и (сврз.) - така (сврз.)

И така, во стравот, се тргнувам од сонот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, со неколку реченици, Чучук-Андреј го извлекол од заборав најтрагичниот дел од животот на прочуениот пејач од кого и славеите се учеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така: одам, заспивам и паѓам, паѓам и се разбудувам и пак одам и пак спијам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така, го одведоа Зоки во амбулантата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И така, Србија со своето замешување во македонското прашање направи огромен успех и треба да си признаеме дека тој не е толку во нејзина колку во наша полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, врвеле коли и ја испресекле лепешката и ние од една лепешка сме станале многу лепешки, многу гомна... Сите ги видов овдека и сите исто смрдиме. 71
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Просто гледам како одговорот што го наоѓам ги руши сите филозовски системи наназад како бескрајна низа од карти: една карта урива друга и така со ред наназад.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И така, Патријаршијата ќе сака во поголемиот дел на Македонија со словенско население да го установи грчкиот јазик за во училиштата и во управата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така нашиот зејгора пак сам и без братска помош на поранешните свои познајници, со стремеж зацапал по мочуриштата, да фаќа со примки и стрели чапји, жерави, шлуки и галепчиња, и в поле или в планина -дропки, пчеларки, пупунци, сојки, ветрушки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И така заспа вечерта со леснина на душата, дека нема никакво зло ако гледа Крсте во неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така Доста ѝ се довери на Митра и ѝ се предаде повеќе од на сестра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но и свадбарите брзаа да стигнат први, и така заедно стасаа пред црквата. Се измешаа и поворката и свадбарите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Ти можеш да го направиш тоа, ќе ми помогнеш“, ми рече, тупкајќи ме по рамото и, речиси, шепотејќи: „Ќе ми помогнеш, и така натаму…“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во тие мигови кога се жести моќта и величината на владеењето, се слуша вревата на полските ескадрони, урнебесниот пад на Отоманската империја. Така пишуваше Албер Ками...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така, во намисувања за деновите на пониженост и миговите на гордост заради тоа што се успеало да се опстане и да се пркоси на сѐ што било туѓо, немило и недраго, омразено и мрачно и што било судбина натурена со туѓа рака и волја, си тече животот во тесната котлинка меѓу коњушниците, подгниените бараки, трите казани, прашливото џаде, камионите што двапати на ден пренесуваат ранети и оздравеници, лелеците и тажалките, полудените, падавичарите и црневицата расплакана, болна од чемери и исчекување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И така, си рекол, немам за кого да живеам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И така: потпивни, поткасни, почна да ме замелушува вотката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така: стремежот на Македонците да си создадат свој културен центар; тоа што сега Битола се прави престолнина на Македонија; што Битола, Охрид, Прилеп се историски места за Македонците; како и тоа што составуваат тие географски и јазичен центар, – сите заедно прават да се прифати како општ македонски литературен јазик централното македонско наречје.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
45. И така, усилбите на македонската интелигенција и на народот треба да се обрнат кон националното обединување на Македонските Словени во едно цело и на обединување на интересите на сите македонски народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, Крсте го префрли Трибор и навлезе во дебелата букова шума „Свињарникот“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така, бидејќи ми беше крајно здодеано да го започнувам секој ден на истиот начин, доручкувајќи во исто време, во истото опкружување (кое не можев да го променам, па решив барем она што можам, да го променам, да видам што понатаму ќе се случува и дали ќе предизвикам некоја временска дупка во хронолошкиот распоред на настаните), започнав со експериментот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Абре, ти да не си брат ми, ме прашува. И така се прашуваме, се прегрнуваме по темница.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така како што лебдам ко ветрушка, како спипиле, заспивам и под мене се отвора нешто и јас почнувам да паѓам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ковчегот е ставен и колата поаѓа и ние зад неа тргнуваме молчаливи на почетокот, а како што се должи патот до последното почивалиште, се погласно се слуша крцкањето на протезите, некои подзастануваат да земат подлабок здив, други се поддржуваат под рака и така почнува нов разговор за тоа што беше наша младост во времето – невремето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така живна загноената заемна омраза меѓу едната и другата опција на тие кои се самонарекоа бранители и душегрижници на Егејците, како што сами се нарекоа и ги нарекоа и тие во чие заблудување беа замешани нивните прсти и никој не прифати и не почувствува грижа на совеста, а рамнотежата меѓу двете скарани страни – грижливо ја чуваше Лазо, кој лично водеше сметка неслогата да не се претвори во кошмар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓутоа, привидението било многу високо по раст, имало огромни мустаќи и упатувајќи се по сѐ изгледа кон Обуховскиот мост, наполно исчезнало во ноќниот мрак.