или (сврз.) - езеро (имн.)

Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Молеле предците, дури до Цариград абер пратиле, крај води да ги селат, крај река или езеро.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мајкината душа означена од генот на останувањето на Балканот и враќањето, ако тоа постоеше, во една од напуштените куќи крај морето или езерото, без да биде посебно свесна за тоа, внатрешно се спротивставуваше на Татковиот одисејски дух.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)