и (сврз.) - ете (чест.)

По година две, деца ќе дојдат. Тие уште повеќе ќе го врзат за семејството… И ете ти домаќин човек! Да, не погрешив…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
На чорбаџиите им е арно, сиромаштијата спие и ете ти бездејство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред зори, кога Деницата веќе искочи над Перун неколку остени, стигнаа на „Висока“ и беловодичани предложија тука да се денува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дедо Димо, откако ги испрати сите, истури стомна вода врз жарот, зашто ѓаволот ни ора ни копа, туку може некое зло да смисли, да донесе од негде ветер, да го разнесе жарот и низ папратот и ете ти беља.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Од мојот бостан, вели, иако знам како дише секоја лубеница, се случува да скинам и понекоја зелена“. И ете, како Кусакатскиот и сите ние.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Признавам дека и јас сум од таквите: по неколкупати на ден ќе скинам од зелените.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Европејците досега си имаат направено неправилен заклучок за народноста на Македонците и ете зошто последниве, коишто ги носат на свој грб сите тешкотии и несреќи од сегашното востание, ќе имаат најмалку полза од решението на конференцијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми се чини оти они не се прави и ете зошто: Во новата книга се зборува, вистина, и за отцепување и за соединување, но за отцепување од тие што сме веќе отцепени и со кои никојпат не ќе ни дозволат да се соединиме, а за соединување со тие со кои сме морално задолжени да се соединиме и со кои соединувањето е возможно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Два дена на нозе, три, и ете ти го дома.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Ах, не! Не, не, тоа никако! Јас кај Шулц; кај мене, знаете, компликации се појавија, прво градите ми ги зафати и кашлица, потоа настинав: градите и грип... и ете, сосем неочекувано... сосем, сосем неочекувано“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Генерал- мајор Василиј Васиљев Первоједов, ви стојам на располагање”, се претстави неговото превосходство.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во неа се лепи експрес сликичка која што ја правиш во фото-автоматите кои што се наоѓаа во ЈАТ и ете ти Феријалец!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој убавец, којзнае како се мушнал во собичката кај другарката Оливера Срезоска и ете ти циркус, просто-напросто на генералимусот му ја бојадисал со бела боја левата страна од мустаќот, му ставил и некои други знаци на лицето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И ете, како награда за сѐ беше изгубено, како во најубав сон, маѓепсани стоевме на тој брег.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И ете откаде Карабоја и коли, и продава, и на есен му се намножил булукот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стојо му вели на Трајка. — Море, брату, Илко вчера остана вдовец и ете, се прави мукает, ќе кандиса некоа сиромашка, ами ти, бре брат, оти ич мукает не се чиниш?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа тој си кандисал на сѐ и ете, ме прати да видиме шо ќе направиме ние двајца стари јунаци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ете кај си правиме така од илјадници години и дури стои веков, Силјане внучко, сѐ така правиме", му рекол домаќинот и друзите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Силјан дошол на амварче и си го отнал црпчето, да си се потурил и ете ти го човек како што си бил дома у себеси при татко и мајка, при жена и дете.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Летото конечно догорува И ете, тажно, во постојбина родена за цвеќе Едноставно ќе си умреш лете, квечерина.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Тргнале по вистината, и ете, сакаат да поминат и преку моето грло, помислив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И ете нѐ сега нас в среда наутро со нашите стомаци залепени за ‘рбетите, измрзнати, живееме по пештери, не пушиме, не пиеме и не правиме ништо, Том. освен што ги одржуваме своите прослави.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И ете, дури тогаш нему му се враќа силата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А моите малечки деца се искрадоа од дома и ете отидоа за да можат со отворени очи да гледаат во тие грозотии. Нели е страшно тоа!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Чул дедо дека сум дошла и ете го со прелапнати вилици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас и се плашев и се чував и ете ме на носилка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се досега пред себе ја гледаше само онаа замислена прекрасна иднина која длабоко му ја беа вкорениле недоучените партиски секретари и ете, сега, со очај во очите, го гледа безизлезот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа го испратија на некој курс за водници и ете ти го командантот на вториот вод на првата чета... Или да речеме заменикот политкомесар.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Дедо прекина и ете, вака, трипати, прекрстувајќи се, почна да чита, влечејќи го прстот под секој збор: Царју, утешитељу, душе истини, иже вјездје сиј и всија исполњен сокровишче благих и жизни податељу, приијди и вселисја в ни, и очисти ни о всјакија скверни и спаси, блаже, души наши. Амин...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И ете, денес беше дојден тој ден.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И ете, оттогаш секоја пролет по падините и полјаните цутат илјадници жолти јаглики во спомен на малата Јаглика што живеела некогаш, одамна, одамна...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)