или (сврз.) - остави (гл.)

ФЕЗЛИЕВ: Остави го, пиштолот, по ѓаволите. Или пукај, или остави го.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Или шишај ме, или остави ме да ја носам како што сакам. Да знам на што сум. (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Осветли го патот кон слободата, земи или остави, е нејзиното име.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Но феминист(к)ите кои (како Мек Кинон) ја сметаат философијата како нешто што треба да се земе или остави онака како што случајот бара, попрво одошто како моќен и неопходен сојузник, ќе ги најдат во прагматизмот истите антилогоцентрични учења што ги пронајдоа во Ниче, Фуко и Дерида.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
А, да се појавам во црни панталони со бело кошулче, поради едноставност на сликата, дека не се трудам посебно, ќе значи ли тоа: „Узми или остави“?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Попусти се твоите нестварни манипулации Попусто се браниш, попусто се опираш Бидејќи животот нужно те злоставил Велејќи ти: земи или остави! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
МЛАДИЧОТ: Вие сношти ништо не рековте за тоа како ќе се повлекуваме од местото на акцијата? Или оставивте на самото место да се здоговориме?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)