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Колку што малку видуваа, толку многу мислеа. Со никого не се мешаа;секогаш кога ќе можеа претпочитаа да се пласнат некаде на дното на ровот и така со часови да молчат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И така, значи, Бугарија ни ги направи досега веќе сите арнотии, остануваше само и кај нас да развие класа „самостојни националисти” што ќе разберат најпосле каде е коренот на секое зло во нашето национално развивање, т.е.Бугарија реши и кај нас да насее русофобство, та и ние да ја изгубиме секоја вера во православна Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, откако го направивме куќарчето, се деливме. Ја пресековме краставицата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
11 НАВАЛИЦАТА што трчаше зад камионите го турна и така остана до првото птичјо пеење.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе вршат насилства над нашата женска челад; очекуваната жетва по полињата ќе ни ја испозапалат; луѓето ќе ни ги распнат на страшилата по овоштарниците и така тие ќе се претворат во храна за гавраните.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И така... Комарците само ни шараат по кожата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Битолскиот Грчки владика Партение беше начул за скарувањето Максимово со битолските и прилепските првенци, како и околу што било скарувањето, па скротил план како да го добие Максима за себе за од него да добие согаласност тој да ги освети општината и училиштето и така да ги направи грчки, па почна во Потковицата да испраќа свои луѓе, некои битолски трговци гркомани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Доста ќе си го изгледа; Митра ќе си остане со палењето на свеќата и така ќе се сврши таа работа без греј, ни нејзе, ни мене.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така, си чекаме и се печкаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Штом ќе се види оти таа никојпат нема да биде српска, Србите ќе можат да се одвратат од своите утврдувања дека Македонците се Срби и ќе ги признаат за одделно словенско племе, еднакво блиско до Србите и до Бугарите. 126 И така, македонската национална преродба е настапен историски процес што има под себе јака почва и голема иднина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, се враќа наместо човекот. - За малку да умрам, вели Витомир, и пак зема ракија, се напива, издишува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во некогашниот „Металски завод Тито“ или ФАС „11 Октомври“ пишуваше: не консумирај алкохол при работа, не го напуштај предвреме работното место, користи заштита при ракување со отворен оган, пушење само во предвидените зони, пролетери од сите земји... и така натаму.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И така: појди-дојди во НКВДЕ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така Револуционерниот комитет беше чисто македонска организација по произлез и по неговиот состав, но тоа беше само работа на еден дел од една од македонските националности, врзана по име и по црковно-училишните работи со бугарскиот народ и држава и нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, растеа брезите, му се радуваа на сонцето, на птиците, на ветерот. Растат, шумолат, си раскажуваат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Заменете ги тие букви, на пример, со вашите имиња, во сите расположиви комбинации, од кои не би била исклучена можноста името од местото на буквата З да биде на местото од името на буквата А, и така натаму, до бескрај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И така, сѐ по темница, му кажувам на Витомира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, по смртта на овега, станал самиот Арсенија економ, а подоцна и управител на големиот манастирски чифлиг во Кесендра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така од колено на колено, секој август, рибарите постојано гледаат кон небото, трагаат по најмалото облаче, го фиксираат со погледите, се мери температурата под сенка, на секое дожде му се открива значењето во идната година.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И така борбата се зафати против барањето на секое благоразумие.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тупотот на нејзините копита и нејзиното мукање ја распараа магличавоста и страшно одекнаа во целата околина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И така станав Сказник, оти најдобро од сите овде ја знам уката на преподавањето сказни, уката на скажувањето и мечтаењето, која на одлагање се светува, оти сето задоволство човечко, вклучително и задоволството од слушањето или кажувањето сказанија, е во одлагањето на задоволувањето, оти по задоволувањето на потребата, страста во душата гасне како свеќа кога ќе догори во свешник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И така, користа што ќе ни ја даде нашиот општ литературен јазик ни служи за мерило при избирањето наречје за таа цел и таа е главниот фактор при создавањето на нашиот нов литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така: црни очи, црни веѓи, црна коса, бело лице, танка става — цела солунска кокона!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така се врти саатот, што се вели, го трошиме векот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, откако му се изгуби поштивијата работевме во манастирот колку за лебот и за по едно рало опинци што ги чувавме за зимата. 18
