иако (сврз.) - вели (гл.)

Доенчињата се смируваат штом ќе ги кренам в раце, а кога ќе ме видат се смеат, ако воопшто можат да се смеат, иако велат дека моето лице ги плаши луѓето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И така сите молчеа во главниот град на јужната република, фатени во пајажината на „козјата мафија”, иако велеа, повеќе за себе, правоверните идеолози на партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Старееше. Иако велеа дека изгледа десет години помлада. Чувствуваше како старее. Оттаму и нервозата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во секој случај, едно е сигурно: ако јас сум црна овца – иако во тоа лично воопшто не сум убеден – но, ако сум, тогаш јас сум од поинаков вид од онаа на стрико ми Ото: ги немам неговата леснотија, неговиот шарм и, згора на тоа, ме притискаат моите долгови, додека нему, очигледно, не му пречеа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)