и (сврз.) - како (сврз.)

- Ќе стасаш, - ми вели и како божем ми кажува што сака, ама јас не знам ни што ми кажува а камоли што сака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ама и како да не беше гроб туку некоја мермерна трпеза околу која беа наседнати дебелкави и дебели тркалезнообрзани луѓе, сите облечени повеќето во униформи, со тешки ордени на градите, со златни колани и позлатени гранчиња на капите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас го молев да ми договори ауденција кај султанот, како мухтар и како човек што ја штити државата, но и Маказар и целиот крај, зашто имаше неправди спрема рисјаните и за да има мир и слога, треба за сите да биде добро и според законите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Романот Бунар од Димитар Башевски на планот на формата е беспрекорно конструиран, речиси геометриски, како низа од хомологии, од совпадливи ликови и случувања кои се огледуваат едно во друго, и како збир од дихотомии во кој се спротивставени историјата - митското, циклично време; колективното, несвесно - индивидуалното, цивилизациско; машко (Симон) - женско (Агна); вековен семеен судир (Симон и Владе); субјективното (животопис) и објективното (историски документи); бунар - водовод; современост - минато.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колку што нѐ има поделено реката и брегојте нејзини одамна и како што омраза влегла кај луѓето од двете страни, де заради ова, де заради она, за дрво, за нивче, за бразда со капка вода, толку сега еве се поделивме по партии.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кому може да му користи тоа што двајца агенти на Гестапо во централната зградата на еврејската општина го влечат до тоалетот, заменикот на главниот рабин Хаим Хабиб, оној сериозен и скромен човек, кој да не беше Евреин, ќе беше уште и симпатичен – и како тоа да не е доволно, го исмејуваат и над Тората го тераат да одговара на нивните потсмешливи прашања за законот „заб за заб, око за око”, додека еден офицер на улица запрел некаков рабин, го однесол дома и му ја избричил половината од брадата и така го пуштил да излезе на улицата...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Точно пред година дена, се сеќава Мертен, во центарлната команда самиот Фирер ги собра првите луѓе на рајхот и иднината на грчките Евреи беше определена, особено судбината на големата еврејска заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На истото место кај што век и пол подоцна ја соѕидале Αγια Σοφιαζ лежи султанот Бајазит Втори кој загледан во летот на своите соколи подарени од Норвешка копнеел качен на бел коњ, украсен со златни узди и узенгии, да се види себеси како влегува во катедралата Св. Петар и како се упатува право кон олтарот во кој да го одмори својот бел коњ и тука да го напои и назоба...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И како во сите добри пародии - критичарите и кураторите ме прогласија за шарлатан, а малограѓанските колекционери се жалеа како моите слики не го одразуваат македонското поднебје кое е сончево и светло, а она што јас сум го изложил е темно и депресивно.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Уште тогаш неговата мала и кревка родна земја, излезена со неизвесна судбина од отоманскиот тунел, пет века трагајќи по излез од него, со сите рани, лузни на преобраќањата, верски и идеолошки, по сите преселби и битки, му се виде и како плен на сталинистичката идеологија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Начинот на кој петелот скокаше на оградата или на нискиот покрив и како ја креваше главата за да го огласи своето достоинствено кукуригуу, Милан го потсетуваа на муезин кој од балконот на минарето ја искажуваа благодарноста кон единствениот Алах, или пак кон султанот-воин кој ја повикува моќта на мечот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И како ние да се согласивме: го побутна Паља и се намести до него и до Кузмана.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
При крал Волкашин Македонија пак како да се одделува од другите делови на Немањиќевата држава и како да се сосредоточува околу него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нашите надежи се поддржуваа од Бугарија и како да се зафатија да се реализираат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И како што загубувањето на Србија во политички однос го повлече по себе загубувањето нејзино и во национален однос, исто така раздробувањето на С. Стефанска Бугарија во политички однос ќе го повлече и раздробувањето нејзино во етнографски однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А сето висело само на една тенка врвка и како да го чекало оној ден да се урне. Колку многу може да му одземе на човека само еден ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И го слушаа како помина крај сите нив и