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, од викањето ќе се разбудам, вели Дуковица Вендиоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така: го сакам, а не сакам да го сакам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, дури и така растревожен тој сфати дека не сакаше да ја размачка белата хартија со тоа што ќе ја затвореше тетратката додека мастилото беше сѐ уште мокро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И така: со денови, со ноќи да не можам да си легнам, од раце да го иставам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, така, туку одеднаш нешто пукна: се расцепува, се кине, се дели од мене, а јас уште викам ,ура".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, ти велам јас, нас, четиристотините и нешто деца нѐ одведоа пеш во Долно Дупени и од таму во Љубојно каде ја преспавме ноќта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така, татко беше ја вратил мајка во Боишта, откај што беше земена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, во гушкањето на детето, се заборавам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не молкот, ами душата и духот владеат со нејзините мисли и со чувствата на сите и кај сите одделно истиснува спомени, сакања и присакувања и така занесени го забораваат барем за миг болното стегање во стомакот, влагата и студенилото, печењето на плускавците, болките во нозете и рамењата и неотстапната потреба да се наспијат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И така дојдовме до националното наше име што го имаат носено нашите татковци, дедовци и најблиски предедовци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, така, ќе се премислат, ќе ме пуштат. - Ајде, оди си, ќе ми речат, ние пак ќе те побараме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така еднаш се сетиле да го замолат Петрета на деновите како што се света Петка, свети Никола, Пречиста, Аранѓел, Божиќ и Велигден тој да го прочитува апостолот „колку да не ни е манџата ептен посна“, како што му рекле.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И така, редум пред мене, секоја нова приказна беше како сјајна и чудесно шарена, нова крцкава бонбона, која те предизвикува да ја пробаш за да ѝ го почувствуваш единствениот вкус, кој е секогаш толку различен, но и така сличен по некој состав и по мајсторлак познат само на создателот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И така, работењето наше ќе треба да биде врз почвата на народното просветување: мирно, легално, еволуционо; тоа ќе има за цел интелигенцијата да биде вистинска слугинка на народот, а не наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Преку ноќ биле обесени црниот просјак и крадец Циганот Рамо и православниот арамија Невенко од кого пропиштело сѐ живо, некрстено и крстено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така... во Алма Ата, во Казахстан... 68.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако поживее година две, ќе се научат со дете, па после не ќе можат без деца, та ќе си го земат Илка мој. И така името му го носи на браче Илка.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така... Кога ќе ми текне, тогаш јазикот ми се здрвува, тучки зборот ми застанува...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И така... ,Век човечки, би рекла мајка, кај нѐ врагот замери". 35.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, централното македонско наречје е еднакво далеку и од српско-хрватскиот и од бугарскиот литературен јазик и може да се разгледува како нешто одделно од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, луѓето се сеќаваат на добриот човек Мирчо и благодарни му се.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И така беше сме задремале, сме заспале...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се брзам! – наоружан до заби, тупкаше со малите ножиња во место, како да подскокнува, и така одеднаш лесен во одот, одлета кон вратата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И така, неуспехот на востанието е јасен како бел ден.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така сега да ја направиме сметката и ти мене да ме исплатиш и со здравје пак да си поможиме, нели?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И така, не сум чула кога се отворила вратата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така: по некој стих, по некоја утеха ќе ни пишат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, на еден природно мистичен народ, каков што е рускиот, ќе се накалеми мистицизмот врз филозофијата, односно теоријата која ќе се повикува на материјализмот, и која на крајот на краиштата, произлегува директно од позитивизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така: од збор на збор, што се вели, ќе се наприкажеме со Оливера Поточка Форевска и ќе се потргнам малку од мислите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, како што одминуваа годините на мојот живот, Мајка ми беше сѐ поблиску, сѐ до миговите кога средбата со неа се преточи во оваа книга.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така, појдовме да го видиме каменот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Не говори, бога вам јебем, го слушаме спроводникот. И така... 192
