иако (сврз.) - бил (гл.)

Според него, бидејќи решиле „да се арчат“ велешките младинци, иако биле добри ученици, започнале да бегаат од училиштето и да скитаат покрај морето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, во исто време не можат да одат паралелно и со “централистите“ (Организацијата), зашто, иако нивната кауза е исправна, сепак имало работи што тие не ги одобрувале, а ЦК и повеќе оружни и околиски комитети се раководеле од лица коишто по своите сфаќања, дури и по своите цели и методи на борба, малку се разликувале од врховистите, иако биле нешто одделно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За да се спаси, се фрлил од скалите на општинската зграда, но останал жив иако бил тешко ранет.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Иако бил женет, се согласил да ја земе за жена византиската принцеза Теодора, иако неа, императорот Алексие, за да му се смили, ја развел дури од еден свој роднина и му ја испратил на Хрис во Просек.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нанчо и натаму не се откажал од заговорниците, иако бил наполно свесен дека откривањето на нивните планови значело смрт за него и пропаст за неговото семејство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Хахаха, иако бил христијанин, тој изгледа многу ни бил сличен во однос на жените. Такви ли се сите Власи, ибн Тајко?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Постоеле правила што умните по никоја цена не ги погазувале, а таа себеси се сметала дури сто на сто умна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имал пет крави, не знам колку овци, и не знам уште колку ниви, па иако бил вдовец таа пресметала дека само зад таквото богатство можела да смести лулка во која ќе одмарала нејзината сигурност, а нејзе во животот само сигурноста ѝ била важна, ништо друго.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)