како се доближува до своето легло, потем веќе и како си ја зема својата вреќичка, како си ги става во неа токмакот, мистријата, пилата, висакот и неколкуте клобариња конец, а потоа и како си заминува со бавен, изморен чекор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Истиот оној впечаток го имаше тој и при третиот истрел, тој сега речиси и како да си го виде своето зрно, додека леташе како оса и како се закопа во бедрото на она стршилиште, изнаоѓајќи го одлично во виулицата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сѐ така, стручни шоферски прашања, а јас, натпреварувајќи се со самата себе, се обидував со одговорите да му објаснам за разработениот систем, кој пред фискализацијата навистина така и функционираше, дека сѐ е сиво и како станува бело, небаре утре ќе отвора бутик, па, ете, јас ќе му помогнам околу фактурите, декларациите, увозот, шпедицијата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И како што паѓам вреснувам и тоа пак ме разбудува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И како што плачам и си редам така, Уља, јатрва ми, ме шиба со лактот, ме тргна за ракавот и ми вели: - Запри малку, Велико, знаеш дека две деца ѝ предаде на земјата, вели, знаеш дека еднозадруго ги закопа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кажи ми, рече Роден Мегленоски. - Ќе ти кажам, рече Дуко Вендија, ама ќе ти кажам како што ми кажуваше мајка ти, Велика, и како што ми кажуваше татко ти, Јон, и како што ми се кажуваше мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И како што сум се наведнала еднаш така, од многу тежина беше сум... како да го кажам тоа, устата ќе ми се пострупи ако кажам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И како што ми кажува умот, тие први ќе ни забранат да зборуваме како што зборуваме сега, вели, оти се плашат за после.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И како што сум одвалувала така, во снегот, нешто наеднаш ми ги сопнува нозете. 82
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие нешто бладаат, ќе ја клоцнат чергата со нозете, ќе го соберат ложникот, ќе офнат и како ќе офнат тие, така и јас офнувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И како што гледаше така, подлипна, наеднаш ги преврте очињата крвјосани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
и само коси, цело поле трешти, небото се тресе, мислиш на тебе ќе падне и се слуша само едно долго виење, еееее, јачи и плаче, ко мало детуле, и војниците како што одат и како што гинат само ау, ау, ау, викаат и едни паѓаат, а други се меткаат наваму и натаму, не знаат кај одат, чакалот им влегол в очи и ослепени се и од двата полка само осумдесет души не загинаа, и тогаш собув еден мртов Англичанец, ама старшијата ми ги виде чевлите на нозе и оди кај оди ќе ми се испули во чевлите, ништо нема загубено, а бара, и, кај ги најде, бре, ботушите што ми ги купи башта ми, вели, зар татко ти е Англичанец, му велам, и тој одвај дочека да го налутам, нема арамии кога сите крадат и почна да ме тепа, преку нос, преку очи, и мсне светкавици ми играат и после многу ми се стемна и го гледам како 125
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Немаше книги што ќе ти кажат кога си се родил и како се викаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И како што си велам така, вели, однекаде, оддалеку, ко од друго село, слушам глас: Ајде жено, се раздени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И како што велиме: „на ти врано коскен, а донеси ни златен“ ете ги едни врсничиња од Ангелета мој в гумно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земјата со нејака трева се длапчела под нив, подвижните пирамиди на огновите околу кои лежеле ги извивале своите знаменца и ги грееле, и секое нивно влакненце се враќало на своето место.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се наведнале да видат кај е удрен и виделе - немал деца на овој свет, не ќе ги има ни на оној. Крмнак, рекле. Мртов нераст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веднаш, мислиш ја знаеле пресудата уште пред настанот, се одвоил еден сув и висок, целосно ист и исто облечен како и другите негови врсници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Главата на тој крмнак како да чадела низ крвавите ноздри и како да се потргала од живата безобличност на сенките; забите во зинатата уста биле потемни од танките усни - и мртви се заканувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил ни постар ни помлад од другите и како да наслушувал нечиј глас што веднаш ќе го повтори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секогаш пред легнување се слекуваше гола пред огледалата и со својата убавина ги возбудуваше: се грабеа огледалата кое побргу да ја фати и што подолго да ја здржи во себе: некои ја фаќаа во профил, некои анфас, некои одзади; таа ја гледаше нивната возбуда и како да сакаше што повеќе да ги излудува: се доближуваше де кај едно, де кај друго, де кај трето, де кај четврто...