или (сврз.) - бил (гл.)

Многу луѓе сметаат за потребно да кажат дека тогаш и тогаш вечерале или биле на „џез“ музика во една од многуте сали и ресторани на „Хилтон“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Обично војните во јазиците, војните на прочистување на јазиците, ослободувањето од туѓите зборови им претходеле, или биле последица на војните меѓу луѓето, народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На изворот Свети Анастасија крај манастирот им рече дека со оваа вода свети Наум ги лечел луѓето што пателе од очни болести или биле слепи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но тоа била погрешна информација бидејќи на територијата на Македонија четничкото движење немало голема потпора кај македонското население, бидејќи поголемиот дел од Србите кои се наоѓале на служба во Македонија заминале или биле протерани од бугарските окупатори непосредно по окупацијата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Испратените британски воени мисии во Порече имале неизвесна судбина.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„д.в.а“ Во својот особено вреден труд за траумата, психологот Robert Jay Lifton го идентификува преживеаниот како „оној што ја сретнал, бил изложен или бил сведок на смрт и успеал да преживее“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во овој есеј, сакам да ја теоретизирам деструкциската уметност во термините на нејзиниот сурвивалистички дискурс, како и контекстуализацијата на нејзиниот историски проект.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лисет Алманзор, жената на Селин како актерка Можеби бил рогоња, или бил педер.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа ноќ била последна страница на историјата во Лесново, секако за дружината но не и за пештерците и за нивните жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеше потенцијално да има семожни претпоставки: да не се вмешал југословенскиот амбасадор во некоја од странските земји кои стоеле зад државниот удар или биле во спротивниот табор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во неговото гледање сите императори на Балканот биле јаничари или биле опкружени со јаничарски војски.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Списанијата оделе по пат на претплата или биле продавани по киосците за весници.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)