иако (сврз.) - нема (гл.)

Иако немаше ветер пламенчето трепереше. Го гледавме со позинати усти.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ќе пушиме по една“, рече Љупчо; од кутијата извади една цигара, важно ја чкрапна запалката и уште поважно тргаше над пламенчето - цигарата да се запали.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се провревме низ грмушките и поседнавме во круг, небаре сме Индијанци на договор.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- А твоите се на кат? - На кат, иако нема лифт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не можеше да утврди дали беа тоа солзи радосници поради неговото враќање во животот, кај сиџилите, или беа солзи поради нешто друго, нешто што го знаеше само таа, иако немало никогаш тајни во заедничкиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Па така, времето што му остануваше до вечерта, Бојан го искористи да погледне уште еднаш насекаде, да измете, да среди, иако немаше многу што да поправа, да преместува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Претседателот само благо се смешка, иако нема напишано ни едно ретче. Мислам, поетско ретче.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Им пристапив иако немав желба да бидам со нив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Слободата што не можеш да ја уживаш не е никаква слобода. ‌И така, иако немаше да бидам помалку задоволен да го снемаше насловот „Како да се биде геј“ од каталогот со предмети, наместо да бидеме во центарот на вниманието и, иако многу сакав да ги поштедам колегите од трудот и од маката да ми го правдаат предметот, немаше само поради тоа да го преименувам предметот и да престанам да го предавам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Никогаш не сме влегле во дворот, не влеговме и сега иако нема вооружени стражари.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој знаел дека речиси сите уапсени немале врска со солунските атентатори, но го знаел и тоа дека голем број од нив имале врска со Македонската револуционерна организација, иако немал конкретни докази да ги испрати на суд.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По атентатите, тој бил уапсен и задржан во затвор повеќе месеци, иако немал абер за дејноста на гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Иако нема многу Грци во Македонија, пак Грција е не помалку заинтересирана во нашите работи од другите балкански државици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На оваа точка подоцна Август Рицман ќе крикне во воздух, подоцна ќе се лизне од жицата и ќе знае, иако нема да види, дека сета публика ќе го прифати неговиот крик, дека сиот циркус ќе стане само крик и ништо друго.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И дека душата му ја гледа, му ја чувствува: пламенчето, иако нема ветерче, трепери од здивот негов...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но вчера, во секој случај, за време на Двете минути омраза, седна веднаш зад него, иако немаше некоја посебна причина за тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа не го поттикнувам, иако нема ништо лошо во технологијата што ги спојува работата и забавата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Иако немаше претходна согласност од лекарите, Елена заедно со девојката застана пред влезната порта. Кај портирот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
— И си замина долу долно мало за да му занесе абер вечер на брат му Колета и Јована Ѓуров и да им занесе леб. иако немаше доволно ни за него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А целото село ќе се грижи за храна на мајсторите што Стале ги најде и ги пазари 24 лири да ја соѕидаат црквата, иако немаше ни 24 пари во ќесето — Пак, село нека е весело, — велеше тој.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Преобразбата сакам да ја видам целосно иако нема ни почеток, ни крај.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Или поточно си ја видов сенката како слегува од гранките иако немав видено кога се качуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Иако нема муви, говедата постојано се удираат со опашките по слабини.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За него немало никакво двоумење или колебање дека „жителите не се ниту Грци, ниту Бугари или Срби или Хрвати. Тие се Македонци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како добар аналитичар Еванс забележал дека македонскиот народ во тој дел на Грција, иако немал национална интелигенција, а исто така и организирана национална дејност, и покрај теророт што бил практикуван од страна на претставниците на државната власт, особено селското население во поголем број останало тука и јасно го дефинирало својот македонски идентитет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јас мислев дека оваа средба ќе биде последна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нема да му забележвам, си мислев, ќе проголтам сѐ што ќе каже, иако немав ништо што ме врзуваше, потоа ќе си заминам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Токму така, како да си е тоа нешто нормално, иако немаше шанси да се запишам на тој скап колеџ.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)