иако (сврз.) - веројатно (прил.)

Не мислам дека свесно се групиравме околу некоја идеја, иако веројатно бевме групирани.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Нема размена на енергии, старите пријателства се доста издишани, работите се повторуваат, иако веројатно меѓу клинциве си постојат некакви струења...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Иако веројатно секоја намера да се биде „транспарентен“ во тековното работење има свои граници (пристојноста и достоинството, да речеме, особено кога станува збор за не баш сјајни услови за работа, за не кој знае колку дарежлива финансиска помош и за недоволно развиените културни потреби на средината во која живееме; што сѐ сепак не нѐ спречува во ова списание да се вложуваме себе­си), сепак ја бележиме оваа нотичка, делумно и како обврска кон нашиот долгогодишен спонзор, Сорос Фондацијата, чиишто правила и принципи (иако често недоследни, нејасни и без генерален концепт) имаат стремеж да чекорат кон чистите и етерични предели на тн. „транспарентност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Распространето е верувањето дека Бети Дејвис била големата садистка на платното, исто како што Џоан Крафорд била големата мазохистка на платното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа верување ги одразува карактерните типови што и двете глумици ги играле извонредно, особено во втората половина на своите кариери, а делумно зависи и од спектакуларната поделба на улогите во единствениот филм во кој играле една наспроти друга, во Што стана со Бејби Џејн? (1962 година), каде што Бети Дејвис дури и ја заточува Џоан Крафорд, буквално ја држи врзана и ѝ тутка крпа во устата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, иако веројатно е претерано и прешематско целото тоа конвенционално сфаќање дека двете глумици отелотворуваат спротивни идентитети и типови на личности, изгледа дека е неспорно дека особениот етос и особениот стил на Бети Дејвис предизвикуваат визуелно, емоционално, морално и сензуално дејство што е многу различно од она на Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто еден мој другар се труди да дознае дали најновиот дечко со кого излегува ја сака Бети Дејвис или ја сака Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете, тогаш ми се пристори дека за првпат ја видов реката (иако веројатно и пред тоа сум ја гледал) и помислив дека некој мене ми ја приредува таа гозба како вовед во некое славје.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нетранспарентноста веројатно е еден од поважните македонски проблеми, иако веројатно дека тој отров (стравот од сопствено мислење) се наоѓа многу подлабоко во менталитетот на нашата средина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)