дури и пцуеше, изговарајќи најстрашни зборови, така што старата газдарица дури и се крстеше, зашто никогаш не беше слушнала од него ништо слично, дотолку повеќе што овие зборови следуваа непосредно по зборот: „ваше превосходство“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Којзнае зошто, ама луѓето веруваа дека тој не умира од куршум, дека нешто ги одбива куршумите што одеа кон него и дека се плашат и да го драснат, крв да му пуштат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Инаку во ред е кога чувствуваш дека низ главатати ти врват повеќе патеки, ѝ реков, треба да се допушти по нив да шета и дивото и питомото.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ти повели, па стрелај кога ќе ти се види најинтересно... (Го кине пликото.) ... само не заборавај, твоите истрели ќе привлечат овде луѓе, сеирџии и дека со тоа овој дом ќе стане сосем негоден за довршување на акцијата?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Со раскинувањето на договорот двете страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета (чл. 121, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа бргу се навикна на новите звуци (чудни се патиштата на човечката психа, оти човек се навикнува на сѐ, дури и на најбизарните нешта), но сфати и дека оваа „криза“ не е забава, не е диско и дека со неа нема заебавање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зачекорил, застанал. Во мрморењето на луѓето можела да се чуе споулавеноста на стравот дека во ваква ноќ, трескава од свој студ, водата се дави во замрзнатите мочуришта и дека земјата, за да не се распука од глад, им ги џвака заспаните жилички на тревите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ме видоа; од еден пријател, во берберницата во која се бричев, дознав дека имаат и дете, и дека Земанек станал генерален секретар на Партијата, но дека таа партија ги изгубила изборите, и дека политичката моќ им опаднала; сепак, велеше пријателот, Земанек живее одлично како секретар на Партијата, а има и љубовница: некоја млада девојка која многу личела на Луција, кога била млада.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Рибарот знаеше, иако со мало искуство во други краишта, дека човекот од друга средина станува веднаш посебен во новата: ако таму бил зол, овде е интересен, ако таму бил добар и наивен, овде е под сомнение, ако таму бил изложен на подбив, овде е прифатен како знамение: и дека најпосле, дури и посебноста во неговата средина овде може да важи за нормална појава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бев уверен, ни самиот не знаејќи зошто, дека Борис Калпак не ги сака обајцата Онисифоровци и дека неговата омраза не е постудена ни кон игуменијата Минадора.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, во овој втор спор во кој бараа надомест на штета поради неисплатените плати за периодот кога незаконски беа отстранети од работа, Н.Н. ангажираше нов адвокат (Г.К.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ми зборуваше дека боите веќе не се бои, и дека се само обоени; јас тоа го сфаќав како последица на потрес на мозокот, оти навистина Фисот не беше нималку нежен кон него.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Подоцна, во циркусот, кога созреав како маж, се убедив дека анатомските можности во технологијата на љубовта се сепак ограничени (иако можат да бидат мошне богати) и дека се сведуваат на тие, во суштина – неколку препознатливи сигнали и движења што се вообичаени, и дека без потреба сум се лутел на Луција таа ноќ на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му реков дека не ми е добро и дека сакам да си одиме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Според него, повлечените граници биле узурпирани, а фактот што немало „независна македонска држава“, според Еванс, не бил резултат на отсуството на македонскиот патриотизам туку со право може да се смета дека е тоа „една од грешките или лапсусите на историјата“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Најпрвин од белината израсна неподвижна сенка, потоа, и самиот неподвижен, видов девојка, не постара од мене, со зачудено лице на една премлада Богородица со златномедени очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лука Карер знаеше дека нивниот потег е многу ризичен и дека во животна опасност ги вовлекува и семејствата на оние чесни луѓе што прифатија под својот кров да ги примат прогонетите сограѓани.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога проблемот ќе биде разрешен може да си го каже името и дека токму тој навреме објавил - Загадена вода истекува од депонијата?!