или (сврз.) - знае (гл.)

Потсвесно барав трнливи причини за да ја изневерам среќата, која или не ја заслужував или знаев дека не можам да ја достигнам (а и сенсот за тоа што навистина е среќа полека го снемуваше при помислата на индигнацијата кај луѓето, утилитарноста, хегемонизмот, ужасот и теророт во светов во кои сите ние преживуваме и меѓу себе се јадеме).
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Еве го од некаде Сатирот. Се смешка, мижурка со тие очиња негови како Ранковиќ додека Тито се прави важен пред народот со тие костумите и прстењето негови и ми вели или знам дека ми вели: - Ме прејде ти мене, ама ако, ќе ти го најдам јас тебе крајот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)