или (сврз.) - искористи (гл.)

Си замина и многу осознаени но нерасветлени поединости однесе со себе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и градот што беше спомнат како нејзино родно место таа тврдеше дека е измислен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие се задоволуваат со тоа да лутаат по електронските патеки на киберспејсот и да влегуваат во системите по ќеф. На киберпанкерите „не им е незгодно“ да ги уништат или искористат информациите што ги наоѓаат. Презриви потомци на хакерите, тие сметаат дека девизата на постарите „Гледај но не допирај” е чиста глупост. „Една од работите која нѐ разликува од хакерите е нивното верување дека „информациите се моќ“. Ние велиме „Моќта е моќ“, вели Св.Витус.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Дали навистина мислеше така или искористи само уште еден од изговорите што умешно ги поставуваше како најприродни пречки помеѓу моето љубопитство и нејзините недопирливи тајни?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем за сите податоци запишани во „Откритиот лист“, што бил издаден на нејзино име за време на окупацијата при крајот на 1941 та, таа велеше дека се измислени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)