или (сврз.) - крши (гл.)

При ова, заштитата се сведе само на вонсудска заштита пред самиот работодавач, слично на онаа народната „кадија те тужи, кадија те суди“, и на дополнителна т.е. секундарна заштита, пред надлежниот основен суд; 7 6.  У.бр. 139/2005-0-0 од 21.XII.2005; У.бр. 161/2005 од 22.XII.2005; У.бр. 134/2005-0-0 од 29.III.2006; У. бр. 187/2005-0-1 од 10.V.2006; У. бр. 111/2006- 0-1 од 24.I.2007; У.бр. 188/2006-0-0 од 4.IV.2007; У.бр. 170/2006-0-1 од 6.VI.2007 и У.бр. 263/2009-0-1 од 22.IX.2010. 7.  Некои од овие „кастрења“ на одредби од процедурален аспект имаа смисла бидејќи, на овој начин, се одбегна дуплирање на истите одредби во повеќе одделни закони – затоа што постапката за заштита на работничките права, кај нас се третира како посебен вид граѓанска постапка и, според тоа, е регулирана со ЗПП (2005), со ЗИ (2005), потоа со ЗОП (2007), како и со ЗМРРС 23 – исто така, повеќе не постои одредбата која велеше дека над­ лежниот орган кај работодавецот е должен, пред донесувањето на одлуката по барањето, односно по приговорот на работникот – да побара мислење од синдикатот во кој тој членува, како и задолжително да го разгледа и за него да се изјасни, ако синдикатот доставил такво мислење (чл. 146, ЗРО/03 – ПТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
б) Правните средства за заштита на работниците се зголемија од три на четири експлицитно споменати, плус еден имплицитно одреден правен инструмент – меѓутоа, ќе забележиме дека тие се „расфрлани“ во различни членови и не се групирани на едно место: – Првиот заштитен инструмент е писменото барање до работодавачот да го отстрани кршењето на правото (чл. 181, ЗРО/05): a) имено, aко работникот смета дека работодавачот не му ги обез- бедува правата од работниот однос или крши кое било од неговите права – може да поднесе барање до работодавачот, овој да го отстрани кршењето, односно да ја исполни својата обврска; б) исто така, ако работникот смета дека, со писмената одлука на работодавачот, е прекршено неговото право може – во рок од осум дена од врачувањето на таа одлука, да бара од работодавачот истото да го отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)