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Токму тој вртеше со главата велејќи дека насилството не е решение и дека мораат да научат како да се почитуваат бидејќи мораат да прифатат дека тука отсекогаш живееле заедно и дека така и ќе остане.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Набрзина од својата глава ја избрка мислата дека тоа не значи дека Дарко не е посинет на некој друг дел од телото и дека тоа воопшто не му е никаква гаранција дека не го малтретираат во логорот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Велеше дека дење, напладне гледа пламени на небото кои паѓаат како ѕвезди опашести, и оти тие на земјата се претвораат во стебленца светлина што не може секој да ги види, и дека околу тие стебленца се слуша чурлик на канарки кој не може секој да го чуе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Начинот за побивање на обвинувањето дека литературната теорија, или деконструкцијата, е „несвесна за општествената и историската реалност“ е инсистирањето дека „востановувањето на објектите од страна на дискурсот“ постојано спласнува, и дека „почитта кон реалноста“ (општествената и историската, астрофизичката, или кој и да е друг вид на реалност) е само почит кон минатиот јазик, минатите начини на опишување на она што „навистина“ се случува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Откако ги ислуша и се увери во нивните искрени прикажувања, везирот се обрна кон Арслана: – Ќе наредиш да се напише ферман.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Си велев, го прави тоа за да има чувство дека животот така станува подолг и дека надокнадува нешто што изгубил и, особено, за да не му избега ништо од вниманието кога беше во прашање моето движење.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Од дотука реченото се гледа: прво, оти ако по нашите сегашни етнографски сфаќања на Балканскиот Полуостров, особено на централниот и југоисточниот негов дел, т.е. во денешна Србија, Бугарија, Тракија и Македонија имало и има само две словенски етнографски единици – српски и бугарски народ, тогаш тоа уште не значи дека нема, немало и не може да има друга словенска единица, а напротив, дека нејзиното постоење е во пределите на возможното и на реалноста; второ, дека во Македонија нема две јужнословенски народности – српска и бугарска, а напротив дека во неа има само една народност со свои особини, коишто или претставуваат нешто оригинално што се нема ни кај Србите ни кај Бугарите, како што е, да речеме, со многу особини на македонските наречја, или нешто што се има и кај Бугарите и кај Србите или коешто се има само кај Македонците по краиштата на нивната татковина и кај Србите, или пак по нив и кај Бугарите, и дека од тие особини на Македонците, како дел од словенската група народи, најмногубројни, најраспространети, заеднички за сите Македонци, значи и најважни се тие особини со кои Македонците се одличуваат од другите словенски народи: по нив Македонците фактички составуваат одделна и самобитна словенска народност, иако за неа денеска не се зборува во науката и во секојдневниот разговор; трето, дека причината за тоа игнорирање и затемнување на постоењето на македонската народност се крие во постоењето на името „Бугари” во Македонија во етнографско значење и во експлоатирањето со него од страна на Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На прв поглед за Џорџ Смит, онака спружен, додека се печеше таму, би се рекло дека е само турист, што долетал свеж како смрзната салата во Европа и дека наскоро пак ќе биде одвезен дома.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Причувувајќи се да не искаже и друга слабост, изблик на неконтролирана лутина, Мурад III одмавна со рака, а со тоа на сите во одајата им даде на знаење дека старецот му станал здодевен и дека може да си оди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И дека Господ согрешил што светот од збор го создал, оти требал од гласови да го сочини?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
