или (сврз.) - дете (имн.)

А може да создаде дела или деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Да, паркот е убав на пролет, добро би ни дошло да повозиме велосипеди. (Да имавме куче или дете, или и двете, ќе ги шетавме нив).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- бркајќи го злосторникот, гл. јунак задолжително влегува а) ако е во автомобил – во поприлично нерамна улица – следува минимално пет минутно скокање по сообраќајниците и тротоарите, при што „добриот“ избегнува да згази беспомошна старица или деца, а „лошиот“ тоа го прави, б) ако е пешки – во парада со мажоретки или улични музичари – при што „добриот“ избегнува да повреди некој од недолжните, бројни присутни, а „лошиот“ тоа го прави; - сите телефони почнуваат со 515...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сепак, цртаниот Херкул (неочекувано) ми одржа лекција од митологијата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Расплакана Албанка, косите што си ги куби, фалби на Кузман му плете, бидејќи во оваа слава и подвиг ѝ убил можеби маж или дете.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Децата, сеедно што се крв на крвта на своите родители, се нешто поинакво од родителите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)