или (сврз.) - ангел (имн.)

И учениците негови, или ангелите негови, му носеле скришум, му го враќале животот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таму ти е сиот ум, - тој ти вели, сонце, зрак, или ангел, враг, а ти си мислиш, пекол, мрак, арамија, подлец, крадец, од тебе ќе учам ука, така не било, ако сакал цел живот неук и слеп да останам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој ги редел крпчињата, марамчињата, престилките, под и над перницата, и заспивал на нив; Добрата Душичка ги редела дрвените коњчиња, цветови и ангелчиња на масичката покрај креветот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Напати ја фаќаше бес, а напати само безизразен очај.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Работните часови Макс ги минуваше во дрводелскиот оддел на Гнездо, а Добрата Душичка во шивачкиот, и на нивните средби за време на прошетките во паркот, таа ќе извадеше некакво марамче, некакво крпче, некаква престилка, што ги имаше скриено меѓу градникот и срцето, а тој ѝ подаваше коњче, цвет или ангелче, направени од дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)