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа се вознемири и како и повеќе луѓе на улицата се затрча да види што се случи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Претпоставуваше - зашто понекогаш ја гледаше со измастени раце и како носи клуч за навртки - дека работи на одржувањето на некоја од машините за пишување романи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И како да не го чека? Од свети Атанас, кога Илко наврте пуста „Опстраница“ сѐ на сѐ двапати си дојде на преслечување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе го привлекувале американските од англиските филмови, и како еден од филмовите кои во тоа време највеќе го воодушевил е филмот на Фриц Ланг (Fritz Lang) Уморна смрт (Der mude Tod) на Декла Биоскоп.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во тоа време сите куќни луѓе биле по работа в поле, само Босилка била дома и како што си го низала ѓерданчето, го оставила на ругузина па станала да ги види в куќа свињите, нешто пакост да не сторат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се кикотеа држејќи се за стомаци, а дедо Ангеле, како ништо да не било, се сврте кон комитите: - Како сте, што правите? – ги поздрави тој нив сосем сериозно и како што личи на луѓе и пријатели.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И како не ќе му дотегне!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Што сѐ не мислеше да му нарече од лутина, но кога напладнето го сретна, застана пред него, му се загледа в очи со рацете наопаку, сакаше да му зареди да му вели сѐ што имаше смислено да му рече, ама сите зборови му нагрнаа одеднаш и како ветерот да му ги однесе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
4. Трагикомедија Оживи ја, словесно и складно блажената насмевка, дамна исчезната во истиот овој театар, Вишна Ведо зашто нема спокој спознавачки ни комичен ни трагичен помор кајшто има, кобна кома зашто комедијата не ја спасува земјата21 погром кајшто има „зашто немам надеж, зашто надеж нема“22 да се врати мирот, таму кајшто култ е на истребувањето слободата таму кајшто омразата збувнува како шумски пожар на планински ветер и вражји Уууххх а нам ни треба смисла за стварност и како да ја издржиме, Божице!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И се гледаха тие дјаволи како да се прејале и како да се пиани. И скакаха и играха како механџии кога се пиани и зборат гнасни речи и зборови.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
- А-ха, - тетка ми кимна со главата и забележувајќи една трошка што по грешка останала на масата, се концентрира на неа со погледот и потоа внимателно, како да е мравка и како да ќе ѝ избега, ја приклешти меѓу палецот и показалецот и откако стана, ја фрли во кантата за ѓубре под мијалникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По кратко молчење во кое никој не ми понуди објаснување, прашав зошто Кристина ја избркала мачката; да не е некој алергичен на мачки или нешто слично.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Види како гордо се лелее неговата грива на ветрот, и како со смеслоста своја управува тој, не дозволува секој еден што ќе намисли, да му ги собори слободните движења!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
И како што ѝ гасне животот, така ѝ се шири песната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И како што дише тоа, така и јас почнувам да дишам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ гледа, и како да прашува што чекаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поодувам меѓу луѓето и слушам некои зборови и како познати и како непознати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И како што се вртеше, наеднаш пламна, се запали.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И како што се чешлам, така осеќам дека некој ме гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И како што одиме, сѐ повеќе се наоѓам и јас крива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И како трето, од каде да знам дека навистина ме сакаш?
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И како за оправдување на мојата немоќ и неукост во себе си велам: тука, драги Џим, секој си има свој крстоносен пат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Токму тука во нејзиниот кошмар двете рачиња од Пела стигнаа до нејзиниот врат, се свија околу него и како да ја привлекоа во малечката прегратка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја гледав низ прозорецот Билјана како го полни кофичето и како со ред ги полива сите дрвца.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Седи и како да не забележува дека старецот си оди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)