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утре в зори ќе ја земеме таа што ќе дојде да ни донесе храна, и неа ќе ја заѕидаме во темелите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И така, историјата на културниот развиток на народите, во согласност со нејзиниот од, содејствува: или за чисто етимолошки или историски правопис, или за мешан – етимолошко-фонетски или историско-фонетски, или најпосле за чисто фонетски правопис.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, откако ги погодив сите раскопани сегменти на асфалтот (бидејќи, знаете во Скопје не се градеше волку ни после земјотресот, и нееее, не ми беше намерата со ова да го пофалам сегашниот градоначалник), по синдромот на Кнез Мишкин, кога пазите нешто да не нацапате, неизбежно го нацапувате, или да ја преформулирам реченицава за да звучи пооптимистички: ... и така, испречувајќи им се на патот на неколку веќепостоечки вирчиња со вода или можеби беше масло од автомобили, не знам, кои одамна си беа заземале место на паркингот пред канцеларијата, конечно, стигнав на работа.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И така, ќе следи неколкудецениската историја на израелско-палестинската конфронтација, која ќе биде обележана од низа изгубени шанси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Излегуваме на Преслопна, запоседнуваме под буките. И така, на седење, нѐ затекнува ноќта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Постоеше нишка која нѐ спојуваше и така одржуваше една душа низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така, ние добиците за оглави, наврламе тоа плачкуринките на ниј, и бегај долу Писокал; и ошче в зори си дојдоме дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така: и плаче и не запира да пее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така тогаш и не дочув кој бил тој Луман арамијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И така имињата: Србин, Бугарин и Грк си ја ислужија својата служба во Македонија и за низ таму нема веќе место.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, секој дуќан во кој денеска ќе влезат свадбарите, ќе има понекој петак аир, та дури и Мамуд ковачот ќе се овајди, оти ќе се требни клинци и плочи да се коват коњите на свадбарите што ќе бодињаат по невестата цел ден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така, ја одбив љубезната промоција на готвени јадења, супи, чорби и месено... зашто, ако некој треба да си оди од дома и да ме напушти, последните зборови сигурно нема да му бидат: „Да си ибеш векот, стварно убаво готвиш“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И така, Клементина верувала дека младата Ервехе ќе стане достојна жителка на малиот балкански Вавилон, за кој говореше вујко, и дека ќе биде подготвена за идниот балкански живот, но и свртена кон светот, успешно ќе ги открива излезите од Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така: згоре-удолу, Џемо полјакот го враќа дома. Ја спружува пушката во скутот и бара зелник со кисело млеко, бара што има и што нема. Сѐ што му сака газот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, селаните од Кукулино, по душа и безбожници и многубошци, изнашле дека со една воденица, сеедно на кој дел од Давидица, Али-бег и неговите луѓе лесно ќе се расправат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бате Јоле, расплакан, клекна крај неа преграбувајќи ја со левата рака и ставајќи ѝ ја дланката на нејзиното лево обравче, а од другата страна ѝ го навали образот и така милувајќи ја и гушкајќи ја, плачеше барабар со неа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И така, во таа ноќ најстрашна од сите ноќи на патот, се будев и пак тонев во соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така. Па после, ваму си, таму си: дојде време да се видиме и од поблиску.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Многу нешта отпаѓаа, се јавуваа нови и дотогаш непознати нешта, но зракот на душата остануваше ист.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Ќе ископаме заедно, вели Лазор Ночески, јас ќе ти помагам. - И така чини, велам, и одам да го изведам телето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, прво наше народно име ни има станато името Словен.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
40. И така, бугарската боја на движењето е главната причина за неуспехот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Предлогот на Арафат беше пречекан на нож од двете страни: некои палестински федаини во предлогот гледаа отстапки во, прилог на колонизаторите кои требало да се истераат, а не да се интегрираат, додека Израелците во ова ќе видат маневар да се придобие меѓународната јавност, за да се уништи нивната држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Даниел и така, он никогаш многу не збори, Рози.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И така сенаторите се согласија да започне Третата пунска војна против Картагина, макар што идната година Катон беше отстранет од власта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Мајка ми направи многу убави колачиња, - вели Зоки и така го прекинува разговорот што неговите родители го започнале со гостите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Нашиот Кубан и така беше пуст. А со времето уште повеќе ќе опустее. А потоа ќе го затрупа снег“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ВЕЛИКА И така: само за војната зборува и само пие. И паѓа, се губи човекот. И мене - да ме ненавиди.