1 „Ни недостасуваа крстоносните војни, конечно ни се пружи убава прилика, но таа војна допира длабоко во нашата приватност и предизвикува пеколни маки или небесно блаженство: според тоа дали ќе слушате Bach или Mick Jagger, ќе бидете спасени или проклети.“ (Bruckner, 62)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа рекла дека не сум рекол така, и дека сум рекол дека е простачка само точката што ја изведувам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На моменти си мислев дека тоа не е убаво од мене и дека, можеби, жената е многу добра и не заслужува јас да ја избегнувам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во еден момент, шетајки се низ еден парк низ кој се пресекуваат неколку поточиња и уживајќи во присуството на другиот, тие чувствуваат дека всушност се сакаат и дека се создадени еден за друг.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дамческите, Дамче и Богоја, убаво го примија и од разговорот со нив дозна дека и тие и сите христијани од Потковицата знаат за опасноста што се свила над сојот Јанчески и дека и тие и сите христијани од Потковицата сакаат да помогнат да се мавне таа од нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И дека татко знаел колку сакал многу да свири Јоше Свирачот, постојано го терал да му свири одозгора.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Најпосле бегот воздивна тешко: „Да ти кажам сега зошто те викав и дека овој долг муабет не беше за бадијала, иако мене не ми беше лесен, да знаеш.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А дека тоа е така ме увери она додатно прашање што требаше да ги обезвредни сите размисли со кои заспивав и се будев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И така, Клементина верувала дека младата Ервехе ќе стане достојна жителка на малиот балкански Вавилон, за кој говореше вујко, и дека ќе биде подготвена за идниот балкански живот, но и свртена кон светот, успешно ќе ги открива излезите од Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се шушкаше во училиштето дека жена му го изневерила со некој близок пријател и дека се заколнал дека еден ден ќе ги претепа и двајцата, дека ќе ги убие.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Овде тато повторно се налути - божем, тоа уште не може да се нарече раѓање, тоа уште не е човек туку е половина ембрион и дека е потребно или да се втурне назад, или да се смести во инкубатор.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Јас го правев тоа со страст што ме опијануваше, шмукајќи ја првин едната, а потоа другата брадавица, апејќи ги цицките чие менување на облините го чувствував на површината на усните и јазикот, кој застануваше на места за потоа одеднаш да направи свиок со врвот, да притисне, да потсети дека јас сум тука и дека таа игра не е надвор од мене, дека таа е дел од моето рацио, дека знам што правам и дека знам зошто го правам тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
По посетата на градот ќе го извести Force 399 дека Скопје бил бомбардиран повеќепати и дека се направени големи штети на јавните згради и железничката станица и дека железничкиот мост преку реката Вардар бил уништен.283
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Долго време очите не можеа да навикнат на тој лак на смислени и тенки линии, кој изгледа како само да се закачил за тој мрк карст, полн со честар и со палвита и дека при првата можност ќе го продолжи летот и ќе исчезне.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Други пак ќе речеа дека војводата е жив и дека некаде се крие. Не се крие од страв, туку од срам. Сите поразени се срамат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го ставив писмото во пликото и го скрив во мојата најдесна фиока каде што си ги чувам најважните нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми рече дека штом го предлагам тоа јас, дека мора да има смисла, дека тој во тоа не се сомнева, дека јас сум му бил гаранција, дека слушнал оти сега сум бил во тој крај, дека весниците пишувале за тоа и дека и тој ги чека моите големи и градителски, но исто така, и книжевни дела.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бојана накратко му објасни на домаќинот, гардискиот ветеран со долга бела коса и брада дека мора да преспијат во неговата куќа и дека гардата им е зад петици.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Марко Бошнаков потврдил дека спроти тргнувањето на „Гвадалкивир“ Шатев зел од неговиот дуќан „голема“ количина динамит и друг експлозивен запалив материјал и дека пред тоа зел учество во копањето на каналот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Доколку Французите имаат различни преокупации од другите за да се остане вистински чувствителен на вашето балканско искуство, јас се надевам дека вашите сограѓани, кои се директно засегнати, треба да се покажат многу повеќе рецертивни кон вашите книги, но и за вашите написи објавувани на албански, македонски и англиски јазик во мултетничкиот Форум.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Потем отидоа пред куќата на Павел Земанек; извикуваа гадости за татко му, велеа дека бил предавник кој го напуштил родот, го оставил семејството, и дека на син му, Земанек, ќе му ги пребојадисаат јајцата, поколението негово; и потем исчезнаа, со некоја новокомпонирана народна песна низ улицата, кон некоја нова адреса.