или (сврз.) - седи (гл.)

На лединката „Чегревите нивчиња" каде што сонцето одвај пробиваше, седеа крај ладното кладенче војводите и го разгледуваа планот на нападот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На Становица гората се измеша со луѓе. Колку дабје што имаше толку луѓе стоеја до нив или седеа под нив, секој со сакмата и торбата на рамо и пусатот в раце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Преку денот Гоце или навратуваше во меаната на татко му, за да му помогне во работата, или седеше во дворот под црницата...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Се наоѓаше во Златната земја, или седеше меѓу огромни, славни урнатини облеани во сонце, со мајка му, со Џулија, со О'Брајан - не правеше ништо, едноставно седеше на сонцето, и разговараше за спокојни работи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали ја има таа запалено печката или седи свиена под кебињата и се тресе од студ!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Колку сакаше да се мази таа, кога ќе застудеше!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Имаше повеќе од дваесетина војници од екипажот и уште толку цивили, стоеја или седеа, не зборувајќи ништо; пушеа или гледаа во сивото мочуриште што лазеше покрај нив.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Поручникот и околу десетина редови и специјалци од батаљонот Браво стоеа или седеа околу масата и гледаа во картата исфлекана со кругови од филџани за кафе.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- кога влегуваат во ноќниот бар, во позадината задолжително се врцка полугола танчерка на шипка; - кога гл. јунак поаѓа во решителна задача, без оглед дали тогаш чекори, трча или скокнува во хеликоптер, тој им вели на своите сакани (жена, женска, деца, татко итн): „те сакам“, а тие (понекогаш здружено) одговараат: „и јас тебе“;
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дени, како што реков, дваесетина години била жена на боем, па оваа оставена градина, подобро парче од градина, е некој вид омаж на тоа време; капејќи се во бањата или седејќи во еден од ’рѓосаните столови таа може да ги одмори погледот и умот од забревтаното темпо на негување на онаа другата, големата, официјална градина и од постојаното примање и гостење посетители.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На пример, таа е тука, дома, се движи низ куќата, или седи и чита, или пишува нешто, или баш ништо не прави, а и јас сум дома, заедно сме, но всушност не сме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)