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По посетата на Велика Британија Тито ќе продолжи да ги обновува пријателските односи со Западниот блок, а потоа ќе ги посети и балканските земји Турција и Грција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не, Герасим не ги знаеше сметките - бевме триесет и осуммина, некои со по едно воле, некои со близнаци, и повеќе ѝ верувавме на прикаската за царските синови и за чумата отколку на утрешниот ден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така, од таа недела Нешка Илкова стана поќерчена кај стрика си Трајка и под негова заштита, но затоа пак и Трајко помина на „измет" кај Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така конечно направивме папазјанија од приказната која ја напишавме во текот на самото снимање, и по мое мислење - филмот беше ужасен”. œœ Човекот од островот Ман (The Manxman), 1929 г.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И така, благодарение на него останав жива.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И навистина, еден коломенски позорникар со сопствени очи видел, како што се разјаснило, зад една куќа привидение; но бидејќи по својата природа бил слаб, така што еднаш обично повозрасно прасе, откако излетало од некоја си приватна куќа, го соборило наземи, на громка смеа на кочијаши што стоеле околу него и од коишто тој побарал по еден грош за тутун поради ваквиот подбив,  и така, бидејќи бил слаб тој не посмеал да го запре, туку така си одел по него низ мракот сѐ додека привидението наеднаш не се свртело и, застанувајќи, не прашало: „Сакаш нешто?“ – и му покажало таква тупаница, каква што тешко ќе најдеш меѓу живите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И така џенгот се свршил и штрковите наттепале, та си отвориле пат и си се упатиле за кај нас.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И така, Татко не можеше да најде пореална и поголема историска сцена од Скопје, за да го следи подемот и падот на империите за својата замислена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така мајкините и бабините најсакани гинеле за славата на Грција и вределе за Грција само тогаш, кога знаеле да пукаат, да убиваат други, да отстојуваат, со својата крв да ја величаат Грција.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И така на четвртиот ден, туку одеднаш се се смири.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Пушката никому не му родила дете, реков. И така, се разбравме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вдлабен во една книга тој ја оставаше да ја чита подоцна, но набргу ја забораваше, и така во недоглед.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И јас и тоа растевме здрави. Ми раскажуваше мајка, дека баба ми ме хранеше со магарешко млеко и така дома си имаа две прлиња.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Профим избезумен викаше: помош, помош, и така со викање се будеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така четвртиот партнер беше секогаш нов, непознат, необичен не само за старите играчи, туку и за сите нас, другите во семејството, Мајка, ние децата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така случајностите се ределе едни по други, а луѓето благодарение на нив, се движеле кон врвовите на социјалното живеење, но и се спуштале на дното.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таа си напреде предена што ѝ беа потребни за идниот „нов човек", нешто даде на откуп да ѝ се испреде, каде за сирење, каде за сланина, и така, уште божиќни пости си ги иска пелените.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така избезумен од страв, ја почувстува нејзината болка во своето тело, смртна болка која е сепак помалку итна од битката да си го поврати здивот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И така Јоше правел сѐ што ќе му речел татко, само за да може да свири, да има некој да го слуша, да има и друг што ќе се радува со неговото свирење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се радуваат двајцата, а потоа наеднаш двајцата извикуваат: - Кога ќе дојде пролет ќе ги пасеме заедно!.., И така разговараат децата преку реката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И така, една вечер еднаш неделно, Винстон минуваше по четири часа во парализирачка здодевност, навратувајќи едно на друго мали парченца метал кои веројатно беа делови од запалка за бомба, во една промајна, лошо осветлена работилница, во која удирањето на чеканите мачно се мешаше со музиката од телекраните.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И така, наша Весна е дежурна. А тоа ќе рече дека станува рано, дека убаво се мие, се облекува, си ги чисти чевлите, јаде брзо и уредно и трча в училиште.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Таа блискост на едно наречје се пројавува, од една страна, кон сите други македонски наречја во општите фонетски или звуковни, морфолошки или формени и лексички или зборовни особини; од друга страна, секое наречје е најблиско до неговите соседни наречја, имајќи со нив општи особини што се немаат во пооддалечените од него други наречја, и тоа западниот дел од наречјето е поблиско до неговиот западен сосед и со него тукуречи се слеваат, источниот до источниот итн. и така наречјата како да се врзани едно со друго како колцата во еден синџир.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, го остави. За истото го отепа магарето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, како што стојам, ме фаќа една рака, од недоветра ме фаќа, па ме пушта. Се обѕрнувам: Стојна Ресулоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Љубопитството на Камилски одеше натаму.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така без збогум, жими тебе, не ја видов повеќе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Дали да формирам цена според понуда или според потрошувачка на една матка, која и така е спуштена (како „абарт“) и може ама баш секој момент да испадне и да се користи како перниче, додека чекаш автобус на постојка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И така мнозина за многу години, одвај собраа 38 букви.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
