или (сврз.) - кому (зам.)

Се обиде да мисли на О'Брајан, за кого, или кому му го пишуваше дневникот, но наместо тоа почна да мисли на нештата што ќе му се случуваат откако ќе го одведе Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)