иако (сврз.) - може (гл.)

Не сака да ја кренат секирата, иако можеа, ако ја одвоеја од медот, требаше некаде да сечат со истата таа секира, да променат нешто, а медот да го напуштат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се обвинувам, а истовремено се тешам: не ќе да е така!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како и да е, не можам а да не ти речам: батка, како и обично на прав пат си, иако може да произлезе дека си ја згрешил насоката!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и јас, иако сум речиси сигурен дека со ништо не придонесов детето да се најде в затвор, сепак се сомневам дека и кај мене може да лежи дел од вината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во настанов за кој зборуваме нема тајни, барем во оние делови што се однесуваат на мојата улога.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Подоцна, во циркусот, кога созреав како маж, се убедив дека анатомските можности во технологијата на љубовта се сепак ограничени (иако можат да бидат мошне богати) и дека се сведуваат на тие, во суштина – неколку препознатливи сигнали и движења што се вообичаени, и дека без потреба сум се лутел на Луција таа ноќ на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вил и Грејс и понатаму си е ситуациска комедија; La Cage aux Folles и Кирија и понатаму си се бродвејски мјузикли; Сѐ за мајка ми и Лошо образование и понатаму си се мелодрами – и, било како било, тешко дека некоја од нив ќе биде дел од образованието во раното детство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и деца одгледувани од лезбејски или од машки геј-родители отпрвин се изложени, барем до некој степен, на главнотековните културни жанрови и стилови на изразување. ‌Фактот дека популарната култура денес редовно вклучува геј- и (значително поретко) лезбејски ликови во диегетскиот регистар на нивните приказни не го менува генеричкиот изглед на самите приказни (односно, не менува дали ќе бидат или нема да бидат комедии или мелодрами), ниту, пак, ги менува начините на чувствување што се кодификувани од традиционалните генерички конвенции и кои возрасните ги преземаат во своите содејства со другите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па тие деца што ќе се здобијат со нестандарден или со дисидентски родов или сексуален идентитет нужно си го градат тој идентитет во однос на главнотековните културни облици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Книгите, пак, за настраните семејства кои се посебно осмислени за деца од основноучилишна возраст, како што се Хедер има две мами, Џени живее со Ерик и со Мартин или Со Танго сме си тројца, иако можат и тоа како да придонесат кон дестигматизирањето на хомосексуалноста и кон поголема општествена толеранција, сепак баш и не го уриваат хетеронормативниот монопол врз формите на изразување што ги има во главните популарни жанрови. ‌Во секој случај, главнотековните културни облици ги даваат единствените жанрови што ги знаат повеќето деца.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Организмите или компаниите или нациите учат да соработуваат иако можат меѓусебно и агресивно да си конкурираат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но волкот, иако можеше да види секое негово движење, ни сега не се помрдна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Другите не сакале да видат што видел тој.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со десната рака, иако можело да се поверува дека предава рапорт за состојбата на стивнатата околина, го придржувал фесот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник нешто објаснувал. Јавачот се наведнал малку од коњот, бездруго за да не пропушти ниеден збор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби и ги стискале клепките иако можеле да догледаат дека низ порабен облак се покажало крајче зимурлава месечина. Бездруго со изѕемната муцка на бескуќен никаквец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според тоа, иако можев да го гледам толку прекрасниот коњ; иако можев да го помирисам, толку пријатно; иако можев да го слушам како дише, некако возбудливо; не можев да поверувам дека коњот имал нешто со мојот братучед Мурад, или со мене, или со кој и да е друг член на нашата фамилија, што спие или е буден, зашто знаев дека мојот братучед Мурад не можел да купи коњ, а ако не можел да купи, тогаш секако го украл, а јас не сакав да поверувам дека го украл.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Значи, вистина е. Го украл коњот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Иако можеме со една јазично-стилска анализа да проникнеме во феноменот на создавањето на тој свет, сепак, се чини, никогаш докрај нема да осознаеме, како тој ни се наметнува, како ни се налага и на кој начин проникнува во нашата свест и во нашите емоции.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Предметот беше уште попривлечен поради својата очигледна бескорисност, иако можеше да претпостави дека некогаш веројатно служел како тег за хартија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во минатото, владејачките групи на сите земји, иако можеле да го утврдат заедничкиот интерес и според тоа да го ограничат уништувањето од војната, се бореле едни против други и победникот секогаш го ограбувал поразениот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Не знам како да разбереме точно што се има случено, иако можам да претпоставам - велеше тој.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А на покривачот, над овој черен, има малечок отвор преку кој излегува чадот (иако може да излегува преку покривач каде што сака); тој отвор се вика „баџа“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А во врска со последиците само ќе додадам дека човекот е такво суштество: со негодување ги дочекува настаните за кои знаел дека наскоро може да се случат, но ете, тие се поиграле со неговите предвидувања: пристигнале порано, иако можело да се случи да пристигнат и некој ден подоцна од планираното.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А кон пладне намина божем случајно доктор Пачев за да прашал кога последен пат сум ја сретнал Пеперутката. Реков: вчера. Со несигурност во гласот. Иако можев да бидам уште понеодреден.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не сум сигурен од кого чув дека во селото се случило и едно убиство на нашинка, а виновникот, иако можело да се знае, не е пронајден.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Веднаш се обидов да станам, иако можев да чекорам само во потсвиткана положба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Излишно беше да стане и да ја кара глувата баба, затоа што таа почнуваше да плаче и да се жали како тој е неблагодарен, како таа го израснала, пелените му ги перела, млеко му греела во ниедно време, работела и дење и ноќе само за тој да стигне до комфорот во кој е сега, само за да има нешто да му остави, барем едно станче за кое нема потреба да печали со толкави маки како што печалеле таа и татко му.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)