И така и би, возљубени. Утредента логотетот стоеше залепен до ѓаволот на фреската, со него сплотен и не виде ништо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И така го кладовме пологот во седелото, тргна коренот, се шириме, се темелиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, Евреите станаа виновни за своите страдања, за секое злосторство врз нив брат ми најде оправдување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми ја дадоа и така јас се запознав првпат со г.Станчев и со бугарските работи, особено со положбата и авторитетот на бугарскиот претставник во Петроград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- И така... - продолжи Дејко, - женките овде остануваат девет-десет години, и кога ќе се наполнат со икра, тргнуваат заедно со мажјаците што ги чекаат на вливот од реката...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И обајцата беа пленици на голем и неостварлив сон. Татко на источниот, Климент Камилски на западниот сон. И така обајцата се надополнуваа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така, како некој постојано да ме тера да загинам, а јас постојано да одам за да останам жива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Јас не сум тој, јас не сум интелектуалец, јас не сум дисидент, јас не сум европеец, според тоа моите хемороиди се поинакви, оти секој газ е поинаков, мојот газ е балкански во секој поглед; кур ме боли мене за неговите хемороиди, и така натаму,“ здушено во себе зборуваше Круме Волнаровски и офкаше од болка додавајќи: „Ќе ги искорнам со прсти, нека истече лошата крв со гомната, да се ослободам од оваа мака, од оваа тежина, и така натаму.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кој некој? Се знае. Судбината од која можеш да се сокриеш само в гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така, во нивниот слеп полет со лоши инструменти, го одредуваат не само местото каде тие ќе се приземјат, туку каде ќе ги приземјат оние што не им се блиски или што не им се на очи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Постојано верував дека новата депеша е позначајна од претходната и така всушност го трошев времето на животот, времето кое не беше само дипломатска депеша, времето на дипломатските илузии Ја повикував мојата мајка да ми се придружи во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така: пооди, пооди, и истрпни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги наполнив зембилите со остатоците од храна, наполнив еден бинлак вода од Езерото и среќно се вратив кај вас, во куќата на баба ви. И така, деца мили, уште еднаш се разминавме со смртта...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така полека се појавив на вратата од другата соба.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И така со денови и со недели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, нашите јатрви, толку „мили“, толку „драги“ во почетокот, не проживеаја ни три години заедно, ги натераа браќата да се разделат. И се разделија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така земјата и езерото, брегот и брановите го продолжуваат вечниот дијалог на кој се надоврзуваат гласовите на поетите, довикувајќи ја вечноста, во животот, бргу носен од брановите на минливоста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така, Дуко пече и јаде. Ќе ја заврти и ќе ја голтне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Строг беше нејзиниот татко, строго ја гледаше во детството, строго ја пазеше во првата младост и така ја изградуваше нејзината судбина, неразделно од својата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
По откривањето на битолските кадиски сиџили (од ХV-ХIХ век), тој се најде пред вистинска ракописна Атлантида на исчезнатото османско време на еден од значајните делови на Балканот, со што патот на судбината беше одреден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој тамам ќе попрестане, а дедо Геро пак ќе му ги покаже забите и ќе му пристори: - Хе-хе-хе-хе... и така со ред додека дедо Геро не го изел зелникот, а Митре останал гладен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Откритие Зоки Поки се врати од летување. Додека стаса дома тој сѐ трчаше по улицата, трчаше по скалите и така трчајќи се втурна и во собите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И така ние засекогаш го напуштавме Поградец. Адеп на моето детство!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Што биде нека биде, си велеше утешно во себе. Нека триумфира науката! И така и тој заспа со отворен речник во рацете...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така Бугарин присвоено од комитетите и Организацијата за Македонските Словени, и соединувањето на нашите интереси со интересите на Бугарија во агитацијата на комитетите кај Бугарите, беа причина сета македонска работа да ѝ се припише од Европа на Бугарија и на Бугарите како бугарска надворешна појава да не се поддржува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така: „Совршено е/ Тоа што го гледам/ Јас несовршен/ Запишувам/ “.