или (сврз.) - вино (имн.)

Сега сум болен, ќе ми свари ли мајка ти млеко засирено со јако пиво или вино, и малку повеќе мирудии? Може и само со бибер. Виното го носам со себе“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако имаш ракија или винце, тутун да се поднапишав, добро, ако не седи карај се со жената.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Прекинувале само колку да се напијат вода или вино, да прекаснат нешто, да видат колку е саатот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сучите мустаќи пред арслан, ама тој очука роговите. – Многу ми е гајле мене за нечии рогови – мрмна Трајко и го крена филџанот да го пие шербетот како што пие вода, ракија или вино, но си ја изгоре муцката и почна да се мурти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секој носи по еднодве шишиња ракија или вино и при една таква средба појакиот го тераше послабиот да се врати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се чини, во најмала рака, дека таа за ручек можела да нарача гambas a la plancha наместо chipirones, или вино tinto наместо blanco - „Со chipirones?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се ослободи од непотребните работи во куќата: од разните шишиња што ги најде во долапот затворени со тапа или со кочанки, полни или полупразни со разните течности: масло, газија, крстена вода со босилок внатре, недопиена ракија или вино, лекови од тревки, варова вода и друго - ги исфрли надвор ослободувајќи ги од нив заробените мириси.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)