иако (сврз.) - ваков (прид.)

Дали сепак токму сомневањата од ваков вид за судбината на таткото на Иван не беа причина да го избегнува јасниот одговор?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар таа не сакаше, спомнувајќи ја стијата и злото, да ми наговести трагичен завршеток, грозен крај, за кој веруваше дека се случил, кој најмногу токму неа ја имаше погодено; па сепак, иако ваквиот грозен крај го најавуваше како сомнение па дури и како доживеана болка, таа не беше спремна да го прифати а уште помалку да го смести помеѓу грдите и непријатни искуства!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Спремен сум да се сложам со неа иако ваквата дефиниција нѐ упатува кон интуицијата, кон женскиот осет на нештата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За вистинското запознавање веројатно е потребно многу повеќе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)