иако (сврз.) - секогаш (прил.)

Се чини, меѓутоа, дека во Соединетите Држави околу вас се концентрира одреден круг читатели коишто успеаја да ја формализираат таквата пракса на читање и пишување. 4 Во Соединетите Држави се случуваат многу интересни нешта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вплеткувањето на другиот, кого можеби веќе не смееме да го нарекуваме „читател”, е нужен иако секогаш неизвесен против-потпис. Тој секогаш мора да биде непретпоставлив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа никогаш не го поправив кај себе, иако секогаш се покажуваше како неопходно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дури и татко ми го давав во замена, иако секогаш бев под стрес што ќе правам без него!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Да можеше да им каже ќе им се заблагодараше, затоа што таа толку многу сакаше да умре.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сандре Самарија, човек со изглед на тромав гусок, ја извлекол главата како од под крило. Очигледно штотуку се разбудил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако секогаш мислел дека светот со секое утро треба да се менува, не само закоравениот ред туку и сè во тој ред, од мирис до звук, од светлост до облик, сега се побунил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ја подотвореше вратата со синџирчето, ќе погледнеше кој е таму, најчесто велејќи ми "чекај", иако секогаш ми беше страв дека ќе ми ја затвори вратата и нема пак да ми ја отвори како еднаш порано.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си мислев на тоа додека ја чекав да ми отвори, затоа што знаев дека е дома, а нејзините веројатно беа на работа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бевме како една голема задруга, сите некако се вклопувавме и согласувавме, иако секогаш во заедница потешко се живее.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сакам да му речам уште и дека вистината не брза да зајде иако секогаш не зависи од нашата волја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)