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Мечката ќе се подисправа, ќе крева камења и ќе се подисправа, велеше, ќе сака да го удри, да го погоди со каменот, ама крмакот е само пред неа, зад неа, покрај неа, в жили, ќе фрли подалеку од него, и така, ќе се умори, или ќе се уплаши и пак ќе се качи на буката, велеше, и ловецот скришум тоа ќе го гледа и пак не ќе се јавува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му гасне веќе и свеќата на лицето и така, налутен, го оставам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така беше сум паднала, сум се изгубила. На голи катови, во гумното.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така слушам за него и пак не знам како догања, каква му е иконата, лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така јас жнијам, а под мене, под скутината, ми удира златното, ко со јарешко копито.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ај, на име Божје, ќе им се јавам, да како сака нека биде; и така јас сум загубен и така“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По Турците таму се случија големи преселби, заедно со деда ти дојдоа просвигите, а по просвигите на Грција ѝ се случи Граѓанска војна, се случи трагедија на децата- бегалци, власта во Грција ја презедоа полковниците и така испустено и напуштено село- сениште што од далеку го видовме кога се возевме за Костур од каде што ти фати авион за Солун и Атина?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И така, секој има по нешто што ќе го тера да се притресува и да приплакува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едни ги пикаа своите годиначиња во градите, а тригодишните под широките кошули и така клечеа врз нив како квачки врз пилиња; други ги криеја децата зад иконите; една го кладе детето во камарата каде што попот врши проскомидија; друга го бутна во мазгалката зад иконата на св. Илија, а сите зедоа в раце по една икона, натпреварувајќи се која да ја земе иконата на Ристоса, св. Богородица и света Петка, надевајќи се дека нивната сила е поголема од онаа на другите светци, та белким и ќе ги заштити барем децата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Марко и неговите поданици во очите на Турците не можеа да бидат Срби, зашто не им се спротивија и не покажаа таква воинственост против нив, каква што покажаа кнез Лазар и неговите поданици. 152 И така, до идењето на Турците кај нас ние трипати бевме прекрстени: 1.Словени, 2.Бугари, 3.Срби. Но со тоа не се сврши сѐ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додека беше прилегнат на столот, онака остарен а издолжен, ми се причини дека гледам давеник штотуку изваден од водата како се бори да дојде до малку здив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сиот шут се собирал на едно место и така израснал ридот, денес озеленет, кој по ништо не потсетува дека е создаден од урнатините на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И така секогаш, било пролет или лете, есен или зиме, по големата караница меѓу Тито и Сталин, ние секогаш мислевме и чувствувавме дека ги шетаме козите последен пат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И така, мој Пандо, нашинчето си дознавало што е и кој е, не од дебелите книги и од учените луѓе, ами од надгробните камења, од гробовите останати по карпи, од зарезите направени со кама или штик во стеблото на буката, дабот или борот, од нишаните што останале од нашето постоење во кое не битисавме и од времето што го броеја само по лошото, само по крвавите траги што ги оставал тој што доаѓал и си одел...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И така, сите услови за националната преродба на Македонија се имаат на лице, па и таа преродба и од гледиштето на втората историска теорија за образувањето на малите етнографски единици од една поголема на Балканскиот Полуостров е совршено логична.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така неколку дена, а можеби и неколку недели.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
104. И така комитетите, а заедно со нив и воопшто Македонците, се ослободуваат од влијанието на бугарската влада, создаваат своја независна програма за работа, таа програма ја пропагираат во Бугарија и со неа добиват влијание врз бугарскиот народ, а преку него и врз владата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така од ден на ден, несетно, подоцна, по овој запис уште повеќе , чудото и чудесноста на едно делче од минатото избледува, станува ненужно знаме на кое ни видовникот не може да му ги определи знаците и припадноста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И така царица Мариа поживејала дури остарела сѐ богоугодно, и прешла у вечнија обители.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И така одиме низ полето, пееме. Пооди, пооди и запри.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ние сме, во и со јазикот, отворени од зборовите, затворени во зборовите, отворени кон другиот (низ комуникација), затворени кон другиот (со лага, грешка), отворени кон идеите, затворени во нив, отворени кон светот, затворени кон светот! И така во недоглед!