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, се чини дека тоа било највистинското во овој живот, така ми стои сега, и дека тоа треба да стане судбина на сите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако се случеше на пример да го прашаш кого го чека во овој ходник тој можеше да одговори дека може да го чека кого сака и дека тоа е негов личен проблем.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Така беше и со Луција: се плашеше од мене, а јас дознавав од нејзините другарки дека кај нив тајно се распрашува за мене и дека прашува од какво семејство сум, што работат моите и дали имам девојка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Командантот на бригадата ни рече дека за три дена ќе завршиме и ќе ѝ дојде крајот на оваа проклета војна и дека тие, кои ќе се покажат храбри, ќе добијат една недела наградно отсуство.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му реков на Дасакалов: - Ако, нека, јас и не очекував од тебе дека ќе заборавиш барем за момент дека си даскал, но те молам да имаш предвид дека токму животот е најдоброто училиште.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да не речат дека сме туѓи на честа и дека фалби се нашите цели.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Летавме многу ниско над брановите, и одвреме-навреме страхував некој од нив да не нѐ стигне со својот висок, пенлив гребен и да нѐ повлече кон длабочините.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ме опомена: „Говори потивко, не сум глув.“ Потоа: „Се кријам, чекам и ловам, ако сакаш да знаеш.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Немаше ниту потреба да говориме нешто за нас, нешто што веќе ни се имаше случено, оти изгледаше дека сѐ меѓу нас веќе се беше случило, и дека веќе не би можело ништо да ни се случи што би било непознато.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во возот разговаравме; тој ми расправаше за неговата кариера во циркусот и за љубовта со Ина Коленина; говореше дека во таа љубов и тој и таа влегле со некаква студена страст, и дека, во суштина, ништо не му недостигало; дека бил среќен и дека немал никаква причина да ја остави Ина, но дека сепак, решил да го напушти циркусот, и да ја остави таа жена; токму затоа што немал никаква причина, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пишувајќи за разговорите со Тито во врска со Македонија, Меклин истакнува дека и самиот Тито бил свесен за „деликатната природа на внатрешните и надворешните проблеми“ и дека во поглед на развојот на политичките работи се однесувал многу внимателно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Прагмата морала да не му даде простор на правото на Македонците за нивно обединување, пред сѐ затоа што на Еванс му биле познати ставовите на Грците спрема Македонците во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А ти наеднаш ги отвораш очите и со онаа твоја детска насмевка велиш дека ти не си јагнето што му ја мати на волкот водата од поточето бидејќи си пиел подолу од него, а водата не се качувала угоре и дека не даваш да бидеш изеден. Умното сине на мајка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По сѐ што слушнав оттаму и според сѐ што искусив низ годините и што насетував за иднината, кај мене, можеби неправедно и пребрзано, се создаде расположение да верувам дека луѓето меѓу себе, и секој со секого, е во недоразбирање и дека заради тоа, на овој или на оној начин, на крајот, секој секогаш е во загуба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не сакав да ѝ објаснувам дека на овој свет сѐ има врска со сѐ; се задоволив само (не треба да се заборави тука и фактот дека јас сепак, ѝ се додворував, и дека цената на тоа додворување беше и извесно интелектуално претерување, како и извесна желба да ѝ оставам впечаток на што понеклиширан и поучен човек) со тоа што ѝ кажав дека јас верувам во реинкарнација, и дека за мене границите меѓу културите и расите паѓаат во вода токму поради простиот факт на реинкарнацијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А кога слушнале отците што ме нашле дека дете половингодишно знае најразчични собитија да преподава, и дека тие собитија корен немаат во стварноста, туку се дрво во воздух, измислица чиста, ме нарекле Сказник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вели дека е болна, дека не може да седи, затоа што ја боли ’рбетникот и дека не е способна да работи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со оглед дека романот се одвива во временски распон од една година и дека односот на историјата на селото и Симоновиот предок Никола Поцо се повторува и во судбината на Симон и во неговиот однос со селаните, забележливо е внесувањето на уште една димензија на романот, онаа која укажува на можноста од цикличноста на историјата, инаку карактеристична за митското време во кое, во рамки на дневниот, годишниот или подолг временски период, циклично се појавува смената на денот и ноќта, годишните времиња, но и животниот циклус, смената на владателите итн.