или (сврз.) - сум (гл.)

Таа никој не може да ти ја поврати“. * * * - Ова ми е познато однекаде – се намуртува татко ми за случката со девојката: - може сум го прочитал, или сум го видел на филм, или можеби сум го сонувал.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Пролајала“ , доверливо му шепнаа, па се фати за глава и ги затвори очите: или сум проколнат или сум најреален месечар на светот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ама или ми е неважно или сум неуредна, па во паричник никогаш немам пари.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Гласот на развигорот се уште над мене одѕвонува...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Божем не знае што доживеав, синиот пајак со златна глава ме праша дали спијам или сум буден.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се чувствував необично, не беше тоа начин на кој некогаш јас сум постоела или сум се однесувала.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сум читал или сум слушал некаде дека онаму кај што молчат гробовите, го снемува животот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А притоа бев зафатен од помислата: дали тоа ми испраќа нејасни пораки вљубеноста на Денко Самоников или сум заинтригиран од жената, поточно од начинот на кој ја водеше љубовната игра; или пак сè уште се движев низ присутната сенка на онаа чудна изјава на жената дека сета е дождлива па во моето вообразување шеташе како топол летен облак; или летниот топол облак се беше веќе престорил насмевка и дланка; насмевка на нејзиното лице и дланка на нејзината рака што шета по лицето на пријателот?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам: нели сум пакостен или сум поплашлив од моите врсници та прекарот ште не се лизнал од моите усни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Што знаев јас за резили, ја следев како што можев, се сеќавам дека ја слушав придушено. Votre âme est un paysage choisi... но си ги гледав дланките низ клавишите и се чинеше дека добро свиреа, дека чесно ја следеа Нора.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вака е полошо, кога ќе дознам нешто ново за неа, а баш сум почнала да танцувам со Луис Марија, сум почнала да го бакнувам, или сум само близу Луис Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)