или (сврз.) - збор (имн.)

Главните елементи на јазикот или човековиот говор се: органите за говор, нивното физиолошко работење, слухот, психолошкото воспримање на физиолошкото работење на органите преку слухот и присоединувањето кон восприманиот резултат на физиолошкото работење на органите на говорот или гласот или зборот, некое значење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ете, сега не знам ни дали беше име или збор.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тупаниците се стегаа во грч, а исколчените очи на симпатичната одмаздничка, како во филмот „Матрикс“, демнеа на најмалото погрешно движење или збор да ме пресечат со црвено ласерско вооружување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој поучува за "една нова накитеност, кадешто се постапува според аритметиката ABC, и според неа се пресметува рамковната изрека или збор".
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Оти: можеш да го видиш во мислите свои зборот „врата“, или зборот „клучаница“, или зборот „прозорец“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Или збровине што ги употреби си ги упатуваше на себеси за да си разјасниш нешто во што и самата не веруваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Она што растажува е сознанието дека грдите доживувања ја избегнуваат здравата смисла, не и се покоруваат на логиката, затоа и се лепат за најскриените и најнеотпорни катчиња од нашето жално тело.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Коската е моја. во дуња платно или збор страв што се листа скриен во дупка од сопствената стега над тебе цвета грмотевица бела роза бесна на мракот што прави „тик - так“ во твојата глава бела роза убава скоро како смртта забодена во реверот на новиот бог од утре измиена со насмевка како што заборавот само знае минуваш крај тоа и не постоиш или постоиш цртежи и текст: во дуња
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Девојчињата се лесно повредливи и едн погрешен гест или збор на подсмев, грубост, или недоделканост во однесувањето, може засекогаш да ги одбие од некого.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Постои тој миг, тој замок без ѕидови, врати, тврдина или збор што попусто стои, водоскок зелен при кого божилак свратил небиднина, сон ли, несон ли да крои?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Зборувањето наближува, а јас не знам, дали не дослушувам или зборовите ми се непознати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)