иако (сврз.) - однапред (прил.)

- Тетко Рајно, уште ги нема тато и мама - реков, иако однапред знаев дека и таа не може ништо повеќе да ми каже.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Да пробам, значи, со букви да опишам, иако однапред знам дека описот неподобен ќе биде, на видението: музика беше тоа од најфини тонови, најзвучна, и затоа што најзвучна е, увото земско не ја слуша.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не е ништо чудно што Гарванов и неговите сомисленици го исфорсирале востанието, иако однапред знаеле дека немало речиси минимум услови да се реализираат целите на МРО.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)