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така размислувајќи дали Анѓа не ќе приписка кога ќе го види та да го издаде, се прогледа на дното на улицата еден голем конак со високи калиња околу него и тешки порти затворени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И така, сонот на моето среќно враќање во родната земја се судри со морничавоста на идеологијата која не престануваше да ги меле човечките души и животи и се закануваше да достигне до синдром на невидено жртвување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така, првото нешто што ќе треба македонската интелигенција да го извојува тоа е: отстранувањето на недовербата меѓу интелигенцијата со разно национално и религиозно образование; обединувањето на таа интелигенција како во самата Македонија така и зад нејзините граници; заедничкото опсудување на општите интереси на Македонците; отстранувањето на национално-религиозната омраза; воспитувањето на Македонските Словени во чисто македонски национален дух; задолжителното изучување на македонскиот јазик и литература во средно-учебните установи во градовите со словенско население; обучувањето во селските училишта со словенско население на македонски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така некој пее, некој пцуе, некој плаче, некој повраќа или се тепа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, во смртта, за овие таткови сонародници, откорнати од своите, натрапници кај другите, можеше да се постави прашањето: кое било нивното вистинско место во животот?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе ги извадам и кофите, зашто и така, од преголемата употреба на водата од водоводот за вадење на бавчите и градините околу куќите, лете повремено секнува водата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го направи тоа тогаш кога му требаше поткрепа на неговиот народ, тогаш кога крвта која течеше низ нашите вени потрепери од ужас од каков што трепереле нашите претци.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога навикнавме на таа едноличност, на тоа сивило, вторникот во бавчата се раздени добиче што тонеше в земи, слепи близначиња шетаа по дворовите и пееја, и така, Ноќта ми се пристори некоја небесна тишина во која не се слушаше ништо освен оној вечен звук на земјата дури се врти.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И така, со најубави желби и полна готовност да му помогне, старецот го испрати својот долгогодишен слуга, а Петко го напушти овој свој дом не без тага на душата и болно чувство што ќе се оддели од својот питачки стап, но сепак задоволен од тоа, дека ќе може подоцна, како поп да му отслужи и литургија на неговиот свети Илија, како што му собираше осумнаесет години разни подароци од селата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така Тито со Галеб патуваше четиринаесет пати, посети 18 земји на три континенти - Европа, Азија и Африка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така со отворени очи беше сум заспала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште позакржлавени во сенката на своето прогонство, доволно се мали за да летаат со помош на пловечки кожинки кои во вид на крилја се распнати меѓу долгите, ’рбетовидни прсти, налик на букет опашки, и така сите тие создаваат...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Првиот што излегол, пукнал во некој од Турците и така на куршум одговарале со куршум, на штик со кама. Така изгинале нашите до еден...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И така, така, ми угасна... Капинка моја. А како да не плачам?! Тогаш не можев, не ми останаа солзи. 169
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, перам: наведни се, исправи се. Јас чукам на каменот, а милото чука во мене. Клоца, ме жегнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така: едниот - платица, другиот - плужица, платица, плужица, шарена марена, татко си делка, а Давиде клечи пред него, се чуди и не знаеше дали не знае или само се инаети.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, заклучи Камилски, откако ја исцрпи својата потрага во речниците и енциклопедиите, чини (ini) значи кинески, кинески порцелан, порцелан воопшто (шолји, чинии и сл.), додека денеска значи керамичка плочка (за обложување) фајанс, порцелан, од керамички плочки, поплочен, порцуланисан итн.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Земете ја, инаку, клетвата назад, и така денес да почнеме битка!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Го бев сварил пилето и така, само сварено, со малку солца, го ручав и, еве, сега го вечерам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И така Бугарите во новиот слободен живот се јавија како народ без традиции, народни идеали, свест за народните и државните интереси и историско наследство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сака да ја завлече главата во чевелот на Зоки и така како збудален да јури низ станот. И уште што не!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И така, во оваа мешаница бргу минува времето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И така трговецот со добиток, довикувајќи ја на помош девицата Марија, храбро ја спроведе својата замисла, иако таа воопшто не беше грандиозна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И така, подзавртувајќи се, забележува дека е сама со внучињата притиснати како топли тули во нејзината снага.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И така: Доксим носи, а ние пиеме, се доливаме. Распашана команда.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, пооди до некаде и пак врати се.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)