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше повикана и Трудовата инспекција која, по доаѓањето – со Записник бр. 07-3/46, од февруари 2005, констатира дека „штрајкот“ кој беше претходно организиран во знак на револт против сите манипулации при масовните отпуштања од работа, е нелегитимен и дека треба да се прекине!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Татко првин во ист број им ги подели гравчињата и му нагласи на новиот играч дека едно гравче вреди еден динар и дека тука нема што да се менува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Одбивајќи човекот да го одвојат од фактите што го детерминираат, трагајќи по вистината на неговото битие и по клучот за неговото однесување во силите кои - како јазикот, расата, историската традиција - управуваат со него а тој самиот за тоа и да не е свесен, тие утврдуваат дека Алзашаните зборуваат германски и дека културата им е германска.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Исто така, на 27 март 1941 година и „Њујорк тајмс“ се осврнал на демонстрациите во Скопје, при што демонстрантите се собрале на „главниот плоштад и пред седиштето на Банската управа“ извикувале пароли со кои се барало Владата да поднесе оставка.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Анализирајќи ја музичката структура на поезијата, Соломон Маркус во неговата „Математичка поетика“ коментира две во основа противставени теоретски стојалишта: едното е дека звучната убавина на стихот не може да делува независно од смислата која ја имаат зборовите во песната и дека звучната релевантност вон лексичките и граматичките морфеми всушност и не постои.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не дотраја, не дочека да види дека научив да делкам, и дека не треба од срам да ме продава на ѓупци.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А и друго: Симон знаеше дека само јас со тракторот можам да возам од браната до Долнец по патот направен од багерите што работеа на браната, откако стариот пат го покри езерото, и дека само јас можам да се искачам по онаа стрмнина до гробиштата на Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Што е лага?“, му реков јас, воздржувајќи се да покажам дека сум љубопитен и дека се чувствувам предизвикан.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На крајот на својата приказна Луз Арке заклучува: „Од сопственото искуство знам дека илузијата за повлекувањето црта под минатото и за некој нов почеток е неостварлива и дека заверата на молчење чија што цел е анулирање и егзорцирање на доживеаниот ужас само ги храни конфликтите и ресентиманите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се обидував да му објаснам дека тоа не е нормално, дека е целосно лудо; дека не би можела да издржам, дека ме скокотка, а тој рече: „Да не те понижува, можеби?“, и јас, во тој момент знаев, бев сигурна дека Јан Лудвик не е дојден туку-така и дека одмаздата, без разлика колку тој се преправаше дека е рамнодушен кон сѐ што му се беше случило, сѐ уште тлее во неговата душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вели: „Трагата на ѓаволот не му ја гледаш и пак по неа одиш“ , велеше Лазор Ночески и тогаш се сетив дека кај нас е центарот на светот и дека токму над нас седи господ и оттука управува со сѐ што е на земјата, а тоа го дознав уште на одење во Америка, оти колку повеќе се оддалечував од селото, толку повеќе се оддалечував од центарот на светот, дека секој чекор ме носи подалеку од господа, понакрај од земјата: кон работ нејзин, кон нејзината провалија и си мислев дека ако појдам уште потаму, ќе паднам и ќе паѓам,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А како умен и разбран човек - просветен работник! - секогаш настојуваше да ги усклади желбите со можностите. Така и овој пат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му го кажаа и името на барот. „Нели ќе дојдеш?“ му вели малечката и авторот знае дека малечката е мамката и дека е ова добро уигран тим.