иако (сврз.) - невин (прид.)

Неговата заборавеност се должеше на желбата да има повеќе војници, оние мали оловни војници кои, иако неподвижни и неми, секогаш и секаде ги победуваа битките и војните мрачни, иако невини и безначајни за времето, проколнати од недолжноста, малите оловни војници беспоштедно го сакаа својот генерал, мојот неповторлив другар.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Сабота Јануари Болката родена од немоќта, од длабочината на бесознанието, на почетокот доаѓа тивко, се воскрева во градите, тече по дамарите, те гони во мислите, со страв блеснува пред очи и, иако невин, веќе си стигнал таму каде и воопшто не си се надевал.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)