иако (сврз.) - потсвесен (прил.)

Згора на сè, како единствен правник во оваа установа, таа на сите вработени им беше како „десна рака“ за сите правни прашања, работејќи ја кадровската евиденција и целата кореспонденција со судовите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако нејзе, во мај 2009, предвремено и завршува директорската функција поради промени во политичките констелации на тогаш владејачката коалиција – од која е разрешена со владино Решение бр. 33-2908/1, нормално, таа очекува да го добие „старото“ работно место што го имаше пред назначувањето на оваа позиција, иако потсвесно насетуваше дека, во знак на реваншизам, може да не ѝ се додели токму тоа место – но, сепак, во најмала рака да добие работно место како правник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)