и (сврз.) - ја (сврз.)

Кога си почина, се наведна, слатко се напи од водичката и ја избриша устата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Шумата беше далеку, а тука, на сивите стреи со сиви оџаци, скитаа мачори и ја чекаа ноќта за да ги ловат ѕвездите и да ја плашат месечината. Сепак шума не нацртав.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Никаков звук не се слушаше одвнатре. Ја отклучија вратата уште пополека и ја пуштија Маргот. 32
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)