или (сврз.) - лисица (имн.)

Интервали на осветлени сцени, а помеѓу нив страв дека од мракот ќе скокне чудовиште можеби мечката што го растурила улиштето, или лисицата што ги задавила кокошките.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Наоколу - ни куќа, ни човек, ни тревка, дури ни бубачка, а за лав или лисица и да не говориме.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Главите на пилињата беа една по една вешто, како со ножици поткастрени, а кожата им беше вовлечена, така што шиите личеа на корења од четири отсечени прсти, што беа заглавени во мрежата на кокошарникот. „Ракун“, извика Милан. „Или лисица!“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Одев со наведната глава и со склопени очи.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Но штетникот, ракунот или лисицата, Милан сѐ уште не беше сигурен кој - не би можел да се вовлече поради жицата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во нејзините дупки и пукнатини живеат разни птици кои постојано испуштаат глас, веселејќи се или карајќи се која подобро живеалиште да фати; но кога ќе видат заедничка опасност: орел или лисица, се кријат која каде стаса, често во едно седело.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)