или (сврз.) - куќа (имн.)

Богатството најчесто е стекнато преку шиткање нива или куќа у западна Македонија или како наследство од своите лоповски родители, а воедно нив ќе ги препознаете и како најголеми патриоти во кафана удирајќи се во гради , а на дело речиси никаде ги нема.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Да сменам делото или оружјето? Да го сечам непријателот или куќа да градам?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога ќе се спореди куќата со сликата што ја насликал сликарот, се сепнува човек: дали сликата е направена откога е изградена куќата, или куќата е градена по сликата: во сè се идентични во сè се поклопуваат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Гехенна“ произлегува од „Ге Хинном,“ што значи „Долина на Хином“.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
B’nai B’rith Синови за Заветот, најстара еврејска организација за служба на заедницата што континуирано дејствува Beis Midrash, Beit Hamidrash Дом на верско учење и молитва Бет-Лехемска капија капијата на Ерусалимскиот ѕид што води од и кон Витлеем (Бет-Лехем) или Куќа на лебот, родното место на Исус Caal каал, молитвен центар, синоним и за синагога Casamentera шпански и ладино израз за проводаџика
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Инаку, секој својата куќа или куќарка си ја варосуваше сам за Велигден, најчесто жените со изабени четки на долги дршки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Што сакате прво да видите? Станот или куќата? Одговорете! Вас ве прашувам!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Зошто е клепањено, ја прашувам Уља, дали е празник или куќа некаде се запали. - За да бегаме, вели Уља, да излеземе од селово.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од друга страна, не мислам дека самата технолошка можност да бидете комплексно поврзани треба да внесе револуција во светот на архитектурата, иако, на пример, куќата на Бил Гејтс со милион екрани наместо ѕидови често се претставува токму како некаква пресвртница во она што значи дом или куќа за живеење.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Интернет не е само автопат, тоа се милиони меѓусебно поврзани “домови” кои се разбира дека ја менуваат дефиницијата на дом или куќа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)