иако (сврз.) - далеку (прил.)

Се јави по телефон и вели: - Биси – таа така ме вика – имам идеја!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Втората, уште погруба, ја крши Ондин, кој сфаќајќи ја оваа забелешка преминува од вербални на физички удари, и јавно, пред камерите, ја казнува девојката, однесувајќи се како личност со не само неограничена лична слобода, туку и како некој кому сѐ му е дозволено.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сонцето беше зад мене и биеше на голото ритче отспротива на кое беше куќата и, иако далеку преку долот, таа се гледаше јасно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Нејзе никогаш не ѝ недостигаат идеи, и тоа од луди – полуди и, иако далеку живееме и ретко се дружиме, понекогаш се случува и да се видиме, а тогаш редовно е забавно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Поетот Ален Гинсберг, иако далеку од тоа да се откаже од марихуаната како рекреативно средство, убеден е и во нејзината вредност во уметноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И конечно, третата ја крши самиот снимател, односно режисерот, кој не го прекинува бележењето на овој настан ниту се меша во него иако далеку се надминати зададените рамки, и со тоа дозволува еден неморален чин.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Знам дека се прашував, бидејќи паметам дека лично се воздржував од каков и да е одговор, иако далеку во мислите наслушнував нешто како шепотење од кое можев да сфатам дека на ниту еден настан не може да му се стави точка и да се прогласи за звршен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)