или (сврз.) - ме (зам.)

- Душка! Погледни го оној со брадата. Нели ти личи на Томо? Или ме лажат очите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзините постапки сè повеќе ме туркаа во занаетот што го одбрав или ме одбра, не знам, но знам и сега дека ништо не би работела подобро од тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со тешкото чувство, па и стравот во себе, не можев да проценам, дали ме мразат или ме сожалуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеби ја научил Миру да лета, па сега двајцата го обиколуваат светот?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали се сетил некогаш на мене, или ме заборавил?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А притоа уште слушам како се тркалаат околу мене отпадоци од некој притулен шепот, и навистина не сум сигурна дали се тоа шеги што треба да ме засмеат; или ме исмеваат?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш и јас, без да сакам, загазувам во глупостите: правам гримаси, на тие шутраци им го исплазувам јазикот, а тие не се лутат туку како спобудалени ми плескаат, плескаат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, таква сум. Секого можам да го стаписам со моето однесување!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како да беше на трага на моиве размисли Грофот не пропушти да ми рече дека во нашите затвори насилствата се избегнуваат. – Верувам дека е така – реков додека го наслушнував во мислите гласот на Катерина, а креатурите по ѕидовите покрај кои предмалку поминував, и самите зачудени од гласот или од некоја друга чудесија што мене не ми паѓаше в очи ми мавтаа со рацете, ме предупредуваа или ме насрчуваа, не бев сигурен, и наеднаш до мене втаса и гласот на Грофот но исполнет со зборови што не ги разбирав. – Мислам дека не сум сигурен што рековте – замолив да ми објасни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Прашањата ми се сосема конкретни – најпосле Грофот ги крена очите од ноктите и ме погледна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не бев начисто дали транспортерот ме штитеше или ме контролираше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од што се уплаши мајката, си велам, дали си рече дека ќе го изгазам, или ме позна дека сум пијан, Бега преку нивјето, преку мртвицата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)