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И дека Јехуда, онака молчлив, трпелив, тивок и сочувствен веќе длабоко зацапа во четвртата деценија од животот и дека, заборавен во дуќанчето и наведнат над старата „сингерица”, полека но сигурно станува жртва на сите нивни згрешени судбини и закоравени заблуди.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од таа моја несреќна авантура изегов со две лузни: најпрвин, јас сфатив дека Луција точно виде дека моето тело е неискусно во љубовта и дека не сум спиел со жена; тоа ме понижи и ме доведе во ситуација да не излегувам никаде; паднав во депресија и почнав да размислувам да платам проститутка, за да ја завршам таа работа (токму така мислев, и сега тоа ми е многу симпатично: да ја завршам таа работа); второ, не знаев да ли има смисла, откако ќе ја усвојам технологијата, да се враќам кај Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Говореше дека неколкупати во животот имал прилика да му се укаже силна светлина, и дека не можел да сфати како никој околу него не може да ја види; таа светлина, велеше, во неговите сетила побудувала и некаква раскошна музика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ненадејниот полумрак ги завитка сите предмети во лилава таинственост а на Јана ѝ се стори дека во таа соба на татковата куќа е сѐ туѓо и непознато и дека од негде е донесена овде да се морничави и со зачуденост да гледа долу, на улица, како водата ги лока камењата на старата калдрма.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
кога се враќав од кјото во токио баш под гордата бела чалма на фуџи одгатнав зошто возот шинкансен нозоми се лепи на магнет и не прави тик-така тики-така како што прават нашите возови удирајќи по шините, тоа мора да е затоа што на дечињата им треба тишина за кога ќе ги виткаат книжните жерави да ја слушнат поубаво песната на славеите од крошните на вечно расцутените цреши и за да можат во тишината во себе да си посакаат да пораснат што повеќе да пораснат ако не бива баш колку фуџи тогаш барем колку долгоногите жерави (ова со долгоногоста, разбирливо, особено им беше важно на девојчињата) тогаш сосе дечињата кои виткаа книжни жерави одгатнав и дека тишината е скришно место на раат да си позбориш сам со себе - ја да се помолиш за троа среќа и праведност, да се помолиш и за мир во овие времиња на секакви предизвици, ја да се заколниш на верност, чистота и побожност, ја да посакаш убавина и љубов, убавина и љубов, љубов, ја да истуриш некоја клетва за ѓоа новиот економски поредок што носи само нови поскапувања на хартијата од која се прават жерави, а може и некоја задоцнета клетва за наставничката по хемија која се насладуваше кога ни ги теглеше ушите и чијшто поглед жежеше како солна киселина. кога се враќав од кјото во токио цело време возот шинкансен нозоми ни го надлетуваа книжни жерави - ем не вардеа од многу замор, ем ни даруваа долговечност, долговечност тадури и бесмртност оригами, оригами на сите страни некои жерави пролетале, некои се струполиле а тебе ако ти чини, прави се дека не знаеш колку заблуди на овој свет и век се стокмени од хартија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Кога ќе се сетам на времето од пред две – три години и на мојата најголема и најтажна опсесија – дека годините ми минуваат, сите некаде одат во странство, а јас преку граница не сум мрднала, и дека којзнае кога и дали воопшто некогаш ќе ми се случи, ми доаѓа самата себе да си се изнасмеам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но видовме дека сме горко излагани во нашите надежи и дека наместо арнотии ние видовме само лошотии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го покрил челото со дланка. Искинатите зборови без значење му замирале в грло, замреле, стивнале со танок писок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Акакиј Акакиевич навреме ја беше почувствувал задолжителната бојазливост, малку се збуни и, како што можеше, колку што му дозволуваше слободата на јазикот, разјасни, со уште почесто додавање на зборчето „онака“ отколку другипати, дека шинелот бил сосема нов, и дека сега е ограбен на најнечовечен начин, и дека му се обраќа нему, за да се заложи на некој начин онака, да му напише на господинот полициски врховен началник или на некој друг и да го пронајде шинелот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Првин откри дека е тоа една убава црвена цреша и дека нејзиното тело е многу нежно и мазно.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
