или (сврз.) - потврди (гл.)

Ќе спомнам недоразбирањата колку учат Од средбите на постојното со илузорното Кога предметите еден до друг притрчуваат За да го одречат или потврдат спорното Овде нема роднини а сите блиски Отскитаа во посветли простори Во одаите прозорците се ниски Потсетуваат на натрапници а не на гости Така е и со ветрот во градината Наминат во невреме, самиот како што вели, Ламбата е згасната, па сепак виделината Заборавена зрачи од ѕидовите бели.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)