или (сврз.) - коњ (имн.)

Тина Гледачката, мајка ѝ на Ангелина, ме натера да барам дрвено колче на кое се врзувала коза, крава или коњ.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А и пчелите, не се стока, не се говеда или коњи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не сакам да бидам фигура и дел од шаховските партии туку повеќе ја сакам улогата на коментатор од страна која ја сметам за многу подостоинствена од некаков пион или коњ.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ако побараш од друг вол или коњ за орање, треба черек од жетвата да дадеш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)