По еден месец ѝ се јави од Италија. Ѝ пишуваше дека е здрав и жив и дека со некој си другар што биле порано во интернатот, ја минал кришум границата и дека сега се наоѓа во привремен логор, во кој ќе помине извесно време, а потоа ќе замине за Америка.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му се стори дека и стражарот го забележа него и дека на секој поврат со коњот, навидум намерно и како случајно, неговиот поглед пак се запира токму на него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И дека сева оваа глутница што вие околу нас не ми е дојдена преку глава?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Лекарот треба да покаже дека е свесен за омразата во вас, но дека ја разбира и дека таа не го навредува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Филозофот вчера рече дека гласовите поважни се од зборот, и дека Господ од гласови, а не од зборови цели ги сотворил небото, земјата, светилата небесни, луѓето, билките и животните.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вели оти често ме следел, набљудувал и дека уште Долу сум му оставил впечаток и дека затоа ми го доделил ова подзатемнато, но не темно место, ова подосветлено, но не зрачно место. Орта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но се му се чинеше дека сето тоа е малку и дека ќе треба нешто да направи. А што? И сам не знаеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ми помогна да сфатам дека се наоѓаме веќе во Пицеријата и дека најсетне можам да ја видам Ана како насмевната ни понудува во големите бели чинии барем дел од себеси.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ја бранеа добро границата, излегуваа на крај со италијанските напади во таа рана пролет, што опснежуваше, се гонеа по спиндилиите на Албанската граница во тој април, но наеднаш станаа свесни дека веднаш во нивниот тил се веќе германските тенкови и дека тие продолжувале сето време да бранат една земја, која била прегазена одамна пред тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да ѝ каже ли дека болката под третото ребро ја почувствува сега првпат со својата свест и дека сега знае: таа почнала порано, пред да го бараат низ нишан, порано од денот на гревот забременет со безброј нови гревови, секој со сета боја и свој звук.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Борците се проредија... паднаа пет-шест души, но обрачот не можеше да се пробие.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дека во тие три месеци не смее да се гледа, ниту да разговара со мене; и дека во тие три месеци треба да состави комплетно досие за сите досегашни контакти со мене и да им достави сѐ што до сега во писмена форма сум ѝ предал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ние видовме оти во Македонија името Бугарин е последната метаморфоза во развивањето на нашето национално самосознание и дека е резултат на таа политика и општествена положба во којашто бевме поставени од завојувањето на Балканскиот Полуостров од Турците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеме, исто така, да запазиме дека Ѕвездата е седумнаесеттата голема енигма во Тарот-от, и дека на неа во астрологијата ѝ одговара Венера.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас повторив, колку да не е без ич, дека не е досторена работата на гробот и дека не ми е згодно да земам пари за недовршена работа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Знаев и дека Фискултурецот носел ќулафка во џипот, и дека Луција ме мами; во тој миг, со крајни сили се воздржував да не ѝ ја смачкам главата со остатокот од шишето што ми беше на дофат од раката; се препуштив на играта што таа ја водеше на еден совршен технички начин, како машина; се извивавме во прегратките; во еден миг ѝ го повлеков здолништето, и потем гаќичките, и ја видов: гола, легната пред мене, со затворени очи, сосема совладана; требаше само да легнам врз неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас одговорив дека џезот е универзална музика, како што „Кока кола“ е универзален пијалак, и дека треба да се искористи неговиот мундијализам, за под негово руво да се пласира богатството на нашиот фолклор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да им кажеме како што сме научиле од Светото писмо, и дека сѐ по ред и сѐ иде од Бога, а не од друг некој.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
На крилјата на големиот бран преповторив дека морето нема соседи и дека не се брои за грев ако од големиот бран откорнеш во полза на некое нежно бранче со кое си плачел заедно.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
По патот јас му зборував за тоа дека Земанек е сосема изменет и дека живее со друга жена; мислам дека воопшто не ме слушаше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури тогаш тргна низ градот и по селата да се зборува за него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)