или (сврз.) - болка (имн.)

Вообразувањето или болката што ја предизвика исчезнувањето на Загорка Пеперутката ме наведе да ја споредувам со исчезнувањето на братучедот бидејќи и за нејзиното исчезнување не сме сигурни на кој начин и дали воопшто се случило.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На бојното поле, во просторијата за мачење, на бродот што тоне, целите за кои се бориш секогаш се забораваат, затоа што телото се надувува додека да го исполни универзумот; па дури и во моментите кога човек не е парализиран од страв, или кога не вреска од болка, животот е борба од момент до момент против гладот, или студот, или бессоницата, против вознемирениот стомак или болката во забот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така, кога ќе дојдевме кај Татко, дури некои од децата веќе во поодминати години, да му се пожалиме поради некоја претрпена ситна неправда или болка и да побараме од него лек, совет или поддршка, тој, кутриот, макар сронат од болеста, изрешетан по телото од стотици инсулински инјекции, малку закрепнат, но тешко подвижен, н храбреше и зрачеше пред нас со посилна енергија, исполнет со сила и со надеж да го досрка животот, до последниот жив атом на телото и на душата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
-Дадени ни е она што можеме да го издржиме и да го совладаме како страдање или болка, физичка или душевна сеедно., исто како дрвото што може да ја издржи тежината на своите плодови.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)